Виктор Грозданов Archives - Република https://republika.mk/tema/viktor-grozdanov/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 09:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Виктор Грозданов Archives - Република https://republika.mk/tema/viktor-grozdanov/ 32 32 Обединети гробари, против ЕУ и НАТО https://republika.mk/vesti/ekonomija/obedineti-grobari-protiv-eu-i-nato/ Fri, 13 Oct 2023 08:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=690772

Крај на колумната

За жал, денес Македонија е заложник на ликови, како што е и министерката Шукова, којашто, за жал, не само што од рудници не знае ниту „р“, туку како по Павлов рефлекс е анблок против рудници. И тој свој став упорно го брани по медиумите. А јас, не би бил Виктор ако не би сакал на ТВ дуел, ем да ја критикувам, ем да ѝ помогнам да не тресе зелени. Не заради друго, туку заради тоа што им посакувам добрина и на моите, но и на сите други деца во Македонија.

Еве, конкретна понуда до неа. Подготвен сум во интерес на иднината на сите граѓани да ѝ ги расветлам сите нејзини и заблудите на нејзината Влада, која под притисок на лажни еко-активисти се пишмани. Нека избере ТВ станица која ја покрива терестријално целата територија на Македонија, нека дојде ако треба и со сите вработени во министерството, а јас ќе дојдам сам. Ама со книгата на Ванчо Чифлиганец под мишка. Да поразговараме за рударството во минатото, сегашноста ииднината на Македонија и за нејзината компарација за рудниците дека се тешка металична индустрија. Еве, и од старт најавувам каде ќе ја критикувам. Прво ќе почнеме со 8-те стадиуми за отворање на рудник. Нека знае каде ќе ја потфатам на прва. Баш за 8-от. За пошумувањето на рудникот.

Нека собере храброст и нека повели. За другите делови само сум разочаран една министерка за животна средина да не ја разбира следнава поента на Иво Андриќ:

„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку недостасува.“

Да живее Македонија!

Почеток на колумната

Македонија може да напредува само со комплетна индустријализација и така да ја сопре сопствената економска пропаст. Апсолутно ги разбирам ликовите кои од клиентелистички побуди прифаќаат лажно да се претставуваат како Еко активисти кои се свесни или несвесни дека всушност одработуваат за економската пропаст на државата, туку ми е многу криво што во високите позиции во општеството на различни политички власти во последниве 15 години има луѓе кои свесно работат на финансиско разнебитување на Македонија. Сакаат едноставно да нѐ стават во стечај. И овие скриени личности ви се претставуваат како академици, професори, политичари, аналитичари, новинари итн, а впрочем се „Сеачи на страв“. Играат на картата емоција. А емоцијата е најбитната алатка во Македонија од која излага несекојдневниот израз познат само за овие простори: ИНАЕТ.

Морам да признаам, мошне умно. Ама инаетот има две страни. Е на едната страна сум јас и оние кои промовираат Индустријализација преку Металургија која ќе го користи своето природно богатство на металична руда во вредност од 18 милијарди евра и ќе го зголеми преку екстрактива и преработувачка металургија на 70 милијарди евра. Има да се направи инвестициски фронт за производство до последен штраф, а ископан и истопен во Македонија.

За жал, моменталната вистина е следна, а ние нормалните ќе ја смениме.

Иво Андриќ некогаш кажал: „Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне“. Така и една г-ѓа Милена Зафирова, која вели за себеси дека е еко-активист на некоја организација, заборава дека вистината е шило. – Ова последново морав да го кажам зошто ми става на товар дека Никола Груевски ме инспирирал за моите рударски текстовим и тоа финансиски. – За Милена мене ми е многу жал што не ја примиле во рудникот Иловица-Штука каде аплицирала како археолог. Исто така, ми е жал што нејзиниот татко е на многу слики со некогашниот директор Стив Шарп на Иловица-Штука и сега не е ангажиран.

Исто така, многу ми е жал и затоа што на оваа девојка „ѝ вадат“ муабет за следниве работи, за кои ѝ должи одговори на јавноста, особено на оние искрени луѓе кои со умисла се оставени да живеат во страв дека некој навистина ќе ги труе нив и нивните деца:

1. Дали организирала протести и плаќала по 1.500 денари и сендвич?
2. Дали собирала пари од оние кои во туѓина со тешки маки го вадат лебот и наводно
после ги трошела на разни туристички дестинации?
3. Точно ли е дека нејзината мајка била директор во некое комунално претпријатие
(Огражден, во Општина Босилово)?
4. Дали е вистина дека во истото претпријатие направила штета од 300.000 евра?

