вето од ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/veto-od-eu/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Nov 2023 22:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вето од ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/veto-od-eu/ 32 32 Дали ќе помине во Советот? ЕП го прифати предлогот да се укине правото на вето при проширување на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-ke-pomine-vo-sovetot-ep-go-prifati-predlogot-da-se-ukine-pravoto-na-veto-pri-proshiruvane-na-eu/ Thu, 23 Nov 2023 06:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=715302

Европскиот Парламент со тесно мнозинство од 291 гласа „за“ и 274 гласа „против“, го прифати предлогот за сериозна реформа на основните правила на Унијата - меѓу другото да се укине правилото на едногласно одлучување за чекорите кои водат кон членство во ЕУ. Доколку овој предлог биде прифатен од сите земји-членки, тоа ќе значи големо олеснување за Македонија, бидејќи Бугарија нема да може да поставува вето при отворањето и затворањето на поглавјата од преговорите за членство.

Предлагачите на овој пакет промени во начинот на функционирањето на Европската Унија предупредија дека ЕУ нема да може да се прошири без укинување на принципот на едногласност во носењето одлуки за надворешната политика. Тие предложија едногласноста да не важи во најголем дел од одлуките кои се однесуваат и на безбедносната политика, како и во финансиите, судството и внатрешните работи, како и во составот на Европската Комисија. Главен поттик за барањето за овие промени е блокадата што Унгарија ја воведе за почнувањето на преговорите со Украина. Бидејќи приемот на Украина стана исклучително важно геополитичко прашање за ЕУ, евро-пратеници пред се од либералните, социјалистичките и зелените партии решија да поднесат предлог за ваква радикална промена.

Сепак, усвојувањето на оваа промена во другите институции на ЕУ, пред се во Европскиот Совет каде што сите држави членки имаат право на вето, е малку веројатно. Се очекува повеќе држави да ги отфрлат овие предлози, и да го зачуваат своето право на вето. Тесното мнозинство во Европскиот Парламент за овој предлог беше доживеано како разочарување од поддржувачите на проширувањето на Унијата, кои се надеваа дека ќе има сериозно мнозинство барем во Парламентот.

The post Дали ќе помине во Советот? ЕП го прифати предлогот да се укине правото на вето при проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот Парламент со тесно мнозинство од 291 гласа „за“ и 274 гласа „против“, го прифати предлогот за сериозна реформа на основните правила на Унијата - меѓу другото да се укине правилото на едногласно одлучување за чекорите кои водат кон членство во ЕУ. Доколку овој предлог биде прифатен од сите земји-членки, тоа ќе значи големо олеснување за Македонија, бидејќи Бугарија нема да може да поставува вето при отворањето и затворањето на поглавјата од преговорите за членство. Предлагачите на овој пакет промени во начинот на функционирањето на Европската Унија предупредија дека ЕУ нема да може да се прошири без укинување на принципот на едногласност во носењето одлуки за надворешната политика. Тие предложија едногласноста да не важи во најголем дел од одлуките кои се однесуваат и на безбедносната политика, како и во финансиите, судството и внатрешните работи, како и во составот на Европската Комисија. Главен поттик за барањето за овие промени е блокадата што Унгарија ја воведе за почнувањето на преговорите со Украина. Бидејќи приемот на Украина стана исклучително важно геополитичко прашање за ЕУ, евро-пратеници пред се од либералните, социјалистичките и зелените партии решија да поднесат предлог за ваква радикална промена. Сепак, усвојувањето на оваа промена во другите институции на ЕУ, пред се во Европскиот Совет каде што сите држави членки имаат право на вето, е малку веројатно. Се очекува повеќе држави да ги отфрлат овие предлози, и да го зачуваат своето право на вето. Тесното мнозинство во Европскиот Парламент за овој предлог беше доживеано како разочарување од поддржувачите на проширувањето на Унијата, кои се надеваа дека ќе има сериозно мнозинство барем во Парламентот.

The post Дали ќе помине во Советот? ЕП го прифати предлогот да се укине правото на вето при проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>
EУ ќе згрижува бегалци и мигранти https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eu-ke-zgrizhuva-begaltsi-i-migranti/ Wed, 04 Oct 2023 13:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=687919

Земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа договор за споделување на задачата за згрижување бегалци и мигранти во кризни ситуации.

