Владика Петар Archives - Република https://republika.mk/tema/vladika-petar/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 16:28:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владика Петар Archives - Република https://republika.mk/tema/vladika-petar/ 32 32 Владика Петар: На гласањето во среда да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот https://republika.mk/vesti/makedonija/vladika-petar-na-glasaneto-vo-sreda-da-napravime-vistinski-izbor-megu-dobroto-i-zloto-megu-boga-i-gavolot/ Sun, 05 May 2024 16:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=774560

„И како што по Адама сите умираат, така и по Христа сите ќе оживеат (ќе воскреснат)“ (1 Кор. 15, 22)

Возљубени, браќа и сестри, во Христа Воскреснатиот!

Велигден е! Осамна најсветлиот ден во историјата на човечкиот род. Христос осудениот, се јави како Судија на светот. Телото на Распнатиот Христос, само три дена остана во гробот. Неговото шамарано и исплукано Лице, блесна како сонце, а лутите рани светнаа како ѕвезди. Неговото, во ужасни рани Тело, се појави во прекрасна убавина и се облече во небесна слава. Накажаниот Христос се покажа како семоќен Господар на небесата и на земјата и како Животодавец. Неправедно осудениот, стана праведен Судија на живите и мртвите и Спасител на светот.

Христос Воскресе! И наместо трновиот венец на Неговата Глава – блеска венецот на Царот на славата; осамениот на Крстот – опколен е од ангелски војски; удрен беше пастирот и овците (учениците) се разбегаа, а денес половина милијарда следбеници Го слават. Тесниот гроб стана причина Нему да Му се посветат стотици илјади храмови по целата земја. Крвта од раните Негови, стана Животворен пијалок на верните. Тогаш непознатиот – сега е најпознат. Тогаш загадочниот – сега е клуч на сите загатки. Тогаш најодалечениот – сега е најблизок на секое човечко срце.

Возљубени чеда во Воскреснатиот Победник!

Денес е Пасха Господова, а Пасха значи премин од смрт кон живот, односно Воскресение – Велигден. Тоа е празник над празниците и празнување над празнувањата. Како што сонцето ги надминува ѕвездите, така и Велигден неискажливо ги надминува сите други празнувања, не само човечки и земни, туку и Христови. Така, и оваа велигденска ноќ имаме прекрасна светлина; со сјајот на таа светлина, се озарени сите наши храмови и сите наши домови; луѓе од сите професии и од сите класи, млади и стари, со многубројни свеќи ја осветлуваат ноќта како што сонцето со својата силна светлина го осветлува целиот свет. Оваа велигденска светлина е многу блескава и сјајна, затоа што го славиме Христовото Воскресение, кое е реалност, кое што го измири целиот свет со себе и ни ги отвори портите на рајот, давајќи ни живот вечен.

Христос Воскресе, и со Своето Воскресение на сите луѓе и на целиот свет животот го осмисли. Он ни покажа дека човекот без Бога е мртов и останува во смртта. Христос воскресна од мртвите и ја победи смртта, заради нас, обезбедувајќи му на човекот бесмртност. Неговото Воскресение е најважниот настан во историјата на човештвото и целиот свет.

Доколку Христос не воскреснеше, каков ќе беше нашиот живот? Тој ќе беше краток пат од купелот до гробот, пат полн со трње, страдање и ужас. Но, со Воскреснатиот Христос, сè се менува, односно сите ние се менуваме и стануваме бесмртни луѓе и битија, кои се посилни од смртта. И така, човекот стана посилен од смртта! Тоа е победа, единствената вистинска победа на овој свет, бидејќи Господ е Единствениот Вистински Победник во сите векови. Доколку не воскреснеше Господ, сè ќе беше залудно. Каква полза од сонцето и од небото, ако сите луѓе завршат со смрт и нашата последна станица би бил гробот! Светиот апостол Павле вели: „Ако Христос не воскреснеше, празна е нашата проповед, празна е нашата вера“ (1. Кор. 15,14).

Возљубени браќа и сестри во Христа Распнатиот и Воскреснатиот!

