Владимир Пиштало Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-pishtalo/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 09:19:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Пиштало Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-pishtalo/ 32 32 Владимир Пиштало: Во Скопје секогаш доаѓам со љубов https://republika.mk/vesti/kultura/vladimir-pishtalo-vo-skopje-sekogash-doagam-so-lubov/ Wed, 18 Sep 2024 09:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=817362

Ви го пренесуваме во целост говорот на српскиот писател Владимир Пиштало, добитник на наградата „Прозарт“ за 2024 година, што ја доделува Меѓународниот фестивал за литература „Про-За Балкан“.

Дами и господа, драги колеги:

Во Скопје секогаш доаѓам со љубов. По распадот на Југославија ова можеби и не звучи како вообичаена изјава. Откако братството – и – единството излегоа од мода, ние можеби би требало да зборуваме за почитување на соседите.

Како и да е, јас навистина доаѓам овде со љубов. Една од главните причини е тоа што татко ми, кој беше директор на Националната библиотека на Босна и Херцеговина, помина една година во Сараево, под опсада. А јас не бев сигурен дали некогаш повторно ќе го видам. Кога излезе од таму, тој отиде во Скопје. Овде го сретнав прв пат. Многу македонски пријатели во тоа време ми помогнаа, а најмногу од сите Сашо Прокопиев. Неколку години пред тоа, со Сашо отидов во Штип. Тогаш за прв пат го слушнав валцерот од Штип, Разболела се Ленка Пингова, и пробав пастрмајлија. Ова очигледно не се баш некои интелектуални теми. Но во секој случај се емотивни.

Ова е прилика да се потсетиме на некои други пријатели кои повеќе не се со нас. Овде мислам на Љиља Дирјан и Богомил Ѓузел. Богомил, голем поет, ми раскажа како со биоенергија со сопствените раце ја излекувал болката во синусите. Љиља ме научи мене, како и многу други писатели од овој регион, за значењето на пријателството. Таа беше мултиталентирана личност - пријател, писател и готвач. Љиља имаше обичај да ни го прави Имамот се онесвести и ред други чудни јадења, од кои некои самата ги измислуваше за нас. Во една прилика како група отидовме на Охридското Eзеро и таму поминавме неколку дена. Иво Андриќ имаше обичај да го нарекува светлотоше Охридско Eзеро. Така јас отидов да пливам, и под црквата Свети Јован Канео, се најдов среде некакво ѓубре што лебдеше по површината. Се почувствував чудно, а потоа сфатив дека се работи за латици од роза. Веројатно на некоја свадбена веселба луѓето, ритуално, ги фрлиле во езерото. Треба да бидеме многу внимателни да правиме разлика помеѓу ѓубрето и розите.

Еден пријател ми има кажано дека од сите негови патувања тој најмногу профитирал од патувањата низ Балканските земји. Моите книги се преведени на сите Балкански јазици. Имам намера да го следам тоа. Добивам многу од средбите со другата страна од познатото. Јас го дефинирам мојот Балкан како простор помеѓу Венеција и Константинопол. И во обата града и во Венеција и во Истанбул човек може да се качи во чамец како да е тоа автобус. Самата Венеција е град кој не се наоѓа ниту на море ниту на цврста земја, ниту во минатото ниту пак во сегашноста, ниту во реалноста ниту во фантазијата, ниту на Исток ниту на Запад. Таа има повеќекратна природа. Во тоа се наоѓа симболот на Балканот. Борислав Пекиќ го нарече тоа состојба на постоење слична на кентаур. Некои ликови во неговото Златно руно сакаат да се променат од кентаур во коњ. Гледано од поблагородната страна на истата таа желба за поедноставување и чистота, можеме да замислиме кентаур кој сака да стане човек, да стане исклучиво рационален. Среќно со тоа.

Балканскиот Полуостров се протега помеѓу два најубави најкосмополитски градови што ја дефинираат историјата на Европа: Венеција и Константинопол. (Како што една стара Српска поговорка вели: Венеција, расцветана роза, а Константинопол, центарот на светот.) Тоа е регион на синкретични култури. Нивниот симбол е мостот. Според добитникот на Нобеловата награда Иво Андриќ, мостот е место каде човекот наидува на препрека, но не застанува тука ... заради тоа што сета наша надеж е секогаш на другата страна.