-Многу сум среќна што земјите-членки сега се договорија за регулирање на кризата, што е важен дел од сложувалката во пактот за миграција и азил, изјави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард, пренесоа британските медиуми.

Таа посочи дека сега може да се продолжат преговорите меѓу Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент.

-Важно е да се постигне договор за да се воведе ред во надворешните граници на ЕУ и да се намали протокот на мигранти, рече Малмер Стенергард.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на платформата „Х“ напиша дека тоа е вистинска пресвртница која овозможува да се продолжи напред во преговорите.

Денешниот состанок беше последна шанса да се постигне договор пред лидерите на ЕУ да се состанат во Гранада, Шпанија, утре и во петок, каде се очекува да разговараат за илегалната миграција во услови на зголемени пристигнувања низ Медитеранот, вклучително и на италијанскиот остров Лампедуза.

Земјите како Полска и Унгарија и понатаму силно се противат на прифаќање на луѓе кои пристигнуваат од Блискиот Исток и Африка, но 27-те земји-членки сè уште можат да постигнат мнозински договор што овие две земји не можат да го блокираат.

The post EУ ќе згрижува бегалци и мигранти appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа договор за споделување на задачата за згрижување бегалци и мигранти во кризни ситуации. -Многу сум среќна што земјите-членки сега се договорија за регулирање на кризата, што е важен дел од сложувалката во пактот за миграција и азил, изјави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард, пренесоа британските медиуми. Таа посочи дека сега може да се продолжат преговорите меѓу Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент.
-Важно е да се постигне договор за да се воведе ред во надворешните граници на ЕУ и да се намали протокот на мигранти, рече Малмер Стенергард.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на платформата „Х“ напиша дека тоа е вистинска пресвртница која овозможува да се продолжи напред во преговорите. Денешниот состанок беше последна шанса да се постигне договор пред лидерите на ЕУ да се состанат во Гранада, Шпанија, утре и во петок, каде се очекува да разговараат за илегалната миграција во услови на зголемени пристигнувања низ Медитеранот, вклучително и на италијанскиот остров Лампедуза. Земјите како Полска и Унгарија и понатаму силно се противат на прифаќање на луѓе кои пристигнуваат од Блискиот Исток и Африка, но 27-те земји-членки сè уште можат да постигнат мнозински договор што овие две земји не можат да го блокираат.

The post EУ ќе згрижува бегалци и мигранти appeared first on Република.

]]>
Ветото во ЕУ моќна алатка: Хрватска се закани дека ќе ја блокира Србија поради историја, исто како Бугарија со Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/vetoto-vo-eu-mokjna-alatka-hrvatska-se-zakani-deka-kje-ja-blokira-srbija-poradi-istorija-isto-kako-bugarija-so-makedonija/ Tue, 29 Mar 2022 06:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=480031

Членките на ЕУ, посебно т.н нови, се почесто посегнуваат по вето кон земјите кандидати. Таков пример беше Грција која се противеше Македонија да ги почне преговорите се додека не го смени уставното име.

Сега истото го прави Бугарија која бара Македонија да прифати дека имаме заедничка историја и оти македонскиот јазик не постои за да ја крене блокадата.

Но, не се само Грција и Бугарија. Такви аспирации покажува и Хратска кон својот сосед Србија. Овие две земји се во затегнати односи уште од деведесеттите години па сега Хрватска се обидува да ја искористи својата позиција да наметне прашања кои се во нејзин интерес. Најпрво беше ликот и делото на научникот Никола Тесла за кој двете земји сметаат дека е нивен, а сега пак меѓу Загреб и Белград стојат прашањата од Втората светска војна.

Конкретно, Хрватска се закани дека ќе ја блокира Србија затоа што српските власти им ја дале на Израел целата документација за злосторствата на усташите во времето на НДХ.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин нагласува дека не е проблем што тоа злосторство се случило, туку што Хрватите немаат храбост да се соочат со НДХ и да признаат дека тоа било политика на еден цел народ и дека од тоа мораат да се оградат.