Христос нашиот Бог, со распнувањето на Крстот и вкусувајќи смрт, ја уништи смртта со Својата смрт, а потоа со душата и со Крстот слезе во адот, за да ги избави Адама и старозаветните праведници од адот. Откако ги скрши резињата на вратите на адот, повторно влезе со Својата душа во Своето тело и Воскресна од мртвите.

Воскресението Христово е и наше воскресение, како што и славата Христова е и наша слава.

Отворајќи го Својот гроб, со Воскресението, Христос ги отвори и гробовите на сите луѓе. Земјава, која беше огромна гробница на сите луѓе, во која имаше труб до труб, мртовец до мртвовец, страдалник до страдалник, грев до грев, се измени, зашто Христовиот гроб стана извор на животот со Неговото Воскресение, кое е извор на нашето воскресение од мртвите, па така смртниот човек станува бесмртен, а земјата ја заменува Царството Небесно, во кое царува Троичниот Бог, а во него се: Мајката Божја, Небесните Сили и Сите Свети.

Најмили наши чеда во Христа Преобразителот и Спасителот!

Во оваа Светла Воскресенска Седмица, во нашата земја Македонија се одржуваат избори. Граѓаните на Македонија ќе изберат Претседател на државата и пратеници во Парламентот. Нашиот народ е мудар и знае да направи правилен избор. На новоизбраниот Претседател, пратениците и на Владата, им посакуваме успех во извршувањето на одговорните задачи за добробитот на сите граѓани на нашата Татковина. Како одговорни за извршувањето на вашата должност, особено вам на православните пратеници, ви укажуваме да не заборавите дека доследно и крајно одговорно треба да се грижите, да не бидат во ништо запоставени духовните, културните, националните и општочовечките вредности, кои извираат од учењето на нашата Света Православна Вера и Црква.

Не заборавајте при донесувањето на врвните одлуки за доброто на граѓаните и општеството да се сообразувате со погоре посочените упатства, имајќи ги предвид зборовите на апостолот Петар и другите Апостоли: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5, 29), односно да се спротивставите, по секоја цена, на сè што е спротивно на Божјите и природните закони, како и на Божјата волја, заради вашето и спасението на сите луѓе.

Граѓаните, пак, особено оние од Православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи кои што се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот.

Празникољубци! Во оваа прилика, сакаме да обрнеме внимание и да укажаме на еден друг, уште побитен, посуштински и спасоносен избор.

Имено, ние како слободни битија, создадени по Божјиот образ и подобие, го поседуваме дарот на слободната волја и имаме можност слободно да одлучуваме и избираме. Во нашиот живот често сме биле пред избор, уште од најмала возраст. Така, избиравме која играчка ја сакаме, со кои другарчиња ќе играме и ќе се дружиме, кој спорт ќе го избереме, во кое училиште ќе се запишеме, на кој факултет ќе студираме, кого или која ќе ги избереме за брачен другар/ка, какво возило, стан или куќа ќе купиме итн. Сето ова е во ред.

Но, пред секој човек, пред секој од нас, во овој живот, се поставени неколку клучни избори: ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?

Кога сме пред овој избор, да се потсетиме на Христовите зборови: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14, 6). „Јас Сум добриот Пастир, Кој ја полага душата Своја за овците“ (Јован 10, 11); „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12); „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3, 16). И сега, ќе се одлучиме ли да Го следиме Бога и да се уподобуваме на Него, или, пак, ќе се одлучиме за спротивното т.е. ќе ја искористиме ли нашата, од Бога дарувана слобода, за да го следиме ѓаволот, отфрлајќи Го Бога.

Богочовекот Исус Христос го победи ѓаволот, гревот и смртта. И тоа, ги победи заради нас. И воскресна, обезбедувајќи ни живот вечен. Ѓаволот, неговите демони, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме; дали ќе учествуваме во победата на Христа Воскреснатиот, или, во поразот на ѓаволот. Никакви други победи или порази, не се толку важни на овој свет, и никаков друг посуштински избор немаме. Значи, или ќе бидеме со Христа и Неговата Црква или со ѓаволот и неговите лажни, телесни, преодни и минливи уживања и наслади во овој свет. Одлуката е само наша. Затоа да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот, прифаќајќи ги доброто и Бога, а отфрлајќи го злото и ѓаволот. Ако го направиме тој избор, ние навистина ќе бидеме слободни, бидејќи нема да му робуваме на злото и ѓаволот.

