влада Archives - Република https://republika.mk/tema/vlada/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влада Archives - Република https://republika.mk/tema/vlada/ 32 32 Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-se-vkluchuva-vo-reshavaneto-na-problemot-so-javniot-prevoz-zakazhana-itna-sednitsa-za-14-chasot/ Thu, 21 Nov 2024 11:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=840317

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз. Денеска во 14 часот ќе се одржи итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

На седницата, најверојатно, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

The post Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот appeared first on Република.

]]>

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз. Денеска во 14 часот ќе се одржи итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). На седницата, најверојатно, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП. Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.  

The post Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот appeared first on Република.

]]>
Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-i-adolestsentite-pobaraa-podobar-sistem-za-sledene-na-zagaduvaneto-na-vozduhot-digitalna-infrastruktura-vo-site-uchilishta-i-poveke-mozhnsti-za-rabota-na-sredba-so-vladata-na-visoko-nivo/ Wed, 20 Nov 2024 13:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=839973

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени.

Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ.

“Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки."

„Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“

Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад.

Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики.

Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници.

„Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија.

Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени. Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ. “Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки." „Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“ Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад. Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики. Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници. „Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија. Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>
Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-i-bankite-prodolzhuvaat-so-pregovorite-okolu-ungarskiot-zaem/ Mon, 18 Nov 2024 07:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=839006

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни има волја за доближување на ставовите.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека уште ќе се преговара.

- Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите, рече Мицкоски.

Целта, е како што рече, каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да ги добие парите по пониска камата.

- Можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Може ќе се одлучиме и за други механизми, во зависност од интересот на државата. Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција, рече Мицкоски.

Според него, банките изразиле желба и подготвеност да бидат дел од овој процес, а во однос на рочноста заземен е заеднички став тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата.

- Во делот на рочноста земавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата - до три години грејс период и до 15 години рок на отплата, бидејќи членките кажаа дека имаат одделни клиенти кои сакаат можеби и пократок рок итн. Затоа велиме до три години и до 15 години рок на отплата, рече Мицкоски.

За премиерот Мицкоски, важно е преговорите со банките да завршат успешно за конечно компаниите да ги добијат парите наменети за нив. Со унгарскиот заем, смета тој, ќе и се помогне на македонската економија со оглед на информациите дека автомобилската индустрија запаѓа во сериозна криза, а голем број компании во земјава произведуваат за автомобилската индустрија.

- За волја на вистината лично разговарам со некои од нив, велат дека немаат намалување на нарачките, досега нема таква најава дека ќе има намалување на нарачките, што значи дека останува истиот волумен, истите парчиња кои што од претходно се нарачани. Но ако има намалување на побарувачката единствен начин да се борите, а да ја одржите економијата е со инвестиции. Ние преку овој кредит со минимум 20 проценти сопствено учество ќе обезбедиме бран од 300 милиони инвестиции. Кога на тоа ќе се додадат капиталните инвестиции што ги прави Владата во вредност од околу половина милијарда евра доаѓаме до отприлика 800 милиони евра инвестиоциски бран кој што треба да резултира со околу 4-5 проценти од нашиот БДП. Само така можеме да се одбраниме од овој предизвик, изјави Мицкоски во саботата.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот. Aпелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Во неговата најнова колумна, Азески, побара парите веднаш да бидат ставени во функција со што, според него, власта ќе и покаже на јавноста и на меѓународната заедница дека покрај способноста за договор, има и способност за поддршка на бизнисот.

-Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициони активности што ги најавува Владата на РСМ и оние што ги планираат компаниите ,да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1.8% што беше просек во изминатиот период, пишува Азески во својата колумна.

Потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Бугарија.

Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот.

Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни - 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

The post Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни има волја за доближување на ставовите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека уште ќе се преговара. - Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите, рече Мицкоски. Целта, е како што рече, каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да ги добие парите по пониска камата. - Можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Може ќе се одлучиме и за други механизми, во зависност од интересот на државата. Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција, рече Мицкоски. Според него, банките изразиле желба и подготвеност да бидат дел од овој процес, а во однос на рочноста заземен е заеднички став тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата. - Во делот на рочноста земавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата - до три години грејс период и до 15 години рок на отплата, бидејќи членките кажаа дека имаат одделни клиенти кои сакаат можеби и пократок рок итн. Затоа велиме до три години и до 15 години рок на отплата, рече Мицкоски. За премиерот Мицкоски, важно е преговорите со банките да завршат успешно за конечно компаниите да ги добијат парите наменети за нив. Со унгарскиот заем, смета тој, ќе и се помогне на македонската економија со оглед на информациите дека автомобилската индустрија запаѓа во сериозна криза, а голем број компании во земјава произведуваат за автомобилската индустрија. - За волја на вистината лично разговарам со некои од нив, велат дека немаат намалување на нарачките, досега нема таква најава дека ќе има намалување на нарачките, што значи дека останува истиот волумен, истите парчиња кои што од претходно се нарачани. Но ако има намалување на побарувачката единствен начин да се борите, а да ја одржите економијата е со инвестиции. Ние преку овој кредит со минимум 20 проценти сопствено учество ќе обезбедиме бран од 300 милиони инвестиции. Кога на тоа ќе се додадат капиталните инвестиции што ги прави Владата во вредност од околу половина милијарда евра доаѓаме до отприлика 800 милиони евра инвестиоциски бран кој што треба да резултира со околу 4-5 проценти од нашиот БДП. Само така можеме да се одбраниме од овој предизвик, изјави Мицкоски во саботата. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот. Aпелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Во неговата најнова колумна, Азески, побара парите веднаш да бидат ставени во функција со што, според него, власта ќе и покаже на јавноста и на меѓународната заедница дека покрај способноста за договор, има и способност за поддршка на бизнисот. -Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициони активности што ги најавува Владата на РСМ и оние што ги планираат компаниите ,да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1.8% што беше просек во изминатиот период, пишува Азески во својата колумна. Потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Бугарија. Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни - 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

The post Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>
Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-kosovo-usvoi-dve-odluki-vo-vrska-so-utreshnata-zaednichka-sednitsa-so-vladata-na-makedonija/ Sun, 17 Nov 2024 17:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=838909

Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ - Блаце и Глобочица - Јажинце“.

Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“.

Делегација на македонската Влада се очекува утре претпладне да допатува во косовскиот главен град. По билатералната средба на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски предвидени се билатерални средби меѓу министрите (колеги) на двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што ќе бидат потпишани предвидените договори. Најавена е и заедничка прес-коференција (во 13.45) на премиерите Курти и Мицкоски.

The post Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ - Блаце и Глобочица - Јажинце“. Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“. Делегација на македонската Влада се очекува утре претпладне да допатува во косовскиот главен град. По билатералната средба на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски предвидени се билатерални средби меѓу министрите (колеги) на двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што ќе бидат потпишани предвидените договори. Најавена е и заедничка прес-коференција (во 13.45) на премиерите Курти и Мицкоски.  

The post Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија appeared first on Република.

]]>
Утре во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-vo-svechenata-sala-na-vladata-ke-se-odrzhi-platforma-100-posveteni-za-tebe-na-tema-fokus-na-pravdata-bezbednosta-i-odbranata/ Wed, 13 Nov 2024 18:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=837335

Утре (14.11.) во 10:00 часот во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“.

Учество ќе земат следните говорници:
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,
Игор Филков, министер за правда,
Елизабета Чуповска Ристова, државен секретар на Министерство за одбрана

Модератори ќе бидат: Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, портпароли на Влада.

The post Утре во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ appeared first on Република.

]]>

Утре (14.11.) во 10:00 часот во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“. Учество ќе земат следните говорници: Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Игор Филков, министер за правда, Елизабета Чуповска Ристова, државен секретар на Министерство за одбрана Модератори ќе бидат: Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, портпароли на Влада.

The post Утре во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ appeared first on Република.

]]>
Владата ги штити македонските државни интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-shtiti-makedonskite-drzhavni-interesi/ Tue, 12 Nov 2024 20:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=836955

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод 80 години од ослободувањето на Скопје.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се осврна и на проблемот со Бугарија. Мицкоски истакна дека сега Македонија има власт која ги штити македонските државни интереси.

