Виктор Фридман Archives - Република https://republika.mk/tema/viktor-fridman/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 11:43:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Виктор Фридман Archives - Република https://republika.mk/tema/viktor-fridman/ 32 32 Фридман: Само во фашизмот кога Бугарите ја окупираа Македонија и ги тепаа децата што зборуваа македонски тој бил бугарски дијалект https://republika.mk/vesti/makedonija/fridman-samo-vo-fashizmot-koga-bugarite-ja-okupiraa-makedonija-i-gi-tepaa-detsata-shto-zboruvaa-makedonski-toj-bil-bugarski-dijalekt/ Wed, 09 Aug 2023 11:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=670371

Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои, и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година.

Професорот Фридман забележа дека повеќе од јасно е оти македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, од фонологија, преку морфологија, до лексика, синтакса...

Сличности има, но Швеѓаните и Норвежаните можат да се разбираат кога заедно се сретнуваат, а никој не кажува дека норвешки е шведски дијалект или обратно, нели. Во тоа е работата, дека скандинавците се многу понапреднати од Бугарите, изјави Фридман.

Професорот кој повеќе од 50 години го учи, истражува и зборува македонскиот јазик, рече дека воопшто немал претстава дека македонскиот јазик ќе предизвика проблеми какви што сега произлегуваат од соседите.

Како остар критичар на политиките на Бугарија кон Македонија во однос на македонскиот јазик, во една прилика тој ја оцени актуелната бугарска политика за фашистичка.

Да. Затоа што во времето на фашизам кога Бугарите ја окупирале Македонија и тоа беше окупација ги тепале децата коишто зборувале македонски...Тоа е фашизам. Во времето на фашизам македонски бил бугарски дијалект, сега што велат Бугарите за македонскиот јазик дека бил бугарски дијалект е исто како во фашистичкото време, рече тој.

Истовремено тој смета дека Европа е таа што треба да стави крај на сето тоа, а на Македонија да остане цврста во одбраната на посебноста на македонскиот јазик.

Кога станува збор за бугарските забелешки и оспорувања по однос некои од историските прашања, професорот нема намера да навлегува во историјата на средновековието како Цар Самуил, но цврст во одбраната на вистината кога станува збор за поновата историја.

Оваа работа со Цар Самоил е многу компликувана и јас нема да пипам во овие средновековни работи затоа што треба да се договорат историчарите што сакаат. Ама, кога се работи за Втората светска војна тогаш нема да мрднете од тоа што имаат направено Бугарите во времето на Втората светска војна, дециден е професорот Фридман.

The post Фридман: Само во фашизмот кога Бугарите ја окупираа Македонија и ги тепаа децата што зборуваа македонски тој бил бугарски дијалект appeared first on Република.

]]>

Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои, и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Професорот Фридман забележа дека повеќе од јасно е оти македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, од фонологија, преку морфологија, до лексика, синтакса...
Сличности има, но Швеѓаните и Норвежаните можат да се разбираат кога заедно се сретнуваат, а никој не кажува дека норвешки е шведски дијалект или обратно, нели. Во тоа е работата, дека скандинавците се многу понапреднати од Бугарите, изјави Фридман.
Професорот кој повеќе од 50 години го учи, истражува и зборува македонскиот јазик, рече дека воопшто немал претстава дека македонскиот јазик ќе предизвика проблеми какви што сега произлегуваат од соседите. Како остар критичар на политиките на Бугарија кон Македонија во однос на македонскиот јазик, во една прилика тој ја оцени актуелната бугарска политика за фашистичка.
Да. Затоа што во времето на фашизам кога Бугарите ја окупирале Македонија и тоа беше окупација ги тепале децата коишто зборувале македонски...Тоа е фашизам. Во времето на фашизам македонски бил бугарски дијалект, сега што велат Бугарите за македонскиот јазик дека бил бугарски дијалект е исто како во фашистичкото време, рече тој.
Истовремено тој смета дека Европа е таа што треба да стави крај на сето тоа, а на Македонија да остане цврста во одбраната на посебноста на македонскиот јазик. Кога станува збор за бугарските забелешки и оспорувања по однос некои од историските прашања, професорот нема намера да навлегува во историјата на средновековието како Цар Самуил, но цврст во одбраната на вистината кога станува збор за поновата историја.
Оваа работа со Цар Самоил е многу компликувана и јас нема да пипам во овие средновековни работи затоа што треба да се договорат историчарите што сакаат. Ама, кога се работи за Втората светска војна тогаш нема да мрднете од тоа што имаат направено Бугарите во времето на Втората светска војна, дециден е професорот Фридман.