Возљубени чеда во воскресенската радост!

Христос нашиот Бог беше жртвуван за нас, како Јагне заклан беше, и подаден на сите верни, заради простување на гревовите и живот вечен. Ете, и сега и во иднина, нè повикува сите да пристапиме кон приготвената Божја трпеза, на која е Он, Божјото Јагне. Да земеме учество во Пасхата; да не се лишуваме од оваа спасоносна и неискажлива Тајна; да пристапиме и да се насладиме со Животворниот Леб и Животворниот пијалок – Телото и Крвта Христови. Ете, со таква гозба, со таква трпеза, со такво празнување нè угостува Оној, Кој заради нас претрпе страдања, умре и Воскресна.

Да се радуваме возљубени празникољупци и да се прегрнеме еден со друг; да се просветлиме и да си простиме сè заради Воскресението. Амин!

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Ваш постојанен молитвеник пред Христа Воскреснатиот,

Митрополит Преспанско-пелагониски и

Администратор Австралиски и Новозеландски

† Петар

 

The post Владика Петар: На гласањето во среда да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот appeared first on Република.

]]>

„И како што по Адама сите умираат, така и по Христа сите ќе оживеат (ќе воскреснат)“ (1 Кор. 15, 22) Возљубени, браќа и сестри, во Христа Воскреснатиот! Велигден е! Осамна најсветлиот ден во историјата на човечкиот род. Христос осудениот, се јави како Судија на светот. Телото на Распнатиот Христос, само три дена остана во гробот. Неговото шамарано и исплукано Лице, блесна како сонце, а лутите рани светнаа како ѕвезди. Неговото, во ужасни рани Тело, се појави во прекрасна убавина и се облече во небесна слава. Накажаниот Христос се покажа како семоќен Господар на небесата и на земјата и како Животодавец. Неправедно осудениот, стана праведен Судија на живите и мртвите и Спасител на светот. Христос Воскресе! И наместо трновиот венец на Неговата Глава – блеска венецот на Царот на славата; осамениот на Крстот – опколен е од ангелски војски; удрен беше пастирот и овците (учениците) се разбегаа, а денес половина милијарда следбеници Го слават. Тесниот гроб стана причина Нему да Му се посветат стотици илјади храмови по целата земја. Крвта од раните Негови, стана Животворен пијалок на верните. Тогаш непознатиот – сега е најпознат. Тогаш загадочниот – сега е клуч на сите загатки. Тогаш најодалечениот – сега е најблизок на секое човечко срце. Возљубени чеда во Воскреснатиот Победник! Денес е Пасха Господова, а Пасха значи премин од смрт кон живот, односно Воскресение – Велигден. Тоа е празник над празниците и празнување над празнувањата. Како што сонцето ги надминува ѕвездите, така и Велигден неискажливо ги надминува сите други празнувања, не само човечки и земни, туку и Христови. Така, и оваа велигденска ноќ имаме прекрасна светлина; со сјајот на таа светлина, се озарени сите наши храмови и сите наши домови; луѓе од сите професии и од сите класи, млади и стари, со многубројни свеќи ја осветлуваат ноќта како што сонцето со својата силна светлина го осветлува целиот свет. Оваа велигденска светлина е многу блескава и сјајна, затоа што го славиме Христовото Воскресение, кое е реалност, кое што го измири целиот свет со себе и ни ги отвори портите на рајот, давајќи ни живот вечен. Христос Воскресе, и со Своето Воскресение на сите луѓе и на целиот свет животот го осмисли. Он ни покажа дека човекот без Бога е мртов и останува во смртта. Христос воскресна од мртвите и ја победи смртта, заради нас, обезбедувајќи му на човекот бесмртност. Неговото Воскресение е најважниот настан во историјата на човештвото и целиот свет. Доколку Христос не воскреснеше, каков ќе беше нашиот живот? Тој ќе беше краток пат од купелот до гробот, пат полн со трње, страдање и ужас. Но, со Воскреснатиот Христос, сè се менува, односно сите ние се менуваме и стануваме бесмртни луѓе и битија, кои се посилни од смртта. И така, човекот стана посилен од смртта! Тоа е победа, единствената вистинска победа на овој свет, бидејќи Господ е Единствениот Вистински Победник во сите векови. Доколку не воскреснеше Господ, сè ќе беше залудно. Каква полза од сонцето и од небото, ако сите луѓе завршат со смрт и нашата последна станица би бил гробот! Светиот апостол Павле вели: „Ако Христос не воскреснеше, празна е нашата проповед, празна е нашата вера“ (1. Кор. 15,14). Возљубени браќа и сестри во Христа Распнатиот и Воскреснатиот! Христос нашиот Бог, со распнувањето на Крстот и вкусувајќи смрт, ја уништи смртта со Својата смрт, а потоа со душата и со Крстот слезе во адот, за да ги избави Адама и старозаветните праведници од адот. Откако ги скрши резињата на вратите на адот, повторно влезе со Својата душа во Своето тело и Воскресна од мртвите. Воскресението Христово е и наше воскресение, како што и славата Христова е и наша слава. Отворајќи го Својот гроб, со Воскресението, Христос ги отвори и гробовите на сите луѓе. Земјава, која беше огромна гробница