Различни импулси на збунетост доаѓаат од опозицијата која еднаш вели дека прифаќаме француски предлог, а другиот пат викаат дека сме против европската иднина, а всушност тие ја гледаат ненаучената лекција дека денес има влада, која ги штити македонските државни интереси и со цела сила се обидувам да издејствувам фер и достоинствено решение и барам шанса Европа да ги слушне нашите аргументи“, истакна Мицкоски.

Мицкоски појасни дека лагите кои што ги изнесуваше СДСМ за уставните измени, ниту се случија, ниту пак ќе се случат. „Додека беа на власт, секој ден лиферуваа информации дека само што не сме попуштиле и ете сега некои наши пратеници ќе гласале за францускиот предлог“. Мицкоски дополни дека вложува труд, да се стави македонското прашање и нашата европска иднина на маса и да се разговара за фер решение.

Во однос на Бугарија, Мицкоски потенцираше дека нема да се прифаќаат секакви уцени и диктати, како што било пример изминативе години.

Даваме се од себе, имаме интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, но сум сигурен, тоа да бидете и Вие сигурни, дека нема ништо да прифатиме поради кои ќе Ве засрамам Вас народот и пред и над се Македонија, заклучи Мицкоски.

The post Владата ги штити македонските државни интереси appeared first on Република.

Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите на Владата за измени на Законот за медиуми https://republika.mk/vesti/makedonija/zdruzhenieto-onlajnmedia-gi-poddrzhuva-predlozite-na-vladata-za-izmeni-na-zakonot-za-mediumi/ Tue, 12 Nov 2024 20:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=836949

На годишното Собрание членовите на здружението Онлајнмедиа.мк ги прифатија предложените измени во Законот за медиуми кои Министерството за дигитална трансформација ги објави на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи на Македонија).

Измените и дополнувањата на Законот за медиуми се во насока на усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и внесување на онлајн медиумите (интернет порталите) во законот.

„После повеќегодишни напори на поголем дел од професионалните онлајнмедиуми, преку нашето здружение успеавме да дојдеме до посакуваното законско решение за дефинирање и на онлајн медиумите-интернет порталите како медиуми, како што е тоа веќе дефинирано во законот за телевизиите, за дневните весници, за радио станиците… Нашите предлози станаа дел од овие измени и дополнувања, во согласност со европското законодавство. Според сите наши контакти со пратеничките групи во Собранието, очекуваме усвојување на овие измени“, информираат од здружението.

Еве ги предложените и прифатени измени: Во член 1 од Законот за медиуми, во член 2, став 1 во точката 1 после зборот „телевизијата,“ и пред зборот „телетекст“ се додаваат зборовите „онлајн медиуми – интернет портали“:

Точката 3 се менува и гласи: Издавач на медиум е правно лице кое врши дејност на издавање на печатен медиум, емитување на радио и телевизиски програми (радиодифузери) или публикување информативни содржини преку онлајн медиуми – интернет портали, како и физичко или правно лице кое врши агрерирање вести на посебни интернет страници или мониторирање на медиумите на начин што остварува приходи од давање на овие онлајн услуги.

Во член 5 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи: Правно или физичко лице може во Република Македонија да врши дејност на публикување информативни содржини во вид на текст, аудио или аудиовизуелен формат преку онлајн медиум – интернет портал, доколку дејноста ја впише во Централниот регистар на Република Македонија, има седиште и уредништво во Република Македонија, има најмалку две (2) лица во редовен работен однос и поседува мк-домејн.

По ставот (5), кој станува став (6), се додава нов став (7), кој гласи: Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали содржи податоци за фирмата и седиштето, односно назив и адреса на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; име и презиме на одговорното лице на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; името на онлајн медиумот – интернет порталот; податоци за сопственикот на мк-домејнот.“

Во член 6 се додава нов став (3) кој гласи: Издавач на онлајн медиум – интернет портал е должен да преземе соодветни мерки со помош на технички средства или со адекватна заштита за ограничување, да оневозможи пристап на малолетните лица до електронски публикации со порнографска содржина, како и текстуална, вербална или визуелна содржина со која се глорифицираат физички, вербални или психолошки облици на садизам и слични видови насилство.

Во член 14 во ставот (1) зборовите во заградата „на пример примерок од печатен медиум и телевизиска емисија“ се заменуваат со зборовите „на пример примерок од печатен медиум, телевизиска емисија и во делот за импресум на онлајн медиумот – интернет порталот“.

