ветропарк Archives - Република https://republika.mk/tema/vetropark/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 14:45:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ветропарк Archives - Република https://republika.mk/tema/vetropark/ 32 32 Митева: Инвестицијата од 450 милиони евра во Ветропаркот ќе произведува струја за над 100.000 домаќинства, со ваквите политики на Владата земјата ќе биде енергетски стабилна https://republika.mk/vesti/ekonomija/miteva-investitsijata-od-450-milioni-evra-vo-vetroparkot-ke-proizveduva-struja-za-nad-100-000-domakinstva-so-vakvite-politiki-na-vladata-zemjata-ke-bide-energetski-stabilna/ Sun, 30 Jun 2024 12:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=792101

Владата на ВМРО-ДПМНЕ мандатот го започна со нови мерки и проекти. Покрај покачувањето на пензиите за 5000 денари, во правата недела од мандатот е најавена инвестиција од 450 милиони евра во Ветропарк во Источна Македонија, истакна денеска Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ветропаркот ќе се простира на териториите на општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе се гради во 2026 година.

Воедно, се очекува да произведува над 1 терават часови електрична енергија годишно, што е 20% од актуелното производство на струја во државата.

Струјата која ќе биде произведена ќе биде доволна за со неа да се снабдат над 100.000 домаќинства.

Ветропаркот ќе помогне кон енергетска транзиција како на земјата така и на регионот.

Важно е да се потенцира дека оваа инвестиција ќе генерира 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно.

Ваквите инвестиции во енергетиката ќе продолжат и во иднина. Со овој тип на инвестиции владата ќе се погрижи да нема нови зголемувања на цената на струјата, што беше вообичаена пракса со владата на СДС и ДУИ, во чие време цената на струјата порасна за 50%.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор и производство на струја кое ќе може да ги покрие домашните потреби.

Исполнуваме. За тебе, рече Митева.

The post Митева: Инвестицијата од 450 милиони евра во Ветропаркот ќе произведува струја за над 100.000 домаќинства, со ваквите политики на Владата земјата ќе биде енергетски стабилна appeared first on Република.

]]>

Владата на ВМРО-ДПМНЕ мандатот го започна со нови мерки и проекти. Покрај покачувањето на пензиите за 5000 денари, во правата недела од мандатот е најавена инвестиција од 450 милиони евра во Ветропарк во Источна Македонија, истакна денеска Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ветропаркот ќе се простира на териториите на општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе се гради во 2026 година. Воедно, се очекува да произведува над 1 терават часови електрична енергија годишно, што е 20% од актуелното производство на струја во државата. Струјата која ќе биде произведена ќе биде доволна за со неа да се снабдат над 100.000 домаќинства. Ветропаркот ќе помогне кон енергетска транзиција како на земјата така и на регионот. Важно е да се потенцира дека оваа инвестиција ќе генерира 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно. Ваквите инвестиции во енергетиката ќе продолжат и во иднина. Со овој тип на инвестиции владата ќе се погрижи да нема нови зголемувања на цената на струјата, што беше вообичаена пракса со владата на СДС и ДУИ, во чие време цената на струјата порасна за 50%. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор и производство на струја кое ќе може да ги покрие домашните потреби. Исполнуваме. За тебе, рече Митева.

The post Митева: Инвестицијата од 450 милиони евра во Ветропаркот ќе произведува струја за над 100.000 домаќинства, со ваквите политики на Владата земјата ќе биде енергетски стабилна appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-noviot-vetropark-vo-shtip-ke-obezbedi-struja-za-100-000-domakinstva/ Sun, 30 Jun 2024 09:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=792045

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства, владата тргна со инвестиции уште во првата недела.

На територија на три општини, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се гради најголемиот ветерен парк во Македонија и пошироко.

Ветропаркот околу Штип е приватна инвестиција на инвестициски фонд тешка 450 милиони евра.

Ветропаркот годишно ќе генерира нови 100 милиони евра во Македонскиот БДП.

Исполнуваме. За тебе!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства, владата тргна со инвестиции уште во првата недела.
На територија на три општини, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се гради најголемиот ветерен парк во Македонија и пошироко. Ветропаркот околу Штип е приватна инвестиција на инвестициски фонд тешка 450 милиони евра. Ветропаркот годишно ќе генерира нови 100 милиони евра во Македонскиот БДП. Исполнуваме. За тебе!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: На вториот ден од владата ќе има инвестиција ветропарк во вредност од 450 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-na-vtoriot-den-od-vladata-ke-ima-investitsija-vetropark-vo-vrednost-od-450-milioni-evra/ Wed, 19 Jun 2024 14:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=789101

Вториот работен ден на новата влада ќе биде одбележан со оваа инвестиција која има вредност од околу 450 милиони евра, нешто кое се нема случено кај нас, не само во полето на енергетиката туку генерално во бизнисот една огромна голема странска инвестиција која ќе произведува 20% проценти од вкупното производство на електрична енергија и тоа ќе биде таа енергија обновлива со што правиме чекор кон комплетна енергетска независност“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и иден премиер за време на денешната посета по повод почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот ветропарк.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-edna-od-prvite-merki-od-novata-vlada-ke-bide-namaluvaneto-na-danotsite-na-profit/

Мицкоски е убеден дека за неколку месеци од денес Македонија ќе е енергетски независна.

