виолина Archives - Република https://republika.mk/tema/violina/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 07:26:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виолина Archives - Република https://republika.mk/tema/violina/ 32 32 Концерт за виолина и пијано на музичари од Австрија во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-za-violina-i-pijano-na-muzichari-od-avstrija-vo-filharmonija/ Thu, 12 Sep 2024 07:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=815541

Третиот концерт од програмата на Меѓународниот фестивал на класична камерна музика Skupi KamerFest насловен „Австриски класици во дуо“ ќе се одржи вечерва во 19 часот во камерната сала на Филхармонијата во Скопје.

Ќе настапат музичарите Клеменс Бок (виолина) и Кристина Шејхер (пијано), и двајцата од Австрија. Тие ќе изведат композиции од: Хендел, Моцарт, Шуберт, Буланже, Дворжак. Влезот е слободен.

Фестивалот го организира Здружението за афирмација на музичката култура „Муза“ од Скопје.

Со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа специјална вечер на класична музика со вас, велат организаторите.

The post Концерт за виолина и пијано на музичари од Австрија во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Третиот концерт од програмата на Меѓународниот фестивал на класична камерна музика Skupi KamerFest насловен „Австриски класици во дуо“ ќе се одржи вечерва во 19 часот во камерната сала на Филхармонијата во Скопје. Ќе настапат музичарите Клеменс Бок (виолина) и Кристина Шејхер (пијано), и двајцата од Австрија. Тие ќе изведат композиции од: Хендел, Моцарт, Шуберт, Буланже, Дворжак. Влезот е слободен. Фестивалот го организира Здружението за афирмација на музичката култура „Муза“ од Скопје.
Со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа специјална вечер на класична музика со вас, велат организаторите.
   
The post Концерт за виолина и пијано на музичари од Австрија во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам, а искрено не би можела да си го замислам животот без неа https://republika.mk/vesti/kultura/lugeto-se-naviknati-da-me-gledaat-so-futrolata-za-violina-na-grb-kade-i-da-patuvam-a-iskreno-ne-bi-mozhela-da-si-go-zamislam-zhivotot-bez-nea/ Mon, 22 Jul 2024 09:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=799113

Фантастичната виолинистка Ирина Мурешану, повторно гостува во Скопје! Вечерва со почеток во 20.30 часот, во прекрасниот амбиент на Сули Ан, во рамките на „Скопско лето“, љубителите на класичната музика ќе имат можност да уживаат во уште еден концерт на ФАМЕ’С Институт Оркестарот, кој овој пат ќе биде предводен од американскиот диригент Скот Флавин, кој заедно со солистката Ирина Мурешану, ќе изведат популарни дела од американски композитори обединети во „Американска приказна“. Мурешану во разговор за „Република“ вели дека со нетрпение го очекува вечерашниот настап.

На концертот, кој всушност е заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на Фејмс Институтот, ќе може да се слушне популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини итн.

Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану настапува во САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Етаблирана е вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар.

Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA.

Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Република Молдавија, голем број на фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија и тоа со неколку концерти.

Како добитник на „Грантот Енеску“ од Романскиот културен институт, оваа година таа има тримесечна позиција како уметник во резиденција во Cité Internationale des Arts во Париз.

Мурешану неодамна ја доби престижната награда Фулбрајт (Fulbright) и наградата за независни стипендии, истражување и креативност од Универзитетот во Мериленд за нејзиниот проект „Infinite Strings“: создавање платформа дизајнирана да промовира музика за виолина од романски композитори. Таа е, исто така, добитник на тригодишниот грант „Големите предизвици“ од Националната научна фондација од Универзитетот во Мериленд за истражувањето „Музичко образование за сите преку вештачка интелигенција и дигитални хуманистички науки“.

Ирина е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Настапува на фестивали како што се Баргемјузик во Њујорк, фестивалот Рокпорт во Масачусетс, серијата концерти на Беј Чемберс во Мејн и Фестивалот Боудин, Колорадо Стрингс на музичкиот фестивал Планините и Сан Хуан, фестивалот на камерна музика во Мауи на Хаваи, музичкиот фестивал Реизенд во Холандија, белгискиот фестивал ван де Леи и фестивалот Rencontres des Musiciennes во Франција и островот Гвадалупе.