Токму така, низ Балканот минува линијата што за прв пат ги разделила Римската Империја и Христијанството, на источни и западни делови. Во античко време Балканот го нарекувале Catena Mundi, што би можело да се преведе како Артерија на светот. Го дава својот Исток на Западот, а својот Запад на Истокот.

Многу често Балканските народи немаат поим едни за други. Тие се како цртежи што се прекриваат еден со друг, кои пак кога гледачот малку ќе се поврати наназад, создаваат сосема друга слика. Тие се преправаат дека веруваат во различни богови, иако сите тие веруваат во еден единствен бог кој се нарекува Страст.

Жителите на Пиринејскиот Полуостров се гордеат со фактот дека се културно разновидни. Истото тоа се однесува и на Балканот. Но муслиманите и Евреите биле протерани од Шпанија. На Балканот луѓето останале да живеат заедно.

Според Емануел Кант, добрата волја е единственото вистински добро нешто на светот. Пред некое време имав чест да го посетам Исмаил Кадаре и неговата шармантна сопруга Хелена во нивната куќа во Драч. Бев среќен кога го направив тоа, а сега сум дури и посреќен. Со голема радост ја прифаќам оваа награда поврзана, покрај другите, и со неговото име. И обајцата Исмаил Кадаре и Георги Господинов одбија да пишуваат локално и егзотично. Скромно, јас потполно се согласувам со нив.

Песната за судирот меѓу Големиот дух на Истокот и Големиот Дух на Западот, составена во името на разумот, не ми пее мене. Никогаш не ми пеела. Како писател не верувам во магична географија. Балканот каде што сум роден е шев. Антена. Мустаќот на мачката. Да се родиш на „лошо место“ значи да се родиш на добро место. На луѓето од границата им е познат „пренаталниот мрак“ на православните цркви. Тие се запознаени со исламското обожавање на светлината и водата и со опсесијата со часовници и ѕвона на Латините. Балканот е привилегирана платформа за набљудување. Нам никој не треба да ни ги објаснува турската или руската култура. Или италијанската, или централноевропската, кога сме веќе тука...

Кој запад? Кој исток?

 

The post Владимир Пиштало: Во Скопје секогаш доаѓам со љубов appeared first on Република.

