Владимир Спиридонов Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-spiridonov/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 14:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Спиридонов Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-spiridonov/ 32 32 Комплетиран Советот за безбедност, Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови https://republika.mk/vesti/makedonija/kompletiran-sovetot-za-bezbednost-silanovska-davkova-gi-imenuvashe-malinka-ristevska-jordanova-dhevdet-hajredini-i-vladimir-spiridonov-za-chlenovi/ Mon, 16 Sep 2024 14:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=816847

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова - експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини - поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов - експерт за климатски промени. Со именувањето на тројцата членови, како што информираат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Македонија е во полн состав.

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Африм Гаши; претседателот на Владата, Христијан Мицкоски; министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски; министерот за одбрана, Владо Мисајловски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов, кои денеска беа именувани од претседателката, согласно нејзините уставни надлежности.

Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во Република Македонија, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Македонија.

Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за тоа одлучува претседателот на Советот.

The post Комплетиран Советот за безбедност, Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова - експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини - поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов - експерт за климатски промени. Со именувањето на тројцата членови, како што информираат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Македонија е во полн состав. Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Африм Гаши; претседателот на Владата, Христијан Мицкоски; министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски; министерот за одбрана, Владо Мисајловски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов, кои денеска беа именувани од претседателката, согласно нејзините уставни надлежности. Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во Република Македонија, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата. Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Македонија. Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за тоа одлучува претседателот на Советот.

The post Комплетиран Советот за безбедност, Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови appeared first on Република.

]]>