The post Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите на Владата за измени на Законот за медиуми appeared first on Република.

Се распаѓа германската коалициска влада https://republika.mk/vesti/svet/se-raspaga-germanskata-koalitsiska-vlada/ Wed, 06 Nov 2024 21:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=834935

Германската владејачка коалиција од три партии се распадна вечерва, откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи.

Кризните разговори во коалицијата на Социјалдемократската партија на Шолц, Зелените и Слободната демократска партија на Линднер дојдоа до врвот откако ФДП објави документ со барања за либерални економски реформи кои другите две партии тешко ги прифатија.

За време на драматичната средба на лидерите на трите партии денеска, Линднер му рекол на Шолц дека не гледа начин да ја продолжи коалицијата и го повика да го отвори патот за предвремени избори во Германија.

Тоа предизвикало Шолц да објави дека ќе го разреши, изјавија два извори за Политико.

Шолц потенцијално би можел да се обиде да продолжи да владее во малцинска влада, но нема мнозинство да го донесе буџетот, што ја зголемува можноста за гласање недоверба и предвремени избори - потенцијално на почетокот на март, наведува медиумот.

The post Се распаѓа германската коалициска влада appeared first on Република.

]]>

Германската владејачка коалиција од три партии се распадна вечерва, откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи. Кризните разговори во коалицијата на Социјалдемократската партија на Шолц, Зелените и Слободната демократска партија на Линднер дојдоа до врвот откако ФДП објави документ со барања за либерални економски реформи кои другите две партии тешко ги прифатија. За време на драматичната средба на лидерите на трите партии денеска, Линднер му рекол на Шолц дека не гледа начин да ја продолжи коалицијата и го повика да го отвори патот за предвремени избори во Германија. Тоа предизвикало Шолц да објави дека ќе го разреши, изјавија два извори за Политико. Шолц потенцијално би можел да се обиде да продолжи да владее во малцинска влада, но нема мнозинство да го донесе буџетот, што ја зголемува можноста за гласање недоверба и предвремени избори - потенцијално на почетокот на март, наведува медиумот.

The post Се распаѓа германската коалициска влада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Подобрување на здравствената заштита на пациентите и враќање на достоинството на медицинската професија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-sindikatot-na-zdravstveni-rabotnitsi-podobruvane-na-zdravstvenata-zashtita-na-patsientite-i-vrakane-na-dostoinstvoto-na-meditsinskata-profesija/ Mon, 04 Nov 2024 13:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=834047

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.

На средбата отворено се разговараше за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите но и зголемување на учинокот како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.

Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.

Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза.

Дијалогот меѓу владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.

The post Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Подобрување на здравствената заштита на пациентите и враќање на достоинството на медицинската професија appeared first on Република.

Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budhetot-za-2025-godina-deneska-na-vladina-sednitsa/ Tue, 29 Oct 2024 09:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=831962

Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции.

Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 80-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску, иако знаете наследивме трипати поголем буџетски дефицит споредено со капитални инвестиции, но за овие неколку месеци Министерството за финанси и Владата успеаја да го консолидираат и сега засега состојбата е некаде нешто над 18 милијарди денари капитални инвестиции, некаде околу 24,5 милијарди денари - рече Мицкоски.

Тој оцени дека се забрзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти. Наведе дека до крајот на годината треба да се завршат патниот правец Чатач – Длабочица – Крива Паланка и експресниот пат Градско – Росоман – Клисура – Фариш.

Потсети и дека вчера започнаа и официјално теренски активности на дел од Коридорот 8, каде е овозможена работа на неколку километри, има активности и на делницата Прилеп – Битола и оти веќе се асфалтирани 11-12 километри кај местото Песочени во потегот помеѓу Арбиново и Охрид на автопатот Кичево – Охрид.

Се раздвижуваат работите, долговите се враќаат. Имаме околу 20-ина милијарди поголеми приходи од оние 30 милијарди зголемување на буџетскиот дефицит при ребалансот, така што полека но сигурно овие индикатори за овие неколку месеци се добри. Сега како ќе биде понатаму ќе видиме - рече Мицкоски пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера изјави дека Буџетот за 2025 година ќе биде развоен и оти нема да биде занемарена и социјалната компоненета.

Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рече министерката во гостување во Дневникот на МТВ.

Проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа презентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4 проценти буџетски дефицит и 3,7 проценти проценти раст на БДП.

Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, истакна министерката.

The post Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница appeared first on Република.

]]>

Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции.
Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 80-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску, иако знаете наследивме трипати поголем буџетски дефицит споредено со капитални инвестиции, но за овие неколку месеци Министерството за финанси и Владата успеаја да го консолидираат и сега засега состојбата е некаде нешто над 18 милијарди денари капитални инвестиции, некаде околу 24,5 милијарди денари - рече Мицкоски.
Тој оцени дека се забрзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти. Наведе дека до крајот на годината треба да се завршат патниот правец Чатач – Длабочица – Крива Паланка и експресниот пат Градско – Росоман – Клисура – Фариш. Потсети и дека вчера започнаа и официјално теренски активности на дел од Коридорот 8, каде е овозможена работа на неколку километри, има активности и на делницата Прилеп – Битола и оти веќе се асфалтирани 11-12 километри кај местото Песочени во потегот помеѓу Арбиново и Охрид на автопатот Кичево – Охрид.
Се раздвижуваат работите, долговите се враќаат. Имаме околу 20-ина милијарди поголеми приходи од оние 30 милијарди зголемување на буџетскиот дефицит при ребалансот, така што полека но сигурно овие индикатори за овие неколку месеци се добри. Сега како ќе биде понатаму ќе видиме - рече Мицкоски пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера изјави дека Буџетот за 2025 година ќе биде развоен и оти нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рече министерката во гостување во Дневникот на МТВ. Проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа презентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4 проценти буџетски дефицит и 3,7 проценти проценти раст на БДП. Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, истакна министерката.

The post Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница appeared first on Република.

]]>
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-vladata-ke-bide-potpishan-dogovorot-od-prvata-transha-od-250-te-milioni-evra-nameneti-za-opshtinite/ Sun, 27 Oct 2024 10:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=831364

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот.

По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

The post Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините appeared first on Република.

]]>

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините. Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот. По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

The post Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините appeared first on Република.

]]>
Владата одобри 65 милиони евра за 274 проекти во 77 општини – евалуацијата не ја поминаа Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-odobri-65-milioni-evra-za-274-proekti-vo-77-opshtini-evaluatsijata-ne-ja-pominaa-strumitsa-grad-skopje-teartse-i-saraj/ Wed, 16 Oct 2024 19:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=827828

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна вредност од нешто над четири милијарди денари или околу 65 милиони евра.

Владата изрази благодарност на општините за максималната посветеност и ангажираност, што само ја докажува нивната способност и волја за инфраструктурен напредок, за што, во изминативе години немале можност поради ограничените финансиски средства. Почнувајќи од оваа година и во наредните години, на општините им се отвара нова можност да ги реализираат приоритетните проекти, да ги подобрат основните услови за живеење за граѓаните, да можат општините да се развиваат побрзо и да се создаваат нови можности за граѓаните, стои во владиното соопштение.

Фазата на евалуација не ја поминаа само четири општини: Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај.

The post Владата одобри 65 милиони евра за 274 проекти во 77 општини – евалуацијата не ја поминаа Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај appeared first on Република.

Бојан Христовски e нов директор на АНБ https://republika.mk/vesti/makedonija/bojan-hristovski-e-nov-direktor-na-anb/ Wed, 16 Oct 2024 19:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=827814

Владата денеска на седница го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски.

Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

The post Бојан Христовски e нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски. Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

The post Бојан Христовски e нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>
На денешната седница на Владата ќе се носи одлуката за проектите на општините https://republika.mk/vesti/ekonomija/na-deneshnata-sednitsa-na-vladata-ke-se-nosi-odlukata-za-proektite-na-opshtinite/ Wed, 16 Oct 2024 12:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=827653

На денешната седница на Владата на Република Македонија ќе се доносе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти.

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас.

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.

Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ - изјави Николовски.

Тој истакна дека се надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада на Република Македонија. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

The post На денешната седница на Владата ќе се носи одлуката за проектите на општините appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Владата на Република Македонија ќе се доносе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти. Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас. Министерот за транспорт и врски Александар Николовски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.
Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ - изјави Николовски.
Тој истакна дека се надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада на Република Македонија. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

The post На денешната седница на Владата ќе се носи одлуката за проектите на општините appeared first on Република.