]]>

Ви го пренесуваме во целост говорот на српскиот писател Владимир Пиштало, добитник на наградата „Прозарт“ за 2024 година, што ја доделува Меѓународниот фестивал за литература „Про-За Балкан“. Дами и господа, драги колеги: Во Скопје секогаш доаѓам со љубов. По распадот на Југославија ова можеби и не звучи како вообичаена изјава. Откако братството – и – единството излегоа од мода, ние можеби би требало да зборуваме за почитување на соседите. Како и да е, јас навистина доаѓам овде со љубов. Една од главните причини е тоа што татко ми, кој беше директор на Националната библиотека на Босна и Херцеговина, помина една година во Сараево, под опсада. А јас не бев сигурен дали некогаш повторно ќе го видам. Кога излезе од таму, тој отиде во Скопје. Овде го сретнав прв пат. Многу македонски пријатели во тоа време ми помогнаа, а најмногу од сите Сашо Прокопиев. Неколку години пред тоа, со Сашо отидов во Штип. Тогаш за прв пат го слушнав валцерот од Штип, Разболела се Ленка Пингова, и пробав пастрмајлија. Ова очигледно не се баш некои интелектуални теми. Но во секој случај се емотивни. Ова е прилика да се потсетиме на некои други пријатели кои повеќе не се со нас. Овде мислам на Љиља Дирјан и Богомил Ѓузел. Богомил, голем поет, ми раскажа како со биоенергија со сопствените раце ја излекувал болката во синусите. Љиља ме научи мене, како и многу други писатели од овој регион, за значењето на пријателството. Таа беше мултиталентирана личност - пријател, писател и готвач. Љиља имаше обичај да ни го прави Имамот се онесвести и ред други чудни јадења, од кои некои самата ги измислуваше за нас. Во една прилика како група отидовме на Охридското Eзеро и таму поминавме неколку дена. Иво Андриќ имаше обичај да го нарекува светлотоше Охридско Eзеро. Така јас отидов да пливам, и под црквата Свети Јован Канео, се најдов среде некакво ѓубре што лебдеше по површината. Се почувствував чудно, а потоа сфатив дека се работи за латици од роза. Веројатно на некоја свадбена веселба луѓето, ритуално, ги фрлиле во езерото. Треба да бидеме многу внимателни да правиме разлика помеѓу ѓубрето и розите. Еден пријател ми има кажано дека од сите негови патувања тој најмногу профитирал од патувањата низ Балканските земји. Моите книги се преведени на сите Балкански јазици. Имам намера да го следам тоа. Добивам многу од средбите со другата страна од познатото. Јас го дефинирам мојот Балкан како простор помеѓу Венеција и Константинопол. И во обата града и во Венеција и во Истанбул човек може да се качи во чамец како да е тоа автобус. Самата Венеција е град кој не се наоѓа ниту на море ниту на цврста земја, ниту во минатото ниту пак во сегашноста, ниту во реалноста ниту во фантазијата, ниту на Исток ниту на Запад. Таа има повеќекратна природа. Во тоа се наоѓа симболот на Балканот. Борислав Пекиќ го нарече тоа состојба на постоење слична на кентаур. Некои ликови во неговото Златно руно сакаат да се променат од кентаур во коњ. Гледано од поблагородната страна на истата таа желба за поедноставување и чистота, можеме да замислиме кентаур кој сака да стане човек, да стане исклучиво рационален. Среќно со тоа. Балканскиот Полуостров се протега помеѓу два најубави најкосмополитски градови што ја дефинираат историјата на Европа: Венеција и Константинопол. (Како што една стара Српска поговорка вели: Венеција, расцветана роза, а Константинопол, центарот на светот.) Тоа е регион на синкретични култури. Нивниот симбол е мостот. Според добитникот на Нобеловата награда Иво Андриќ, мостот е место каде човекот наидува на препрека, но не застанува тука ... заради тоа што сета наша надеж е секогаш на другата страна. Токму така, низ Балканот минува линијата што за прв пат ги разделила Римската Империја и Христијанството, на источни и западни делови. Во античко време Балканот го нарекувале Catena Mundi, што би можело да се преведе како Артерија на светот. Го дава својот Исток на Западот, а својот Запад на Истокот. Многу често Балканските народи немаат поим едни за други. Тие се како цртежи што се прекриваат еден со друг, кои пак кога гледачот малку ќе се поврати наназад, создаваат сосема друга слика. Тие се преправаат дека веруваат во различни богови, иако сите тие веруваат во еден единствен бог кој се нарекува Страст. Жителите на Пиринејскиот Полуостров се гордеат со фактот дека се културно разновидни. Истото тоа се однесува и на Балканот. Но муслиманите и Евреите биле протерани од Шпанија. На Балканот луѓето останале да живеат заедно. Според Емануел Кант, добрата волја е единственото вистински добро нешто на светот. Пред некое време имав чест да го посетам Исмаил Кадаре и неговата шармантна сопруга Хелена во нивната куќа во Драч. Бев среќен кога го направив тоа, а сега сум дури и посреќен. Со голема радост ја прифаќам оваа награда поврзана, покрај другите, и со неговото име. И обајцата Исмаил Кадаре и Георги Господинов одбија да пишуваат локално и егзотично. Скромно, јас потполно се согласувам со нив. Песната за судирот меѓу Големиот дух на Истокот и Големиот Дух на Западот, составена во името на разумот, не ми пее мене. Никогаш не ми пеела. Како писател не верувам во магична географија. Балканот каде што сум роден е шев. Антена. Мустаќот на мачката. Да се родиш на „лошо место“ значи да се родиш на добро место. На луѓето од границата им е познат „пренаталниот мрак“ на православните цркви. Тие се запознаени со исламското обожавање на светлината и водата и со опсесијата со часовници и ѕвона на Латините. Балканот е привилегирана платформа за набљудување. Нам никој не треба да ни ги објаснува турската или руската култура. Или италијанската, или централноевропската, кога сме веќе тука... Кој запад? Кој исток?  

The post Владимир Пиштало: Во Скопје секогаш доаѓам со љубов appeared first on Република.