И, не ми е жал само за неа, туку и за другите. Еве, Анџел Наков ја бранел Гевгелија. Па тој е виц. Наводно реализирал гринфилд инвестиција од 19,1 милиони евра, ама почнала стечајна постапка во траење од 7 години за долгови во вредност од 3 милиони евра. Доверителите со стечаецот Макревски го продале договорот за 350.000 евра и, види чудом Анџел вика:

Алал да им е, и јас се сложувам и само да кажам дека мора веднаш да исплатат 2 милиони за столбовите и жичницата. Чуден домаќински пристап, нели?

И веднаш, Владата е крива! Не му го направила патот зошто ќе се отвораат рудници. Анџел облече одора на жртва. А зошто поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов вели дека во „Ски Кожув“ сѐ се правело „на ура“, „на ѓутуре“, без да се седне со стручни лица итн?

Изгледа дека со Борко Андреев како поранешен министер за стопанство од ДА на Васил Тупурковски ќе имаме одличен разговор на тема:

Анџел Наков. Сега ќе го боли, ама така е кога не размисли подобро пред да пласира грст навреди кон оние кои мислат поинаку.

Овие познаниците кои во една од претходните мои колумни ги споменав, кои живееле во Русија и многу добро ги познаваат тамошните околности, во неврзан разговор, ми велатбима едно златно правило кое мора да го знаат сите што си фатиле работа со нив. Можеш да им ветиш на Русите дека ќе исполниш една задача, може и пари однапред да им земеш, ама ако се дрзнеш да ги излажеш и да не го испорачаш ветеното, е тогаш има да има сериозни последици. Додека не се порамнат Русите не престануваат! Нека му ја мислат овие лажните еко-активисти. И да не се чудите што панично се поставуваат рокови во кои Владата според нив ќе морала да ги одземе концесиите за рударскиот комплекс Иловица – Штука. Им гори под нозете.

Како и да е, мене ме интересира само една работа. Наредбодавците на т.н екологисти мора да бидат разоткриени зошто зад тоа стојат финансиски и политички интереси. Овие интереси кочат сериозен финансиски развој кој можеме да го исполниме само преку западните сили. Источните се заглавени во Сан Стефанскиот договор.

Кои се финансиските интереси. Многу едноставно е, ако ја читаш нормално стратегијата на МАНУ и книгата на Ванчо Чифлиганец која е со мотото: „Можеш и ти, само делата се вистина“, разбираш кој зборува вистина,а кој лаже. Дел од МАНУ избира да манипулира во корист на Бучим, а Чифлиганец си ја кажува вистината.

Ај компарациите да идат вака. Прво со Чифлиганец, па со делот од МАНУ. Во своите сведоштва Чифлиганец навел како поделил К-15 на рударите за да можат да одат на одмор. Испратил свои луѓе од доверба (Лазе и Дени) во топилницата Бор, да земат 2 прачки злато од по 12 и пол килограми. И додава:

„Наше бучимско злато“ и тоа во трезорот на „Голд Мак“

И откако премиерот Никола Кљусев донел одлука македонското злато да остане во РМ, бучимските рудари го произвеле првото злато за трезорот наНБРМ и ја произведувале ………! Златото регуларно платено од Народна банка.

МАНУ во својата „Стратегија за геолошко истражување и одржливо истражување и експлоатцаија на минерални суровини во Македонија од 2025/2045“ вели дека „БУЧИМ Е РУДНИК САМО ЗА БАКАР“. Ова не знае да го напише Коцарев, Беџети, Камбовски, Таки Фити итн, ова може да го напише само Блажо Боев, дописен член на МАНУ, професор по геологија (петрологија, геохемија и минерологија), професор и ректор на Универзитет Гоце Делчев во Штип.

Па добро, бре, Блажо, каде е златото? Да не исчезна случајно? Еве му предлагам на „Блажо Академико“, заедно со неговиот школски другар до 8-мо одделение, а мене еден од најомилените професори и поранешен декан на ТМФм проф. Др Александар Димитров (меѓу сите металурзи, студенти или инженери, познат како Аце Брада) да го извадиме уредот („Атомецот“) за мерење и да утврдиме заедно каков е составот на метали во концентратот што се изнесува од Рудникот Бучим, ама и Боров Дол? Во ова испитување задолжително да учествува Државниот пазарен инспекторат? Да ја направиме контролата во следниве 365 дена.

Стратегијата на МАНУ и поврзаноста на „Блажо Академико“ ќе ја образложам во некои од следните колумни.