The post Фридман: Само во фашизмот кога Бугарите ја окупираа Македонија и ги тепаа децата што зборуваа македонски тој бил бугарски дијалект appeared first on Република.

]]>
Академик Виктор Фридман добитник на Светската награда на хуманизмот https://republika.mk/vesti/kultura/akademik-viktor-fridman-dobitnik-na-svetskata-nagrada-na-humanizmot/ Mon, 07 Aug 2023 12:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=669643

Професор д-р Виктор Фридман од Универзитетот во Чикаго, САД, еден од најголемите американски и светски слависти е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во среда, 9 август во куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.

Како што е најавено, пригодни беседи за Фридман ќе одржат претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој, и ќе му ја врачи наградата на добитникот, во присуство меѓународна асемблеја од гости, меѓу кои се и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО.

Со своја беседа на присутните ќе се обрати и лауреатот Виктор Фридман.

Свечени обраќања ќе имаат и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и минатогодишниот добитник на Светската награда за хуманизам, академик Далимир Хајко од Братослава, Словачка.

Академик Фридман е седумнаесетти добитник, по ред, на ова признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците: Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги на тој начин, изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во рамките на овој свечен настан, ќе се одржи и Меѓународна конференција „Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, на која меѓу другите, ќе учествуваат и Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија и премиер на Италија, Жан Патрик Конрад, претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од „Империјал Колеџ” во Лондон, Велика Британија, Херта Милер, добитник на Нобеловата награда за книжевност, амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, Вида Огњановиќ, врвен книжевен и театарски деец од Србија.

Како што соопштија организаротие, со овој настан ќе се инаугурира и проектот за поставување на спомен-обележјето „Охрид Центар на Светскиот Хуманизам” за кое Советот на Општина Охрид донесе одлука да биде поставено во просторот Долна Порта, како единствено такво обележје во светот.

Идејата е на добитникот на Светската награда на хуманизмот, Светлин Русев од 2014 година, кој предложи пред Интернационалното жири на Охридската Академија на Хуманизмот, да се подигне ваков тип на обележје во Охрид, градот на УНЕСКО.

Светлин Русев почина во 2017 година, додека Охридската Академија на Хуманизмот се обрати до Жарко Башески, еден од најголемите скуптори во македонската современа уметност, кој го изработи спомен-обележјето како свој авторски проект.

Неговите дела се присутни во над 50 музеи на модерната уметност низ цела планета.

The post Академик Виктор Фридман добитник на Светската награда на хуманизмот appeared first on Република.

]]>

Професор д-р Виктор Фридман од Универзитетот во Чикаго, САД, еден од најголемите американски и светски слависти е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во среда, 9 август во куќата на Уранија на МАНУ во Охрид. Како што е најавено, пригодни беседи за Фридман ќе одржат претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој, и ќе му ја врачи наградата на добитникот, во присуство меѓународна асемблеја од гости, меѓу кои се и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО. Со своја беседа на присутните ќе се обрати и лауреатот Виктор Фридман. Свечени обраќања ќе имаат и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и минатогодишниот добитник на Светската награда за хуманизам, академик Далимир Хајко од Братослава, Словачка. Академик Фридман е седумнаесетти добитник, по ред, на ова признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците: Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги на тој начин, изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа. Во рамките на овој свечен настан, ќе се одржи и Меѓународна конференција „Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, на која меѓу другите, ќе учествуваат и Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија и премиер на Италија, Жан Патрик Конрад, претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од „Империјал Колеџ” во Лондон, Велика Британија, Херта Милер, добитник на Нобеловата награда за книжевност, амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, Вида Огњановиќ, врвен книжевен и театарски деец од Србија. Како што соопштија организаротие, со овој настан ќе се инаугурира и проектот за поставување на спомен-обележјето „Охрид Центар на Светскиот Хуманизам” за кое Советот на Општина Охрид донесе одлука да биде поставено во просторот Долна Порта, како единствено такво обележје во светот. Идејата е на добитникот на Светската награда на хуманизмот, Светлин Русев од 2014 година, кој предложи пред Интернационалното жири на Охридската Академија на Хуманизмот, да се подигне ваков тип на обележје во Охрид, градот на УНЕСКО. Светлин Русев почина во 2017 година, додека Охридската Академија на Хуманизмот се обрати до Жарко Башески, еден од најголемите скуптори во македонската современа уметност, кој го изработи спомен-обележјето како свој авторски проект. Неговите дела се присутни во над 50 музеи на модерната уметност низ цела планета.

The post Академик Виктор Фридман добитник на Светската награда на хуманизмот appeared first on Република.