]]>
Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам https://republika.mk/vesti/kultura/dodeluvane-na-nagradata-prozart-na-vladimir-pishtalo-vecherva-vo-daut-pashin-amam/ Tue, 17 Sep 2024 09:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=817038

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечерва за време на затворањето на фестивалот во Даут Пашин амам.

Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.

Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори, се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.

Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.

Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД.

Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет.

Тој ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи – „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза.

Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година. Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година.

Освен Пиштало, гости на 12. издание на Фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски.

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечерва за време на затворањето на фестивалот во Даут Пашин амам. Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.
Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори, се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.
Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски. Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД. Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет. Тој ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи – „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза. Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година. Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година. Освен Пиштало, гости на 12. издание на Фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски. Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>
Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија https://republika.mk/vesti/kultura/trkalezna-masa-na-pro-za-balkan-zhanrot-na-21-vek-e-distopija-duri-i-kako-fantazija/ Tue, 17 Sep 2024 09:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=817003

Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија

Како дистопијата ја победи утопијата во современиот свет? Каква е улогата на литературата денес како вечна форма на отпор чија смисла е да ги менува нештата? И колку вербата дека можете да ги менувате нештата ќе ве доведат до крајната цел? Ова се дел од размислите на писателите што синоќа учествуваа на тркалезната маса „Литературата како форма на отпор“ што се одржа во рамките на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во просториите на Јуроп хаус во Скопје. На дискусијата учествуваа лауреатот на фестивалот, српскиот писател Владимир Пиштало, хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија, Мајк Дауни од Велика Британија и нашиот новинар и во последните години писател, Ѕвездан Георгиевски. Поради болест Рене Карабаш и Виолета Танчева-Златева не учествуваа на тркалезната маса, но присутни беа гостите од 11. Скопје фелоушип програма.

Увод во дебатата даде Дејан Трајкоски, идеен творец и директор на фестивалот кој цитираше дел од говорот на писателот Миљенко Јерговиќ пред две и пол недели на фестивал во Словенија:

'Судејќи по тоа што сме живи, ние сме потомци на убијци, а не на нивните жртви. Ви благодарам што ме доведовте на ова место и нема да ме убиете како јас што ве убивав вас.' Овие зборови за смрт, убиство и простување не се искажани од автор од третиот свет, туку од автор што живее во земја-членка на ЕУ и добива награда во друга земја-членка на ЕУ. Во овие две реченици од генијалниот говор е скриена најголемата тајна кажана низ поетска, метафорична форма. Ако се разложат, тие се тотално антиничеански, зашто Ниче се борел за отфрлање на афектот на вината, а тука имаме тотална спротивност кога авторот ја признал вината што можеби не ја ни сторил? Зошто?! Дали е тоа негова Гандиевско-теолошка порака дека во ова време сите треба да истапиме на радикален начин како форма на отпор кон сè што се случуваше во минатото и на овие простори, а се случуваат и денес – рече Трајкоски.

На неговите зборови се надоврза модераторот Владимир Јанковски, и самиот наградуван писател кој ја конципираше темата на тркалезната маса. Предност му даде на лауреатот Пиштало, цитирајќи го: „Книгите се место на смислата и вистината. Смислата грее, вистината оживува...“ На прашањето дали чинот на пишување во суштина е радикален и револуционерен чин на несогласување со светот, Пиштало е дециден дека на почетокот клучна е таа улога на незадоволство.

Кога си млад, сите те нервираат. Како во песната I Don’t Like Mondays (Не ми се допаѓаат понеделниците н.з.). Тоа незадоволство и нелагодност ми се многу познати. Во комунизмот секогаш зборуваа за еден термин – анархосиндикализам. Не ги разбирав, што зборувате луѓе? Ајде да веруваме во тоа што зборуваме и да почнеме да ги разбираме нештата. Поезијата е доказ колку зборовите можат да бидат вистинити. Јазикот може да биде стварен. Најважна работа е да се користат вистински зборови кои го оживуваат нештото – вели Пиштало.

Јанковски направи споредба помеѓу жанровите утопија и дистопија, првиот да создава алтернативен свет, вториот како модел преку кој авторите често се обидуваат да разобличат тоталистаристички општества. Дежуловиќ се надоврза велејќи дека утопија беше романтичниот жанр на минатиот век.