на сите луѓе, во која имаше труб до труб, мртовец до мртвовец, страдалник до страдалник, грев до грев, се измени, зашто Христовиот гроб стана извор на животот со Неговото Воскресение, кое е извор на нашето воскресение од мртвите, па така смртниот човек станува бесмртен, а земјата ја заменува Царството Небесно, во кое царува Троичниот Бог, а во него се: Мајката Божја, Небесните Сили и Сите Свети. Најмили наши чеда во Христа Преобразителот и Спасителот! Во оваа Светла Воскресенска Седмица, во нашата земја Македонија се одржуваат избори. Граѓаните на Македонија ќе изберат Претседател на државата и пратеници во Парламентот. Нашиот народ е мудар и знае да направи правилен избор. На новоизбраниот Претседател, пратениците и на Владата, им посакуваме успех во извршувањето на одговорните задачи за добробитот на сите граѓани на нашата Татковина. Како одговорни за извршувањето на вашата должност, особено вам на православните пратеници, ви укажуваме да не заборавите дека доследно и крајно одговорно треба да се грижите, да не бидат во ништо запоставени духовните, културните, националните и општочовечките вредности, кои извираат од учењето на нашата Света Православна Вера и Црква. Не заборавајте при донесувањето на врвните одлуки за доброто на граѓаните и општеството да се сообразувате со погоре посочените упатства, имајќи ги предвид зборовите на апостолот Петар и другите Апостоли: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5, 29), односно да се спротивставите, по секоја цена, на сè што е спротивно на Божјите и природните закони, како и на Божјата волја, заради вашето и спасението на сите луѓе. Граѓаните, пак, особено оние од Православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи кои што се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот. Празникољубци! Во оваа прилика, сакаме да обрнеме внимание и да укажаме на еден друг, уште побитен, посуштински и спасоносен избор. Имено, ние како слободни битија, создадени по Божјиот образ и подобие, го поседуваме дарот на слободната волја и имаме можност слободно да одлучуваме и избираме. Во нашиот живот често сме биле пред избор, уште од најмала возраст. Така, избиравме која играчка ја сакаме, со кои другарчиња ќе играме и ќе се дружиме, кој спорт ќе го избереме, во кое училиште ќе се запишеме, на кој факултет ќе студираме, кого или која ќе ги избереме за брачен другар/ка, какво возило, стан или куќа ќе купиме итн. Сето ова е во ред. Но, пред секој човек, пред секој од нас, во овој живот, се поставени неколку клучни избори: ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот? Кога сме пред овој избор, да се потсетиме на Христовите зборови: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14, 6). „Јас Сум добриот Пастир, Кој ја полага душата Своја за овците“ (Јован 10, 11); „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12); „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3, 16). И сега, ќе се одлучиме ли да Го следиме Бога и да се уподобуваме на Него, или, пак, ќе се одлучиме за спротивното т.е. ќе ја искористиме ли нашата, од Бога дарувана слобода, за да го следиме ѓаволот, отфрлајќи Го Бога. Богочовекот Исус Христос го победи ѓаволот, гревот и смртта. И тоа, ги победи заради нас. И воскресна, обезбедувајќи ни живот вечен. Ѓаволот, неговите демони, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме; дали ќе учествуваме во победата на Христа Воскреснатиот, или, во поразот на ѓаволот. Никакви други победи или порази, не се толку важни на овој свет, и никаков друг посуштински избор немаме. Значи, или ќе бидеме со Христа и Неговата Црква или со ѓаволот и неговите лажни, телесни, преодни и минливи уживања и наслади во овој свет. Одлуката е само наша. Затоа да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот, прифаќајќи ги доброто и Бога, а отфрлајќи го злото и ѓаволот. Ако го направиме тој избор, ние навистина ќе бидеме слободни, бидејќи нема да му робуваме на злото и ѓаволот. Возљубени чеда во воскресенската радост! Христос нашиот Бог беше жртвуван за нас, како Јагне заклан беше, и подаден на сите верни, заради простување на гревовите и живот вечен. Ете, и сега и во иднина, нè повикува сите да пристапиме кон приготвената Божја трпеза, на која е Он, Божјото Јагне. Да земеме учество во Пасхата; да не се лишуваме од оваа спасоносна и неискажлива Тајна; да пристапиме и да се насладиме со Животворниот Леб и Животворниот пијалок – Телото и Крвта Христови. Ете, со таква гозба, со таква трпеза, со такво празнување нè угостува Оној, Кој заради нас претрпе страдања, умре и Воскресна. Да се радуваме возљубени празникољупци и да се прегрнеме еден со друг; да се просветлиме и да си простиме сè заради Воскресението. Амин! Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ваш постојанен молитвеник пред Христа Воскреснатиот, Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски † Петар  

