ВИ Archives - Република https://republika.mk/tema/vi/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 20:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ВИ Archives - Република https://republika.mk/tema/vi/ 32 32 Гутереш: Вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата https://republika.mk/vesti/svet/guteresh-veshtachkata-inteligentsija-mozhe-da-pretstavuva-zakana-za-mirot-i-bezbednosta-na-planetata/ Tue, 18 Jul 2023 20:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=662873

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата и ги повика државите членки на ОН на итна примена на заштитни правни мерки за држење на технологијата под контрола.

Очигледно е дека вештачката интелигенција ќе остави влијание врз сите аспекти од нашиот живот, изјави тој денеска на седница на Советот за безбедност на ОН посветена на оваа тема.

Гутереш истакна дека ВИ може да помогне во запирање на сиромаштијата или да го излечи ракот. Но, технологиите поврзани со неа може да имаат „мошне сериозни последици за глобалниот мир и безбедноста“.

Министерот за надворешни работи на Велика Брианија, Џејмс Клеверли, изјави дека ВИ „ќе влијае на работата на овој Совет. Тој смета дека таа може да ја засили или наруши глобалната стратешка стабилност.

Таа е предизвик на нашите фундаментални претпоставки за одбрана и задржување. Таа става морални прашања за одговорноста за смртоносните одлуки на военото поле, изјави Клеверли.

Велика Британија моментално претседава со ротирачкиот Совет за безбедност. Кон крајот на годината таму се одржува самит за ВИ.

Гутереш се обрати до членките на ОН со молба до крајот на 2026 година да разработат правна обврзувачка рамка за „забрана на смртоносните автономни вооружени системи“.

The post Гутереш: Вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата и ги повика државите членки на ОН на итна примена на заштитни правни мерки за држење на технологијата под контрола. Очигледно е дека вештачката интелигенција ќе остави влијание врз сите аспекти од нашиот живот, изјави тој денеска на седница на Советот за безбедност на ОН посветена на оваа тема. Гутереш истакна дека ВИ може да помогне во запирање на сиромаштијата или да го излечи ракот. Но, технологиите поврзани со неа може да имаат „мошне сериозни последици за глобалниот мир и безбедноста“. Министерот за надворешни работи на Велика Брианија, Џејмс Клеверли, изјави дека ВИ „ќе влијае на работата на овој Совет. Тој смета дека таа може да ја засили или наруши глобалната стратешка стабилност. Таа е предизвик на нашите фундаментални претпоставки за одбрана и задржување. Таа става морални прашања за одговорноста за смртоносните одлуки на военото поле, изјави Клеверли. Велика Британија моментално претседава со ротирачкиот Совет за безбедност. Кон крајот на годината таму се одржува самит за ВИ. Гутереш се обрати до членките на ОН со молба до крајот на 2026 година да разработат правна обврзувачка рамка за „забрана на смртоносните автономни вооружени системи“.

The post Гутереш: Вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата appeared first on Република.

]]>
Маск: Кина е заинтересирана за утврдување меѓународни правила за ВИ https://republika.mk/vesti/svet/mask-kina-e-zainteresirana-za-utvrduvane-megunarodni-pravila-za-vi/ Thu, 13 Jul 2023 08:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=660736

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск верува дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција - ВИ, по дискусиите што ги имал со кинески високи претставници пред неколку недели. Ова Маск го објави на средба на „Твитер спејс“ со двајца американски конгресмени - демократот Ро Кана и републиканецот Мајк Галагер.

Маск пред неколку недели отпатува во Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има фабрика (погонот е во Шангај). Во Пекинг тој имал средба со министрите за надворешни работи, трговија и индустрија на Кина, како и со потпретседателот на кинеската Влада, Динг Шјуешјанг. По овие состаноци, Маск минатиот месец рече дека кинеските власти ќе се обидат да иницираат регулативи за ВИ во Кина.

Неколку држави размислуваат за поголема безбедност и како да ги ублажат опасностите од новата технологија, којашто бележи „бум“ во инвестициите и популарноста кај потрошувачите последниве месеци, по објавувањето на „Чет-ГПТ“ на „Опен-АИ“.

Револуционерноста на ВИ којашто може да создава текст, слики, видеа, и нејзиното можно влијание врз иднината се споредува со она на Интернетот.

The post Маск: Кина е заинтересирана за утврдување меѓународни правила за ВИ appeared first on Република.

]]>

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск верува дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција - ВИ, по дискусиите што ги имал со кинески високи претставници пред неколку недели. Ова Маск го објави на средба на „Твитер спејс“ со двајца американски конгресмени - демократот Ро Кана и републиканецот Мајк Галагер. Маск пред неколку недели отпатува во Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има фабрика (погонот е во Шангај). Во Пекинг тој имал средба со министрите за надворешни работи, трговија и индустрија на Кина, како и со потпретседателот на кинеската Влада, Динг Шјуешјанг. По овие состаноци, Маск минатиот месец рече дека кинеските власти ќе се обидат да иницираат регулативи за ВИ во Кина. Неколку држави размислуваат за поголема безбедност и како да ги ублажат опасностите од новата технологија, којашто бележи „бум“ во инвестициите и популарноста кај потрошувачите последниве месеци, по објавувањето на „Чет-ГПТ“ на „Опен-АИ“. Револуционерноста на ВИ којашто може да создава текст, слики, видеа, и нејзиното можно влијание врз иднината се споредува со она на Интернетот.