[caption id="attachment_817014" align="alignnone" width="750"] Борис Дежуловиќ: Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Комунизмот е прекрасна утопија. Невозможно е човечкото суштество да знае да дели. Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија. Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Кина создаде таков свет за милиони луѓе. Трамп самиот по себе е дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: „Не се плашам од општество во кое се книгите забранети, туку од општество каде никој не сака да чита.“

На него се надоврза Шапоња кој верува дека постои и друга алтернатива. Писателите пишуваат од отпор кон светот. Живеат во свет на стереотипи, но тие не припаѓаат на нивната душа.

За писателот е важно во просторот на јазикот да може да говори за својата душа. Тоа е мој став и веројатно поради тоа успевам да го игнорирам овој свет. Тоа не е единствен свет. Јас избирам да живеам во поинаков свет. Се разбира тоа има цена – цената на секојдневието која мораш да ја платиш. Но, имаме љубов, тоа се 10 отсто од нас кои живееме во овој свет. Нашиот проблем е што сме ограничени на 5 сетила и не ја перципираме стварноста. Борис зборува за дистопијата и тоа е систем, банален, тоа е баналноста која боли. Писателот е тука да се извлече од неа ако може. Оттаму ќе излеземе во реалност и ќе бидеме казнети. Но, што да правиме?! Ние живееме за тој миг – вели Шапоња.

Отпорот е клучeн за работата на Мајк Дауни и на полето на филмот и во литературата. Двете уметности се многу различни, зашто филмот е индустрија, фабрика, „стрејт“ работа во која се прават пари. Со литературата е понаку, а тоа особено се чувствува преку публиката. Но, и филмот и литературата имаат моќ да запалат искра, да покренат движење.

И правење графити е форма на отпор. Секогаш е отпор и секогаш иницира промена, без оглед дали се работи за поединец или за група – вели Дауни.

[caption id="attachment_817013" align="alignnone" width="750"] Мајда Корен од Словенија и Мајк Дауни од Велика Британија /фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Како пример тој го посочи филмот што го продуцирал „Зелената граница“ на полската режисерка Агњешка Холанд кој влијаеше на политичките случувања во Полска.

Еден месец пред изборите во Полска, луѓе одеа да гледаат радикален филм кој направи мал, но важен импакт во исходот на изборите. Има смисла во овој ангажман, солидарност е во прашање и личниот придонес во политичките промени. Глобалниот капитализам создаде неодржлив систем, нездрав за луѓето. Мора да веруваме дека сме носители на промената. Не ми е грижа дали е така, сакам да верувам во тоа – вели Дауни.

Мајда Корен пишува за деца и за адолесценти. Таа смета дека многу е важно младите да читаат. Книгите за деца не се само неколку реченици и слики. Важно е што има помеѓу линиите.

Децата треба да размислуваат што читаат, не само да читаат – вели таа.

Ѕвездан Георгиевски, писател, колумнист и политички коментатор почнал да пишува пред неколку години. На прашањето каде го лоцира расчекорот помеѓу колумнистичката и прозната поетика, тој вели:

Новинарство е занает кој се однесува на сега и овде и треба да го менува светот. Литературата треба да биде нешто што ќе трае подолго – вели тој.

Низ дебатата Дауни потенцира дека стравува за иднината на отпорот како форма. Средната класа во општествата веќе не постои, а младите со потенцијал имаат родители кои не можат да ги финансираат. Пиштало раскажа интересна анегдота со познатиот поет Чарлс Симиќ, негов близок пријател, добитник на Пулицеровата награда, на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на многу други. Симиќ, универзитетски прфесор во САД со години најавувал дека ќе замине во пензија.

[caption id="attachment_817016" align="alignnone" width="750"] Владимир Пиштало, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Замина кога му се падна група постдипломци студенти каде никој не знаел кој е Џек Николсон – рече Пиштало.

Навраќајќи се на дистопијата што ја живееме Дежуловиќ се осврна на изборната трка во САД кога кандидади беа Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Постои ли погенијален пример за дистопија – петмина „клинци“, некаде во Македонија, во подрум во Велес, масовно продуцураат лажни вести за американски сајтови и дистописката победа на некој идиот со портокалова коса во Америка!

