Виктор Медведчук Archives - Република https://republika.mk/tema/viktor-medvedchuk/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Feb 2024 19:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Виктор Медведчук Archives - Република https://republika.mk/tema/viktor-medvedchuk/ 32 32 Зеленски купил апартман во Дубаи од 16 милиони долари: Украински опозиционер обвинува дека претседателот профитира од војната https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-kupil-apartman-vo-dubai-od-16-milioni-dolari-ukrainski-opozitsioner-obvinuva-deka-pretsedatelot-profitira-od-vojnata/ Sun, 11 Feb 2024 07:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=742687

Украинскиот претседател Володимир Зеленски купува недвижен имот во странство додека обичните Украинци умираат поради корупциски шеми кои го збогатуваат режимот во Киев, обвинува опозицискиот политичар, Виктор Медведчук.

Во написот објавен на веб-страницата „Drugaya Ukraina“ (Друга Украина), Медведчук пишува дека Зеленски „очигледно престанал да се потпира на Американците и ветената вила на Флорида и наместо тоа користел посредници за да купи луксузен апартман во Дубаи во вредност од 16,9 милиони долари“.

Наместо да им помага на украинските пензионери, за кои Зеленски толку многу плаче на Запад, тој парите „чесно заработени“ од конфликтот во Украина ги повлекува во офшор компании, при што не се мачи да инвестира пари во економијата, одбраната и државноста на својата земја“, обвинува Медведчук.

Според него, Зеленски го користел својот пријател Сергеј Шефир за да регистрира странски недвижен имот и голем број компании. Пред неговата победа на претседателските избори во 2019 година, Зеленски ги префрлил сите свои офшор средства на Шефир, но оттогаш продолжил да добива дивиденди.

Во ноември 2023 година, Шефир и неговиот брат наводно купиле две јахти во вкупна вредност од 75 милиони долари и „исто така купиле стан со површина од повеќе од 600 квадратни метри во станбениот комплекс „BVLGARI MARINA LOFTS“ на островот Џумера Беј во Дубаи“.

Договорот од 16,9 милиони долари е завршен на 22 декември 2023 година, како што е потврдено од записите во архивите на Одделот за земјиште во Дубаи. Тоа е „скромниот“ апартман на Зеленски од 600 квадратни метри на остров во топлото море за кој умираат стотици илјади Украинци секој ден“, вели украинскиот политичар.

The post Зеленски купил апартман во Дубаи од 16 милиони долари: Украински опозиционер обвинува дека претседателот профитира од војната appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски купува недвижен имот во странство додека обичните Украинци умираат поради корупциски шеми кои го збогатуваат режимот во Киев, обвинува опозицискиот политичар, Виктор Медведчук. Во написот објавен на веб-страницата „Drugaya Ukraina“ (Друга Украина), Медведчук пишува дека Зеленски „очигледно престанал да се потпира на Американците и ветената вила на Флорида и наместо тоа користел посредници за да купи луксузен апартман во Дубаи во вредност од 16,9 милиони долари“.
Наместо да им помага на украинските пензионери, за кои Зеленски толку многу плаче на Запад, тој парите „чесно заработени“ од конфликтот во Украина ги повлекува во офшор компании, при што не се мачи да инвестира пари во економијата, одбраната и државноста на својата земја“, обвинува Медведчук.
Според него, Зеленски го користел својот пријател Сергеј Шефир за да регистрира странски недвижен имот и голем број компании. Пред неговата победа на претседателските избори во 2019 година, Зеленски ги префрлил сите свои офшор средства на Шефир, но оттогаш продолжил да добива дивиденди. Во ноември 2023 година, Шефир и неговиот брат наводно купиле две јахти во вкупна вредност од 75 милиони долари и „исто така купиле стан со површина од повеќе од 600 квадратни метри во станбениот комплекс „BVLGARI MARINA LOFTS“ на островот Џумера Беј во Дубаи“.
Договорот од 16,9 милиони долари е завршен на 22 декември 2023 година, како што е потврдено од записите во архивите на Одделот за земјиште во Дубаи. Тоа е „скромниот“ апартман на Зеленски од 600 квадратни метри на остров во топлото море за кој умираат стотици илјади Украинци секој ден“, вели украинскиот политичар.

The post Зеленски купил апартман во Дубаи од 16 милиони долари: Украински опозиционер обвинува дека претседателот профитира од војната appeared first on Република.

