ветерници Archives - Република https://republika.mk/tema/veternici/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 11:36:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ветерници Archives - Република https://republika.mk/tema/veternici/ 32 32 Ветерен парк ќе се гради во кумановско, инвестиција вредна над 400 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/veteren-park-ke-se-gradi-vo-kumanovsko-investitsija-vredna-nad-400-milioni-evra/ Fri, 18 Oct 2024 10:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=828424

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто, Мицкоски рече дека очекува раздвижување на економијата по забрзаната динамика на капиталните инвестиции и над три отсто раст на БДП во третиот и четвртиот квартал од годината.

Ефектите од економската ситуација во Германија која, според премиерот, не е охрабрувачка, кај нас ќе се почувствуваат, како што рече, веројатно кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал идната година.

– Разговорот со германската Стопанска комора, беше пријатен и, би рекол, плоден. Веќе имаме неколку инвестиции во најава. Има една инвестиција во делот на енергетиката, нов ветерен парк – огромна инвестиција во потегот на општините Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, германска инвестиција, огромна 400 и нешто милиони евра. Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори. Инаку, состојбата во германската економија не е охрабрувачка, туку е прилично предизвикувачка и очекувам ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија, ние да ги почувствуваме кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал следната година, изјави Мицкоски

.

The post Ветерен парк ќе се гради во кумановско, инвестиција вредна над 400 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција. Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто, Мицкоски рече дека очекува раздвижување на економијата по забрзаната динамика на капиталните инвестиции и над три отсто раст на БДП во третиот и четвртиот квартал од годината. Ефектите од економската ситуација во Германија која, според премиерот, не е охрабрувачка, кај нас ќе се почувствуваат, како што рече, веројатно кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал идната година.
– Разговорот со германската Стопанска комора, беше пријатен и, би рекол, плоден. Веќе имаме неколку инвестиции во најава. Има една инвестиција во делот на енергетиката, нов ветерен парк – огромна инвестиција во потегот на општините Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, германска инвестиција, огромна 400 и нешто милиони евра. Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори. Инаку, состојбата во германската економија не е охрабрувачка, туку е прилично предизвикувачка и очекувам ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија, ние да ги почувствуваме кон крајот на првиот и почетокот на вториот квартал следната година, изјави Мицкоски
.

The post Ветерен парк ќе се гради во кумановско, инвестиција вредна над 400 милиони евра appeared first on Република.

]]>
„Вашингтон пост“ објави за изградбата на најголемата ветроелектрана во Македонија од 500 милиони долари https://republika.mk/vesti/ekonomija/vashington-post-objavi-za-izgradbata-na-najgolemata-vetroelektrana-vo-makedonija-od-500-milioni-dolari/ Thu, 27 Jun 2024 10:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=791259

Реномираниот медиум „Вашингтон пост“ известува дека македонската влада во вторникот го  објави проектот во соработка со инвеститорот за обновливи извори на енергија „Alcazar Energy Partners“ за изградба на најголемата ветроелектрана во земјата.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека проектот значително ќе ја зголеми енергетската независност и ќе поттикне странски инвестиции.

Ова ќе биде најголемата инвестиција во обновливи извори на енергија која некогаш сме ја имале, рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-veterniot-park-na-alkaraz-enerdhi-najgolema-investitsija-vo-delot-na-obnovlivite-izvori-vo-regionot/

Според „Вашингтон пост“, ветроелектраната, која ќе биде лоцирана во југоисточниот дел на земјата, ќе биде една од најголемите во Западниот Балкан, со капацитет за производство до 400 мегавати обновлива енергија.

Градежните работи се очекува да започнат на почетокот на 2026 година. Откако ќе стане оперативна, ветроелектраната се предвидува да произведува доволно енергија за снабдување на над 100.000 домаќинства.

The post „Вашингтон пост“ објави за изградбата на најголемата ветроелектрана во Македонија од 500 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Реномираниот медиум „Вашингтон пост“ известува дека македонската влада во вторникот го  објави проектот во соработка со инвеститорот за обновливи извори на енергија „Alcazar Energy Partners“ за изградба на најголемата ветроелектрана во земјата. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека проектот значително ќе ја зголеми енергетската независност и ќе поттикне странски инвестиции.
Ова ќе биде најголемата инвестиција во обновливи извори на енергија која некогаш сме ја имале, рече Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-veterniot-park-na-alkaraz-enerdhi-najgolema-investitsija-vo-delot-na-obnovlivite-izvori-vo-regionot/ Според „Вашингтон пост“, ветроелектраната, која ќе биде лоцирана во југоисточниот дел на земјата, ќе биде една од најголемите во Западниот Балкан, со капацитет за производство до 400 мегавати обновлива енергија. Градежните работи се очекува да започнат на почетокот на 2026 година. Откако ќе стане оперативна, ветроелектраната се предвидува да произведува доволно енергија за снабдување на над 100.000 домаќинства.