Сличен пример со ширењето лажни вести за време на пандемијата раскажа и Шапоња. Дауни се надоврза дека за време на пандемијата многумина режисери почнале да пишуваат: Квентин Тарантино, браќата Коен, Оливер Стоун.

Сега писателите ќе почнат да снимаат филмови – заврши Дежуловиќ.

На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало, а ќе бидат претставени и писателите Ненад Шапоња, Мајда Корен, Мајк Дауни и Виолета Танчева-Златкова.

[caption id="attachment_817012" align="alignnone" width="750"] На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало / фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

 

The post Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија appeared first on Република.

]]>

Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија Како дистопијата ја победи утопијата во современиот свет? Каква е улогата на литературата денес како вечна форма на отпор чија смисла е да ги менува нештата? И колку вербата дека можете да ги менувате нештата ќе ве доведат до крајната цел? Ова се дел од размислите на писателите што синоќа учествуваа на тркалезната маса „Литературата како форма на отпор“ што се одржа во рамките на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во просториите на Јуроп хаус во Скопје. На дискусијата учествуваа лауреатот на фестивалот, српскиот писател Владимир Пиштало, хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија, Мајк Дауни од Велика Британија и нашиот новинар и во последните години писател, Ѕвездан Георгиевски. Поради болест Рене Карабаш и Виолета Танчева-Златева не учествуваа на тркалезната маса, но присутни беа гостите од 11. Скопје фелоушип програма. Увод во дебатата даде Дејан Трајкоски, идеен творец и директор на фестивалот кој цитираше дел од говорот на писателот Миљенко Јерговиќ пред две и пол недели на фестивал во Словенија:
'Судејќи по тоа што сме живи, ние сме потомци на убијци, а не на нивните жртви. Ви благодарам што ме доведовте на ова место и нема да ме убиете како јас што ве убивав вас.' Овие зборови за смрт, убиство и простување не се искажани од автор од третиот свет, туку од автор што живее во земја-членка на ЕУ и добива награда во друга земја-членка на ЕУ. Во овие две реченици од генијалниот говор е скриена најголемата тајна кажана низ поетска, метафорична форма. Ако се разложат, тие се тотално антиничеански, зашто Ниче се борел за отфрлање на афектот на вината, а тука имаме тотална спротивност кога авторот ја признал вината што можеби не ја ни сторил? Зошто?! Дали е тоа негова Гандиевско-теолошка порака дека во ова време сите треба да истапиме на радикален начин како форма на отпор кон сè што се случуваше во минатото и на овие простори, а се случуваат и денес – рече Трајкоски.
На неговите зборови се надоврза модераторот Владимир Јанковски, и самиот наградуван писател кој ја конципираше темата на тркалезната маса. Предност му даде на лауреатот Пиштало, цитирајќи го: „Книгите се место на смислата и вистината. Смислата грее, вистината оживува...“ На прашањето дали чинот на пишување во суштина е радикален и револуционерен чин на несогласување со светот, Пиштало е дециден дека на почетокот клучна е таа улога на незадоволство.
Кога си млад, сите те нервираат. Како во песната I Don’t Like Mondays (Не ми се допаѓаат понеделниците н.з.). Тоа незадоволство и нелагодност ми се многу познати. Во комунизмот секогаш зборуваа за еден термин – анархосиндикализам. Не ги разбирав, што зборувате луѓе? Ајде да веруваме во тоа што зборуваме и да почнеме да ги разбираме нештата. Поезијата е доказ колку зборовите можат да бидат вистинити. Јазикот може да биде стварен. Најважна работа е да се користат вистински зборови кои го оживуваат нештото – вели Пиштало.
Јанковски направи споредба помеѓу жанровите утопија и дистопија, првиот да создава алтернативен свет, вториот како модел преку кој авторите често се обидуваат да разобличат тоталистаристички општества. Дежуловиќ се надоврза велејќи дека утопија беше романтичниот жанр на минатиот век. [caption id="attachment_817014" align="alignnone" width="750"] Борис Дежуловиќ: Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]
Комунизмот е прекрасна утопија. Невозможно е човечкото суштество да знае да дели. Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија. Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Кина создаде таков свет за милиони луѓе. Трамп самиот по себе е дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: „Не се плашам од општество во кое се книгите забранети, туку од општество каде никој не сака да чита.“