]]>
Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ke-obezbedi-fond-od-10-milioni-evra-za-razvoj-na-biznis-za-mladi-od-18-do-29-godini/ Sun, 06 Oct 2024 14:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=823525

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид.

Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, додавајќи „Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа“.

Според Мицкоски политичарите се тука да направат се што требаза младите да останат во Македонија за да ја продолжат приказната за Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.

Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи за тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.

The post Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години appeared first on Република.

]]>

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, додавајќи „Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа“. Според Мицкоски политичарите се тука да направат се што требаза младите да останат во Македонија за да ја продолжат приказната за Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.
Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи за тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.  

The post Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години appeared first on Република.

]]>
Претходната власт трошела расипнички, но во првите 100 дена Владата покажа домаќинско работење и ги враќа долговите https://republika.mk/vesti/makedonija/prethodnata-vlast-troshela-rasipnichki-no-vo-prvite-100-dena-vladata-pokazha-domakinsko-rabotene-i-gi-vraka-dolgovite/ Fri, 04 Oct 2024 12:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=822699

„Со реорганизација на Буџетот во овие први 100 дена, ако ја споредиме фактичката состојба којашто ја наследивме како Влада, од минус 200 милиони евра или отприлика минус 12 милијарди денари, можам да кажам дека веќе овој месец очекуваме да бидеме на позитивна нула, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

А, што се однесува до институциите, надвор од Владините институции, министерствата, останатите претпријатија, можам да кажам дека во моментот АД ЕСМ има евидентирани долгови отприлика нешто повеќе од 5 милијарди денари, тоа е нешто над 80 милиони евра и се работи на санирање и намалување на истите. Фондот за здравство е исто така околу 5 милијарди денари, веќе 2 милијарди денари ќе бидат вратени овој месец, ќе бидат вратени оваа година. Ќе се обидеме во следната година целосно да дојдеме до состојба нула, затоа што кога сме во состојба нула и кога не барате одложено плаќање, тогаш и оние коишто ги испорачуваат оние лекарства коишто се потребни за пациентите, ќе бидат поевтини и поквалитетни.

Но тоа не е сѐ, тука се оние јавни претпријатија коишто е Национални шуми, Водостопанство, каде што долговите беа речи си милијарда денари, само по основ на плати беа близу половина милијарда. Или ако сѐ се собере можам да кажам дека, не само што го беа потрошиле Буџетот за помалку од половина година, туку и долговите кои што беа големи се бројат во, она коешто го затекнавме се брои отприлика околу една милијарда евра, нешто коешто претставува историски највисоко ниво на долгови коешто една Влада го наследила.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со долговите на институциите и колку истите во првите 100 дена Владата успеала да ги врати и додаде:

„Но нема очајување, тоа е што е, сега сме се нафатиле за оваа работа, сме ја добиле довербата од граѓаните, работиме многу и ќе продолжиме да работиме. Сите го знаат тоа, не е некоја тајна коешто ова го зборувам јас денеска, ако беа добри немаше сигурно да бидеме ние тука, така што ќе продолжиме да работиме и да ги потсетуваме граѓаните каква лоша и очајна состојба оставија, но истовремено мора да дадеме сѐ од себе за да, или вака да го кажам тоа спортски, да го ставиме срцето на терен за да излеземе од оваа ситуација и мислам дека до крајот на оваа година ќе можеме да кажеме дека сме излегле од оваа ситуација.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

The post Претходната власт трошела расипнички, но во првите 100 дена Владата покажа домаќинско работење и ги враќа долговите appeared first on Република.

