владеење на правото Archives - Република https://republika.mk/tema/vladeenje-na-pravoto/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 19:05:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владеење на правото Archives - Република https://republika.mk/tema/vladeenje-na-pravoto/ 32 32 Милошоски: Македонија ако напредува во владеење на правото, тогаш односот на земјите членки на ЕУ кон државата ќе биде поповолен, СДСМ само нанесе штета досега https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-makedonija-ako-napreduva-vo-vladeene-na-pravoto-togash-odnosot-na-zemjite-chlenki-na-eu-kon-drzhavata-ke-bide-popovolen-sdsm-samo-nanese-shteta-dosega/ Mon, 27 May 2024 19:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=782203

„СДСМ со вакво однесување е прашање дали го слушнала гласот на граѓаните на многу теми. Но, добро секоја партија си прави своја проценка“, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Милошоски укажа дека СДСМ со својата политика купи ден – помини и нанесе енормна штета на граѓаните и на Македонија.

„Кога имате една политика која што е купи ден – помини, вие правите сериозни отстапки и концесии, за кои што внатре домашната јавност, политичка и медиумска ќе се расправа. А, соседите тие кој што немаат добри намери ќе се ситат. А, целта нема да си ја постигнете таа што ви е стратешки зацртана, ја појасни Милошоски политиката на СДСМ каква што беше додека тие беа на власт.

Тој посочи дека Македонија ако напредува во владеење на правото, тогаш односот на земјите членки на ЕУ кон Македонија ќе биде поповолен.

Ако во Македонија има сериозни реформи и напредок особено во областа што е најкритична да кажам за земјите кандидати во рамките на ЕУ, а тоа е владеењето на правото, и ако тука покажеме добар резултат сметам дека и односот на земјите членки на ЕУ кон Македонија ќе биде поповолен, нагласи Милошоски.

„Ние треба да си ја завршиме домашната работа и тоа што зависи од нас“, укажа тој.

Милошоски додаде дека главните теми во Владата ќе бидат повеќе инвестиции, поголем приоритет на владеење на правото и реформите во тој сектор, бидејќи се бележеше голем пад во правосудството, и третото ќе биде евроинтеграциите според Копенхагешки критериуми.

The post Милошоски: Македонија ако напредува во владеење на правото, тогаш односот на земјите членки на ЕУ кон државата ќе биде поповолен, СДСМ само нанесе штета досега appeared first on Република.

]]>

„СДСМ со вакво однесување е прашање дали го слушнала гласот на граѓаните на многу теми. Но, добро секоја партија си прави своја проценка“, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Милошоски укажа дека СДСМ со својата политика купи ден – помини и нанесе енормна штета на граѓаните и на Македонија.
„Кога имате една политика која што е купи ден – помини, вие правите сериозни отстапки и концесии, за кои што внатре домашната јавност, политичка и медиумска ќе се расправа. А, соседите тие кој што немаат добри намери ќе се ситат. А, целта нема да си ја постигнете таа што ви е стратешки зацртана, ја појасни Милошоски политиката на СДСМ каква што беше додека тие беа на власт.
Тој посочи дека Македонија ако напредува во владеење на правото, тогаш односот на земјите членки на ЕУ кон Македонија ќе биде поповолен.
Ако во Македонија има сериозни реформи и напредок особено во областа што е најкритична да кажам за земјите кандидати во рамките на ЕУ, а тоа е владеењето на правото, и ако тука покажеме добар резултат сметам дека и односот на земјите членки на ЕУ кон Македонија ќе биде поповолен, нагласи Милошоски.
„Ние треба да си ја завршиме домашната работа и тоа што зависи од нас“, укажа тој. Милошоски додаде дека главните теми во Владата ќе бидат повеќе инвестиции, поголем приоритет на владеење на правото и реформите во тој сектор, бидејќи се бележеше голем пад во правосудството, и третото ќе биде евроинтеграциите според Копенхагешки критериуми.

The post Милошоски: Македонија ако напредува во владеење на правото, тогаш односот на земјите членки на ЕУ кон државата ќе биде поповолен, СДСМ само нанесе штета досега appeared first on Република.

]]>
По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници, прашува амбасадорот Коп https://republika.mk/vesti/makedonija/po-detsenii-ogromna-poddrshka-kade-otidoa-parite-na-nashite-danochni-obvrznitsi-prashuva-ambasadorot-kop/ Thu, 19 Oct 2023 10:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=692797

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече денеска, блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција.