На него се надоврза Шапоња кој верува дека постои и друга алтернатива. Писателите пишуваат од отпор кон светот. Живеат во свет на стереотипи, но тие не припаѓаат на нивната душа.
За писателот е важно во просторот на јазикот да може да говори за својата душа. Тоа е мој став и веројатно поради тоа успевам да го игнорирам овој свет. Тоа не е единствен свет. Јас избирам да живеам во поинаков свет. Се разбира тоа има цена – цената на секојдневието која мораш да ја платиш. Но, имаме љубов, тоа се 10 отсто од нас кои живееме во овој свет. Нашиот проблем е што сме ограничени на 5 сетила и не ја перципираме стварноста. Борис зборува за дистопијата и тоа е систем, банален, тоа е баналноста која боли. Писателот е тука да се извлече од неа ако може. Оттаму ќе излеземе во реалност и ќе бидеме казнети. Но, што да правиме?! Ние живееме за тој миг – вели Шапоња.
Отпорот е клучeн за работата на Мајк Дауни и на полето на филмот и во литературата. Двете уметности се многу различни, зашто филмот е индустрија, фабрика, „стрејт“ работа во која се прават пари. Со литературата е понаку, а тоа особено се чувствува преку публиката. Но, и филмот и литературата имаат моќ да запалат искра, да покренат движење.
И правење графити е форма на отпор. Секогаш е отпор и секогаш иницира промена, без оглед дали се работи за поединец или за група – вели Дауни.
[caption id="attachment_817013" align="alignnone" width="750"] Мајда Корен од Словенија и Мајк Дауни од Велика Британија /фото: ПРО-За Балкан[/caption] Како пример тој го посочи филмот што го продуцирал „Зелената граница“ на полската режисерка Агњешка Холанд кој влијаеше на политичките случувања во Полска.
Еден месец пред изборите во Полска, луѓе одеа да гледаат радикален филм кој направи мал, но важен импакт во исходот на изборите. Има смисла во овој ангажман, солидарност е во прашање и личниот придонес во политичките промени. Глобалниот капитализам создаде неодржлив систем, нездрав за луѓето. Мора да веруваме дека сме носители на промената. Не ми е грижа дали е така, сакам да верувам во тоа – вели Дауни.
Мајда Корен пишува за деца и за адолесценти. Таа смета дека многу е важно младите да читаат. Книгите за деца не се само неколку реченици и слики. Важно е што има помеѓу линиите.
Децата треба да размислуваат што читаат, не само да читаат – вели таа.
Ѕвездан Георгиевски, писател, колумнист и политички коментатор почнал да пишува пред неколку години. На прашањето каде го лоцира расчекорот помеѓу колумнистичката и прозната поетика, тој вели:
Новинарство е занает кој се однесува на сега и овде и треба да го менува светот. Литературата треба да биде нешто што ќе трае подолго – вели тој.
Низ дебатата Дауни потенцира дека стравува за иднината на отпорот како форма. Средната класа во општествата веќе не постои, а младите со потенцијал имаат родители кои не можат да ги финансираат. Пиштало раскажа интересна анегдота со познатиот поет Чарлс Симиќ, негов близок пријател, добитник на Пулицеровата награда, на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на многу други. Симиќ, универзитетски прфесор во САД со години најавувал дека ќе замине во пензија. [caption id="attachment_817016" align="alignnone" width="750"] Владимир Пиштало, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]
Замина кога му се падна група постдипломци студенти каде никој не знаел кој е Џек Николсон – рече Пиштало.
Навраќајќи се на дистопијата што ја живееме Дежуловиќ се осврна на изборната трка во САД кога кандидади беа Хилари Клинтон и Доналд Трамп. Постои ли погенијален пример за дистопија – петмина „клинци“, некаде во Македонија, во подрум во Велес, масовно продуцураат лажни вести за американски сајтови и дистописката победа на некој идиот со портокалова коса во Америка! Сличен пример со ширењето лажни вести за време на пандемијата раскажа и Шапоња. Дауни се надоврза дека за време на пандемијата многумина режисери почнале да пишуваат: Квентин Тарантино, браќата Коен, Оливер Стоун.
Сега писателите ќе почнат да снимаат филмови – заврши Дежуловиќ.
На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало, а ќе бидат претставени и писателите Ненад Шапоња, Мајда Корен, Мајк Дауни и Виолета Танчева-Златкова. [caption id="attachment_817012" align="alignnone" width="750"] На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало / фото: ПРО-За Балкан[/caption] Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.  