]]>
Русија размислува да ги замени борците од „Азов“ за кумот на Путин, Виктор Медведчук https://republika.mk/vesti/svet/rusija-razmisluva-da-gi-zameni-borcite-od-azov-za-kumot-na-putin-viktor-medvedchuk/ Sun, 22 May 2022 08:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=505389

Руските власти ќе ја проучуваат опцијата за размена на уапсениот украински политичар Виктор Медведчук за заробените украински војници кои ја напуштија фабриката „Азовстал“ во Мариупол. Таква изјава во Доњецк даде Леонид Слутски, лидер на групата на партијата фракцијата ЛДП во руската Дума.

„Ќе го проучуваме прашањето за можноста за размена на Медведчук за ‘Азов’“, рече Слутски на прес-конференција, одговарајќи на прашање на новинар на Интерфакс. Политичарот не прецизираше дали зборува за борците на Азовскиот полк или за сите што го напуштиле „Азовстал“.

Виктор Медведчук е шеф на украинската партија Опозициска платформа – за живот, која има проруски позиции, а познат е и како „кум на Путин“. Во средината на април тој беше приведен во Украина откако избега од домашен притвор.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, понудил размена на Медведчук за заробени украински војници, а истото го побарал и самиот притворен политичар. Во исто време, Кремљ соопшти дека размената на Медведчук за украински затвореници е невозможна, бидејќи тој не е државјанин на Русија и нема никаква врска со „специјалната воена операција“.

Борците на Азовскиот полк беа меѓу украинската војска која ја држеше одбраната во фабриката „Азовстал“ во Мариупол повеќе од два месеци. На 16 мај војската почна да се предава. Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, фабриката ја напуштиле вкупно 2.439 војници.

The post Русија размислува да ги замени борците од „Азов“ за кумот на Путин, Виктор Медведчук appeared first on Република.

]]>

Руските власти ќе ја проучуваат опцијата за размена на уапсениот украински политичар Виктор Медведчук за заробените украински војници кои ја напуштија фабриката „Азовстал“ во Мариупол. Таква изјава во Доњецк даде Леонид Слутски, лидер на групата на партијата фракцијата ЛДП во руската Дума.
„Ќе го проучуваме прашањето за можноста за размена на Медведчук за ‘Азов’“, рече Слутски на прес-конференција, одговарајќи на прашање на новинар на Интерфакс. Политичарот не прецизираше дали зборува за борците на Азовскиот полк или за сите што го напуштиле „Азовстал“.
Виктор Медведчук е шеф на украинската партија Опозициска платформа – за живот, која има проруски позиции, а познат е и како „кум на Путин“. Во средината на април тој беше приведен во Украина откако избега од домашен притвор. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, понудил размена на Медведчук за заробени украински војници, а истото го побарал и самиот притворен политичар. Во исто време, Кремљ соопшти дека размената на Медведчук за украински затвореници е невозможна, бидејќи тој не е државјанин на Русија и нема никаква врска со „специјалната воена операција“. Борците на Азовскиот полк беа меѓу украинската војска која ја држеше одбраната во фабриката „Азовстал“ во Мариупол повеќе од два месеци. На 16 мај војската почна да се предава. Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, фабриката ја напуштиле вкупно 2.439 војници.

The post Русија размислува да ги замени борците од „Азов“ за кумот на Путин, Виктор Медведчук appeared first on Република.

]]>
Заробени Британци преку руска телевизија бараат да бидат разменети за Медведчук https://republika.mk/vesti/svet/zarobeni-britanci-preku-ruska-televizija-baraat-da-bidat-razmeneti-za-medvedchuk/ Mon, 18 Apr 2022 12:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=490018

На руската телевизија се појави видео од двајца заробени британски доброволци. Шон Пинер и Ејден Аслин беа заробени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од британскиот премиер Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук.

Не е познато колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат.

Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права.

Утрово Украина објави видео на кое Медведчук го моли рускиот претседател Владимир Путин да го размени за борци од Мариупол, јави Би-Би-Си.

Во меѓувреме, украинскиот проруски политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела, побара од рускиот и украинскиот претседател да го искористат во размена со украинските бранители и жителите на опколениот јужен град Мариупол.

Медведчук (67) се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Тој беше во домашен притвор во главниот град Киев – но побегна набргу откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Откако беше повторно приведен од украинските сили, Киев соопшти дека го спречила обидот на Москва да го извлече од земјата.

Западни медиуми јавија дека Путин е кум на ќерката на Медведчук, кого Украина го товари за предавство. Тој негира дека сторил нешто лошо.

The post Заробени Британци преку руска телевизија бараат да бидат разменети за Медведчук appeared first on Република.