Сепак сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници? После сите овие години има стратегија за се, има по два акциски планови за се, сечија свест е веќе трипати зголемена и сите се веќе обучени четирикратно. Сепак, се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Со едноставни зборови нема вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската Конвенција. Политичарите и понатаму се безчујни и сакаат да се фотографираат со свештениците и оџите. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности - рече амбасадорот Коп на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“.

Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за регионот на нивниот пат кон ЕУ.

Коп потенцира дека „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“.

Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ. Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани. Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред. Одењето напред може само да се постигне само ако има владеење на правото, демократија и почитување на човековите права - рече тој.

Како што нагласи амбасадорот, во Холандија голем акцент се става врз владеењето на правото, бидејќи, како што рече, тоа е основата и камен темелник за сите демократии и тука станува збор за разбирање на правата на граѓаните, за балансот меѓу нивните непремостливи права кон слободите и обврските и имањето на јасни правила со коишто се ограничуваат овластувањата на власта и се третираат сите луѓе на еднаков начин. За сето тоа, како што потенцира, потребно е да постојат стабилни институции, бидејќи институциите се скелетот и основата на државата, а не поединечни корумпирани шефови и диктатори.

Холандија не е голема земја. Ние имаме 18 милиони луѓе кои што е иста големина како и населението во Западен Балкан. Она што ги штити малите земји не е големината или воената моќ, туку меѓународното право и човековите права. Нас, името на овој проект ме потсети на стара латинска поговорка за правдата која што значи „правдата нека се изврши дури и небото да пропаѓа“. Овие зборови се и денеска релевантни и се длабоко вградени во културата на западните цивилизации. Тоа значи дека правдата мора да се изврши без оглед на цената. Ова исто така значи дека мора да има фер, да има објективност и соодветно спроведување на начелата на правдата коишто се одамна утврдени и дека еднаквите треба да се третираат еднакво, а нееднаквите нееднакво. Треба да се обезбеди еднакво за сите и да се обезбеди дека никој не е над законот. Во Холандија, во Македонија, во Србија, во Албанија, насекаде тоа значи дека луѓето би требало да може да му веруваат на законот и да им веруваат на своите институции - рече тој.

Според холандскиот амбасадор, во контекст на ЕУ тоа значи дека земјите членки треба да си веруваат на меѓусебните структури и во меѓусебните процеси и ЕУ успеа тоа да го направи.

Разновидна група на земји креираа еден единствен пазар во којшто се обезбеди заеднички стандард на живеење и сега соработуваме и во други области, а таа соработка и понатаму расте. Поддршка и солидарност – тоа не секогаш беше успешно. Не беше ниту лесно, ниту без никакви пречки постигнато во ЕУ, особено во однос на владеењето на правото. Меѓутоа, и покрај предизвиците со коишто се соочуваме на секојдневна основа, има правила коишто заеднички ги усвоивме и има механизми со коишто се осигурува спроведување на тие правила за коишто се договоривме. Системот иако се чини дека е најсовршен не прави да бидеме посилни и побезбедни. Тоа е иднината која што ја сакаме за Западен Балкан – безбедни, стабилни и просперитетни во ЕУ. Но, вие не ние сте одговорни за да стигнете до таму - рече холандскиот амбасадор Коп.

The post По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници, прашува амбасадорот Коп appeared first on Република.