Таа е страствен изведувач на нова музика, со бројни дела напишани и посветени на неа. Нејзините најнови изданија вклучуваат „Ирина Мурешану ја свири Виолета Динеску“, и „Hybrd, Hints and Hooks“. Покрај тоа таа ги снимала  и Концертот за виолина на Томас Обое Ли (исто така посветен на неа), композиции од Елена Руер за ЦД-то на Avie Records „Lift“, вклучено на 13-те најдобри снимки за класична музика на Кит Пауерс за 2016 година итн.

Ирина Мурешану е вонреден професор на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер.

Мурешану свири на виолина на Џузепе Рока од 1849 година и на гудало на Етиен Пајеот и во пресрет на вечершниот концерт разговаравме токму и за виолините на кои свирела, за предизвиците, мултумедијалната програма на која работи, за тоа дека не може да го замисли животот без футролата за виолина на грбот...

Со Оркестарот на Институтот „ FAMES“ ќе настапите во преубав амбиент, во Сули-ан. Дали го посетивте Сули-ан? Какви се Вашите впечатоци?

Негувам огромна љубов кон градот Скопје и неговиот спој на култури. Бидејќи сум родена во Букурешт, Романија, овде се чувствувам како дома, благодарение на гостопримството од прекрасниот народ на Македонија! Иако сè уште немам настапувано во Сули Ан, со нетрпение очекувам да настапам на ова историско место, на нашиот концерт кој е дел од Фестивалот Скопско лето!

Минатата година со Оркестарот на Институтот „ Fames“ настапивте во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Дали ваквите амбиенти како Сули-ан и „Света Софија“ можеби дополнително Ве инспирираат, ви даваат енергија? Како ги доживувате ваквите настапи?

Мојата мисија беше да ја променам идејата дека класичната музика (или која било музика во таа смисла) треба да се изведува само во традиционална концертна сала. Местата како Сули Ан ја отвораат можноста да ја споделиме нашата страст со нова публика. Многу луѓе мислат дека треба да знаете многу за класичната музика за да уживате во неа - но воопшто не е така!! Во мојот живот сум свирела на многу концерти на нестандарни концертни локации како на пр. болници, пензионерски домови, училишта за деца со попреченост и можам да ви кажам дека музиката допира до секого, без разлика на неговото образование, потекло или возраст. На некој начин тоа беше мојата најдобра публика бидејќи комунициравме преку музиката, со срцето!

Ова е Ваше второ гостување во Скопје. Македонската публика веќе имаше можност да Ве чуе на концертниот спектакл под наслов „Фузија“, во Македонската филхармонија, каде се споија два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија . Како тече подготовката на Вашиот втор настап во Скопје?

Имам прекрасни спомени од тој концерт во Филхармонија! Нашиот претстоен концерт ќе биде кулминација на интензивната недела на работа со оркестарот на Институтот Fame. Овие семинари се неверојатна можност за младите музичари да го искусат интензивниот и брз живот на професионалните музичари. Нашите студенти доаѓаат од многу земји на ЕУ, а повеќето од нив не се познаваа пред да пристигнат. Секој ден вежбавме по седум часа, ја снимавме оваа програма во професионалното студио за снимање во FAME's и ова е ново искуство за многумина од нив. Во овие последни пет дена поминати заедно, видовме огромен раст во нивната самодоверба, во кохезијата на звукот на ансамблот, како и во нивното разбирање за американската музика, што е тема на нашата програма.

На своите настапи свирите на виолина на Џузепе Рока од 1849 година, вредна 450.000 евра и на гудало на Етиен Пајеот. Каква е приказната за овој инструмент со кој настапувате? Како ја набавивте, како ја откривте?

Ние, музичарите зависиме од нашите „алати“, од инструментите. Имав многу среќа во текот на мојата кариера што имав можност да свирам на неверојатни инструменти, како што се Страдивариус и Гварнери, а уште повеќе имав среќа да ги имам прекрасната виолина Рока и гудалото Пајеот како мои постојани придружници. Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам и искрено не би можела да си го замислам животот без нив.

