Ветон Груби Archives - Република https://republika.mk/tema/veton-grubi/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Jun 2023 09:25:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ветон Груби Archives - Република https://republika.mk/tema/veton-grubi/ 32 32 „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја https://republika.mk/vesti/makedonija/duing-biznis-bratot-na-grubi-si-kupi-dukan-na-ulitsa-makedonija-vnukot-na-ahmeti-trgovski-tsentar-sinot-raboti-so-struja/ Thu, 22 Jun 2023 09:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=653924

ДУИ дил ориентед“ вака слободно може да се нарече партијата од Мала Речица. Речиси и да нема истакнат член на раководстовото на партијата што не се занимава со бизнис во слободно време.Но, немојте да помислите дека тие држат тезга на пазар или дека товараат зелки на Кванташки. Не, не, тие се фрлија на многу попрофитабилни бизниси како што е струја и недвижности.

Најсвеж пример е внукот од брат на лидерот на партијата Ахмети. Дрин заедно со партнер од Албанија го купија деловно-трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. На Дрин не му оди само бизнисот со недвижнини, туку и рударството. Тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-ahmeti-zaedno-so-poraneshen-stranski-sovetnik-vo-vladata-na-vmro-dpmne-dui-otvorija-firma-za-struja/

Не е само внукот на Ахмети по бизнисите, тука е и неговиот син Шкумбин Ахмети кој заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаа   компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност е производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци.

Аријанит Џафери, син на Муса Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. Аријанит дури и го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски откако му ја одзее лиценцата.

Бизнис има и братот на еден од најблиските соработници на Али Ахмети, Артан Груби. Ветон Груби купи дуќа на улица „Македонија“ за „џабалк“, односно 127 метри квадратни за половина милион евра.

Кого го бива за сѐ го бива.

 

The post „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја appeared first on Република.

]]>

ДУИ дил ориентед“ вака слободно може да се нарече партијата од Мала Речица. Речиси и да нема истакнат член на раководстовото на партијата што не се занимава со бизнис во слободно време.Но, немојте да помислите дека тие држат тезга на пазар или дека товараат зелки на Кванташки. Не, не, тие се фрлија на многу попрофитабилни бизниси како што е струја и недвижности. Најсвеж пример е внукот од брат на лидерот на партијата Ахмети. Дрин заедно со партнер од Албанија го купија деловно-трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. На Дрин не му оди само бизнисот со недвижнини, туку и рударството. Тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-ahmeti-zaedno-so-poraneshen-stranski-sovetnik-vo-vladata-na-vmro-dpmne-dui-otvorija-firma-za-struja/ Не е само внукот на Ахмети по бизнисите, тука е и неговиот син Шкумбин Ахмети кој заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаа   компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност е производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци. Аријанит Џафери, син на Муса Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. Аријанит дури и го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски откако му ја одзее лиценцата. Бизнис има и братот на еден од најблиските соработници на Али Ахмети, Артан Груби. Ветон Груби купи дуќа на улица „Македонија“ за „џабалк“, односно 127 метри квадратни за половина милион евра. Кого го бива за сѐ го бива.  

The post „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја appeared first on Република.

]]>
Груби шема: Ветон купува а Артан плаќа од пари на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-shema-veton-kupuva-a-artan-plaka-od-pari-na-graganite/ Wed, 22 Mar 2023 07:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=622258

Фамилијата Груби купува дуќани за џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не!, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија детално ја објасни шемата на семејството Груби.

Поедноставно тоа изгледа вака, Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.

Која е шемата со туристичките услуги?-прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Ветон Груби како сопственик на ЕТЦ Травел наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции и тоа дури 8 пати. Потоа Владата во која втор човек токму Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна – секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби.
Со ова се крши Законот за спречување на корупција и судир на интереси или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада не се бори со корупцијата, туку ја креира истата.

Антикорупциската комисија треба веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи, наместо да молчи!

Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис услови за фирмите на луѓето од власта!

Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат, бидејќи наместо да работат за граѓаните работат само за лични интереси!-се закани партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/veton-grubi-kupuva-a-artan-grubi-plaka/

The post Груби шема: Ветон купува а Артан плаќа од пари на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Фамилијата Груби купува дуќани за џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не!, набројува ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија детално ја објасни шемата на семејството Груби.
Поедноставно тоа изгледа вака, Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.
Која е шемата со туристичките услуги?-прашува ВМРО-ДПМНЕ. Ветон Груби како сопственик на ЕТЦ Травел наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции и тоа дури 8 пати. Потоа Владата во која втор човек токму Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна – секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби. Со ова се крши Законот за спречување на корупција и судир на интереси или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада не се бори со корупцијата, туку ја креира истата.
Антикорупциската комисија треба веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи, наместо да молчи!
Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис услови за фирмите на луѓето од власта! Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат, бидејќи наместо да работат за граѓаните работат само за лични интереси!-се закани партијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/veton-grubi-kupuva-a-artan-grubi-plaka/

The post Груби шема: Ветон купува а Артан плаќа од пари на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа https://republika.mk/vesti/makedonija/veton-grubi-kupuva-a-artan-grubi-plaka/ Tue, 21 Mar 2023 12:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=622028

Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа. Вака некако изгледа врската во семејството Груби, а тоа најдобро се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.

Или математички тоа би изгледало вака: Ветон Груби купува за 6 милиони денари, а добива од државата или директно од брат му еден милион денари. Практично, 1/6 од тоа што дал Ветон Груби си наплатил од Артан Груби, oбвини денеска Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се отворени сомнежи за кои институциите треба веднаш да реагираат особено затоа што ова директно се коси со правните одредби од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Доколку институциите не знаат по кој член треба да постапат еве и тоа ќе им го посочиме. Имено, во чл. 72 ст. 1 од Законот е наведено дека службеното лице во текот на вршењето на позицијата е должно да внимава на потенцијален судир на интереси, како и да преземе мерки за негово одбегнување. Ако одиме подетално, во истоимениот Закон постои одредба со која Артан Груби би требал да информира за потенцијален судир на интереси. Но, тоа е невозможна мисија со оваа власт. Напротив, тие не се борат против корупцијата туку се креатори на истата.

Ветон Груби како сопственик на фирмата ЕТЦ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје наплатил туристички услуги во вредност од 1 милион денари од државни институции дури 8 пати. Се поставува прашањето дали целта била да се стигне до наплата од еден милион денари или пак целта било по секоја цена братот на Артан Груби да добие државни пари? Аздисаноста оди до таму што Владата чиј втор човек е Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Изгледа важно е секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби.

https://www.youtube.com/watch?v=ZUh3ZZvP8_w&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

 

Дали овие информации не се доволни на ДКСК веднаш, без одлагање да постапи по истите и конечно да не биде институција која го констатира неправилното работење на власта, туку да преземе конкретни чекори. Зошто ДКСК веќе три дена молчи за овие сознанија кои се јавно достапни и објавени на алатката отворени финансии од каде се гледаат сите информации за изведените трансакции. Дали повторно ДКСК ќе најде изговор дека немаат доволен кадар и средства за 5 минутна онлајн проверка на отворени финансии?

Додека сите надлежни институции молчат, СДС и ДУИ ги претвораат државните институции во подружници на нивните фирми, државниот апарат се користи за да се создадат добри бизнис услови за фирмите на луѓето од власта, а да се оневозможи развојот на сите други.

The post Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа appeared first on Република.

