владејачка коалиција Archives - Република https://republika.mk/tema/vladejachka-koalicija/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Nov 2022 13:52:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владејачка коалиција Archives - Република https://republika.mk/tema/vladejachka-koalicija/ 32 32 Со АА сме во разговори за влез во Владата, потребен е ветинг на сите државни институции, вели Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/so-aa-sme-vo-razgovori-za-vlez-vo-vladata-potreben-e-veting-na-site-drzavni-institucii-veli-ahmeti/ Sun, 20 Nov 2022 13:21:57 +0000 https://republika.mk/?p=576112

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека вчерашната средба кво партиското седиште во Мала Речица, која траеше 11 часа, била една од низата традиционални средби на партијата, а имало конструктивна дебата.

-На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше за прашањето за ветинг, каде како ДУИ имаме одговорност за непречено функционирање на државата. Имаше и различни теми, се разговараше за образованието, за здравството, за имплементација на албанскиот јазик. Нема да се прекинат дебатите во ДУИ или различните размислувања. Јас сум еден од оние кои не би се согласиле доколку се потисне различното мислење, но на крајот мора да се почитува мислењето на мнозинството. Демократијата има свои граници, тоа значи дека во демократијата не е дозволена анархија, рече Ахмети.

На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да и се приклучи на владината коалиција, Ахмети истакна дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог.

-Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој.

Во врска со скорешната реакција на амбасадорката на САД во земјава околу избирањето на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, Ахмети рече дека нејзината реакција била принципиелна и посочи дека за ова прашање ДУИ веќе со години бара сеопфатен ветинг, почнувајќи од локалната до централната власт.

– Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот на корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека тизвршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции. Без соодветен ветинг не можеме да бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото. Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг. Партнерство со нас ќе има секој кој што е посветен, одлучен за вистинска ветинг и за функционирање и владеење на правото. Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во Европската Унија, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт, изјави Ахмети.

The post Со АА сме во разговори за влез во Владата, потребен е ветинг на сите државни институции, вели Ахмети appeared first on Република.

]]>

Трајанов: Поддршката на ДС и останатите коалициски партии ќе зависи од составот на Владата кој ќе го предложи Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-poddrshkata-na-ds-i-ostanatite-koaliciski-partii-kje-zavisi-od-sostavot-na-vladata-koj-kje-go-predlozi-kovachevski/ Wed, 05 Jan 2022 13:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=440984

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов за денеска попладне најави средба со мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, со кој како што рече, уште еднаш ќе разговараат за програмските приоритети на партијата кои сакаат да влезат во владината програма. Ќе разговараме, потенцира Трајанов, и за кадровските решенија и за барањето земјава да биде една изборна единица, од кои, како што најави, ќе зависи и поддршката на Демократскиот сојуз за новата влада.

Ковачевски треба да нè информира за тие имиња што не се познати, да ги презентира. Затоа што и поддршката, не само на ДС, туку и на другите партии, исто така ќе зависи од кадровскиот состав на владата. Ако имаме предлози кои што не можеме да ги поддржиме тоа значи дека тоа јавно ќе го соопштиме. Очекуваме транспарентност. Во оваа фаза можеби не ќе може да се објавуваат предлозите бидејќи уште се разговара, но очекуваме да бидеме информирани ние како партии, а верувам и другите партии. Ако има некаква информација, мандатарот има можност да ги соопшти имињата претходно или тоа ќе го направи кога ќе го достави предлогот до Собранието. Ако не се согласуваме, нема да гласаме, тоа е просто и едноставно. Ако не се сложуваме за програмските определби, за составот на владата тоа значи дека која било партија нема обврска да гласа, особено што сега има најмалку 64 пратеници во парламентарното мнозинство, некои од партиите може и да не ја поддржат владата, рече Трајанов.

Тој, во изјавата дадена пред Уставниот суд по доставувањето на иницијатива за преименување на одредби од Изборниот законик, нагласи дека тие како партија не барале министерско место без ресор.

Ние сме против тоа како партија. Вештачки да градиме етнички баланс во владата тоа не го прифаќаме. Но, тоа инициравме и поддржуваме, можеби партиите на турската етничка заедница да имаат министер за странски инвестиции бидејќи може тој полесно да дојде до компании кои сакаат да инвестираат во Македонија, особено од Турција, меѓутоа и пошироко од Балканот. А за други министри апсолутно не прифаќаме да се шири на тој начин. Вие знаете дека има проблеми околу составот на владата затоа што владата нема да биде одраз на соодветна етничка застапеност, ќе има дебаланс, меѓутоа ќе видиме тој процес како ќе го изведе до крај мандаторот Ковачевски, рече претседателот на Демократскиот сојуз.

The post Трајанов: Поддршката на ДС и останатите коалициски партии ќе зависи од составот на Владата кој ќе го предложи Ковачевски appeared first on Република.