Вашата реномирана мултимедијална програма за соло виолина „Четири жици низ светот“ - која ја слави различноста на музичките култури низ целиот свет преку дела на композитори од пет континенти – сеуште предизвикува големо внимание кај публиката и критиката. Кажете ни нешто повеќе за оваа програма?

Проектот „Четири жици низ светот“ се роди од мојата желба да „преминам“ повеќе граници во класичната музика. Сфатив дека повеќето од она што традиционално го учиме во училиштата е репертоар од западноевропската музичка култура, што секако секогаш ќе биде наша главна референца. Но, светот се менува брзо, а глобализацијата создадена од интернет донесе многу повеќе гласови во пејзажот на класичната музика. А ние како изведувачи сега имаме прекрасен репертоар од композитори кои доаѓаат од Блискиот Исток, Азија, Африка, Јужна Америка и жанрови како танго, блуграс и многу други. Значи „Четири жици низ светот“ е токму тоа: музичко патување низ светот со дела од композитори од 5 континенти, обединети низ призмата на соло виолината, инструмент практично сеприсутен во сите култури. Кога се изведува концертно, овој проект има театарска компонента, бидејќи публиката е понесена низ кратки видеа со сугестивни слики и автентична народна музика во спецификите на различни култури. Бев исто така дел од прекрасната соработка со лабораторијата за виртуелна реалност на Универзитетот во Мериленд со цел да се создаде „виртуелен концерт“, каде што мојот холограм беше ставен во различни позадини: парк, неколку катедрали (додека ја свирев Ciaccona на Бах) итн. Значи, идејата е дека музиката припаѓа насекаде! Минатата година, мојот семинар во Институтот Фејмс се базираше на овој концепт - сакам да го споделам моето новостекнато знаење за светската музика со студентите!

Вечерашниот концерт предвидува популарни дела од американски композитори, како популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини... итн, обединети во „Американска приказна“. Како настана овој избор на композиции?

Сакав да ја споделам со младите музичари, како и со скопската публика разновидноста на американската музика, која е мошне разгранета, почнувајќи од жанрот блуз, џез и регтајм, кој еволуираше од 1800-тите и го зазеде централното место во 1920 година, до филмот и музиката на Бродвеј (претставена овде со делата на Гершвин, Бернштајн и Манцини) и композиции како што е „Appalachian Spring“ од Копланд, кои укажуваат на пространството на американскиот пејзаж и пионерскиот дух на првите колонисти. Мојот соработник, прекрасниот диригент и виолинист Скот Флавин е експерт за оваа музика - всушност, тој за нашиот ансамбл аранжира прекрасна мелодија насловена „The Days of Wine and Roses“ од Манчини, па ќе имаме и светска премиера во нашиот концерт „Американска приказна“ во понеделник!

Каква музика Вие сакате да слушате? Кој е Ваш омилен автор?

Честотати се насмевнувам кога ќе го слушнам ова прашање. Понекогаш им велам на луѓето дека сакам сè што свирам, дури и ако не ми се допаѓа... Поентата ми е дека улогата на изведувачот е да ги пренесе идеите и страста на композиторот. Колку сме среќни што сме „преведувачи“ на големите умови како Моцарт и Бах?

Потекнувате од Романија, каде сте поминале голем дел од својот живот и сте се стекнале со музичка наобразба. Колку романската традиција и култура има влијание на Вашата работа?

Се разбира, јас сум родена Романка и секогаш ќе бидам Романка. Имаме одлично училиште за виолина и имав среќа да имам неверојатни учители во текот на моите развојни години. Но, како музичар, преку мојата „работа“ чувствувам дека станав и граѓанин на светот, а основата на образованието што го добив во Романија само го подобрува тој аспект.

Предавате на повеќе универзитети. Што е она што најмногу би сакале да им пренесете на своите ученици? Што Вам ви е најважно да сфатат?

Во променливите околности на денешниот свет, нашите студенти треба да имаат многу вештини. Тие мора да го знаат својот занает, но и да имаат визија да создадат пат за себе. За разлика од пред неколку децении, музичарите помалку се „етикетирани“ дека припаѓаат на една категорија (солист, учител, квартет и сл.); во денешно време солистите свират камерна музика, а наставниците имаат оркестарска работа. И сите ние научивме како да се поврземе со нашата публика преку социјалните медиуми, професионалните веб-страници и така натаму. Мојата улога како учител ја гледам како водич за младите музичари во пронаоѓањето на својот глас.

