владино бифе Archives - Република https://republika.mk/tema/vladino-bife/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 06:56:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владино бифе Archives - Република https://republika.mk/tema/vladino-bife/ 32 32 Нема веќе багатела цени во владината менза, новиот директор на СОЗР ги покачи цените https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-veke-bagatela-tseni-vo-vladinata-menza-noviot-direktor-na-sozr-gi-pokachi-tsenite/ Thu, 25 Jul 2024 06:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=800030

Зголемување на цените на угостителските услуги во Владините објекти, нема повеќе „багатела" јадење на државна сметка!, соопшти денеска директорот на СОЗР Ивица Томовски.

Во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата. Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50%. Ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар. Во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите. Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар, порача Томовски.

The post Нема веќе багатела цени во владината менза, новиот директор на СОЗР ги покачи цените appeared first on Република.

]]>

Министрите тајно ќе јадат евтино – владата ги избриша цените од менито од владиното бифе https://republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-tajno-ke-jadat-evtino-vladata-gi-izbrisha-tsenite-od-menito-od-vladinoto-bife/ Tue, 17 Oct 2023 17:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=692252

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од менито во бифето во Владата на кое сега воопшто не се наведени цените.

„Владата ги избриша цените за јадење! Дали по објавувањето на ценовникот, како реакција од денеска министрите јадат бесплатно?“

Вака на Фејсбук напиша Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ и објави фотографија од менито во бифето во Владата на кое сега воопшто не се наведени цените.

Пред неколку денови, веста дека во Владата се јаде по цени кои се багателни споредени со цените во рестораните и во маркетите ја разбранува македонската јавност.

The post Министрите тајно ќе јадат евтино – владата ги избриша цените од менито од владиното бифе appeared first on Република.

]]>

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од менито во бифето во Владата на кое сега воопшто не се наведени цените.
„Владата ги избриша цените за јадење! Дали по објавувањето на ценовникот, како реакција од денеска министрите јадат бесплатно?“
Вака на Фејсбук напиша Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ и објави фотографија од менито во бифето во Владата на кое сега воопшто не се наведени цените. Пред неколку денови, веста дека во Владата се јаде по цени кои се багателни споредени со цените во рестораните и во маркетите ја разбранува македонската јавност.