]]>
Виктор Фридман е добитник на светската награда за хуманизам за 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/viktor-fridman-e-dobitnik-na-svetskata-nagrada-za-humanizam-za-2023-godina/ Tue, 06 Dec 2022 13:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=582554

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2023 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Виктор Фридман, лингвист од светско реноме, славист и македонист, професор на Универзитетот од Чикаго, САД.

Професорот Фридман е седумнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Фридман истакна: „Би сакал да Ви се заблагодарам што ми ја испративте одлуката на Меѓународното жири на Охридската академија на Хуманизам. Чест и задоволство ми е да ја прифатам номинацијата за оваа престижна награда и да се приклучам кон меѓународната плејада истакнати добитници од минатото, кои создадоа од оваа награда признание со кое се гледа со огромен респект насекаде во светот. “

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август, 2023 годнина, на празникот „Летен Св. Климент“, бидејќи во исто време на тој ден ќе биде свечено откриено Спомен-обележјето на плоштадот Долна порта во Охрид, чии што уметнички неимари се бугарскиот сликар Светлин Русев и македонскиот скулптор Жарко Башески.

Со тоа спомен обележје, на кое ќе бидат запишани сите досегашни добитници на Светската награда за хуманизам, ќе се изврши и прогласување на древниот Охрид и неговата милениумска историја во европската меморија за Центар на светскиот хуманизам.

Наградата на добитникот Фридман ќе му ја врачи Градоначалникот Кирил Пецаков, а потоа по беседата на Амбасадорот Плевнеш за исклучителното научно и хуманистичко дело на Фридман, лауреатот ќе ја изговори својата свечена беседа на благодарност.

На свеченоста на која ќе бидат поканети сите досегашни добитници, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО, свои пригодни обраќања ќе имаат Романо Проди, поранешен Претседател на Европската комисија и добитник на оваа награда, Жан-Патрик Конрад, од Империјал колеџот од Лондон, Претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, и германската нобеловка Херта Милер.

На свеченоста се очекува да присуствува и Генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, како и претседатели на интернационални културни и образовни фондации од Европа и светот.

Советниците на Општина Охрид предложија тој интернационален чин на прогласувањето на Охрид за Центар на свесткиот хуманизам да биде обележан и со „Патека на хуманизмот“ која ќе води од Долна порта до Св. Софија и на која ќе бидат поставени имињата на добитниците на Светката награда за хуманизам.

Во Куќата на УРАНИЈА на МАНУ ќе можат да бидат видени делата на лауреатите од сите меридијани и на тој начин достоинствено ќе биде одбрането престижното место на Охрид во светската цивилизација.

 

The post Виктор Фридман е добитник на светската награда за хуманизам за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2023 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Виктор Фридман, лингвист од светско реноме, славист и македонист, професор на Универзитетот од Чикаго, САД. Професорот Фридман е седумнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа. Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Фридман истакна: „Би сакал да Ви се заблагодарам што ми ја испративте одлуката на Меѓународното жири на Охридската академија на Хуманизам. Чест и задоволство ми е да ја прифатам номинацијата за оваа престижна награда и да се приклучам кон меѓународната плејада истакнати добитници од минатото, кои создадоа од оваа награда признание со кое се гледа со огромен респект насекаде во светот. “ Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август, 2023 годнина, на празникот „Летен Св. Климент“, бидејќи во исто време на тој ден ќе биде свечено откриено Спомен-обележјето на плоштадот Долна порта во Охрид, чии што уметнички неимари се бугарскиот сликар Светлин Русев и македонскиот скулптор Жарко Башески. Со тоа спомен обележје, на кое ќе бидат запишани сите досегашни добитници на Светската награда за хуманизам, ќе се изврши и прогласување на древниот Охрид и неговата милениумска историја во европската меморија за Центар на светскиот хуманизам. Наградата на добитникот Фридман ќе му ја врачи Градоначалникот Кирил Пецаков, а потоа по беседата на Амбасадорот Плевнеш за исклучителното научно и хуманистичко дело на Фридман, лауреатот ќе ја изговори својата свечена беседа на благодарност. На свеченоста на која ќе бидат поканети сите досегашни добитници, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО, свои пригодни обраќања ќе имаат Романо Проди, поранешен Претседател на Европската комисија и добитник на оваа награда, Жан-Патрик Конрад, од Империјал колеџот од Лондон, Претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, и германската нобеловка Херта Милер. На свеченоста се очекува да присуствува и Генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, како и претседатели на интернационални културни и образовни фондации од Европа и светот. Советниците на Општина Охрид предложија тој интернационален чин на прогласувањето на Охрид за Центар на свесткиот хуманизам да биде обележан и со „Патека на хуманизмот“ која ќе води од Долна порта до Св. Софија и на која ќе бидат поставени имињата на добитниците на Светката награда за хуманизам. Во Куќата на УРАНИЈА на МАНУ ќе можат да бидат видени делата на лауреатите од сите меридијани и на тој начин достоинствено ќе биде одбрането престижното место на Охрид во светската цивилизација.  