Добитник сте на бројни меѓународни награди и признанија. Што значат за Вас наградите? Како гледате на нив, како поттик за понатамошна работа, потврда за сработеното, или можеби како обврска?

Кога растев натпреварите беа составен дел од животот на еден студент. Се разбира, наградата е признание за нечии вештини и напорна работа, но сфатив дека најважно е тоа што натпреварите ми помогнаа да научам голем репертоар, но исто така запознав луѓе од мојата генерација кои ми станаа пријатели и колеги во мојата понатамошна кариера.

The post Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам, а искрено не би можела да си го замислам животот без неа appeared first on Република.

]]>

Фантастичната виолинистка Ирина Мурешану, повторно гостува во Скопје! Вечерва со почеток во 20.30 часот, во прекрасниот амбиент на Сули Ан, во рамките на „Скопско лето“, љубителите на класичната музика ќе имат можност да уживаат во уште еден концерт на ФАМЕ’С Институт Оркестарот, кој овој пат ќе биде предводен од американскиот диригент Скот Флавин, кој заедно со солистката Ирина Мурешану, ќе изведат популарни дела од американски композитори обединети во „Американска приказна“. Мурешану во разговор за „Република“ вели дека со нетрпение го очекува вечерашниот настап. На концертот, кој всушност е заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на Фејмс Институтот, ќе може да се слушне популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини итн. Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану настапува во САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Етаблирана е вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар. Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA. Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Република Молдавија, голем број на фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија и тоа со неколку концерти. Како добитник на „Грантот Енеску“ од Романскиот културен институт, оваа година таа има тримесечна позиција како уметник во резиденција во Cité Internationale des Arts во Париз. Мурешану неодамна ја доби престижната награда Фулбрајт (Fulbright) и наградата за независни стипендии, истражување и креативност од Универзитетот во Мериленд за нејзиниот проект „Infinite Strings“: создавање платформа дизајнирана да промовира музика за виолина од романски композитори. Таа е, исто така, добитник на тригодишниот грант „Големите предизвици“ од Националната научна фондација од Универзитетот во Мериленд за истражувањето „Музичко образование за сите преку вештачка интелигенција и дигитални хуманистички науки“. Ирина е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Настапува на фестивали како што се Баргемјузик во Њујорк, фестивалот Рокпорт во Масачусетс, серијата концерти на Беј Чемберс во Мејн и Фестивалот Боудин, Колорадо Стрингс на музичкиот фестивал Планините и Сан Хуан, фестивалот на камерна музика во Мауи на Хаваи, музичкиот фестивал Реизенд во Холандија, белгискиот фестивал ван де Леи и фестивалот Rencontres des Musiciennes во Франција и островот Гвадалупе. Таа е страствен изведувач на нова музика, со бројни дела напишани и посветени на неа. Нејзините најнови изданија вклучуваат „Ирина Мурешану ја свири Виолета Динеску“, и „Hybrd, Hints and Hooks“. Покрај тоа таа ги снимала  и Концертот за виолина на Томас Обое Ли (исто така посветен на неа), композиции од Елена Руер за ЦД-то на Avie Records „Lift“, вклучено на 13-те најдобри снимки за класична музика на Кит Пауерс за 2016 година итн. Ирина Мурешану е вонреден професор на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер. Мурешану свири на виолина на Џузепе Рока од 1849 година и на гудало на Етиен Пајеот и во пресрет на вечершниот концерт разговаравме токму и за виолините на кои свирела, за предизвиците, мултумедијалната програма на која работи, за тоа дека не може да го замисли животот без футролата за виолина на грбот... Со Оркестарот на Институтот „ FAMES“ ќе настапите во преубав амбиент, во Сули-ан. Дали го посетивте Сули-ан? Какви се Вашите впечатоци?
Негувам огромна љубов кон градот Скопје и неговиот спој на култури. Бидејќи сум родена во Букурешт, Романија, овде се чувствувам како дома, благодарение на гостопримството од прекрасниот народ на Македонија! Иако сè уште немам настапувано во Сули Ан, со нетрпение очекувам да настапам на ова историско место, на нашиот концерт кој е дел од Фестивалот Скопско лето!