The post Маск: Кина е заинтересирана за утврдување меѓународни правила за ВИ appeared first on Република.

]]>
Откриена илегалната трговија со ВИ слики за сексуална злоупотреба на деца https://republika.mk/zivot/tehnologija/otkriena-ilegalnata-trgovija-so-vi-sliki-za-seksualna-zloupotreba-na-detsa/ Wed, 28 Jun 2023 08:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=655940

Педофилите користат технологија за вештачка интелигенција (ВИ) за да создадат и продаваат реалистични материјали за сексуална злоупотреба на деца, откри Би-Би-Си.

Некои луѓе пристапуваат до овие слики со плаќање претплата на популарни платформи за споделување содржини како Patreon. Patreon вели дека имаат нулта толеранција за таква содржина на нивната платформа.

Советот на началниците на националните полицајци во Британија изрази огорченост поради фактот што некои платформи остваруваат огромни профити, но не преземаат морална одговорност.

Креаторите и дистрибутерите на таква содржина користат софтвер со вештачка интелигенција наречен Stable Diffusion, кој првично беше наменет да генерира слики за уметност или графички дизајн.

Овој софтвер им овозможува на корисниците да ја опишат саканата слика со зборови или краток текст, а потоа програмата ја генерира врз основа на тој опис.

Но, Би-Би-Си откри дека софтверот се користи и за создавање реални слики за сексуална злоупотреба на деца, вклучително и силување на бебиња и малолетници.

Полициските тимови на Обединетото Кралство кои истражуваат онлајн злоупотреба на деца веќе се среќаваат со таква содржина.

Хонорарната истражувачка и новинарка Октавија Шеипшанкс ја истражува оваа тема веќе неколку месеци. Таа контактираше со Би-Би-Си преку детската добротворна организација NSPCC за да ги сподели своите наоди.

„Откако стана возможно да се генерираат слики со вештачка интелигенција, создаден е огромен бран. Не се работи само за многу мали девојчиња, педофилите зборуваат и за мали деца“, рече таа.

Компјутерски генерирана „псевдо-слика“ која прикажува детска порнографија се третира како вистинска, автентична и е нелегално да се поседува, објавува или пренесува во ОК.

Иан Кричли, шеф на Националниот совет за заштита на децата на полицијата, изјави дека би било погрешно да се тврди дека никој не е повреден бидејќи нема вистински деца на таквите слики генерирани со вештачка интелигенција.

Тој предупреди дека педофилот може „да напредува на размери на злосторства, од мисли, преку слики генерирани од вештачка интелигенција, па сè до злоупотреба на вистинско дете“.

Сликите на злоупотреба се споделуваат во три чекори: педофилите ја генерираат сликата со софтвер за вештачка интелигенција, потоа ја промовираат на платформи како што е јапонската страница за споделување фотографии Pixiv, а таквите врски водат до платформи за споделување содржини што се плаќа како што е Patreon.

Некои од креаторите на оваа содржина објавуваат слики на популарната јапонска платформа за социјални медиуми Pixiv, која главно се користи од уметници кои споделуваат манга и аниме.

Меѓутоа, бидејќи страницата е со седиште во Јапонија, каде што споделувањето сексуализирани цртежи и илустрации на деца не е нелегално, креаторите ја користат платформата за да ја промовираат својата работа преку групи и хаштагови кои индексираат теми користејќи клучни зборови.

Портпаролот на Pixiv рече дека компанијата придава големо значење на решавањето на овој проблем. На 31 мај, тие објавија дека ги забраниле сите фотореалистични прикази на сексуални содржини во кои се вклучени малолетници.

Компанијата соопшти дека проактивно ги зајакнува своите системи за следење и доделува значителни ресурси за борба против прашањата поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Octavia Sheepshanks изјави за Би-Би-Си дека нејзиното истражување сугерира дека корисниците произведуваат слики од злоупотреба на деца на индустриски размери.

„Волуменот е едноставно огромен, па тогаш овие креатори велат дека имаат за цел да направат најмалку 1.000 слики месечно“, рече таа.

Коментарите на корисниците на поединечни слики на Pixiv јасно покажуваат дека имаат сексуален интерес за деца, а некои корисници дури нудат слики и видеа на злоупотреба генерирани без вештачка интелигенција.

Octavia Sheepshanks следеше некои групи на оваа платформа.

„Во овие групи, кои можат да имаат до 100 членови, луѓето ќе споделуваат линкови до вистинска содржина. Најстрашните работи, не ни знаев дека има зборови за да опишат такви работи“, вели таа.