The post Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија appeared first on Република.

]]>
Владимир Пиштало е лауреат на „Прозарт 2024“ https://republika.mk/vesti/kultura/vladimir-pishtalo-e-laureat-na-prozart-2024/ Tue, 10 Sep 2024 08:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=814797

Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Владимир Пиштало. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 17 септември.

Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.

„Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори“ – се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.

Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.

Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД. Тој бил опкружен со книги уште пред да се роди. Неговата мајка работела во библиотеката и од работното место отишла право во болница да се породи. Неговиот татко бил библиотекар во Националната библиотека во Босна. Во моментов е директор на Народната библиотека на Србија.

Како писател тој е заинтересиран за психологијата на поединечни луѓе и градови. Тој ја раскажува историјата на јазикот на поезијата. Ако неговата проза не ги содржи двата зачини – поезија и хумор – тој не би бил заинтересиран да ја пишува. Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет.

Пиштало ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга уште на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи - „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза.

Неговата книга „Тесла, портрет со маски“ е преведена на 20 јазици. Неговиот роман „Милениум во Белград“ е преведен на десет јазици.

Истакнат сараевски критичар во една прилика изјавил дека: „Пиштало знае сè. Тој е поет кој размислува, способен да раскаже добра приказна“. Жан Кристоф Бусон од „Фигаро“ го нарече Пиштало „уметник со ретка книжевна дарба“, додека Рене де Чекати од „Ле монд“ тврди дека Пиштало ни дал: „уникатен српски глас, звучен и урбан и нов...“ Чекати исто така додал дека „среќни сме што најдовме толку внимателен длабоко образован раскажувач со иронична нота, кој на уникатен, често халуцинаторен начин, ја опишува последната деценија на 20 век во градот со кој тој се поистоветува: Белград, тоа сум јас!”

Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година.

Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година.

Пиштало сè уште верува дека „реалноста е всушност руда од која, кога ќе се исплакне, добиваме соништа“.

Освен Пиштало, гости на 12. издание на фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски.

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која годинава се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Владимир Пиштало е лауреат на „Прозарт 2024“ appeared first on Република.

]]>

Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Владимир Пиштало. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 17 септември. Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата. „Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори“ – се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“. Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски. Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД. Тој бил опкружен со книги уште пред да се роди. Неговата мајка работела во библиотеката и од работното место отишла право во болница да се породи. Неговиот татко бил библиотекар во Националната библиотека во Босна. Во моментов е директор на Народната библиотека на Србија. Како писател тој е заинтересиран за психологијата на поединечни луѓе и градови. Тој ја раскажува историјата на јазикот на поезијата. Ако неговата проза не ги содржи двата зачини – поезија и хумор – тој не би бил заинтересиран да ја пишува. Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет. Пиштало ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга уште на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи - „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза. Неговата книга „Тесла, портрет со маски“ е преведена на 20 јазици. Неговиот роман „Милениум во Белград“ е преведен на десет јазици. Истакнат сараевски критичар во една прилика изјавил дека: „Пиштало знае сè. Тој е поет кој размислува, способен да раскаже добра приказна“. Жан Кристоф Бусон од „Фигаро“ го нарече Пиштало „уметник со ретка книжевна дарба“, додека Рене де Чекати од „Ле монд“ тврди дека Пиштало ни дал: „уникатен српски глас, звучен и урбан и нов...“ Чекати исто така додал дека „среќни сме што најдовме толку внимателен длабоко образован раскажувач со иронична нота, кој на уникатен, често халуцинаторен начин, ја опишува последната деценија на 20 век во градот со кој тој се поистоветува: Белград, тоа сум јас!” Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година. Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година. Пиштало сè уште верува дека „реалноста е всушност руда од која, кога ќе се исплакне, добиваме соништа“. Освен Пиштало, гости на 12. издание на фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски. Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која годинава се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Владимир Пиштало е лауреат на „Прозарт 2024“ appeared first on Република.

]]>