]]>

„Со реорганизација на Буџетот во овие први 100 дена, ако ја споредиме фактичката состојба којашто ја наследивме како Влада, од минус 200 милиони евра или отприлика минус 12 милијарди денари, можам да кажам дека веќе овој месец очекуваме да бидеме на позитивна нула, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
А, што се однесува до институциите, надвор од Владините институции, министерствата, останатите претпријатија, можам да кажам дека во моментот АД ЕСМ има евидентирани долгови отприлика нешто повеќе од 5 милијарди денари, тоа е нешто над 80 милиони евра и се работи на санирање и намалување на истите. Фондот за здравство е исто така околу 5 милијарди денари, веќе 2 милијарди денари ќе бидат вратени овој месец, ќе бидат вратени оваа година. Ќе се обидеме во следната година целосно да дојдеме до состојба нула, затоа што кога сме во состојба нула и кога не барате одложено плаќање, тогаш и оние коишто ги испорачуваат оние лекарства коишто се потребни за пациентите, ќе бидат поевтини и поквалитетни. Но тоа не е сѐ, тука се оние јавни претпријатија коишто е Национални шуми, Водостопанство, каде што долговите беа речи си милијарда денари, само по основ на плати беа близу половина милијарда. Или ако сѐ се собере можам да кажам дека, не само што го беа потрошиле Буџетот за помалку од половина година, туку и долговите кои што беа големи се бројат во, она коешто го затекнавме се брои отприлика околу една милијарда евра, нешто коешто претставува историски највисоко ниво на долгови коешто една Влада го наследила.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со долговите на институциите и колку истите во првите 100 дена Владата успеала да ги врати и додаде:
„Но нема очајување, тоа е што е, сега сме се нафатиле за оваа работа, сме ја добиле довербата од граѓаните, работиме многу и ќе продолжиме да работиме. Сите го знаат тоа, не е некоја тајна коешто ова го зборувам јас денеска, ако беа добри немаше сигурно да бидеме ние тука, така што ќе продолжиме да работиме и да ги потсетуваме граѓаните каква лоша и очајна состојба оставија, но истовремено мора да дадеме сѐ од себе за да, или вака да го кажам тоа спортски, да го ставиме срцето на терен за да излеземе од оваа ситуација и мислам дека до крајот на оваа година ќе можеме да кажеме дека сме излегле од оваа ситуација.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

The post Претходната власт трошела расипнички, но во првите 100 дена Владата покажа домаќинско работење и ги враќа долговите appeared first on Република.

]]>
Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-doktorite-od-privatnoto-mozhe-da-se-vratat-vo-javnoto-zdravstvo-vladata-ja-ukina-zabranata-od-2022-godina/ Fri, 04 Oct 2024 10:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=822585

Пред три недели на седница на Владата е тргната забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро ќе може да работат во јавните здравствени установи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“.

Таравари кажа дека постоела забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните, но пред три недели на Влада поминао барањето да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство се подготвува правилник.

Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и специјалисти стоматолози, но само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба и тоа да бидат кадри кои се докажани, кои во одреден период си заминале и сега гледаат некаква надеж во јавното здравство, изјави Таравари.

Министерот кажа дека нему лично му се јавиле околу 10 доктори кои се врвни стручњаци во нашата држава.

Полека почнуваме да ги враќаме. За 10 дена како тече процедурата во Министерсвото така ќе биде готов правилникот, изјави Таравари.

Претходно, на средба со новинарите Таравари изјави дека доктори од приватното здравство покажуваат интерес да се вратат во јавните здравствени установи.

„Ние како Влада ќе побараме решение како да вратиме одредени експерти кои имаат над 10- годишно искуство како специјалисти и супспецијалисти во клиники и болници каде што имаме недостаток на кадар. Гледаме дека има интерес од докторите што укажува на тоа дека се враќа довербата во јавноздравствените установи“, изјави Таравари на прес-конференција во август.

The post Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година appeared first on Република.

]]>

Пред три недели на седница на Владата е тргната забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро ќе може да работат во јавните здравствени установи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“. Таравари кажа дека постоела забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните, но пред три недели на Влада поминао барањето да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство се подготвува правилник.
Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и специјалисти стоматолози, но само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба и тоа да бидат кадри кои се докажани, кои во одреден период си заминале и сега гледаат некаква надеж во јавното здравство, изјави Таравари.
Министерот кажа дека нему лично му се јавиле околу 10 доктори кои се врвни стручњаци во нашата држава.
Полека почнуваме да ги враќаме. За 10 дена како тече процедурата во Министерсвото така ќе биде готов правилникот, изјави Таравари.
Претходно, на средба со новинарите Таравари изјави дека доктори од приватното здравство покажуваат интерес да се вратат во јавните здравствени установи.
„Ние како Влада ќе побараме решение како да вратиме одредени експерти кои имаат над 10- годишно искуство како специјалисти и супспецијалисти во клиники и болници каде што имаме недостаток на кадар. Гледаме дека има интерес од докторите што укажува на тоа дека се враќа довербата во јавноздравствените установи“, изјави Таравари на прес-конференција во август.