„Ние силно ги поддржуваме напорите за спроведување на законот против оние кои ги злоупотребуваат нашите производи за нелегални или злонамерни цели.

Со оглед на брзиот развој на вештачката интелигенција, се поставуваат прашања за идните ризици што може да ги носи за приватноста, човековите права и безбедноста на луѓето, пишува Би-Би-Си.

The post Откриена илегалната трговија со ВИ слики за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>

Педофилите користат технологија за вештачка интелигенција (ВИ) за да создадат и продаваат реалистични материјали за сексуална злоупотреба на деца, откри Би-Би-Си. Некои луѓе пристапуваат до овие слики со плаќање претплата на популарни платформи за споделување содржини како Patreon. Patreon вели дека имаат нулта толеранција за таква содржина на нивната платформа. Советот на началниците на националните полицајци во Британија изрази огорченост поради фактот што некои платформи остваруваат огромни профити, но не преземаат морална одговорност. Креаторите и дистрибутерите на таква содржина користат софтвер со вештачка интелигенција наречен Stable Diffusion, кој првично беше наменет да генерира слики за уметност или графички дизајн. Овој софтвер им овозможува на корисниците да ја опишат саканата слика со зборови или краток текст, а потоа програмата ја генерира врз основа на тој опис. Но, Би-Би-Си откри дека софтверот се користи и за создавање реални слики за сексуална злоупотреба на деца, вклучително и силување на бебиња и малолетници. Полициските тимови на Обединетото Кралство кои истражуваат онлајн злоупотреба на деца веќе се среќаваат со таква содржина. Хонорарната истражувачка и новинарка Октавија Шеипшанкс ја истражува оваа тема веќе неколку месеци. Таа контактираше со Би-Би-Си преку детската добротворна организација NSPCC за да ги сподели своите наоди.
„Откако стана возможно да се генерираат слики со вештачка интелигенција, создаден е огромен бран. Не се работи само за многу мали девојчиња, педофилите зборуваат и за мали деца“, рече таа.
Компјутерски генерирана „псевдо-слика“ која прикажува детска порнографија се третира како вистинска, автентична и е нелегално да се поседува, објавува или пренесува во ОК. Иан Кричли, шеф на Националниот совет за заштита на децата на полицијата, изјави дека би било погрешно да се тврди дека никој не е повреден бидејќи нема вистински деца на таквите слики генерирани со вештачка интелигенција.
Тој предупреди дека педофилот може „да напредува на размери на злосторства, од мисли, преку слики генерирани од вештачка интелигенција, па сè до злоупотреба на вистинско дете“.
Сликите на злоупотреба се споделуваат во три чекори: педофилите ја генерираат сликата со софтвер за вештачка интелигенција, потоа ја промовираат на платформи како што е јапонската страница за споделување фотографии Pixiv, а таквите врски водат до платформи за споделување содржини што се плаќа како што е Patreon. Некои од креаторите на оваа содржина објавуваат слики на популарната јапонска платформа за социјални медиуми Pixiv, која главно се користи од уметници кои споделуваат манга и аниме. Меѓутоа, бидејќи страницата е со седиште во Јапонија, каде што споделувањето сексуализирани цртежи и илустрации на деца не е нелегално, креаторите ја користат платформата за да ја промовираат својата работа преку групи и хаштагови кои индексираат теми користејќи клучни зборови. Портпаролот на Pixiv рече дека компанијата придава големо значење на решавањето на овој проблем. На 31 мај, тие објавија дека ги забраниле сите фотореалистични прикази на сексуални содржини во кои се вклучени малолетници. Компанијата соопшти дека проактивно ги зајакнува своите системи за следење и доделува значителни ресурси за борба против прашањата поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Octavia Sheepshanks изјави за Би-Би-Си дека нејзиното истражување сугерира дека корисниците произведуваат слики од злоупотреба на деца на индустриски размери.
„Волуменот е едноставно огромен, па тогаш овие креатори велат дека имаат за цел да направат најмалку 1.000 слики месечно“, рече таа.
Коментарите на корисниците на поединечни слики на Pixiv јасно покажуваат дека имаат сексуален интерес за деца, а некои корисници дури нудат слики и видеа на злоупотреба генерирани без вештачка интелигенција. Octavia Sheepshanks следеше некои групи на оваа платформа.
„Во овие групи, кои можат да имаат до 100 членови, луѓето ќе споделуваат линкови до вистинска содржина. Најстрашните работи, не ни знаев дека има зборови за да опишат такви работи“, вели таа. „Ние силно ги поддржуваме напорите за спроведување на законот против оние кои ги злоупотребуваат нашите производи за нелегални или злонамерни цели.
Со оглед на брзиот развој на вештачката интелигенција, се поставуваат прашања за идните ризици што може да ги носи за приватноста, човековите права и безбедноста на луѓето, пишува Би-Би-Си.

The post Откриена илегалната трговија со ВИ слики за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>