The post „Вашингтон пост“ објави за изградбата на најголемата ветроелектрана во Македонија од 500 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари https://republika.mk/vesti/ekonomija/ofitsijalno-pretstavuvane-na-proektot-za-razvoj-na-park-na-veternitsi-vreden-nad-500-milioni-dolari/ Tue, 25 Jun 2024 05:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=790474

Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. На настанот ќе се обратат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Инвестицијата на Алказар Енерџи, како што вчера најави премиерот Мицкоски, ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.

Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 - 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор, изјави Мицкоски вчера на поставувањето камен-темелник на новата спортска сала „Џексон" во Штип.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-investitsijata-vo-veterniot-park-od-450-milioni-evra-ke-donese-novi-100-milioni-evra-vo-bdp/

Нагласи дека за проектот нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.

The post Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. На настанот ќе се обратат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Инвестицијата на Алказар Енерџи, како што вчера најави премиерот Мицкоски, ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.
Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 - 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор, изјави Мицкоски вчера на поставувањето камен-темелник на новата спортска сала „Џексон" во Штип.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-investitsijata-vo-veterniot-park-od-450-milioni-evra-ke-donese-novi-100-milioni-evra-vo-bdp/ Нагласи дека за проектот нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.

The post Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Инвестицијата во ветерниот парк од 450 милиони евра ќе донесе нови 100 милиони евра во БДП https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-investitsijata-vo-veterniot-park-od-450-milioni-evra-ke-donese-novi-100-milioni-evra-vo-bdp/ Mon, 24 Jun 2024 12:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=790265

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој првиот ден како премиер го почна од Штип, најави дека инвестицијата за ветерниот парк која официјално ќе биде објавена утре, ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во БДП.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, вакви проекти ќе има уште во периодот што следува.

Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 - 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор. Нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава. Во периодот што следи ќе има уште вакви убави изненадувања, нагласи Мицкоски.

Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник на новата спортска сала „Џексон", направи увид во градењето на новиот булевар „Илинденска“, а потоа, заедно со министерот за здравство Арбен Тараври, направи увид во состојбата на штипската болница.

Порача дека новата Влада ќе гради онаму каде нејзините претхоници оставиле неуспешни проекти.

The post Мицкоски: Инвестицијата во ветерниот парк од 450 милиони евра ќе донесе нови 100 милиони евра во БДП appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој првиот ден како премиер го почна од Штип, најави дека инвестицијата за ветерниот парк која официјално ќе биде објавена утре, ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во БДП. Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, вакви проекти ќе има уште во периодот што следува.
Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 - 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор. Нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава. Во периодот што следи ќе има уште вакви убави изненадувања, нагласи Мицкоски.
Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник на новата спортска сала „Џексон", направи увид во градењето на новиот булевар „Илинденска“, а потоа, заедно со министерот за здравство Арбен Тараври, направи увид во состојбата на штипската болница. Порача дека новата Влада ќе гради онаму каде нејзините претхоници оставиле неуспешни проекти.

The post Мицкоски: Инвестицијата во ветерниот парк од 450 милиони евра ќе донесе нови 100 милиони евра во БДП appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најави укинување на тарифата за пристап на мрежа од сметките за струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-najavi-ukinuvane-na-tarifata-za-pristap-na-mrezha-od-smetkite-za-struja/ Sun, 24 Mar 2024 20:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=758311

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на промоцијата на програмата Платформа# 1198 за претстојните парламентарни избори, закажани за мај годинава најави укинување на тарифата за пристап на мрежа која граѓаните ја плаќаат во сметките за електрична енергија.

„Има една такса која од оваа година РКЕ почна да ја наплаќа а тоа е пристапот на мрежа, тоа е како да наплаќа некој пристап на тротоар, пристап на улица, пат. Тие одлучиле да наплатат пристап на мрежа за да обезбедат повеќе пари а да не кажат дека ја поскапеле цената за граѓаните. Ние тоа ќе го укинеме, сепак 200 денари можеби не значи многу месечно но кога тоа ќе се мултиплицира е доволна заштеда за семејниот буџет“, кажа Мицкоски.