]]>

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече денеска, блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција.
Сепак сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници? После сите овие години има стратегија за се, има по два акциски планови за се, сечија свест е веќе трипати зголемена и сите се веќе обучени четирикратно. Сепак, се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Со едноставни зборови нема вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската Конвенција. Политичарите и понатаму се безчујни и сакаат да се фотографираат со свештениците и оџите. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности - рече амбасадорот Коп на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“.
Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за регионот на нивниот пат кон ЕУ. Коп потенцира дека „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“.
Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ. Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани. Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред. Одењето напред може само да се постигне само ако има владеење на правото, демократија и почитување на човековите права - рече тој.
Како што нагласи амбасадорот, во Холандија голем акцент се става врз владеењето на правото, бидејќи, како што рече, тоа е основата и камен темелник за сите демократии и тука станува збор за разбирање на правата на граѓаните, за балансот меѓу нивните непремостливи права кон слободите и обврските и имањето на јасни правила со коишто се ограничуваат овластувањата на власта и се третираат сите луѓе на еднаков начин. За сето тоа, како што потенцира, потребно е да постојат стабилни институции, бидејќи институциите се скелетот и основата на државата, а не поединечни корумпирани шефови и диктатори.
Холандија не е голема земја. Ние имаме 18 милиони луѓе кои што е иста големина како и населението во Западен Балкан. Она што ги штити малите земји не е големината или воената моќ, туку меѓународното право и човековите права. Нас, името на овој проект ме потсети на стара латинска поговорка за правдата која што значи „правдата нека се изврши дури и небото да пропаѓа“. Овие зборови се и денеска релевантни и се длабоко вградени во културата на западните цивилизации. Тоа значи дека правдата мора да се изврши без оглед на цената. Ова исто така значи дека мора да има фер, да има објективност и соодветно спроведување на начелата на правдата коишто се одамна утврдени и дека еднаквите треба да се третираат еднакво, а нееднаквите нееднакво. Треба да се обезбеди еднакво за сите и да се обезбеди дека никој не е над законот. Во Холандија, во Македонија, во Србија, во Албанија, насекаде тоа значи дека луѓето би требало да може да му веруваат на законот и да им веруваат на своите институции - рече тој.
Според холандскиот амбасадор, во контекст на ЕУ тоа значи дека земјите членки треба да си веруваат на меѓусебните структури и во меѓусебните процеси и ЕУ успеа тоа да го направи.
Разновидна група на земји креираа еден единствен пазар во којшто се обезбеди заеднички стандард на живеење и сега соработуваме и во други области, а таа соработка и понатаму расте. Поддршка и солидарност – тоа не секогаш беше успешно. Не беше ниту лесно, ниту без никакви пречки постигнато во ЕУ, особено во однос на владеењето на правото. Меѓутоа, и покрај предизвиците со коишто се соочуваме на секојдневна основа, има правила коишто заеднички ги усвоивме и има механизми со коишто се осигурува спроведување на тие правила за коишто се договоривме. Системот иако се чини дека е најсовршен не прави да бидеме посилни и побезбедни. Тоа е иднината која што ја сакаме за Западен Балкан – безбедни, стабилни и просперитетни во ЕУ. Но, вие не ние сте одговорни за да стигнете до таму - рече холандскиот амбасадор Коп.

The post По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници, прашува амбасадорот Коп appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Недостатокот на правна сигурност и чувството дека партиската и етничката припадност се поважни од знаењето се главни причини за иселување на младите https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nedostatokot-na-pravna-sigurnost-i-chuvstvoto-deka-partiskata-i-etnichkata-pripadnost-se-povazni-od-znaenjeto-se-glavni-prichini-za-iseluvanje-na-mladite/ Thu, 01 Dec 2022 11:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=580444

Колку брз ќе биде процесот на нашата интеграција во ЕУ зависи и од Брисел, и од државите-членки, но, најмногу од нас. Реформите не ги правиме за да ги задоволиме европските бирократи, туку, фундаментално да го промениме нашето општество и работата на нашите институции од кои нашите граѓани не се задоволни во висок процент, истакна претседателот Стево Пендаровски на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) која се одржува во Собранието. На пленарната сесија се дискутира на панели на темите „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ и „Како да се справиме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина“.

Според претседателот, фокусот не треба да биде на техничко исполнување на критериумите за членство, туку на квалитетот на процесот зашто друг начин за реформите да бидат оддржливи и за сопирање на негативните трендови со кои се соочуваме во областа на владеење на правото – не постои.

-Само со излегување од конфорната зона на политички декларации, процесот на пристапување кон Европската Унија ќе ја има трансформативната моќ која ни е повеќе од потребна, рече Пендаровски.

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, како што кажа, за жал, е дека дел од преземените реформи или не се оддржливи на долг рок или го немаат потребниот степен на директно, позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова, потенцираше тој, особено се однесува на бројните промени и најави за промени во сферата на владеењето на правото.

Од првите поголеми реформи во оваа сфера во 2005-та, поминаа повеќе од 15 години, а довербата на граѓаните во судството и воопшто во функционалноста на нашата правна држава, како што кажа, е на рекордно ниско ниво.