The post Владика Петар: На гласањето во среда да направиме вистински избор меѓу доброто и злото, меѓу Бога и ѓаволот appeared first on Република.

]]>
Еден наш епископ ја советува вселенската патријаршија дека името МПЦ-ОА е национализам, тврди владиката Петар https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-nash-episkop-ja-sovetuva-vselenskata-patrijarshija-deka-imeto-mpts-oa-e-natsionalizam-tvrdi-vladikata-petar/ Mon, 11 Mar 2024 12:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=753646

Очекувам и од Вселенската патријаршија да добиеме Томос, но ако во тој Томос има условувања со зборот „македонска“ во МПЦ-ОА, тоа за мене нема да биде прифатливо, изјави митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Тој објаснува дека во комуникацијата со елинските цркви нема да може да се користи името МПЦ-ОА, па токму за таа цел е формирана Комисија за разгледување на ова прашање.

Агендата на оваа Комисија е прво да го проучи случајот со Украинската православна црква која доби Томос од Вселенската патријаршија, иако е непризната од Руската православна црква – вели владиката Петар и додава дека МПЦ е под притисок да го признае постоењето на Украинската православна црква.

Владиката Петар вели дека настојувањата за признавање доаѓаат од Вселенската патријаршија иако од МПЦ при првото сослужување со патријархот Вартоломеј било побарано да нема претставници од таа црква што било и испочитувано.

За владиката Петар е беспредметно условувањето на томосот за МПЦ со признавање на Украинската православна црква. Тој вели дека условувањата дошле подоцна, по заедничкото сослужување.

Немаме никаква дискустија дека ние имаме синодален документ од Вселенската патријаршија за заедничко сослужување во кој има три услова. Едниот услов е да го користиме името Охридска архиепископија во секоја комуникација со другите помесни православни цркви. Ние сме се изјасниле како архиереи дека тоа не може да важи на територијата на Македонија – вели владиката Петар потврдувајќи дека не се откажуваат од името МПЦ-ОА по ниедна цена, но прифатливо е и името Јустинијана прима.

Практично МПЦ-ОА е на ставот дека треба да има двојна формула за употребата името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Вториот услов, вели владиката Петар, е дека не смее да се употребува името ни за внатрешна употреба, а јурисдикцијата на црквата, според третиот услов, се ограничува само на територијата на Република Македонија, но не и во дијаспората.