Минатата година со Оркестарот на Институтот „ Fames“ настапивте во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Дали ваквите амбиенти како Сули-ан и „Света Софија“ можеби дополнително Ве инспирираат, ви даваат енергија? Како ги доживувате ваквите настапи?
Мојата мисија беше да ја променам идејата дека класичната музика (или која било музика во таа смисла) треба да се изведува само во традиционална концертна сала. Местата како Сули Ан ја отвораат можноста да ја споделиме нашата страст со нова публика. Многу луѓе мислат дека треба да знаете многу за класичната музика за да уживате во неа - но воопшто не е така!! Во мојот живот сум свирела на многу концерти на нестандарни концертни локации како на пр. болници, пензионерски домови, училишта за деца со попреченост и можам да ви кажам дека музиката допира до секого, без разлика на неговото образование, потекло или возраст. На некој начин тоа беше мојата најдобра публика бидејќи комунициравме преку музиката, со срцето!
Ова е Ваше второ гостување во Скопје. Македонската публика веќе имаше можност да Ве чуе на концертниот спектакл под наслов „Фузија“, во Македонската филхармонија, каде се споија два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија . Како тече подготовката на Вашиот втор настап во Скопје?
Имам прекрасни спомени од тој концерт во Филхармонија! Нашиот претстоен концерт ќе биде кулминација на интензивната недела на работа со оркестарот на Институтот Fame. Овие семинари се неверојатна можност за младите музичари да го искусат интензивниот и брз живот на професионалните музичари. Нашите студенти доаѓаат од многу земји на ЕУ, а повеќето од нив не се познаваа пред да пристигнат. Секој ден вежбавме по седум часа, ја снимавме оваа програма во професионалното студио за снимање во FAME's и ова е ново искуство за многумина од нив. Во овие последни пет дена поминати заедно, видовме огромен раст во нивната самодоверба, во кохезијата на звукот на ансамблот, како и во нивното разбирање за американската музика, што е тема на нашата програма.
На своите настапи свирите на виолина на Џузепе Рока од 1849 година, вредна 450.000 евра и на гудало на Етиен Пајеот. Каква е приказната за овој инструмент со кој настапувате? Како ја набавивте, како ја откривте?
Ние, музичарите зависиме од нашите „алати“, од инструментите. Имав многу среќа во текот на мојата кариера што имав можност да свирам на неверојатни инструменти, како што се Страдивариус и Гварнери, а уште повеќе имав среќа да ги имам прекрасната виолина Рока и гудалото Пајеот како мои постојани придружници. Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам и искрено не би можела да си го замислам животот без нив.
Вашата реномирана мултимедијална програма за соло виолина „Четири жици низ светот“ - која ја слави различноста на музичките култури низ целиот свет преку дела на композитори од пет континенти – сеуште предизвикува големо внимание кај публиката и критиката. Кажете ни нешто повеќе за оваа програма?
Проектот „Четири жици низ светот“ се роди од мојата желба да „преминам“ повеќе граници во класичната музика. Сфатив дека повеќето од она што традиционално го учиме во училиштата е репертоар од западноевропската музичка култура, што секако секогаш ќе биде наша главна референца. Но, светот се менува брзо, а глобализацијата создадена од интернет донесе многу повеќе гласови во пејзажот на класичната музика. А ние како изведувачи сега имаме прекрасен репертоар од композитори кои доаѓаат од Блискиот Исток, Азија, Африка, Јужна Америка и жанрови како танго, блуграс и многу други. Значи „Четири жици низ светот“ е токму тоа: музичко патување низ светот со дела од композитори од 5 континенти, обединети низ призмата на соло виолината, инструмент практично сеприсутен во сите култури. Кога се изведува концертно, овој проект има театарска компонента, бидејќи публиката е понесена низ кратки видеа со сугестивни слики и автентична народна музика во спецификите на различни култури. Бев исто така дел од прекрасната соработка со лабораторијата за виртуелна реалност на Универзитетот во Мериленд со цел да се создаде „виртуелен концерт“, каде што мојот холограм беше ставен во различни позадини: парк, неколку катедрали (додека ја свирев Ciaccona на Бах) итн. Значи, идејата е дека музиката припаѓа насекаде! Минатата година, мојот семинар во Институтот Фејмс се базираше на овој концепт - сакам да го споделам моето новостекнато знаење за светската музика со студентите!