-Сведоци сме дека недостатокот на правна сигурност и чувството дека партиската и етничката припадност се поважни од знаењето и вештините кои ги поседувате се меѓу главните причини за емиграција на голем број на млади луѓе. При тоа, емигрираат и дел од оние кои се добро етаблирани во општеството со изградени кариери и солиден животен стандард за наши услови. За нив, се разбира, и за сите останати, функционалната правна држава е прашање на квалитетот на животот, рече Пендаровски.

Во таа смисла, додаде тој, не е случајно дека токму владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата се вбројуваат во кластерот на „основни прашања“, односно на фундаменталните вредности во процесот на пристап кон Европската Унија.

-Сметам дека доколку ги оставиме настрана историските прашања на кои не им е местото во пристапниот процес, токму на оваа тема ќе биде нашата најголема предност или нашиот најголем недостаток, зависно од начинот на кој, во преговорите, ќе му пристапиме на овој сет на прашања, рече Пендаровски.

Тој посочи на четири главни правци кон кои смета дека треба да се движиме во исполнувањето на овие обврски, пред се, кон граѓаните, дури потоа кон Брисел.

-Прво, политичката волја за владеење на правото не смее да биде само декларативна, туку реална и присутна и во фазата на примена на законите, а, не само при нивното усвојување во Парламентот. Промената на законодавството е само еден, нужен, но, недоволен чекор за реални промени во нашите животи. Клучна е неселективната примена на законите и доследно почитување на независноста на институциите во оваа област, од страна на политичарите, рече Пендаровски.

Како второ, потенцира тој, во фокусот, на почетокот и на крајот на секоја реформа во правосудството треба да бидат луѓето кои работат во овие институции.

-Да бидам попрецизен: нам ни е потребно многу поквалитетно правничко образование на универзитетско ниво од тоа што сега го имаме, во смисла на комбинирање на теоријата и праксата во едукацијата на идните правници. Потоа, потребна е доследна примена на критериумите при регрутација на слушателите во Академијата за судии и јавни обвинители бидејќи оттаму се регрутираат идните судии и обвинители. Исто така, исклучително е важен начинот на кој се оценува работата на судиите и обвинителите и се одлучува за нивната евентуална одговорност, рече тој.

Во тој дел, како што кажа Пендаровски, нам ни е потребен целосно функционален и професионален Судски совет и Совет на јавни обвинители.

-Секое основано сомневање за работата на членовите на овие тела претставува голем хендикеп не само за инволвираните поединци, туку и за целиот правосуден систем бидејќи токму тие се надлежни за професионалниот квалитет и интегритет на луѓето во правосудниот сектор, рече претседателот.

Како трето, тој побара безрезервна поддршка на работата на Државната комисија за спречувањето на корупцијата.

-Не само што таа институција е една од малкуте чијашто работа е позитивно оценета во извештаите за напредок кон Европската Унија, туку и затоа што преку нејзината ефикасна работа политичарите ќе покажат на дело дека декларативните заложби имаат и практични последици, дури и во случаи кога нивните интереси, интересите на нивни сопартијци или нивни блиски ќе бидат засегнати, рече тој.

И четврто, потенцира тој, реформите во сферата на правната држава треба секогаш да бидат резултат на широк политички, но, не помалку важно, експертски и општествен консензус.

-Законите во оваа сфера треба да бидат поддржани од сите значајни политички фактори, а во нивната изработка да бидат вклучени експертите и граѓанските организации, како и експерти од државите-членки на ЕУ. Подготвеноста за асистенција од страна на нашите партнери од ЕУ и државите членки никогаш не била спорна, наше е колку и на кој начин ќе ја искористиме. Со други зборови, во реформите во оваа сфера клучен треба да биде консензусот, а не надгласувањето, истакна претседателот на државата.

Пендаровски посочи дека во тек е фазата на билатералниот скрининг, прилично динамичен период е пред нас и порача да останеме посветени и ангажирани, бидејќи европската интеграција и реформите кои се во тек, а, особено оние што претстојат, се примарна задача за одговорните политичари, но, и за многу други општествени чинители.

Се ближиме, рече Пендаровски, кон крајот на една исклучително тешка и непредвидлива година, во која суштински се промени севкупната безбедносна архитектура во Европа како резултат на руската воена агресија врз Украина.