Пишува: Виктор Грозданов
Целата колумна прочитајте ја на Нетпрес.мк


Ставовите искажани во колумната се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Обединети гробари, против ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>

Крај на колумната За жал, денес Македонија е заложник на ликови, како што е и министерката Шукова, којашто, за жал, не само што од рудници не знае ниту „р“, туку како по Павлов рефлекс е анблок против рудници. И тој свој став упорно го брани по медиумите. А јас, не би бил Виктор ако не би сакал на ТВ дуел, ем да ја критикувам, ем да ѝ помогнам да не тресе зелени. Не заради друго, туку заради тоа што им посакувам добрина и на моите, но и на сите други деца во Македонија. Еве, конкретна понуда до неа. Подготвен сум во интерес на иднината на сите граѓани да ѝ ги расветлам сите нејзини и заблудите на нејзината Влада, која под притисок на лажни еко-активисти се пишмани. Нека избере ТВ станица која ја покрива терестријално целата територија на Македонија, нека дојде ако треба и со сите вработени во министерството, а јас ќе дојдам сам. Ама со книгата на Ванчо Чифлиганец под мишка. Да поразговараме за рударството во минатото, сегашноста ииднината на Македонија и за нејзината компарација за рудниците дека се тешка металична индустрија. Еве, и од старт најавувам каде ќе ја критикувам. Прво ќе почнеме со 8-те стадиуми за отворање на рудник. Нека знае каде ќе ја потфатам на прва. Баш за 8-от. За пошумувањето на рудникот. Нека собере храброст и нека повели. За другите делови само сум разочаран една министерка за животна средина да не ја разбира следнава поента на Иво Андриќ:
„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку недостасува.“
Да живее Македонија! Почеток на колумната Македонија може да напредува само со комплетна индустријализација и така да ја сопре сопствената економска пропаст. Апсолутно ги разбирам ликовите кои од клиентелистички побуди прифаќаат лажно да се претставуваат како Еко активисти кои се свесни или несвесни дека всушност одработуваат за економската пропаст на државата, туку ми е многу криво што во високите позиции во општеството на различни политички власти во последниве 15 години има луѓе кои свесно работат на финансиско разнебитување на Македонија. Сакаат едноставно да нѐ стават во стечај. И овие скриени личности ви се претставуваат како академици, професори, политичари, аналитичари, новинари итн, а впрочем се „Сеачи на страв“. Играат на картата емоција. А емоцијата е најбитната алатка во Македонија од која излага несекојдневниот израз познат само за овие простори: ИНАЕТ. Морам да признаам, мошне умно. Ама инаетот има две страни. Е на едната страна сум јас и оние кои промовираат Индустријализација преку Металургија која ќе го користи своето природно богатство на металична руда во вредност од 18 милијарди евра и ќе го зголеми преку екстрактива и преработувачка металургија на 70 милијарди евра. Има да се направи инвестициски фронт за производство до последен штраф, а ископан и истопен во Македонија. За жал, моменталната вистина е следна, а ние нормалните ќе ја смениме. Иво Андриќ некогаш кажал: „Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне“. Така и една г-ѓа Милена Зафирова, која вели за себеси дека е еко-активист на некоја организација, заборава дека вистината е шило. – Ова последново морав да го кажам зошто ми става на товар дека Никола Груевски ме инспирирал за моите рударски текстовим и тоа финансиски. – За Милена мене ми е многу жал што не ја примиле во рудникот Иловица-Штука каде аплицирала како археолог. Исто така, ми е жал што нејзиниот татко е на многу слики со некогашниот директор Стив Шарп на Иловица-Штука и сега не е ангажиран. Исто така, многу ми е жал и затоа што на оваа девојка „ѝ вадат“ муабет за следниве работи, за кои ѝ должи одговори на јавноста, особено на оние искрени луѓе кои со умисла се оставени да живеат во страв дека некој навистина ќе ги труе нив и нивните деца: 1. Дали организирала протести и плаќала по 1.500 денари и сендвич? 2. Дали собирала пари од оние кои во туѓина со тешки маки го вадат лебот и наводно после ги трошела на разни туристички дестинации? 3. Точно ли е дека нејзината мајка била директор во некое комунално претпријатие (Огражден, во Општина Босилово)? 4. Дали е вистина дека во истото претпријатие направила штета од 300.000 евра? И, не ми е жал само за неа, туку и за другите. Еве, Анџел Наков ја бранел Гевгелија. Па тој е виц. Наводно реализирал гринфилд инвестиција од 19,1 милиони евра, ама почнала стечајна постапка во траење од 7 години за долгови во вредност од 3 милиони евра. Доверителите со стечаецот Макревски го продале договорот за 350.000 евра и, види чудом Анџел вика:
Алал да им е, и јас се сложувам и само да кажам дека мора веднаш да исплатат 2 милиони за столбовите и жичницата. Чуден домаќински пристап, нели?
И веднаш, Владата е крива! Не му го направила патот зошто ќе се отвораат рудници. Анџел облече одора на жртва. А зошто поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов вели дека во „Ски Кожув“ сѐ се правело „на ура“, „на ѓутуре“, без да се седне со стручни лица итн? Изгледа дека со Борко Андреев како поранешен министер за стопанство од ДА на Васил Тупурковски ќе имаме одличен разговор на тема:
Анџел Наков. Сега ќе го боли, ама така е кога не размисли подобро пред да пласира грст навреди кон оние кои мислат поинаку.
Овие познаниците кои во една од претходните мои колумни ги споменав, кои живееле во Русија и многу добро ги познаваат тамошните околности, во неврзан разговор, ми велатбима едно златно правило кое мора да го знаат сите што си фатиле работа со нив. Можеш да им ветиш на Русите дека ќе исполниш една задача, може и пари однапред да им земеш, ама ако се дрзнеш да ги излажеш и да не го испорачаш ветеното, е тогаш има да има сериозни последици. Додека не се порамнат Русите не престануваат! Нека му ја мислат овие лажните еко-активисти. И да не се чудите што панично се поставуваат рокови во кои Владата според нив ќе морала да ги одземе концесиите за рударскиот комплекс Иловица – Штука. Им гори под нозете. Како и да е, мене ме интересира само една работа. Наредбодавците на т.н екологисти мора да бидат разоткриени зошто зад тоа стојат финансиски и политички интереси. Овие интереси кочат сериозен финансиски развој кој можеме да го исполниме само преку западните сили. Источните се заглавени во Сан Стефанскиот договор. Кои се финансиските интереси. Многу едноставно е, ако ја читаш нормално стратегијата на МАНУ и книгата на Ванчо Чифлиганец која е со мотото: „Можеш и ти, само делата се вистина“, разбираш кој зборува вистина,а кој лаже. Дел од МАНУ избира да манипулира во корист на Бучим, а Чифлиганец си ја кажува вистината. Ај компарациите да идат вака. Прво со Чифлиганец, па со делот од МАНУ. Во своите сведоштва Чифлиганец навел како поделил К-15 на рударите за да можат да одат на одмор. Испратил свои луѓе од доверба (Лазе и Дени) во топилницата Бор, да земат 2 прачки злато од по 12 и пол килограми. И додава:
„Наше бучимско злато“ и тоа во трезорот на „Голд Мак“
И откако премиерот Никола Кљусев донел одлука македонското злато да остане во РМ, бучимските рудари го произвеле првото злато за трезорот наНБРМ и ја произведувале ………! Златото регуларно платено од Народна банка. МАНУ во својата „Стратегија за геолошко истражување и одржливо истражување и експлоатцаија на минерални суровини во Македонија од 2025/2045“ вели дека „БУЧИМ Е РУДНИК САМО ЗА БАКАР“. Ова не знае да го напише Коцарев, Беџети, Камбовски, Таки Фити итн, ова може да го напише само Блажо Боев, дописен член на МАНУ, професор по геологија (петрологија, геохемија и минерологија), професор и ректор на Универзитет Гоце Делчев во Штип. Па добро, бре, Блажо, каде е златото? Да не исчезна случајно? Еве му предлагам на „Блажо Академико“, заедно со неговиот школски другар до 8-мо одделение, а мене еден од најомилените професори и поранешен декан на ТМФм проф. Др Александар Димитров (меѓу сите металурзи, студенти или инженери, познат како Аце Брада) да го извадиме уредот („Атомецот“) за мерење и да утврдиме заедно каков е составот на метали во концентратот што се изнесува од Рудникот Бучим, ама и Боров Дол? Во ова испитување задолжително да учествува Државниот пазарен инспекторат? Да ја направиме контролата во следниве 365 дена. Стратегијата на МАНУ и поврзаноста на „Блажо Академико“ ќе ја образложам во некои од следните колумни.
Пишува: Виктор Грозданов Целата колумна прочитајте ја на Нетпрес.мк

Ставовите искажани во колумната се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Обединети гробари, против ЕУ и НАТО appeared first on Република.

]]>
Грозданов: „Рудник“ секогаш асоцира на богатство, ама не сите и посакуваат богатство на нашата земја https://republika.mk/vesti/ekonomija/grobari-na-makedonija-zhivotot-i-rudarstvoto/ Thu, 05 Oct 2023 11:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=688155

Поимот „РУДНИК“ секогаш асоцира на богатство, но не сите луѓе и посакуваат богатство на нашата земја. Некои, сакаат лично богатство на сметка на сигурниот развој на државата и затоа ја имаат измислено вештата измама наречена „Рудници на смртта“, пишува во својата најнова колумна Виктор Грозданов, аналитичар и металуршки инженер.

Покрај измислената кованица „Рудници на смртта“, лажните еко активнисти во нивните написи се служат и со закани, пишува Грозданов кој истовремено пренесува и дел од нивните написи.

„Наместо некој да го елиминира народот во струмичко, ние најсоодветно ќе ги елиминираме сите што ќе пробаат да отворат рудник, особено што ќе тргнеме од локалните скриени инвеститори на кои им се гледа профит од багери, камиони и удели во рудникот!“...., пишуваат таканаречените екоактивисти. Токму ваквите писанија на активистите од „Здрава Котлина“ според Грозданов по сите светски стандарди и дефиниции се софистицирани електронски закани кон трети лица, за што тој соодветно ќе реагира.

„Да бидеме на чисто. Ваков тип на закани користи само една земја на светот. Ниту една друга. Само оние кои живееле и работеле таму, а токму такви луѓе го потврдија мојот сомнеж дека станува збор за закана, која можеби е имитација и злоупотребена или пак вистинска. Значи, јас сум принуден да делувам во две насоки: Прво - Информирање на сите амбасади за заканите, со посебен акцент првенствено на Руската федерација, Велика Британија, САД и ЕУ. Со една причина. Да им покажам на нарачателите дека не само што не сум корумпиран колумнист, туку не сум ни глупав. Второ- Соработка со сите Државни институции“, пишува Грозданов.

Освен заканите, овие активисти кои немаат никаква конекција со екологијата, пишува Грозданов пласираат и големи измами во врска со рудикот Иловица-Штука.

„Најголемата измама на овие неколкумина лажни еко активисти е дека ќе има 5 сантиметри прашина низ целата Струмичка Котлина од рудникот Иловица. Па, во прашината е металот. Нема таков технолошки процес кој еден металург би го дозволил за да му избега прашината врз полето. Па токму заради тоа се бара рударска вода за запрашување и задржување на прашината и таа истата мора да ги задоволи пред се човековите потреби“, потенцира Грозданов. Грозданов исто така тврди дека токму Бучим својот концентрат од флотациската постројка го транспортира со камиони преку Радовиш-Струмица-Босилови-Ново Село – Петрич до топилницата во Пирдоп (Р. Бугарија) и прашува зошто за ова молчат еко активистите.

„Но најинтересно е дека еко активистите молчат. Не им сметаат камионите. Па нели ќе се борите против приватните интереси, камиони и багери“, вели Грозданов и отвара неколку дилеми до Николајчо Николов (некогашниот директор на Бучим).

„Дали се вистинити следниве факти, на кои ние слободоумните имаме право да поставиме отворено прашања, а се во интерес на заштита на интересот на Македонија и сите нејзини граѓани: Дали Николајчо Николов од позиција директор на рудникот Бучим и претседател на Македонската Асоцијација за Рудурство (МАР) има интервенирано (со сите расположиви средства посебно финансиско лобирање) во сите законски решенија и стратегии за искористување на минерални суровини да биде нотирано дека во Македонија може да постои само еден рудник за експлоатација на стратешката руда Бакар, а тоа е Бучим? Дали Николајчо Николов има поднесено предлог Бучим во помали наоѓалишта за Бакар кои се наоѓаат на самата граница со Бугарија да изврши директно инјектирано лужење со сулфурна киселина во почвата, со што веднаш би се случило загадување на подземните води во Бугарија, и тоа да биде искористено како аргумент плус на тогашните власти кај нашиот источен сосед да уценуваат во добрососедските преговори со Македонија? Дали е точно дека расположивите научници ја предупредиле тогашната Влада да не влегува во такви еколошко – политички авантури?“ прашува Грозданов во својата најнова колумна.

Пишува: Виктор Грозданов

Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Грозданов: „Рудник“ секогаш асоцира на богатство, ама не сите и посакуваат богатство на нашата земја appeared first on Република.

]]>

Поимот „РУДНИК“ секогаш асоцира на богатство, но не сите луѓе и посакуваат богатство на нашата земја. Некои, сакаат лично богатство на сметка на сигурниот развој на државата и затоа ја имаат измислено вештата измама наречена „Рудници на смртта“, пишува во својата најнова колумна Виктор Грозданов, аналитичар и металуршки инженер. Покрај измислената кованица „Рудници на смртта“, лажните еко активнисти во нивните написи се служат и со закани, пишува Грозданов кој истовремено пренесува и дел од нивните написи. „Наместо некој да го елиминира народот во струмичко, ние најсоодветно ќе ги елиминираме сите што ќе пробаат да отворат рудник, особено што ќе тргнеме од локалните скриени инвеститори на кои им се гледа профит од багери, камиони и удели во рудникот!“...., пишуваат таканаречените екоактивисти. Токму ваквите писанија на активистите од „Здрава Котлина“ според Грозданов по сите светски стандарди и дефиниции се софистицирани електронски закани кон трети лица, за што тој соодветно ќе реагира. „Да бидеме на чисто. Ваков тип на закани користи само една земја на светот. Ниту една друга. Само оние кои живееле и работеле таму, а токму такви луѓе го потврдија мојот сомнеж дека станува збор за закана, која можеби е имитација и злоупотребена или пак вистинска. Значи, јас сум принуден да делувам во две насоки: Прво - Информирање на сите амбасади за заканите, со посебен акцент првенствено на Руската федерација, Велика Британија, САД и ЕУ. Со една причина. Да им покажам на нарачателите дека не само што не сум корумпиран колумнист, туку не сум ни глупав. Второ- Соработка со сите Државни институции“, пишува Грозданов. Освен заканите, овие активисти кои немаат никаква конекција со екологијата, пишува Грозданов пласираат и големи измами во врска со рудикот Иловица-Штука. „Најголемата измама на овие неколкумина лажни еко активисти е дека ќе има 5 сантиметри прашина низ целата Струмичка Котлина од рудникот Иловица. Па, во прашината е металот. Нема таков технолошки процес кој еден металург би го дозволил за да му избега прашината врз полето. Па токму заради тоа се бара рударска вода за запрашување и задржување на прашината и таа истата мора да ги задоволи пред се човековите потреби“, потенцира Грозданов. Грозданов исто така тврди дека токму Бучим својот концентрат од флотациската постројка го транспортира со камиони преку Радовиш-Струмица-Босилови-Ново Село – Петрич до топилницата во Пирдоп (Р. Бугарија) и прашува зошто за ова молчат еко активистите. „Но најинтересно е дека еко активистите молчат. Не им сметаат камионите. Па нели ќе се борите против приватните интереси, камиони и багери“, вели Грозданов и отвара неколку дилеми до Николајчо Николов (некогашниот директор на Бучим). „Дали се вистинити следниве факти, на кои ние слободоумните имаме право да поставиме отворено прашања, а се во интерес на заштита на интересот на Македонија и сите нејзини граѓани: Дали Николајчо Николов од позиција директор на рудникот Бучим и претседател на Македонската Асоцијација за Рудурство (МАР) има интервенирано (со сите расположиви средства посебно финансиско лобирање) во сите законски решенија и стратегии за искористување на минерални суровини да биде нотирано дека во Македонија може да постои само еден рудник за експлоатација на стратешката руда Бакар, а тоа е Бучим? Дали Николајчо Николов има поднесено предлог Бучим во помали наоѓалишта за Бакар кои се наоѓаат на самата граница со Бугарија да изврши директно инјектирано лужење со сулфурна киселина во почвата, со што веднаш би се случило загадување на подземните води во Бугарија, и тоа да биде искористено како аргумент плус на тогашните власти кај нашиот источен сосед да уценуваат во добрососедските преговори со Македонија? Дали е точно дека расположивите научници ја предупредиле тогашната Влада да не влегува во такви еколошко – политички авантури?“ прашува Грозданов во својата најнова колумна.
Пишува: Виктор Грозданов

Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Грозданов: „Рудник“ секогаш асоцира на богатство, ама не сите и посакуваат богатство на нашата земја appeared first on Република.

]]>
Грозданов: Брзо се дознава кои се интересите на „еко-лажњаците“ против рудникот во Иловица https://republika.mk/vesti/ekonomija/grozdanov-brzo-se-doznava-koi-se-interesite-na-eko-lazhnatsite-protiv-rudnikot-vo-ilovitsa/ Thu, 28 Sep 2023 11:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=686048

„Еколошки лажњаци“ и „Зелена мафија“ – вака аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов им се обраќа на еко-активистите кои бараа прекин на постапката за изградба на рудник за бакар во Иловица. Во последната колумна за Нетпрес, тој напиша дека овие активисти се добро обучени, пласираат манипулативни информации и креваат паника кај население.

- И замислете ги сега заканите. Дека рудниците ќе извршеле еко геноцид и затоа еко лажњаците нема да дозволат да биде отворен рудник на елегантен, ама неумолив начин без насилство. Ова не се зборови на активисти. Ова се зборови на интересџии. Кои интереси ги водат брзо се дознава. Еден таков пример е претходно прозваниот Мики Крстев кој очигледно револтиран што сум го спомнал ми одговара емотивно дека јас не сум знаел што е егзистенција со минимална плата. Ма немој? Искрено, и самиот знам дека е премногу „частење“ во две колумни по ред да се занимавам со ваков лик, но заради тоа што самиот, а богами и неговата партнерка, останати еко лажњаци кои се препознаа, упатија неколку суптилни закани кон мене, од „кикбокс пресметка“ и адвокатски дејствија, па затоа имам намера да им објаснам дека проценката им е погрешна. Јас не сум лажен. Сум поминал и сито и решето во животот. Од страв, за нивна несреќа, сум опериран одамна. Нивно право е да мислат дека некој ме купил (ако така им е полесно) арно ама нека не се лажат дека ќе ме уплашат и дека нема да го напишам и кажам тоа што го знам. Пораката до сите нив е, грешна Црква сте нашле за крстење. Многу не има, овој пат губите, истакна Грозданов.

Тој се осврна на економската исплатливост од постоењето на ваков рудник за бакар во Иловица, наспроти она што го тврдат дел од активистите.

- Овој Мики, кој веројатно заради возраста ја добил улогата на месинџер кој треба да создаде магла дека младите се против рударската индустрија, не уверува дека отворање на рудник е „луда идеја“ затоа што Струмичка котлина е загрозена, а истата ја рани Македонија. Значи, Струмичката котлина учествува со 11% во вкупното производство во гранката наречена земјоделие. Но, клучното прашање на кое Мики не одговара, е зошто тој лепчето не го вади во Струмичката котлина, туку во Комунална Хигиена Скопје? Нели е врвна манипулација да бараш земјоделците од Струмичко да се борат против „рудникот на смртта“, а Ти да си работиш во Скопје? Него, вака патем, дали Мики се вработил во Скопје преку политичката партија Левица? Ако е така, слушнал ли Димитар Апасиев за вработувањето на Мики, бидејќи едно од неговите стожерни програмски ветувања е вработување исклучиво преку оглас без никакви ургенции? Само да најавам дека заради правна хигиена Ана Марија Бранѓолица (односи со јавност во ЈП Комунална Хигиена Скопје) ќе добие серија прашања за тоа како се спроведува постапка за вработување во ова претпријатие, пишува Грозданов.
Според него, за нормален живот „се сите нормални прагматичари кои сакаат благодетите на Земјата да бидат рационални ползувани“. Тој додава дека доколку постои гранка која носи финансиски приходи, таа мора да се развива, а во случајот со Источна Македонија, како што дополни, таа гранка е бакарот.

Пишува: Виктор Грозданов

Целиот текст прочитајте го тука.


Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Грозданов: Брзо се дознава кои се интересите на „еко-лажњаците“ против рудникот во Иловица appeared first on Република.

]]>

„Еколошки лажњаци“ и „Зелена мафија“ – вака аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов им се обраќа на еко-активистите кои бараа прекин на постапката за изградба на рудник за бакар во Иловица. Во последната колумна за Нетпрес, тој напиша дека овие активисти се добро обучени, пласираат манипулативни информации и креваат паника кај население. - И замислете ги сега заканите. Дека рудниците ќе извршеле еко геноцид и затоа еко лажњаците нема да дозволат да биде отворен рудник на елегантен, ама неумолив начин без насилство. Ова не се зборови на активисти. Ова се зборови на интересџии. Кои интереси ги водат брзо се дознава. Еден таков пример е претходно прозваниот Мики Крстев кој очигледно револтиран што сум го спомнал ми одговара емотивно дека јас не сум знаел што е егзистенција со минимална плата. Ма немој? Искрено, и самиот знам дека е премногу „частење“ во две колумни по ред да се занимавам со ваков лик, но заради тоа што самиот, а богами и неговата партнерка, останати еко лажњаци кои се препознаа, упатија неколку суптилни закани кон мене, од „кикбокс пресметка“ и адвокатски дејствија, па затоа имам намера да им објаснам дека проценката им е погрешна. Јас не сум лажен. Сум поминал и сито и решето во животот. Од страв, за нивна несреќа, сум опериран одамна. Нивно право е да мислат дека некој ме купил (ако така им е полесно) арно ама нека не се лажат дека ќе ме уплашат и дека нема да го напишам и кажам тоа што го знам. Пораката до сите нив е, грешна Црква сте нашле за крстење. Многу не има, овој пат губите, истакна Грозданов. Тој се осврна на економската исплатливост од постоењето на ваков рудник за бакар во Иловица, наспроти она што го тврдат дел од активистите. - Овој Мики, кој веројатно заради возраста ја добил улогата на месинџер кој треба да создаде магла дека младите се против рударската индустрија, не уверува дека отворање на рудник е „луда идеја“ затоа што Струмичка котлина е загрозена, а истата ја рани Македонија. Значи, Струмичката котлина учествува со 11% во вкупното производство во гранката наречена земјоделие. Но, клучното прашање на кое Мики не одговара, е зошто тој лепчето не го вади во Струмичката котлина, туку во Комунална Хигиена Скопје? Нели е врвна манипулација да бараш земјоделците од Струмичко да се борат против „рудникот на смртта“, а Ти да си работиш во Скопје? Него, вака патем, дали Мики се вработил во Скопје преку политичката партија Левица? Ако е така, слушнал ли Димитар Апасиев за вработувањето на Мики, бидејќи едно од неговите стожерни програмски ветувања е вработување исклучиво преку оглас без никакви ургенции? Само да најавам дека заради правна хигиена Ана Марија Бранѓолица (односи со јавност во ЈП Комунална Хигиена Скопје) ќе добие серија прашања за тоа како се спроведува постапка за вработување во ова претпријатие, пишува Грозданов. Според него, за нормален живот „се сите нормални прагматичари кои сакаат благодетите на Земјата да бидат рационални ползувани“. Тој додава дека доколку постои гранка која носи финансиски приходи, таа мора да се развива, а во случајот со Источна Македонија, како што дополни, таа гранка е бакарот.
Пишува: Виктор Грозданов
Целиот текст прочитајте го тука.

Ставовите искажани во текстот се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

The post Грозданов: Брзо се дознава кои се интересите на „еко-лажњаците“ против рудникот во Иловица appeared first on Република.

]]>
Грозданов: Македонија е под силен налет на специјален центар од источна словенска култура https://republika.mk/vesti/ekonomija/grozdanov-makedonija-e-pod-silen-nalet-na-spetsijalen-tsentar-od-istochna-slovenska-kultura/ Sat, 23 Sep 2023 10:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=684338

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во најновата колумна за „Нетпрес“ ги нарече „зелена мафија“ еко-активистите кои протестираа против отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Тој во колумната најави дека ќе започне анализи што ќе ја разобличат, како што ја опиша, еколошката измама.

-Во наредниов период од неколку недели како што Ви ветив драги читатели ќе посветам внимание на тема непосредно врзана со моето образование како дипломиран инженер за екстрактивна металургија проткаено со професионалното минато, а тоа се медиумите. Мора да се обратам на здраво разумните луѓе во оваа Македонија дека сме под силен налет на специјален центар од источна словенска култура (ни се претставуваат како браќа), кој сака по секоја цена да ја разнебити оваа држава, која маченички сме ја стекнале и тоа само во еден правец, пишува Грозданов.

Без да наведе име на лицето за кое пишува тој вели дека екологисти од Скопје, со решено егзистенцијално прашање им кажуваат на струмичани дека земјоделието ќе пропадне ако рударскиот комплекс Иловица-Штука се изгради.

-Ни Струмица, ни котлина, ни Штука, важно тој си работи во Скопје и по налог на „Зелена Мафија“ и другите од центарот за разнебитување на Македонија е екологист од пристојна дистанца, кој треба по секоја цена да спречи долгорочен економски развој за регионот каде е роден. Е затоа се чувствувам повикан, како општествено одговорен човек, да дадам свој влог во разобличувањето на една еколошка измама, пишува Грозданов.

Според него, некој има интерес да не се реализира инвестицијата и оценува дека од таа причина има создадено екологисти „кои сите нормални би ги нарекле „Зелена Мафија“.

-Но, се удира врз најмилото и најсуштинското. Врз нашите деца и врз нашата определба Македонија. Едноставно да нема никој од нас кои со милениуми сме присутни. Да ја продадат и разнебитат оваа убавина Македонија и да Ве изманипулираат сите вас со нивните полтрони и еколошки „Вистински Лаги“ дека се живее од воздух. Ова е напад врз целата интелектуална сила без разлика дали станува збор за политичари, писатели, глумци, уметници, новинари или вистински научници и патриоти, пишува Грозданов во колумната.


The post Грозданов: Македонија е под силен налет на специјален центар од источна словенска култура appeared first on Република.

]]>

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во најновата колумна за „Нетпрес“ ги нарече „зелена мафија“ еко-активистите кои протестираа против отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Тој во колумната најави дека ќе започне анализи што ќе ја разобличат, како што ја опиша, еколошката измама.
-Во наредниов период од неколку недели како што Ви ветив драги читатели ќе посветам внимание на тема непосредно врзана со моето образование како дипломиран инженер за екстрактивна металургија проткаено со професионалното минато, а тоа се медиумите. Мора да се обратам на здраво разумните луѓе во оваа Македонија дека сме под силен налет на специјален центар од источна словенска култура (ни се претставуваат како браќа), кој сака по секоја цена да ја разнебити оваа држава, која маченички сме ја стекнале и тоа само во еден правец, пишува Грозданов.
Без да наведе име на лицето за кое пишува тој вели дека екологисти од Скопје, со решено егзистенцијално прашање им кажуваат на струмичани дека земјоделието ќе пропадне ако рударскиот комплекс Иловица-Штука се изгради.
-Ни Струмица, ни котлина, ни Штука, важно тој си работи во Скопје и по налог на „Зелена Мафија“ и другите од центарот за разнебитување на Македонија е екологист од пристојна дистанца, кој треба по секоја цена да спречи долгорочен економски развој за регионот каде е роден. Е затоа се чувствувам повикан, како општествено одговорен човек, да дадам свој влог во разобличувањето на една еколошка измама, пишува Грозданов.
Според него, некој има интерес да не се реализира инвестицијата и оценува дека од таа причина има создадено екологисти „кои сите нормални би ги нарекле „Зелена Мафија“.
-Но, се удира врз најмилото и најсуштинското. Врз нашите деца и врз нашата определба Македонија. Едноставно да нема никој од нас кои со милениуми сме присутни. Да ја продадат и разнебитат оваа убавина Македонија и да Ве изманипулираат сите вас со нивните полтрони и еколошки „Вистински Лаги“ дека се живее од воздух. Ова е напад врз целата интелектуална сила без разлика дали станува збор за политичари, писатели, глумци, уметници, новинари или вистински научници и патриоти, пишува Грозданов во колумната.

The post Грозданов: Македонија е под силен налет на специјален центар од источна словенска култура appeared first on Република.

]]>