Ако мораме да ги премолчиме фашистичките ужаси во НДХ за да влеземе во ЕУ можда и не мораме во таа Европска унија.Јас во ЕУ не сакам да одам преку коските на своите претци. Ако патот кон ЕУ е лечење на хрватскиот комплекс мораме добро да размислиме дали сме за ЕУ-смета минитерот за полиција.

Како што пишува „Новости“ на Израел му се дадени 162.000 страници за прогонот и страдањето на Евреите во логорот Јасеновац во Хрватска за време на владеењето на усташите на Анте Павелиќ.

Хрватите се повикуваат на некаков Анекс за сукцесија според кој Србија требало да ги даде на властите во Загреб оригиналните архивски документи.

Покрај ова, Хрватска и Србија имаат многу нерешени прашања како што е заедничката граница која не е исцртана, враќање на протрераните Срби како и нивните имоти.
Хратска вешто ги одбегнува овие прашања и се заканува со вето за Србија која веќе е длабоко навлезена во преговорите.

Пред да се реши спорот со Грција и Македонија бараше враќање на имотите на протераните Македонци во Грција но тогашните власти не сакаа ни да слушнат и ги упатуваа правата да си ги бараат во Стразбур. Пресудите во Судот за човекови права не им се од голема корист на Македонците во Бугарија кои не можат да регистираат партија ниту пак имаат некакво право на здружување.

The post Ветото во ЕУ моќна алатка: Хрватска се закани дека ќе ја блокира Србија поради историја, исто како Бугарија со Македонија appeared first on Република.

]]>

Членките на ЕУ, посебно т.н нови, се почесто посегнуваат по вето кон земјите кандидати. Таков пример беше Грција која се противеше Македонија да ги почне преговорите се додека не го смени уставното име. Сега истото го прави Бугарија која бара Македонија да прифати дека имаме заедничка историја и оти македонскиот јазик не постои за да ја крене блокадата. Но, не се само Грција и Бугарија. Такви аспирации покажува и Хратска кон својот сосед Србија. Овие две земји се во затегнати односи уште од деведесеттите години па сега Хрватска се обидува да ја искористи својата позиција да наметне прашања кои се во нејзин интерес. Најпрво беше ликот и делото на научникот Никола Тесла за кој двете земји сметаат дека е нивен, а сега пак меѓу Загреб и Белград стојат прашањата од Втората светска војна. Конкретно, Хрватска се закани дека ќе ја блокира Србија затоа што српските власти им ја дале на Израел целата документација за злосторствата на усташите во времето на НДХ. Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин нагласува дека не е проблем што тоа злосторство се случило, туку што Хрватите немаат храбост да се соочат со НДХ и да признаат дека тоа било политика на еден цел народ и дека од тоа мораат да се оградат.
Ако мораме да ги премолчиме фашистичките ужаси во НДХ за да влеземе во ЕУ можда и не мораме во таа Европска унија.Јас во ЕУ не сакам да одам преку коските на своите претци. Ако патот кон ЕУ е лечење на хрватскиот комплекс мораме добро да размислиме дали сме за ЕУ-смета минитерот за полиција.
Како што пишува „Новости“ на Израел му се дадени 162.000 страници за прогонот и страдањето на Евреите во логорот Јасеновац во Хрватска за време на владеењето на усташите на Анте Павелиќ. Хрватите се повикуваат на некаков Анекс за сукцесија според кој Србија требало да ги даде на властите во Загреб оригиналните архивски документи. Покрај ова, Хрватска и Србија имаат многу нерешени прашања како што е заедничката граница која не е исцртана, враќање на протрераните Срби како и нивните имоти. Хратска вешто ги одбегнува овие прашања и се заканува со вето за Србија која веќе е длабоко навлезена во преговорите. Пред да се реши спорот со Грција и Македонија бараше враќање на имотите на протераните Македонци во Грција но тогашните власти не сакаа ни да слушнат и ги упатуваа правата да си ги бараат во Стразбур. Пресудите во Судот за човекови права не им се од голема корист на Македонците во Бугарија кои не можат да регистираат партија ниту пак имаат некакво право на здружување.

The post Ветото во ЕУ моќна алатка: Хрватска се закани дека ќе ја блокира Србија поради историја, исто како Бугарија со Македонија appeared first on Република.

]]>