високо образование Archives - Република https://republika.mk/tema/visoko-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 19:33:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png високо образование Archives - Република https://republika.mk/tema/visoko-obrazovanie/ 32 32 Секој факултет што исполнува услови – со среќа, секој што не исполнува – ќе мора да се помири со судбината https://republika.mk/vesti/makedonija/sekoj-fakultet-shto-ispolnuva-uslovi-so-sreka-sekoj-shto-ne-ispolnuva-ke-mora-da-se-pomiri-so-sudbinata/ Mon, 15 Jul 2024 20:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=797173

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави реевалуација на високообразовните установи во државава и соопшти дека ќе се постапи по секоја пријава за немање стандарди за дејноста за која тие се акредитирани.

Ќе постапиме по секоја пријава, ќе има реевалуација и секој што исполнува услови - со среќа, секој што не исполнува услови, ќе мора да се помири со судбината, рече министерката во интервјуто за „Топ тема“ на ТВ Телма.

Како што рече, ќе се отвори дискусија дали на државава и се потребни 20 факултети по правни науки или пет факултети по медицина.

Според неа, намерата да се отвори факултет во секој град иако била добра, се претворила во својата спротивност и влијаела на намалување на квалитетот на високото образование.

На прашањето зошто наставниците нема да добијат покачување на платите предвидено со колективните договори, Јаневска одговори дека минатата власт „од чист популизам испотпишала толку колективни договори“, а обезбедила средства само до август.

Беше смислено направена замка за да покажат дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е способна да ги исплати платите, а ја оставија државата во ненормален долг. Зошто ги потпишаа кога знаеја дека нема пари? Зошто? За да добијат избори? Потпишаа на цела администрација, само наставниците ги оставија така, рече министерката Јаневска.

Кажа дека земјата е презадолжена и финансиските можности се ограничени и дека колективниот договор во образованието ќе се потпише кога ќе се создадат услови.

Јас сум професор, јас сакам професорите да имаат високи плати, ама јас сакам и минималната плата да е поголема. Ако стопанството тоа не може да го издржи, сметам дека тоа беше чист политички популизам кој нѐ донесе во уште потешка ситуација. Моите наставници, наставниците на МОН, наставниците на оваа држава нема да ги лажам - кога ќе има услови, а сигурна сум дека до крајот на мандатот ќе има услови, дај боже и порано да има услови, ќе се потпише колективниот договор и тие ќе си добиваат плата по колективен договор, рече Јаневска.

The post Секој факултет што исполнува услови – со среќа, секој што не исполнува – ќе мора да се помири со судбината appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави реевалуација на високообразовните установи во државава и соопшти дека ќе се постапи по секоја пријава за немање стандарди за дејноста за која тие се акредитирани.
Ќе постапиме по секоја пријава, ќе има реевалуација и секој што исполнува услови - со среќа, секој што не исполнува услови, ќе мора да се помири со судбината, рече министерката во интервјуто за „Топ тема“ на ТВ Телма.
Како што рече, ќе се отвори дискусија дали на државава и се потребни 20 факултети по правни науки или пет факултети по медицина. Според неа, намерата да се отвори факултет во секој град иако била добра, се претворила во својата спротивност и влијаела на намалување на квалитетот на високото образование. На прашањето зошто наставниците нема да добијат покачување на платите предвидено со колективните договори, Јаневска одговори дека минатата власт „од чист популизам испотпишала толку колективни договори“, а обезбедила средства само до август.
Беше смислено направена замка за да покажат дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е способна да ги исплати платите, а ја оставија државата во ненормален долг. Зошто ги потпишаа кога знаеја дека нема пари? Зошто? За да добијат избори? Потпишаа на цела администрација, само наставниците ги оставија така, рече министерката Јаневска.
Кажа дека земјата е презадолжена и финансиските можности се ограничени и дека колективниот договор во образованието ќе се потпише кога ќе се создадат услови.
Јас сум професор, јас сакам професорите да имаат високи плати, ама јас сакам и минималната плата да е поголема. Ако стопанството тоа не може да го издржи, сметам дека тоа беше чист политички популизам кој нѐ донесе во уште потешка ситуација. Моите наставници, наставниците на МОН, наставниците на оваа држава нема да ги лажам - кога ќе има услови, а сигурна сум дека до крајот на мандатот ќе има услови, дај боже и порано да има услови, ќе се потпише колективниот договор и тие ќе си добиваат плата по колективен договор, рече Јаневска.

The post Секој факултет што исполнува услови – со среќа, секој што не исполнува – ќе мора да се помири со судбината appeared first on Република.

]]>
Во Скопје ќе се одржи министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopje-ke-se-odrzhi-ministerska-konferentsija-na-zapaden-balkan-za-kvalitet-vo-visokoto-obrazovanie/ Sun, 24 Sep 2023 10:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=684634

Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ЕРИ СЕЕ, на 26 и 27 септември во Скопје ќе организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование.

МОН соопшти дека на конференцијата, со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите за образование на Србија, Црна Гора, заменик-министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и претставници на академската заедница од Европската Унија.

The post Во Скопје ќе се одржи министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ЕРИ СЕЕ, на 26 и 27 септември во Скопје ќе организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование. МОН соопшти дека на конференцијата, со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите за образование на Србија, Црна Гора, заменик-министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и претставници на академската заедница од Европската Унија.

The post Во Скопје ќе се одржи министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование appeared first on Република.

]]>
ДУИ блокира иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-blokira-initsijativa-so-koja-mozhe-da-se-sprechi-haos-vo-visokoto-obrazovanie/ Fri, 04 Aug 2023 13:08:35 +0000 https://republika.mk/?p=668733

ДУИ односно спикерот Талат Џафери и министерот за образование Јетон Шаќири блокираат иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование. Повеќе од 80 еминентни професори од три водечки универзитети во Македонија се потпишале на иницијатива со која што се бара власта да донесе одлука за продолжување на работниот век на универзитетските професори од максимални 67 на 70 години.

Иницијативата треба да го реши проблемот што настана со децениското владино блокирање на вработување на асистенти кои требаше да направат научен континуитет и кои по пензионирањето на шефовите на катедри и најискусни професори требаше да ја продолжат едукацијата на високообразовните институции.

По 15 година блокада сега на голем број катедри ќе нема кој да продолжи да работи со студентите, магистрантите и докторантите поради што потписниците на петицијата бараат три години продолжување на рокот до пензија за да можат универзитетите да подготват соодветен кадар.

На петицијата се потпишани звучни имиња од академската заедница.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

The post ДУИ блокира иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование appeared first on Република.

]]>

ДУИ односно спикерот Талат Џафери и министерот за образование Јетон Шаќири блокираат иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование. Повеќе од 80 еминентни професори од три водечки универзитети во Македонија се потпишале на иницијатива со која што се бара власта да донесе одлука за продолжување на работниот век на универзитетските професори од максимални 67 на 70 години. Иницијативата треба да го реши проблемот што настана со децениското владино блокирање на вработување на асистенти кои требаше да направат научен континуитет и кои по пензионирањето на шефовите на катедри и најискусни професори требаше да ја продолжат едукацијата на високообразовните институции. По 15 година блокада сега на голем број катедри ќе нема кој да продолжи да работи со студентите, магистрантите и докторантите поради што потписниците на петицијата бараат три години продолжување на рокот до пензија за да можат универзитетите да подготват соодветен кадар. На петицијата се потпишани звучни имиња од академската заедница. Целиот текст прочитајте го ТУКА

The post ДУИ блокира иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование appeared first on Република.

]]>