Каде настанаа проблемите? Кога не се продолжија разговорите меѓу нашата Комисија со Комисијата на Цариградската патријаршија. Главниот човек одговорен што Цариградската патријаршија ни ги прави тие условувања е епископот Партениј од Бигорскиот манастир, кој ја советува Цриградската патријаршија дека името МПЦ е национализам. Но, Партениј не е дел од Комисијата и преговорите и неговото мислење нема тежина со Синодот на архиереите на МПЦ-ОА – вели митрополитот Петар.

Владиката вели дека во однос на проблемот со Украинската православна црква е компликуван и дека за нејзиното признавање од наша страна е потребно да се разреши спорот помеѓу Руската православна црква, Московска патријаршија, под чија јурисдикција е формирана, и Цариградската патријаршија која ѝ додели томос за автокефалија.

The post Еден наш епископ ја советува вселенската патријаршија дека името МПЦ-ОА е национализам, тврди владиката Петар appeared first on Република.

]]>

Очекувам и од Вселенската патријаршија да добиеме Томос, но ако во тој Томос има условувања со зборот „македонска“ во МПЦ-ОА, тоа за мене нема да биде прифатливо, изјави митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во емисијата „Студио 10“ на ТВ24. Тој објаснува дека во комуникацијата со елинските цркви нема да може да се користи името МПЦ-ОА, па токму за таа цел е формирана Комисија за разгледување на ова прашање.
Агендата на оваа Комисија е прво да го проучи случајот со Украинската православна црква која доби Томос од Вселенската патријаршија, иако е непризната од Руската православна црква – вели владиката Петар и додава дека МПЦ е под притисок да го признае постоењето на Украинската православна црква.
Владиката Петар вели дека настојувањата за признавање доаѓаат од Вселенската патријаршија иако од МПЦ при првото сослужување со патријархот Вартоломеј било побарано да нема претставници од таа црква што било и испочитувано. За владиката Петар е беспредметно условувањето на томосот за МПЦ со признавање на Украинската православна црква. Тој вели дека условувањата дошле подоцна, по заедничкото сослужување.
Немаме никаква дискустија дека ние имаме синодален документ од Вселенската патријаршија за заедничко сослужување во кој има три услова. Едниот услов е да го користиме името Охридска архиепископија во секоја комуникација со другите помесни православни цркви. Ние сме се изјасниле како архиереи дека тоа не може да важи на територијата на Македонија – вели владиката Петар потврдувајќи дека не се откажуваат од името МПЦ-ОА по ниедна цена, но прифатливо е и името Јустинијана прима.
Практично МПЦ-ОА е на ставот дека треба да има двојна формула за употребата името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Вториот услов, вели владиката Петар, е дека не смее да се употребува името ни за внатрешна употреба, а јурисдикцијата на црквата, според третиот услов, се ограничува само на територијата на Република Македонија, но не и во дијаспората.
Каде настанаа проблемите? Кога не се продолжија разговорите меѓу нашата Комисија со Комисијата на Цариградската патријаршија. Главниот човек одговорен што Цариградската патријаршија ни ги прави тие условувања е епископот Партениј од Бигорскиот манастир, кој ја советува Цриградската патријаршија дека името МПЦ е национализам. Но, Партениј не е дел од Комисијата и преговорите и неговото мислење нема тежина со Синодот на архиереите на МПЦ-ОА – вели митрополитот Петар.
Владиката вели дека во однос на проблемот со Украинската православна црква е компликуван и дека за нејзиното признавање од наша страна е потребно да се разреши спорот помеѓу Руската православна црква, Московска патријаршија, под чија јурисдикција е формирана, и Цариградската патријаршија која ѝ додели томос за автокефалија.

The post Еден наш епископ ја советува вселенската патријаршија дека името МПЦ-ОА е национализам, тврди владиката Петар appeared first on Република.

]]>
Бил изваден од контекст: Митрополитот Петар тврди дека не била родовата еднаквост богохулна и изопачена, туку трансродовите лица https://republika.mk/vesti/makedonija/bil-izvaden-od-kontekst-mitropolitot-petar-tvrdi-deka-ne-bila-rodovata-ednakvost-bogohulna-i-izopachena-tuku-transrodovite-litsa/ Tue, 25 Apr 2023 09:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=633835

Сосема е извадена од контекст мојата изјава, изјави во вечерашното издание на Топ тема на Телма, Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, во однос на неговите коментари дека родовата еднаквост била богохулна, противприродна и изопачена.