]]>

Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа. Вака некако изгледа врската во семејството Груби, а тоа најдобро се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби. Или математички тоа би изгледало вака: Ветон Груби купува за 6 милиони денари, а добива од државата или директно од брат му еден милион денари. Практично, 1/6 од тоа што дал Ветон Груби си наплатил од Артан Груби, oбвини денеска Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се отворени сомнежи за кои институциите треба веднаш да реагираат особено затоа што ова директно се коси со правните одредби од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Доколку институциите не знаат по кој член треба да постапат еве и тоа ќе им го посочиме. Имено, во чл. 72 ст. 1 од Законот е наведено дека службеното лице во текот на вршењето на позицијата е должно да внимава на потенцијален судир на интереси, како и да преземе мерки за негово одбегнување. Ако одиме подетално, во истоимениот Закон постои одредба со која Артан Груби би требал да информира за потенцијален судир на интереси. Но, тоа е невозможна мисија со оваа власт. Напротив, тие не се борат против корупцијата туку се креатори на истата.
Ветон Груби како сопственик на фирмата ЕТЦ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје наплатил туристички услуги во вредност од 1 милион денари од државни институции дури 8 пати. Се поставува прашањето дали целта била да се стигне до наплата од еден милион денари или пак целта било по секоја цена братот на Артан Груби да добие државни пари? Аздисаноста оди до таму што Владата чиј втор човек е Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Изгледа важно е секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби. https://www.youtube.com/watch?v=ZUh3ZZvP8_w&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
  Дали овие информации не се доволни на ДКСК веднаш, без одлагање да постапи по истите и конечно да не биде институција која го констатира неправилното работење на власта, туку да преземе конкретни чекори. Зошто ДКСК веќе три дена молчи за овие сознанија кои се јавно достапни и објавени на алатката отворени финансии од каде се гледаат сите информации за изведените трансакции. Дали повторно ДКСК ќе најде изговор дека немаат доволен кадар и средства за 5 минутна онлајн проверка на отворени финансии? Додека сите надлежни институции молчат, СДС и ДУИ ги претвораат државните институции во подружници на нивните фирми, државниот апарат се користи за да се создадат добри бизнис услови за фирмите на луѓето од власта, а да се оневозможи развојот на сите други.

The post Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа appeared first on Република.

]]>
Груби откако станал вицепремиер му дал на братот еден милион денари државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-otkako-stanal-vitsepremier-mu-dal-na-bratot-eden-milion-denari-drzhavni-pari/ Tue, 21 Mar 2023 07:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=621848

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија тврди дека над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.

 Од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност-тврди ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-go-pochestil-bratot-veton-so-eden-milion-denari-drzhavni-pari/

 

The post Груби откако станал вицепремиер му дал на братот еден милион денари државни пари appeared first on Република.

]]>

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија тврди дека над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.
 Од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност-тврди ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-go-pochestil-bratot-veton-so-eden-milion-denari-drzhavni-pari/
 

The post Груби откако станал вицепремиер му дал на братот еден милион денари државни пари appeared first on Република.

]]>
Груби го почестил братот Ветон со еден милион денари државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-go-pochestil-bratot-veton-so-eden-milion-denari-drzhavni-pari/ Mon, 20 Mar 2023 11:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=621536

Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во владеењето на Груби.Ова се трансакциите кои државните институции ги направиле кон ЕТЦ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на братот на Артан Груби чија вредност надминува 1 милион денари. Во период од 2020 до 2022 се направени 8 трансакции од примателите на услугата односно Владата, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Министерството за економија на давателот на услугата фирмата на братот на Артан Груби ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, обвинува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа твррди дека овде може да се видат различни трансакции со различна вредност 100, 300 па и 400.000 денари, а вкупната вредност надминува 1 милион денари додека Груби јавно вели дека немал никаква врска со бизнисот на неговиот брат.

Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.

Додека власта на ДУИ и СДСМ со државни пари го развива сопствениот приватен бизнис и бизнисите на своите најблиски семејства, институциите надлежни за спречување на корупција и судир на интереси молчат. Дали ова ево  согласно етичкиот кодекс со кој се фалеше власта? Дали етички кодекс за однесување на функционерите и членот 5 каде се вели дека член на владата на прво место треба да го става јавниот интерес и не смее да овозможува остварување на интереси за лични или на негови блиски лица важи за сите, само не за Артан Груби?

https://www.youtube.com/watch?v=ciTUInlVlcA&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Митева прашува ќе биде следниот изговор на Груби, дека баш оваа туристичка агенција е најдобриот понудувач?

,

Иако сакаат да ја убедат јавноста дека баш фирмите на членовите од нивното најблиско семејство се идеалниот партнер, ова е само уште еден криминал и судир на интереси, изречно забрането според Законот за спречување на корупција и судирот на интереси. Институциите да се одважат и веднаш да покренат постапка која конечно ќе заврши со соодветен резултат.