-Овој илегален чекор, без преседан во поновата историја на Европа предизвика цела серија проблеми од кои, за жал, ниту една земја на континентот не беше поштедена. Во една ваква констелација, европската интеграција како мировен проект, но, и како проект кој обезбедува демократијаи просперитет на општествата, добива на значење, посебно во нашиот регион, каде се уште постојат тензии и ретроградни тенденции, чиј што деструктивен потенцијал не смее да биде занемарен, рече тој.

Тргнувајќи од еден ваков исклучително неповолен меѓународен контекст, според претседателот, процесот на реформи внатре во државата има двојно значење, со оглед на фактот дека натамошната демократизација,значи дополнителен влог во градењето на постабилна држава со функционални институции.

На отворањето на Конференцијата зборуваа и претседателите на собраниската Комисија за европски прашања Арбр Адеми, на Националниот совет за евроинтерации Александар Николовски, евроамбасадорт Дејвид Гир, заменикот шефот во амбасадата на САД и словачкиот амбасадор.

Со оваа пленарна сесија се заокружува петгодишниот циклус од работењето на Националната конвенција, која досега на 44 одржани сесии усвои над 500 препораки и вклучи над 2000 учесници кои ги претставуваа релевантните институции, граѓанските здруженија, бизнис секторот, академската средина, синдикатите и организациите на работодавачи во пет работни групи од поглавјата за правосудство, правда, земјоделство, социјална политика и животна средина.

The post Пендаровски: Недостатокот на правна сигурност и чувството дека партиската и етничката припадност се поважни од знаењето се главни причини за иселување на младите appeared first on Република.