Јас кажувам дека луѓето ќе речат: јас не сакам да бидам маж, сакам да бидам жена а не можам да станам, но ќе се чувствувам како жена, ќе се претставувам како жена. Прашањето е дали мажот што ќе си го смени полот може да раѓа и обратно жената кога ќе стане маж, дали е таа во состојба да оплодува жена – изјави митрополитот Петар.

Митрополитот Петар тврди дека неговите коментари се однесувале само на оние лица што го менуваат полот, односно на трансродовите лица.

Тоа што Господ го создал. Машко да биде машко, а женско да биде женско, треба да се почитува – вели Петар.

Митрополитот Петар оценува и дека вината за разводот на браковите во најголем случај е кај мажите, затоа што ги изневерувале жените.

Според црквата, само во тој случај бил дозволен развод на бракот, додека како решение за останатите причини за развод на браковите, како семејното физичко или ментално насилство, го препорачува решението: „жената да биде одвоена од мажот“.

Не мора да бидат заедно, но не мора да се разведат. Ние ги разведуваме жените кога ќе побараат, но треба да утврдиме зошто е побаран разводот. Кој е виновникот за разводот? Зборувам за црковниот суд, не граѓанскиот. Црковниот суд разведува или не разведува – вели Митрополитот Петар.

Во однос на неговите коментари кои ги разгневија феминистките дека жените често кога сакаат да докажат дека имаат еднакви права, ја запоставуваат својата улога на жена и мајка, митрополитот Петар се „обиде“ да се дообјасни:

Има жени кои сакаат да имаат кариера и заради кариерата која сакаат да ја имаат, земаат контрацептивни средства и не сакаат да родат дете. Втората работа е дека има жени кои заради тоа што сакаат да уживаат во половите односи, не сакаат да раѓат деца, па затоа ќе ги абортираат – вели Петар.

Проблемот е во тоа дека заради кариера, не сака да биде мајка. Заради кариера не сака да забремени, изјави Митрополитот Петар.

Жената е рамноправна со мажот и јас тоа никогаш не сум го негирал. Само ми се импутира - тврди Петар.

Извор:ТВ Телма

The post Бил изваден од контекст: Митрополитот Петар тврди дека не била родовата еднаквост богохулна и изопачена, туку трансродовите лица appeared first on Република.

]]>

Сосема е извадена од контекст мојата изјава, изјави во вечерашното издание на Топ тема на Телма, Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, во однос на неговите коментари дека родовата еднаквост била богохулна, противприродна и изопачена.
Јас кажувам дека луѓето ќе речат: јас не сакам да бидам маж, сакам да бидам жена а не можам да станам, но ќе се чувствувам како жена, ќе се претставувам како жена. Прашањето е дали мажот што ќе си го смени полот може да раѓа и обратно жената кога ќе стане маж, дали е таа во состојба да оплодува жена – изјави митрополитот Петар.
Митрополитот Петар тврди дека неговите коментари се однесувале само на оние лица што го менуваат полот, односно на трансродовите лица.
Тоа што Господ го создал. Машко да биде машко, а женско да биде женско, треба да се почитува – вели Петар.
Митрополитот Петар оценува и дека вината за разводот на браковите во најголем случај е кај мажите, затоа што ги изневерувале жените. Според црквата, само во тој случај бил дозволен развод на бракот, додека како решение за останатите причини за развод на браковите, како семејното физичко или ментално насилство, го препорачува решението: „жената да биде одвоена од мажот“.
Не мора да бидат заедно, но не мора да се разведат. Ние ги разведуваме жените кога ќе побараат, но треба да утврдиме зошто е побаран разводот. Кој е виновникот за разводот? Зборувам за црковниот суд, не граѓанскиот. Црковниот суд разведува или не разведува – вели Митрополитот Петар.
Во однос на неговите коментари кои ги разгневија феминистките дека жените често кога сакаат да докажат дека имаат еднакви права, ја запоставуваат својата улога на жена и мајка, митрополитот Петар се „обиде“ да се дообјасни:
Има жени кои сакаат да имаат кариера и заради кариерата која сакаат да ја имаат, земаат контрацептивни средства и не сакаат да родат дете. Втората работа е дека има жени кои заради тоа што сакаат да уживаат во половите односи, не сакаат да раѓат деца, па затоа ќе ги абортираат – вели Петар.
Проблемот е во тоа дека заради кариера, не сака да биде мајка. Заради кариера не сака да забремени, изјави Митрополитот Петар.
Жената е рамноправна со мажот и јас тоа никогаш не сум го негирал. Само ми се импутира - тврди Петар.
Извор:ТВ Телма

