Викторија Ангеловска Archives - Република https://republika.mk/tema/viktorija-angelovska/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 07:55:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Викторија Ангеловска Archives - Република https://republika.mk/tema/viktorija-angelovska/ 32 32 Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција https://republika.mk/vesti/kultura/poetesite-julijana-velichkovska-i-viktorija-angelovska-na-svetskiot-poetski-festival-vo-patra-grtsija/ Fri, 20 Sep 2024 07:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=818034

Македонските поетеси Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција.

Двете поетеси ќе имаат по три читања во рамки на фестивалската програма.

Дополнително, Величковска во професионалниот дел на програмата, пред директорите на поетски фестивали од Франција, Романија, Бугарија, Азербејџан и Чешка ќе одржи презентација за Скопскиот поетски фестивал и за Поетската ноќ во Велестово.

Фестивалот ќе трае до 22 септември, а учествуваат 60-тина поети од 20 земји.

The post Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција appeared first on Република.

]]>

Македонските поетеси Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција. Двете поетеси ќе имаат по три читања во рамки на фестивалската програма. Дополнително, Величковска во професионалниот дел на програмата, пред директорите на поетски фестивали од Франција, Романија, Бугарија, Азербејџан и Чешка ќе одржи презентација за Скопскиот поетски фестивал и за Поетската ноќ во Велестово. Фестивалот ќе трае до 22 септември, а учествуваат 60-тина поети од 20 земји.

The post Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција appeared first on Република.

]]>
Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб https://republika.mk/vesti/kultura/mladite-makedonski-poeti-andrej-al-asadi-i-viktorija-angelovska-na-knizhevna-razmena-i-festival-vo-zagreb/ Wed, 28 Jun 2023 11:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=655992

Андреј Ал-Асади и Викторија Ангеловска од 28 јуни до 1 јули ќе гостуваат во Загреб, Хрватска, како дел од потпишаната соработка на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца (ХДП) од Загреб. Гостувањето ќе го започнат денеска со поетско читање во Библиотеката „Марија Јуриќ Загорка“. Настанот ќе го модерира Иван Херцег, а превод од македонски ќе обезбеди Борислав Павловски.

Младите поети, како што информираат од ПНВ Публикации, ќе учествуваат и на дванаесеттото издание на престижниот поетски фестивал „Стих у регији“ (СУР) што се одржува во Загреб, организиран од Хрватско друштво писаца. Покрај споменатите, на СУР ќе настапат и Владимир Мартиновски и Никола Маџиров, како и поети од Хрватска, од Италија, Украина, Словенија и Србија. Во рамки на фестивалот ќе биде промовирана и антологија на современата македонска поезија „Пронаѓена ријеч“, во избор и препев на Борислав Павловски, издание на ХДП.

Андреј Ал-Асади е автор на стихозбирките “Midnight Blues”, „Под дервишовото сиќе“ (2018, „Небесна геометрија“ и „Секој секому огледало“ со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. Ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата и Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција. Негови песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик.

Викторија Ангеловска е авторка на стихозбирките „Станица 15“ и „Ноќта сѐ знае“. Гостувањето на Ангеловска го овозможи Општина Илинден, а програмата во Загреб е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Градот Загреб.

Оваа книжевна размена, како што е наведено е првата од низата настани со потпишаната меѓународна билатерална соработка меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца од Загреб, Хрватска.

 

The post Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>

Андреј Ал-Асади и Викторија Ангеловска од 28 јуни до 1 јули ќе гостуваат во Загреб, Хрватска, како дел од потпишаната соработка на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца (ХДП) од Загреб. Гостувањето ќе го започнат денеска со поетско читање во Библиотеката „Марија Јуриќ Загорка“. Настанот ќе го модерира Иван Херцег, а превод од македонски ќе обезбеди Борислав Павловски. Младите поети, како што информираат од ПНВ Публикации, ќе учествуваат и на дванаесеттото издание на престижниот поетски фестивал „Стих у регији“ (СУР) што се одржува во Загреб, организиран од Хрватско друштво писаца. Покрај споменатите, на СУР ќе настапат и Владимир Мартиновски и Никола Маџиров, како и поети од Хрватска, од Италија, Украина, Словенија и Србија. Во рамки на фестивалот ќе биде промовирана и антологија на современата македонска поезија „Пронаѓена ријеч“, во избор и препев на Борислав Павловски, издание на ХДП. Андреј Ал-Асади е автор на стихозбирките “Midnight Blues”, „Под дервишовото сиќе“ (2018, „Небесна геометрија“ и „Секој секому огледало“ со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. Ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата и Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција. Негови песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик. Викторија Ангеловска е авторка на стихозбирките „Станица 15“ и „Ноќта сѐ знае“. Гостувањето на Ангеловска го овозможи Општина Илинден, а програмата во Загреб е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Градот Загреб. Оваа книжевна размена, како што е наведено е првата од низата настани со потпишаната меѓународна билатерална соработка меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца од Загреб, Хрватска.  

The post Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>