]]>

Колку брз ќе биде процесот на нашата интеграција во ЕУ зависи и од Брисел, и од државите-членки, но, најмногу од нас. Реформите не ги правиме за да ги задоволиме европските бирократи, туку, фундаментално да го промениме нашето општество и работата на нашите институции од кои нашите граѓани не се задоволни во висок процент, истакна претседателот Стево Пендаровски на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) која се одржува во Собранието. На пленарната сесија се дискутира на панели на темите „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ и „Како да се справиме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина“. Според претседателот, фокусот не треба да биде на техничко исполнување на критериумите за членство, туку на квалитетот на процесот зашто друг начин за реформите да бидат оддржливи и за сопирање на негативните трендови со кои се соочуваме во областа на владеење на правото – не постои.
-Само со излегување од конфорната зона на политички декларации, процесот на пристапување кон Европската Унија ќе ја има трансформативната моќ која ни е повеќе од потребна, рече Пендаровски.
Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, како што кажа, за жал, е дека дел од преземените реформи или не се оддржливи на долг рок или го немаат потребниот степен на директно, позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова, потенцираше тој, особено се однесува на бројните промени и најави за промени во сферата на владеењето на правото. Од првите поголеми реформи во оваа сфера во 2005-та, поминаа повеќе од 15 години, а довербата на граѓаните во судството и воопшто во функционалноста на нашата правна држава, како што кажа, е на рекордно ниско ниво.
-Сведоци сме дека недостатокот на правна сигурност и чувството дека партиската и етничката припадност се поважни од знаењето и вештините кои ги поседувате се меѓу главните причини за емиграција на голем број на млади луѓе. При тоа, емигрираат и дел од оние кои се добро етаблирани во општеството со изградени кариери и солиден животен стандард за наши услови. За нив, се разбира, и за сите останати, функционалната правна држава е прашање на квалитетот на животот, рече Пендаровски.
Во таа смисла, додаде тој, не е случајно дека токму владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата се вбројуваат во кластерот на „основни прашања“, односно на фундаменталните вредности во процесот на пристап кон Европската Унија.
-Сметам дека доколку ги оставиме настрана историските прашања на кои не им е местото во пристапниот процес, токму на оваа тема ќе биде нашата најголема предност или нашиот најголем недостаток, зависно од начинот на кој, во преговорите, ќе му пристапиме на овој сет на прашања, рече Пендаровски.
Тој посочи на четири главни правци кон кои смета дека треба да се движиме во исполнувањето на овие обврски, пред се, кон граѓаните, дури потоа кон Брисел.
-Прво, политичката волја за владеење на правото не смее да биде само декларативна, туку реална и присутна и во фазата на примена на законите, а, не само при нивното усвојување во Парламентот. Промената на законодавството е само еден, нужен, но, недоволен чекор за реални промени во нашите животи. Клучна е неселективната примена на законите и доследно почитување на независноста на институциите во оваа област, од страна на политичарите, рече Пендаровски.
Како второ, потенцира тој, во фокусот, на почетокот и на крајот на секоја реформа во правосудството треба да бидат луѓето кои работат во овие институции.
-Да бидам попрецизен: нам ни е потребно многу поквалитетно правничко образование на универзитетско ниво од тоа што сега го имаме, во смисла на комбинирање на теоријата и праксата во едукацијата на идните правници. Потоа, потребна е доследна примена на критериумите при регрутација на слушателите во Академијата за судии и јавни обвинители бидејќи оттаму се регрутираат идните судии и обвинители. Исто така, исклучително е важен начинот на кој се оценува работата на судиите и обвинителите и се одлучува за нивната евентуална одговорност, рече тој.
Во тој дел, како што кажа Пендаровски, нам ни е потребен целосно функционален и професионален Судски совет и Совет на јавни обвинители.
-Секое основано сомневање за работата на членовите на овие тела претставува голем хендикеп не само за инволвираните поединци, туку и за целиот правосуден систем бидејќи токму тие се надлежни за професионалниот квалитет и интегритет на луѓето во правосудниот сектор, рече претседателот.
Како трето, тој побара безрезервна поддршка на работата на Државната комисија за спречувањето на корупцијата.
-Не само што таа институција е една од малкуте чијашто работа е позитивно оценета во извештаите за напредок кон Европската Унија, туку и затоа што преку нејзината ефикасна работа политичарите ќе покажат на дело дека декларативните заложби имаат и практични последици, дури и во случаи кога нивните интереси, интересите на нивни сопартијци или нивни блиски ќе бидат засегнати, рече тој.
И четврто, потенцира тој, реформите во сферата на правната држава треба секогаш да бидат резултат на широк политички, но, не помалку важно, експертски и општествен консензус.
-Законите во оваа сфера треба да бидат поддржани од сите значајни политички фактори, а во нивната изработка да бидат вклучени експертите и граѓанските организации, како и експерти од државите-членки на ЕУ. Подготвеноста за асистенција од страна на нашите партнери од ЕУ и државите членки никогаш не била спорна, наше е колку и на кој начин ќе ја искористиме. Со други зборови, во реформите во оваа сфера клучен треба да биде консензусот, а не надгласувањето, истакна претседателот на државата.
Пендаровски посочи дека во тек е фазата на билатералниот скрининг, прилично динамичен период е пред нас и порача да останеме посветени и ангажирани, бидејќи европската интеграција и реформите кои се во тек, а, особено оние што претстојат, се примарна задача за одговорните политичари, но, и за многу други општествени чинители. Се ближиме, рече Пендаровски, кон крајот на една исклучително тешка и непредвидлива година, во која суштински се промени севкупната безбедносна архитектура во Европа како резултат на руската воена агресија врз Украина.
-Овој илегален чекор, без преседан во поновата историја на Европа предизвика цела серија проблеми од кои, за жал, ниту една земја на континентот не беше поштедена. Во една ваква констелација, европската интеграција како мировен проект, но, и како проект кој обезбедува демократијаи просперитет на општествата, добива на значење, посебно во нашиот регион, каде се уште постојат тензии и ретроградни тенденции, чиј што деструктивен потенцијал не смее да биде занемарен, рече тој.
Тргнувајќи од еден ваков исклучително неповолен меѓународен контекст, според претседателот, процесот на реформи внатре во државата има двојно значење, со оглед на фактот дека натамошната демократизација,значи дополнителен влог во градењето на постабилна држава со функционални институции. На отворањето на Конференцијата зборуваа и претседателите на собраниската Комисија за европски прашања Арбр Адеми, на Националниот совет за евроинтерации Александар Николовски, евроамбасадорт Дејвид Гир, заменикот шефот во амбасадата на САД и словачкиот амбасадор. Со оваа пленарна сесија се заокружува петгодишниот циклус од работењето на Националната конвенција, која досега на 44 одржани сесии усвои над 500 препораки и вклучи над 2000 учесници кои ги претставуваа релевантните институции, граѓанските здруженија, бизнис секторот, академската средина, синдикатите и организациите на работодавачи во пет работни групи од поглавјата за правосудство, правда, земјоделство, социјална политика и животна средина.