The post Груби го почестил братот Ветон со еден милион денари државни пари appeared first on Република.

]]>

Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во владеењето на Груби.Ова се трансакциите кои државните институции ги направиле кон ЕТЦ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на братот на Артан Груби чија вредност надминува 1 милион денари. Во период од 2020 до 2022 се направени 8 трансакции од примателите на услугата односно Владата, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Министерството за економија на давателот на услугата фирмата на братот на Артан Груби ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, обвинува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа твррди дека овде може да се видат различни трансакции со различна вредност 100, 300 па и 400.000 денари, а вкупната вредност надминува 1 милион денари додека Груби јавно вели дека немал никаква врска со бизнисот на неговиот брат.
Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.
Додека власта на ДУИ и СДСМ со државни пари го развива сопствениот приватен бизнис и бизнисите на своите најблиски семејства, институциите надлежни за спречување на корупција и судир на интереси молчат. Дали ова ево  согласно етичкиот кодекс со кој се фалеше власта? Дали етички кодекс за однесување на функционерите и членот 5 каде се вели дека член на владата на прво место треба да го става јавниот интерес и не смее да овозможува остварување на интереси за лични или на негови блиски лица важи за сите, само не за Артан Груби? https://www.youtube.com/watch?v=ciTUInlVlcA&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Митева прашува ќе биде следниот изговор на Груби, дека баш оваа туристичка агенција е најдобриот понудувач? ,
Иако сакаат да ја убедат јавноста дека баш фирмите на членовите од нивното најблиско семејство се идеалниот партнер, ова е само уште еден криминал и судир на интереси, изречно забрането според Законот за спречување на корупција и судирот на интереси. Институциите да се одважат и веднаш да покренат постапка која конечно ќе заврши со соодветен резултат.

The post Груби го почестил братот Ветон со еден милион денари државни пари appeared first on Република.

]]>
На кого ќе помогне ако не на брат: Артан на Ветон Груби му дал 16.000 евра државни пари за туристичката агенција https://republika.mk/vesti/makedonija/na-kogo-ke-pomogne-ako-ne-na-brat-artan-na-veton-grubi-mu-dal-16-000-evra-drzhavni-pari-za-turistichkata-agentsija/ Mon, 20 Mar 2023 07:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=621370

Криминалот на Артан Груби нема крај.Груби ги полни џебовите на неговиот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.

Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари-тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје.

ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба.
Груби ја докажува нераскинливата врска со неговиот брат, при што и со народни пари сака да го збогати.

Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се одважи и веќе да не молчи.

The post На кого ќе помогне ако не на брат: Артан на Ветон Груби му дал 16.000 евра државни пари за туристичката агенција appeared first on Република.

]]>

Криминалот на Артан Груби нема крај.Груби ги полни џебовите на неговиот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.
Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари-тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје. ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба. Груби ја докажува нераскинливата врска со неговиот брат, при што и со народни пари сака да го збогати.
Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се одважи и веќе да не молчи.

The post На кого ќе помогне ако не на брат: Артан на Ветон Груби му дал 16.000 евра државни пари за туристичката агенција appeared first on Република.

]]>
Брaт брата не рани тешко кој го нема: Артан на Ветон Груби му префрлал пари во туристичката агенција https://republika.mk/vesti/makedonija/brat-brata-ne-rani-teshko-koj-go-nema-artan-na-veton-grubi-mu-prefrlal-pari-vo-turistichkata-agentsija/ Sun, 19 Mar 2023 11:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=621206

Продолжуваме со обелоденување на нови детали за бизнисите на семејството Груби и ќе обезличиме уште една огромна невистина и пример за судир на интереси кои ги прави Груби злоупотребувајќи ја позицијата на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште една лага, а ќе и презентираме на јавноста како всушност Груби има многу повеќе заедничко со неговиот брат. Како Артан Груби баш точно со бизнисот на брат му поврзан со туристичка агенција има и тоа каква врска. Ова е документ преземен од отворени финансии преку кој може да се види дека од страна на Владата каде Груби е прв вицепремиер, но и од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде Груби е министер се исплаќале средства токму на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат, информира Марија Митева.

Имено, во осум наврати институциите на државата односно Владата, министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, но и министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата во сопственост на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, од 2020-тата до 2022 година. Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари.

 

Ова е вистината која Артан Груби сакаше со лаги и невистини да ја сокрие од јавноста. Артан Груби и тоа како има врска со неговиот брат, а воедно и со неговиот бизнис затоа што Артан директно, од позиција на министер му исплаќа услуги на фирмата на неговиот брат.

Скандалозно, нечесно и несериозно е Груби да ја лаже и манипулира јавноста дека нема никаква врска со неговиот брат и неговите бизниси, а притоа државните институции со кој тој директно раководи да му исплаќаат средства. Патем на фирмата ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје чиј сопственик е братот на Артан Груби. Оваа фирма е фирма која четири години во период од 2016-тата до 2020-тата година има минусно салдо односно работи во загуба па можеби со овие трансакции се надоместувала загубата.

https://www.youtube.com/watch?v=RZG6olIMAWo&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Очигледно е дека братската врска во семејството Груби е нераскинлива, од деловен простор за 700 евра по м2 во центарот на Скопје до префрлање на буџетски пари за услуги или пак дојдоа времиња кога парите се цел на многумина па „Брат за брат, сирење за пари“ е најточната дефиниција.Ова е уште еден доказ за политичка корупција која мора да биде најстрого казнета!

The post Брaт брата не рани тешко кој го нема: Артан на Ветон Груби му префрлал пари во туристичката агенција appeared first on Република.

]]>

Продолжуваме со обелоденување на нови детали за бизнисите на семејството Груби и ќе обезличиме уште една огромна невистина и пример за судир на интереси кои ги прави Груби злоупотребувајќи ја позицијата на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е уште една лага, а ќе и презентираме на јавноста како всушност Груби има многу повеќе заедничко со неговиот брат. Како Артан Груби баш точно со бизнисот на брат му поврзан со туристичка агенција има и тоа каква врска. Ова е документ преземен од отворени финансии преку кој може да се види дека од страна на Владата каде Груби е прв вицепремиер, но и од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде Груби е министер се исплаќале средства токму на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат, информира Марија Митева.
Имено, во осум наврати институциите на државата односно Владата, министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, но и министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата во сопственост на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, од 2020-тата до 2022 година. Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари.
  Ова е вистината која Артан Груби сакаше со лаги и невистини да ја сокрие од јавноста. Артан Груби и тоа како има врска со неговиот брат, а воедно и со неговиот бизнис затоа што Артан директно, од позиција на министер му исплаќа услуги на фирмата на неговиот брат.
Скандалозно, нечесно и несериозно е Груби да ја лаже и манипулира јавноста дека нема никаква врска со неговиот брат и неговите бизниси, а притоа државните институции со кој тој директно раководи да му исплаќаат средства. Патем на фирмата ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје чиј сопственик е братот на Артан Груби. Оваа фирма е фирма која четири години во период од 2016-тата до 2020-тата година има минусно салдо односно работи во загуба па можеби со овие трансакции се надоместувала загубата. https://www.youtube.com/watch?v=RZG6olIMAWo&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Очигледно е дека братската врска во семејството Груби е нераскинлива, од деловен простор за 700 евра по м2 во центарот на Скопје до префрлање на буџетски пари за услуги или пак дојдоа времиња кога парите се цел на многумина па „Брат за брат, сирење за пари“ е најточната дефиниција.Ова е уште еден доказ за политичка корупција која мора да биде најстрого казнета!

The post Брaт брата не рани тешко кој го нема: Артан на Ветон Груби му префрлал пари во туристичката агенција appeared first on Република.