The post Виктор Фридман е добитник на светската награда за хуманизам за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Виктор Фридман: Ставот на БАН за непостоење на македонскиот јазик е враќање во времето на фашизмот! https://republika.mk/vesti/makedonija/viktor-fridman-stavot-na-ban-za-nepostoenje-na-makedonskiot-jazik-e-vrakjanje-vo-vremeto-na-fashizmot/ Mon, 30 May 2022 08:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=508618

Според американскиот проф. д-р Виктор Фридман, кој долги години е шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на чикашкиот универзитет и 30 години активно се бави со балканската лингвистика, ставот и заклучокот на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик не постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот!

Според лингвистот Фридман, негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти од страна на БАН е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија.

– Бугарите, освен краткотрајното признавање од 1946 до 1948 година, никогаш навистина не го признале македонскиот јазик и сметам дека сегашниот однос на нивната академија по ова прашање е враќање во 30-те и раните 40-ти години на минатиот век, значи времето на фашизмот, кога велеа дека нема македонски јазик, односно тој бил бугарски, изјави Фридман за Гласот на Америка.

Тој објаснува дека, иако на почетокот на 90-те години со признавањето на независноста на Република Македонија, Бугарија го признала официјалниот јазик на Република Македонја (а не македонскиот јазик), политиката на некои научни и политички кругови во земјата сѐ уште е поврзана со фашистичкиот период.

Сега, како што вели, ова е многу тешко да се промени, бидејќи Бугарија веќе е влезена во ЕУ.

Според Фридман, Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија и да немаше Преспански договор, Бугарите ќе седеа малку потивко, затоа што Македонија ќе немаше шанси да стане дел од Европа заради Грција.

Фридман вели дека Македонија е самостојна земја со самостоен јазик уште од 19 век, кога основоположникот Ѓорѓи Пулевски ги издвои македонските дијалекти од основната јазична база како поразлични од бугарските дијалекти од тој регион.

– Значи, иако тие јазици се многу блиски, сепак, се различни. Негирањето на македонскиот јазик и на македонските дијалкти е дел од политиката на негирањето на македонскиото малцинство во Бугарија, изјави Фридман.

The post Виктор Фридман: Ставот на БАН за непостоење на македонскиот јазик е враќање во времето на фашизмот! appeared first on Република.

]]>

Според американскиот проф. д-р Виктор Фридман, кој долги години е шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на чикашкиот универзитет и 30 години активно се бави со балканската лингвистика, ставот и заклучокот на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик не постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот! Според лингвистот Фридман, негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти од страна на БАН е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија.
– Бугарите, освен краткотрајното признавање од 1946 до 1948 година, никогаш навистина не го признале македонскиот јазик и сметам дека сегашниот однос на нивната академија по ова прашање е враќање во 30-те и раните 40-ти години на минатиот век, значи времето на фашизмот, кога велеа дека нема македонски јазик, односно тој бил бугарски, изјави Фридман за Гласот на Америка.
Тој објаснува дека, иако на почетокот на 90-те години со признавањето на независноста на Република Македонија, Бугарија го признала официјалниот јазик на Република Македонја (а не македонскиот јазик), политиката на некои научни и политички кругови во земјата сѐ уште е поврзана со фашистичкиот период. Сега, како што вели, ова е многу тешко да се промени, бидејќи Бугарија веќе е влезена во ЕУ. Според Фридман, Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија и да немаше Преспански договор, Бугарите ќе седеа малку потивко, затоа што Македонија ќе немаше шанси да стане дел од Европа заради Грција. Фридман вели дека Македонија е самостојна земја со самостоен јазик уште од 19 век, кога основоположникот Ѓорѓи Пулевски ги издвои македонските дијалекти од основната јазична база како поразлични од бугарските дијалекти од тој регион.
– Значи, иако тие јазици се многу блиски, сепак, се различни. Негирањето на македонскиот јазик и на македонските дијалкти е дел од политиката на негирањето на македонскиото малцинство во Бугарија, изјави Фридман.

The post Виктор Фридман: Ставот на БАН за непостоење на македонскиот јазик е враќање во времето на фашизмот! appeared first on Република.

]]>