The post Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-premierot-hristijan-mitskoski/ Wed, 02 Oct 2024 09:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=821715

Денеска 02.10.2024 година (среда) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Неговата прес-конференција можете да ја следите во живо на линкот во продолжение:

https://www.youtube.com/live/B77hiM-cJOw?si=BloGzmIzOeRjqCtM

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Денеска 02.10.2024 година (среда) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата. Неговата прес-конференција можете да ја следите во живо на линкот во продолжение: https://www.youtube.com/live/B77hiM-cJOw?si=BloGzmIzOeRjqCtM

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Претседателот да им овозможи на ФПО да формираат Влада https://republika.mk/vesti/svet/nehamer-pretsedatelot-da-im-ovozmozhi-na-fpo-da-formiraat-vlada/ Tue, 01 Oct 2024 13:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=821448

Лидерот на австриските конзервативци, канцеларот Карл Нехамер, го повика претседателот Александар ван дер Белен формално да и довери на крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) формирање на владина коалиција, откако таа победи на парламентарните избори во неделата.

Победата на руско-пријателската и антиимиграциска ФПО е историски момент за партијата, основана во 1950-тите и чиј прв лидер беше високиот офицер на СС и нацистички пратеник Антон Рајнталер, пренесува Ројтерс.

Откако обезбеди околу 29 отсто од гласовите, ФПО ќе мора да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во парламентот и да може да владее.

Други партии изјавија дека не се заинтересирани за соработка со конзервативната, екстремно десничарска Партија на слободата.

Според мое мислење, добра традиција е победникот на изборите да има задача да води разговори (со други партии), им рече Нехамер на новинарите по состанокот со раководството на неговата Австриска народна партија (ОВП), која едногласно, повторно, го избра за лидер на партијата.

The post Нехамер: Претседателот да им овозможи на ФПО да формираат Влада appeared first on Република.

]]>

Лидерот на австриските конзервативци, канцеларот Карл Нехамер, го повика претседателот Александар ван дер Белен формално да и довери на крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) формирање на владина коалиција, откако таа победи на парламентарните избори во неделата. Победата на руско-пријателската и антиимиграциска ФПО е историски момент за партијата, основана во 1950-тите и чиј прв лидер беше високиот офицер на СС и нацистички пратеник Антон Рајнталер, пренесува Ројтерс. Откако обезбеди околу 29 отсто од гласовите, ФПО ќе мора да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во парламентот и да може да владее. Други партии изјавија дека не се заинтересирани за соработка со конзервативната, екстремно десничарска Партија на слободата. Според мое мислење, добра традиција е победникот на изборите да има задача да води разговори (со други партии), им рече Нехамер на новинарите по состанокот со раководството на неговата Австриска народна партија (ОВП), која едногласно, повторно, го избра за лидер на партијата.

The post Нехамер: Претседателот да им овозможи на ФПО да формираат Влада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Секој што работи може и да погреши – се корегиравме слушајќи го гласот на јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoj-shto-raboti-mozhe-i-da-pogreshi-se-koregiravme-slushajki-go-glasot-na-javnosta/ Tue, 01 Oct 2024 10:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=821351

Како влада направивме неколку грешки, кои не беа катастрофални, но го слушавме гласот на народот и навреме се коригиравме, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод 100 дена од владеењето.

Секој што работи понекогаш знае и да погреши и тука не треба да се земе за зло доколку се коригираме…лошо е ако имаме мислење и чувство дека сѐ знаеме и дека гласот на народот воопшто не е важен. Тогаш грешиме. Мислам дека како влада, во изминатиот период направивме по некоја грешка. Ниту една не беше катастрофална, но секогаш, без исклучок се коригиравме и реагиравме навремено, како што доликува на една народна влада - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Секој што работи може и да погреши – се корегиравме слушајќи го гласот на јавноста appeared first on Република.