„Јас сум убеден дека за неколку месеци од денеска ќе може да прогласиме дека Македонија ќе биде енергетски независна, ќе произведуваме онолку колку што ќе трошиме, а граѓаните нема да бидат загрижени за својот стандард и паричник заради големата инфлација поради високите сметки за електрична енергија туку таа електрична енергија која ќе ја трошиме истата и ќе ја произведуваме, нема да ја увезуваме со што ќе се намали разликата на нашата трговска сметка, а истовремено ќе се зголеми БДП, а со зголемување на БДП повторно ќе се вратиме на она место каде припаѓавме а тоа е во врвот во Европа според раст на БДП, а не сега на дното како изминативе 6-7 години“, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: На вториот ден од владата ќе има инвестиција ветропарк во вредност од 450 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Вториот работен ден на новата влада ќе биде одбележан со оваа инвестиција која има вредност од околу 450 милиони евра, нешто кое се нема случено кај нас, не само во полето на енергетиката туку генерално во бизнисот една огромна голема странска инвестиција која ќе произведува 20% проценти од вкупното производство на електрична енергија и тоа ќе биде таа енергија обновлива со што правиме чекор кон комплетна енергетска независност“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и иден премиер за време на денешната посета по повод почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот ветропарк. https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-edna-od-prvite-merki-od-novata-vlada-ke-bide-namaluvaneto-na-danotsite-na-profit/ Мицкоски е убеден дека за неколку месеци од денес Македонија ќе е енергетски независна.
„Јас сум убеден дека за неколку месеци од денеска ќе може да прогласиме дека Македонија ќе биде енергетски независна, ќе произведуваме онолку колку што ќе трошиме, а граѓаните нема да бидат загрижени за својот стандард и паричник заради големата инфлација поради високите сметки за електрична енергија туку таа електрична енергија која ќе ја трошиме истата и ќе ја произведуваме, нема да ја увезуваме со што ќе се намали разликата на нашата трговска сметка, а истовремено ќе се зголеми БДП, а со зголемување на БДП повторно ќе се вратиме на она место каде припаѓавме а тоа е во врвот во Европа според раст на БДП, а не сега на дното како изминативе 6-7 години“, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: На вториот ден од владата ќе има инвестиција ветропарк во вредност од 450 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-najavi-nov-vetropark-megu-karbintsi-shtip-i-radovish-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/ Tue, 11 Jun 2024 11:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=786562

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија кој, како што рече, ќе биде една од првите странски инвестиции на новата влада.

Се работи, нагласи, за голема инвестиција која во моментов предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.

Мицкоски во дискусијата на првиот панел отвори и повеќе прашања во врска со енергетската транзиција во земјава. Оцени дека со добар план и добар надзор на капацитетите процесот може успешно да заврши, иако, дополни, како електро-енергетски сектор не сме подготвени, а ќе треба и време.

Мицкоски не е убеден дека за 365 дена земјава може да има стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Според него, во енергетиката не се возможни брзи резултати. Мора да се има предвид реалноста и да се работи врз основа на прецизни планови со конкретни одредници.

Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека процесот е сложен и многу скап. Секогаш кога се исклучува реалноста, правиме грешки. За жал, која е реалноста? Нашата земја е сиромашна, па вистинското прашање е - дали Македонија може да си дозволи енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали имаме човечки капацитет за таква транзиција и дали нашиот систем може да си ја дозволи? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција, зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека моментно повеќе од 4 000 семејства зависат од производството на електрична енергија од термоелектраните, термоелектраната во Битола и Осломеј - нагласи Мицкоски.

Според него, лесно се зборува за енергетската транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи.

Ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик како пред неколку години, бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте, а со обновливите извори.... Јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата, зашто побарувачката на стопанството, на економијата е важно. Треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте економијата, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега, 8 од 10 мои студенти си одат надвор, бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо, инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж - потенцира Мицкоски.

Тој посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.

Како електро-енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план и добар надзор на електро-енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни, бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда. Затоа треба да ја имаме реалноста предвид и да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници - истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот.

Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид, инаку нема да успееме - рече Мицкоски.

Тој и во оваа прилика укажа дека без владеење на правото, нема развој.

Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото, развојот на земјата не би бил возможен, така што двојни стандарди не се возможни - заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија кој, како што рече, ќе биде една од првите странски инвестиции на новата влада. Се работи, нагласи, за голема инвестиција која во моментов предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава. Мицкоски во дискусијата на првиот панел отвори и повеќе прашања во врска со енергетската транзиција во земјава. Оцени дека со добар план и добар надзор на капацитетите процесот може успешно да заврши, иако, дополни, како електро-енергетски сектор не сме подготвени, а ќе треба и време. Мицкоски не е убеден дека за 365 дена земјава може да има стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Според него, во енергетиката не се возможни брзи резултати. Мора да се има предвид реалноста и да се работи врз основа на прецизни планови со конкретни одредници.
Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека процесот е сложен и многу скап. Секогаш кога се исклучува реалноста, правиме грешки. За жал, која е реалноста? Нашата земја е сиромашна, па вистинското прашање е - дали Македонија може да си дозволи енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали имаме човечки капацитет за таква транзиција и дали нашиот систем може да си ја дозволи? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција, зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека моментно повеќе од 4 000 семејства зависат од производството на електрична енергија од термоелектраните, термоелектраната во Битола и Осломеј - нагласи Мицкоски.
  Според него, лесно се зборува за енергетската транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи.
Ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик како пред неколку години, бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте, а со обновливите извори.... Јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата, зашто побарувачката на стопанството, на економијата е важно. Треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте економијата, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега, 8 од 10 мои студенти си одат надвор, бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо, инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж - потенцира Мицкоски.
Тој посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.
Како електро-енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план и добар надзор на електро-енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни, бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда. Затоа треба да ја имаме реалноста предвид и да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници - истакна Мицкоски.
Мицкоски укажа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот. Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид, инаку нема да успееме - рече Мицкоски. Тој и во оваа прилика укажа дека без владеење на правото, нема развој.