владини мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/vladini-merki/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 15:48:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владини мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/vladini-merki/ 32 32 Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток https://republika.mk/zivot/servisi/vladata-gi-prodolzhi-merkite-i-preporakite-za-zashtita-od-visokite-temperaturi-i-za-chetvrtok/ Wed, 14 Aug 2024 16:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=806574

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток, информира владината прес-служба.

- Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15 август (четврток). Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, од Владата ги потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

- Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата.

Поради високите температури над 40 степени, кои ја зафатија државата од почетокот на неделава, од Владата излегоа со препораки за заштита на населението од „портокаловата фаза“ од 12 до 14 август. Денеска Владата соопшти дека мерките и препораките ќе важат и утре.

The post Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток, информира владината прес-служба. - Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15 август (четврток). Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, од Владата ги потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. - Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата.
Поради високите температури над 40 степени, кои ја зафатија државата од почетокот на неделава, од Владата излегоа со препораки за заштита на населението од „портокаловата фаза“ од 12 до 14 август. Денеска Владата соопшти дека мерките и препораките ќе важат и утре.

The post Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток appeared first on Република.

]]>
Доставувачите не им доставуваат овошје и зеленчук, а Владата ги казнува зашто им се празми полиците, реагираат маркетите https://republika.mk/vesti/ekonomija/dostavuvachite-ne-im-dostavuvaat-ovoshje-i-zelenchuk-a-vladata-gi-kaznuva-zashto-im-se-prazmi-politsite-reagiraat-marketite/ Tue, 09 May 2023 09:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=638695

Претставниците на домашните синџири на маркети трговци со прехранбени производи на мало ја поздравија владината одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврската на трговците да прибавуваат и да им продаваат на потрошувачите определени видови и количества од одделни стоки (Сл. весник бр. 42-3066/3 од 21.3.2023 година), истакнувајќи дека, со заеднички напори на Владата на РМ и на Министерството за економија, учествуваат во примената на мерките за намалување на енергетската криза и за ублажување на порастот на цените.

-Но, поврзано со објавите во повеќето електронски медиуми за изречените парични и кривични казни за непочитување на владината одлука за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук, компаниите информираат дека од Пазарниот инспекторат биле извршени контроли во повеќето маркети во изминатите неколку денови. Информацијата дека се изречени прекршочни казни е точна, а казните се изречени од причина што во маркетите немало количини или, пак, воопшто немало одредени видови овошје и зеленчук опфатени со мерките на Владата, велат тие.

Откако министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека повеќе трговци ќе бидат санкционирани поради непочитување на одлуката за замрзнати цени, повеќето домашни синџири на маркети се јавија со појаснување дека до маркетите немало доставено количини или немало воопшто од овошјето и од зеленчукот кои се опфатени со мерките на Владата.

-И покрај сите направени напори од нив, нарачки и контакти со добавувачи, маркетите не успеаја да ги обезбедат потребните количини на овошје и на зеленчук пропишани со одлуката на Владата, па тие не се достапни на пазарот по оние цени по кои е наложено да се набавуваат и да се продаваат. Претставниците на синџирите на маркети, со најдобра намера за да им излезат во пресрет на своите потрошувачи, а истовремено и за да ги исполнат одлуките на Владата, НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ ДА ПРОДАВААТ ПРОИЗВОДИ ДОКОЛКУ ДОСТАВУВАЧОТ НЕ ИМ ГИ ДОСТАВИ. Оттука, трговците на мало со прехранбени производи упатуваат апел до сите надлежни институции да не ги оптоваруваат компаниите со казнени мерки кои ќе имаат финансиски последици врз нив во овие тешки моменти за стопанството, посочуваат тие.

The post Доставувачите не им доставуваат овошје и зеленчук, а Владата ги казнува зашто им се празми полиците, реагираат маркетите appeared first on Република.

Ковачевски: Владините мерки работат, струја, парно и храна има и тоа без ценовен шок за граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vladinite-merki-rabotat-struja-parno-i-hrana-ima-i-toa-bez-tsenoven-shok-za-graganite/ Thu, 09 Mar 2023 10:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=617651

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, на настанот по повод презентацијата на поддршката од ЕУ вредна 80 милиони евра, уште еднаш рече дека владините мерки за справување со кризата даваат резултат. Струја и парно има, а рестрикции нема и тоа, како што потенцира, е најдобар демант за сите критичари кои во последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија за државата кои не се остварија.

Целта на сите мерки што ги презема Владата е да има сигурно и стабилно греење, снабдување со електрична енергија, снабдување со храна и сето тоа без ценовен шок за граѓаните. Денес има и струја и парно, а рестрикции нема. Преку зголеменото производство ЕСМ обезбедува евтина струја за училиштата, образовниот процес да се одвива во училниците, за јавните комунални претпријатија преку кои граѓаните се снабдуваат со вода, како и за прехранбената индустрија. Намалувањето на цената на струјата за 20 отсто за 72 илјади фирми кои се на регулиран пазар и задржување на цената за домаќинства на исто ниво, за оние кои рационално ја трошат електричната енергија, е само потврда на правилните политики кои ги водиме во време на енергетска криза, и тоа е вистинска грижа за најранливите категории како и за сите други граѓани, подвлече Ковачевски.

Според него, доколку ЕСМ продолжи со реализацијата на зголемено производство, тоа ќе биде аргумент плус кој ќе и овозможи на Регулаторната комисија за енергетика да носи одлуки во интерес на граѓаните.

Ние правиме се што е во наша моќ - а тоа е да го реализираме планот за зголемено производство, за цената да биде стабилна и граѓаните да користат евтина тарифа. Дали ќе има проширени интервали на користење, во текот на наредниот период ќе покажат анализите на Регулаторната комиcија. Наш приоритет е и енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја е регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, рече премиерот.

Тој истакна и дека интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија расте. Само од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава, укажа, има нови фототанапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72 500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија. Со овие капацитети, напомена премиерот, од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен и Дојран.

Во првите два месеца од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 мегавати за производство на струја кои се стекнале со лиценци за работа. Сите овие трендови водат кон зголемување на енергетската независност на земјата, стабилност во снабдувањето со електрична енергија и во крајна цел реализација на Планот на Владата, во корист на граѓаните, на компанииите и на нашата држава. Сето ова немаше да го постигнеме доколку не беа со нас и нашите партнери. Затоа уште еднаш упатувам благодарност за поддшрката која што ни ја даде ЕУ, во овој домен, кога ни беше најпотребна, со 80 милиони евра буџетска поддршка за справување со енергетската криза, но тука морам да ги споменам и макрофинансиската помош од 100 милиони евра која што исто така е договорена со ЕУ. Тука благодарност до колегите од МФ, како и поддршката за инвестиции во износ од 50 милиони евра. Секако и кредитирањето кое го прави ЕБОР и ЕИБ во делот на големите инфраструктурни проекти како во енергетиката така и во други области, рече премиерот Ковачевски во обраќањето.

The post Ковачевски: Владините мерки работат, струја, парно и храна има и тоа без ценовен шок за граѓаните appeared first on Република.