The post Бил изваден од контекст: Митрополитот Петар тврди дека не била родовата еднаквост богохулна и изопачена, туку трансродовите лица appeared first on Република.

]]>
За отворањето телевизија од страна на владиката Петар, се огласија од Комисијата за односи со верски заедници https://republika.mk/vesti/makedonija/za-otvoraneto-televizija-od-strana-na-vladikata-petar-se-oglasija-od-komisijata-za-odnosi-so-verski-zaednitsi/ Thu, 09 Mar 2023 10:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=617631

Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски не го коментира „отворањето телевизија од страна на владиката Петар“, но очекува тој да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис.

Немам став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата. Тоа е достапна можност. Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен. Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав, но треба да видиме. Немаме се уште детали, јас очекувам субјектот којшто добил дозволи од Агенцијата за медиуми да излезе и да ја запознае јавноста, затоа што во еден момент тој треба и да и се обрати на јавноста, треба да емитува сигнал токму за јавноста - рече Сотировски во одговор на новинарско прашање на настанот по повод формирањето на „Групата на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.

На барање од фирмата „Преобразба“, во сопственост на митрополит преспанско-пелагониски Петар, чие световно име е Петар Каревски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) даде дозвола за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат, кој ќе зрачи во регионот на скопското подрачје.

Согласно Одлуката, која е донесена на 28 февруари годинава од страна на Советот на АВМУ, телевизискиот програмски сервис на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс. Концесијата се доделува за временски период од девет години.

Владиката Петар досега се нема јавно изјаснето за плановите во однос на отворањето на телевизијата.

The post За отворањето телевизија од страна на владиката Петар, се огласија од Комисијата за односи со верски заедници appeared first on Република.

]]>

Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски не го коментира „отворањето телевизија од страна на владиката Петар“, но очекува тој да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис.
Немам став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата. Тоа е достапна можност. Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен. Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав, но треба да видиме. Немаме се уште детали, јас очекувам субјектот којшто добил дозволи од Агенцијата за медиуми да излезе и да ја запознае јавноста, затоа што во еден момент тој треба и да и се обрати на јавноста, треба да емитува сигнал токму за јавноста - рече Сотировски во одговор на новинарско прашање на настанот по повод формирањето на „Групата на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.
На барање од фирмата „Преобразба“, во сопственост на митрополит преспанско-пелагониски Петар, чие световно име е Петар Каревски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) даде дозвола за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат, кој ќе зрачи во регионот на скопското подрачје. Согласно Одлуката, која е донесена на 28 февруари годинава од страна на Советот на АВМУ, телевизискиот програмски сервис на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс. Концесијата се доделува за временски период од девет години. Владиката Петар досега се нема јавно изјаснето за плановите во однос на отворањето на телевизијата.

The post За отворањето телевизија од страна на владиката Петар, се огласија од Комисијата за односи со верски заедници appeared first on Република.

]]>
Владиката Петар отвора телевизија во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/vladikata-petar-otvora-televizija-vo-skopje/ Wed, 01 Mar 2023 07:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=614400

Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината, објави порталот Фактор.

Наводно, зад овој медиум стои митрополитот преспанско-пелагониски владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.

Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.

Дозволата се доделува на временски период од девет години, стои во одлуката.

The post Владиката Петар отвора телевизија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината, објави порталот Фактор. Наводно, зад овој медиум стои митрополитот преспанско-пелагониски владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“. Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.
Дозволата се доделува на временски период од девет години, стои во одлуката.

The post Владиката Петар отвора телевизија во Скопје appeared first on Република.

]]>