The post Пендаровски: Недостатокот на правна сигурност и чувството дека партиската и етничката припадност се поважни од знаењето се главни причини за иселување на младите appeared first on Република.

]]>
Македонија на 63-то место според индексот за владеење на правото https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-na-63-to-mesto-spored-indeksot-za-vladeenje-na-pravoto/ Wed, 26 Oct 2022 12:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=565930

Земјава е на 63. место според  „Индексот на владеење на правото“, на вашингтонската невладина организација World Justice Project.

Извештајот е објавен денеска, а предводник на листата е Данска. За земјите кои се во Европската Унија, Бугарија и Унгарија се наведуваат како најслабо рангирани кога е во прашање владеењето на правото.

Меѓу земјите од Западен Балкан, најдобро пласирано е Косово (57), потоа Македонија (63, на ланската листа 64 – скок за едно место) и Босна и Херцеговина (70). Црна Гора не е спомената на листата. Србија, која бележи пад во однос на лани, годинава е на 83. место, додека Албанија е на 87. место од вкупно 140 рангирани земји.

Од 2009 година, индексот на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ го мери развојот на владеењето на правото, врз основа на осум фактори: Ограничувања на владините овластувања, Отсуство на корупција, Отворена влада, Фундаментални права, Ред и безбедност, Регулаторно спроведување, Граѓанска правда и Кривична правда. За овогодинешниот Индекс на владеење на правото беа анкетирани повеќе од 154.000 домаќинства и 3.600 правни експерти.

Како примери за владеење на правото се издвојуваат Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Холандија. Тие ги заземаат првите пет места во рангирањето на владеењето на правото. Германија е на шестото место, бидејќи не добила најдобри оценки за транспарентноста на владините и административните активности. Меѓу другото, затоа што услугите не се доволно достапни за новинарите.

На самото дно на листата се Хаити, Демократска Република Конго, Авганистан, Камбоџа, а на последното место е Венецуела.

The post Македонија на 63-то место според индексот за владеење на правото appeared first on Република.

]]>

Земјава е на 63. место според  „Индексот на владеење на правото“, на вашингтонската невладина организација World Justice Project.
Извештајот е објавен денеска, а предводник на листата е Данска. За земјите кои се во Европската Унија, Бугарија и Унгарија се наведуваат како најслабо рангирани кога е во прашање владеењето на правото. Меѓу земјите од Западен Балкан, најдобро пласирано е Косово (57), потоа Македонија (63, на ланската листа 64 – скок за едно место) и Босна и Херцеговина (70). Црна Гора не е спомената на листата. Србија, која бележи пад во однос на лани, годинава е на 83. место, додека Албанија е на 87. место од вкупно 140 рангирани земји. Од 2009 година, индексот на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ го мери развојот на владеењето на правото, врз основа на осум фактори: Ограничувања на владините овластувања, Отсуство на корупција, Отворена влада, Фундаментални права, Ред и безбедност, Регулаторно спроведување, Граѓанска правда и Кривична правда. За овогодинешниот Индекс на владеење на правото беа анкетирани повеќе од 154.000 домаќинства и 3.600 правни експерти. Како примери за владеење на правото се издвојуваат Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Холандија. Тие ги заземаат првите пет места во рангирањето на владеењето на правото. Германија е на шестото место, бидејќи не добила најдобри оценки за транспарентноста на владините и административните активности. Меѓу другото, затоа што услугите не се доволно достапни за новинарите. На самото дно на листата се Хаити, Демократска Република Конго, Авганистан, Камбоџа, а на последното место е Венецуела.

The post Македонија на 63-то место според индексот за владеење на правото appeared first on Република.

]]>
САД дадоа 4,3 милиони долари за владеење на правото во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/sad-dadoa-4-3-milioni-evra-za-vladeenje-na-pravoto-vo-makedonija/ Wed, 27 Jul 2022 14:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=533895

Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, американската Администрација донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во земјава, за што се издвоени дополнителни средства во износ од 4,318 милиони американски долари, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија – САД,  се посочува во соопштението, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство.

Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и  делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна.

– Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес, се наведува во соопштението од МНР.

The post САД дадоа 4,3 милиони долари за владеење на правото во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, американската Администрација донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во земјава, за што се издвоени дополнителни средства во износ од 4,318 милиони американски долари, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија – САД,  се посочува во соопштението, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство. Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и  делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна.