влади Archives - Република https://republika.mk/tema/vladi/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 08:23:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влади Archives - Република https://republika.mk/tema/vladi/ 32 32 Откажана заедничката седница на владите на Косово и Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/otkazhana-zaednichkata-sednitsa-na-vladite-na-kosovo-i-albanija/ Wed, 14 Jun 2023 08:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=651142

Владата на Косово, во врска со откажувањето на средбата со албанската влада, соопшти дека ова е првпат еднострано да се откажува заедничка средба и за тоа го обвини албанскиот премиер Еди Рама.

Како што се наведува во соопштението, денеска требаше да бидат потпишани 13 нови договори.

Најмногу ќе загубат граѓаните. За жал, со откажувањето на средбата од страна на премиерот Рама, ни беше ускратена можноста да ги потпишеме, се вели во соопштението.

Како што се додава, билатералните средби како онаа што ја побара Рама може да се одржуваат секојдневно, пренесува Коха.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека заедничката седница на владата на Косово и албанската влада, која беше планирана за денеска, е откажана бидејќи Албин Курти не се согласил за промена на форматот.

Според неговите зборови, тој го повикал Курти денеска, заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи на Косово, да се сретнат во потесен формат, но косовскиот премиер инсистирал средбата да се одржи според планираното.

Рама истакна дека меѓународната заедница е на работ да го загуби трпението и дека брзо може да следуваат казни, па дури и санкции за Косово, и дека побарал од западните земји да не одат кон тоа и да му дадат повеќе време, пренесува Репортери.

Можеби тоа не е конечниот одговор на премиерот. Се надевам дека ќе се сретнеме за да разговараме за нашите позиции, рече Рама на прес-конференција, пренесува Еуроњуз Албанија.

Тој рече дека седницата не може да се одржи во планираниот формат бидејќи не е време да се одржи средба како ништо да не се случува, поради влошувањето на односите меѓу Косово и целата евроатлантска заедница.

Тој посочи дека Тирана е „100 отсто“ против начинот на кој постапува Косово и дека Албанија не е изолирана од европската заедница.

Односите меѓу Албанија и Косово се братски, но Албанија е земја што е нераскинлив дел од евроатлантската заедница, која е членка на НАТО и нема шанси Албанија да се оддалечи од евроатлантската заедница, рече Рама.

The post Откажана заедничката седница на владите на Косово и Албанија appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово, во врска со откажувањето на средбата со албанската влада, соопшти дека ова е првпат еднострано да се откажува заедничка средба и за тоа го обвини албанскиот премиер Еди Рама. Како што се наведува во соопштението, денеска требаше да бидат потпишани 13 нови договори. Најмногу ќе загубат граѓаните. За жал, со откажувањето на средбата од страна на премиерот Рама, ни беше ускратена можноста да ги потпишеме, се вели во соопштението. Како што се додава, билатералните средби како онаа што ја побара Рама може да се одржуваат секојдневно, пренесува Коха. Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека заедничката седница на владата на Косово и албанската влада, која беше планирана за денеска, е откажана бидејќи Албин Курти не се согласил за промена на форматот. Според неговите зборови, тој го повикал Курти денеска, заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи на Косово, да се сретнат во потесен формат, но косовскиот премиер инсистирал средбата да се одржи според планираното. Рама истакна дека меѓународната заедница е на работ да го загуби трпението и дека брзо може да следуваат казни, па дури и санкции за Косово, и дека побарал од западните земји да не одат кон тоа и да му дадат повеќе време, пренесува Репортери. Можеби тоа не е конечниот одговор на премиерот. Се надевам дека ќе се сретнеме за да разговараме за нашите позиции, рече Рама на прес-конференција, пренесува Еуроњуз Албанија. Тој рече дека седницата не може да се одржи во планираниот формат бидејќи не е време да се одржи средба како ништо да не се случува, поради влошувањето на односите меѓу Косово и целата евроатлантска заедница. Тој посочи дека Тирана е „100 отсто“ против начинот на кој постапува Косово и дека Албанија не е изолирана од европската заедница. Односите меѓу Албанија и Косово се братски, но Албанија е земја што е нераскинлив дел од евроатлантската заедница, која е членка на НАТО и нема шанси Албанија да се оддалечи од евроатлантската заедница, рече Рама.

The post Откажана заедничката седница на владите на Косово и Албанија appeared first on Република.

]]>