]]>

На руската телевизија се појави видео од двајца заробени британски доброволци. Шон Пинер и Ејден Аслин беа заробени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од британскиот премиер Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук. Не е познато колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат. Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права. Утрово Украина објави видео на кое Медведчук го моли рускиот претседател Владимир Путин да го размени за борци од Мариупол, јави Би-Би-Си. Во меѓувреме, украинскиот проруски политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела, побара од рускиот и украинскиот претседател да го искористат во размена со украинските бранители и жителите на опколениот јужен град Мариупол. Медведчук (67) се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Тој беше во домашен притвор во главниот град Киев – но побегна набргу откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Откако беше повторно приведен од украинските сили, Киев соопшти дека го спречила обидот на Москва да го извлече од земјата. Западни медиуми јавија дека Путин е кум на ќерката на Медведчук, кого Украина го товари за предавство. Тој негира дека сторил нешто лошо.

The post Заробени Британци преку руска телевизија бараат да бидат разменети за Медведчук appeared first on Република.

]]>
Украина му го заплени целиот имот на кумашинот на Путин во земјата https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-mu-go-zapleni-celiot-imot-na-kumashinot-na-putin-vo-zemjata/ Thu, 14 Apr 2022 08:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=488247

Државното биро за истраги на Украина соопшти дека се конфискувани станови, куќи, автомобили и земјиште во сопственост на шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа - за живот“ Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко.

Во соопштението се наведува дека Окружниот суд во Лавов, на предлог на Државното истражно биро и на Јавното обвинителство, запленил уште 154 предмети од движен и недвижен имот на украинскиот пратеник Виктор Медведчук и неговата сопруга.

Државното биро за истраги прецизира дека се запленети 26 автомобили, 30 парцели, 23 куќи, 32 стана, 17 паркинг места и една моторна јахта. Запленет е и уделот во капиталот на 25 компании, сопственост на Медведчук или неговата сопруга.

Шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Иван Баканов, во вторникот вечерта потврди дека е уапсен пратеникот и шеф на политичкиот совет на партијата „Опозициска платформа - За живот, Виктор Медведчук“.

https://republika.mk/vesti/balkan/ima-liftovi-teretana-i-bazen-jahtata-na-kumashinot-na-putin-e-zapleneta-vo-hrvatska/

The post Украина му го заплени целиот имот на кумашинот на Путин во земјата appeared first on Република.

]]>

Државното биро за истраги на Украина соопшти дека се конфискувани станови, куќи, автомобили и земјиште во сопственост на шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа - за живот“ Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко. Во соопштението се наведува дека Окружниот суд во Лавов, на предлог на Државното истражно биро и на Јавното обвинителство, запленил уште 154 предмети од движен и недвижен имот на украинскиот пратеник Виктор Медведчук и неговата сопруга. Државното биро за истраги прецизира дека се запленети 26 автомобили, 30 парцели, 23 куќи, 32 стана, 17 паркинг места и една моторна јахта. Запленет е и уделот во капиталот на 25 компании, сопственост на Медведчук или неговата сопруга. Шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Иван Баканов, во вторникот вечерта потврди дека е уапсен пратеникот и шеф на политичкиот совет на партијата „Опозициска платформа - За живот, Виктор Медведчук“. https://republika.mk/vesti/balkan/ima-liftovi-teretana-i-bazen-jahtata-na-kumashinot-na-putin-e-zapleneta-vo-hrvatska/

The post Украина му го заплени целиот имот на кумашинот на Путин во земјата appeared first on Република.

]]>
Украинците го заробија и кумашинот на Путин https://republika.mk/vesti/svet/ukraincite-go-zarobija-i-kumashinot-na-putin/ Tue, 12 Apr 2022 20:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=487544

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Фејсбук објави дека тајните служби го фатиле кумашинот на Путин во Украина, Виктор Медведчук. Путин е кум на неговата најмлада ќерка Дарја. Инаку, Медведчук е еден од најбогатите луѓе во Украина, а Форбс неговото богатство се проценува на 620 милиони долари.

Украинските власти го сомничат за Медведчук за велепредавство и за обиди за грабеж на националните ресурси на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

The post Украинците го заробија и кумашинот на Путин appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Фејсбук објави дека тајните служби го фатиле кумашинот на Путин во Украина, Виктор Медведчук. Путин е кум на неговата најмлада ќерка Дарја. Инаку, Медведчук е еден од најбогатите луѓе во Украина, а Форбс неговото богатство се проценува на 620 милиони долари. Украинските власти го сомничат за Медведчук за велепредавство и за обиди за грабеж на националните ресурси на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

The post Украинците го заробија и кумашинот на Путин appeared first on Република.

]]>