Вечерашниот концерт предвидува популарни дела од американски композитори, како популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манчини... итн, обединети во „Американска приказна“. Како настана овој избор на композиции?
Сакав да ја споделам со младите музичари, како и со скопската публика разновидноста на американската музика, која е мошне разгранета, почнувајќи од жанрот блуз, џез и регтајм, кој еволуираше од 1800-тите и го зазеде централното место во 1920 година, до филмот и музиката на Бродвеј (претставена овде со делата на Гершвин, Бернштајн и Манцини) и композиции како што е „Appalachian Spring“ од Копланд, кои укажуваат на пространството на американскиот пејзаж и пионерскиот дух на првите колонисти. Мојот соработник, прекрасниот диригент и виолинист Скот Флавин е експерт за оваа музика - всушност, тој за нашиот ансамбл аранжира прекрасна мелодија насловена „The Days of Wine and Roses“ од Манчини, па ќе имаме и светска премиера во нашиот концерт „Американска приказна“ во понеделник!
Каква музика Вие сакате да слушате? Кој е Ваш омилен автор?
Честотати се насмевнувам кога ќе го слушнам ова прашање. Понекогаш им велам на луѓето дека сакам сè што свирам, дури и ако не ми се допаѓа... Поентата ми е дека улогата на изведувачот е да ги пренесе идеите и страста на композиторот. Колку сме среќни што сме „преведувачи“ на големите умови како Моцарт и Бах?
Потекнувате од Романија, каде сте поминале голем дел од својот живот и сте се стекнале со музичка наобразба. Колку романската традиција и култура има влијание на Вашата работа?
Се разбира, јас сум родена Романка и секогаш ќе бидам Романка. Имаме одлично училиште за виолина и имав среќа да имам неверојатни учители во текот на моите развојни години. Но, како музичар, преку мојата „работа“ чувствувам дека станав и граѓанин на светот, а основата на образованието што го добив во Романија само го подобрува тој аспект.
Предавате на повеќе универзитети. Што е она што најмногу би сакале да им пренесете на своите ученици? Што Вам ви е најважно да сфатат?
Во променливите околности на денешниот свет, нашите студенти треба да имаат многу вештини. Тие мора да го знаат својот занает, но и да имаат визија да создадат пат за себе. За разлика од пред неколку децении, музичарите помалку се „етикетирани“ дека припаѓаат на една категорија (солист, учител, квартет и сл.); во денешно време солистите свират камерна музика, а наставниците имаат оркестарска работа. И сите ние научивме како да се поврземе со нашата публика преку социјалните медиуми, професионалните веб-страници и така натаму. Мојата улога како учител ја гледам како водич за младите музичари во пронаоѓањето на својот глас.
Добитник сте на бројни меѓународни награди и признанија. Што значат за Вас наградите? Како гледате на нив, како поттик за понатамошна работа, потврда за сработеното, или можеби како обврска?
Кога растев натпреварите беа составен дел од животот на еден студент. Се разбира, наградата е признание за нечии вештини и напорна работа, но сфатив дека најважно е тоа што натпреварите ми помогнаа да научам голем репертоар, но исто така запознав луѓе од мојата генерација кои ми станаа пријатели и колеги во мојата понатамошна кариера.

The post Луѓето се навикнати да ме гледаат со футролата за виолина на грб каде и да патувам, а искрено не би можела да си го замислам животот без неа appeared first on Република.

]]>
Ара Маликиан во Скопје: Концерт на светски познатиот виртуоз на виолина на 18 октомври во Филхармонија https://republika.mk/scena/muzika/ara-malikian-vo-skopje-kontsert-na-svetski-poznatiot-virtuoz-na-violina-na-18-oktomvri-vo-filharmonija/ Wed, 15 May 2024 07:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=778146

The post Ара Маликиан во Скопје: Концерт на светски познатиот виртуоз на виолина на 18 октомври во Филхармонија appeared first on Република.