]]>
Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма четири години работи со загуба, кое е потеклото на парите? https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-bratot-na-grubi-kupuva-dukan-od-polovina-milion-evra-koga-negovata-firma-chetiri-godini-raboti-so-zaguba-koe-e-potekloto-na-parite/ Tue, 21 Feb 2023 11:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=611451

Дуќанот на улица Македонија од 127м2 сопственост на Ветон Груби е со вредност од половина милион евра. Од каде пари за купување на истиот, особено ако се земе податокот дека фирмата на Груби ЕТЦ Травел со години работи со загуби?, прашува Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Според податоците од Централниот регистар, фирмата на Ветон Груби во период од 2016 до 2020 година има загуба од нешто под 100.000 денари. Во овој период фирмата на Груби де факто е недоходовна за нејзиниот сопственик и истиот е во минус од работењето на истата.

Во 2016 година загубата е 540.000 денари, а во 2017, 2018 и 2019, фирмата работи со добивка од 1 милион 640 илјади денари, 75 илјади денари и 286 илјади денари, за во 2020 година да заврши со загуба од 1 милион и 555 илјади денари, односно збирно, за 4 години фирмата нема генерирано добивка, туку е во минус од 100 илјади денари.

Како фирма која во период од 4 години не само што нема добивка, туку е и во минус, може да добие кредит како што самите велат во соопштение за купување на деловен простор кој вреди половина милион евра?

Како фирмата на Груби ја гарантирала својата солвентност пред банката од која земале кредит, како што самите велат, кога имаат пад на приходи од 73% и пад на бројот на вработени за 16%?

Како фирмата на Груби прикажува загуби, а тој купува деловен објект во строгиот центар на Скопје вреден половина милион евра?

Кој е модулитетот по кој Груби купува дуќани, а според официјалните извештаи е во минус? И дали ќе ја сподели својата тајна со другите фирми кои исто така имаат потреба од деловен простор, имаат далеку подобри билансни извештаи и не можат да дојдат до сопствен објект, а уште помалку истиот да се наоѓа во центарот на Скопје.

ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби и да истражат дали при купувањето на објектот од половина милион евра има злоупотреба на политичка моќ и влијание.

https://www.youtube.com/watch?v=7ulmM6xLXiY

The post Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма четири години работи со загуба, кое е потеклото на парите? appeared first on Република.

]]>

Дуќанот на улица Македонија од 127м2 сопственост на Ветон Груби е со вредност од половина милион евра. Од каде пари за купување на истиот, особено ако се земе податокот дека фирмата на Груби ЕТЦ Травел со години работи со загуби?, прашува Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ Според податоците од Централниот регистар, фирмата на Ветон Груби во период од 2016 до 2020 година има загуба од нешто под 100.000 денари. Во овој период фирмата на Груби де факто е недоходовна за нејзиниот сопственик и истиот е во минус од работењето на истата.
Во 2016 година загубата е 540.000 денари, а во 2017, 2018 и 2019, фирмата работи со добивка од 1 милион 640 илјади денари, 75 илјади денари и 286 илјади денари, за во 2020 година да заврши со загуба од 1 милион и 555 илјади денари, односно збирно, за 4 години фирмата нема генерирано добивка, туку е во минус од 100 илјади денари.
Како фирма која во период од 4 години не само што нема добивка, туку е и во минус, може да добие кредит како што самите велат во соопштение за купување на деловен простор кој вреди половина милион евра?
Како фирмата на Груби ја гарантирала својата солвентност пред банката од која земале кредит, како што самите велат, кога имаат пад на приходи од 73% и пад на бројот на вработени за 16%? Како фирмата на Груби прикажува загуби, а тој купува деловен објект во строгиот центар на Скопје вреден половина милион евра? Кој е модулитетот по кој Груби купува дуќани, а според официјалните извештаи е во минус? И дали ќе ја сподели својата тајна со другите фирми кои исто така имаат потреба од деловен простор, имаат далеку подобри билансни извештаи и не можат да дојдат до сопствен објект, а уште помалку истиот да се наоѓа во центарот на Скопје. ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби и да истражат дали при купувањето на објектот од половина милион евра има злоупотреба на политичка моќ и влијание. https://www.youtube.com/watch?v=7ulmM6xLXiY

The post Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма четири години работи со загуба, кое е потеклото на парите? appeared first on Република.

]]>