Мицкоски најави модернизација на РЕК БИТОЛА – стожар на македонскиот електроенергетски систем

„Ако оваа Влада на СДСМ и ДУИ има намера и тоа го кажа неколку пати јавно да го затвори РЕК Битола и на тој начин да практично неколку илјади битолчани, семејства кои директно градат егзистенција за своите семејства во овој рударско енергетски комбинат да останат на улица, а неколку десетици илјади кои се дел од компаниите кои соработуваат со овој комбинат исто така да трпат сериозен удар и биде под знак прашалник нивното работно место и нивната егзистенција. Тие вела дека ќе го затворат и го ставаат на знак прашање дали тоа ќе функционира и продолжи да работи во иднина. Ние тука немаме дилема, да за енергетската трансформација, да за зелената агенда, но ние ќе го следиме примерот на највисоко развиените европски држави со многу посложени системи од нас и кога тие целосно ќе го трансформираат својот производствен енергетски систем на зелена енергија, ние веднаш следната година ќе се адаптираме“, рече Мицкоски.

Тој најави ветерни паркови во Богданци, Миравци и Планински Масив Илинска, Плакенска и Бигла.

„Како АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ Ќе бараме приватен партнер со кој ќе ги развиваме овие ветерни паркови и на тој начин ќе го зголемуваме производното портфолио на електрична енергија од обновливи избори на енергија“, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски најави укинување на тарифата за пристап на мрежа од сметките за струја appeared first on Република.

Се гасне пожарот кај Богданци, постои опасност да се прошири кон ветерниците https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-gasne-pozharot-kaj-bogdantsi-postoi-opasnost-da-se-proshiri-kon-veternitsite/ Thu, 03 Aug 2023 13:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=668312

Пожарот кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се гасне, но се уште постои опасност да се прошири кон ветерниците кај Богданци.

Како што информираше градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот се гасне, но е дојден под ветерниците и се прават големи напори тој да не ги зафати.

-Во гаснењето учествуваат три авиони „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од Гевгелија и Валандово и општинското комунално претпријатие. Се надеваме дека нема да дојде до проширување на пожарот кон ветерниците и со заедничко дејствување ќе се успее да се стави пожарот под контрола, изјави Шапов.

Инаку, силниот пожар избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.

The post Се гасне пожарот кај Богданци, постои опасност да се прошири кон ветерниците appeared first on Република.

]]>

Пожарот кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се гасне, но се уште постои опасност да се прошири кон ветерниците кај Богданци. Како што информираше градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот се гасне, но е дојден под ветерниците и се прават големи напори тој да не ги зафати. -Во гаснењето учествуваат три авиони „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од Гевгелија и Валандово и општинското комунално претпријатие. Се надеваме дека нема да дојде до проширување на пожарот кон ветерниците и со заедничко дејствување ќе се успее да се стави пожарот под контрола, изјави Шапов. Инаку, силниот пожар избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.

The post Се гасне пожарот кај Богданци, постои опасност да се прошири кон ветерниците appeared first on Република.

]]>
ЕСМ доби грант од 20 милиони евра за хидроцентралите и ветерниот парк Богданци https://republika.mk/vesti/ekonomija/esm-dobi-grant-od-20-milioni-evra-za-hidrocentralite-i-veterniot-park-bogdanci/ Sun, 25 Dec 2022 12:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=589686

ЕСМ соопшти дека доби два гранта од вкупно 20,5 милиони евра од Western Balkans Investment Framework (WBIF), за ревитализација на хидроелектраните и за Ветерен парк Богданци-втора фаза.

Станува збор за проекти финансирани со поволни кредитни линии и грантови од германската државна развојна банка КфВ, како и сопствени средства на АД ЕСМ, покрај средствата од WBIF кои дополнително ќе го помогнат и забрзаат изведувањето на работите.

-Ревитализацијата на хидроелектраните-трета фаза, за која се добиени 11,2 милиони евра грант, опфаќа активности за зајакнување на инфраструктурата, зголемување на доверливоста и оптимизација на производството на шест хидроелектрани: Вруток, Врбен и Равен во рамките на ХЕС Маврово, Глобочица и Шпилје во рамките на ХЕС Црн Дрим и хидроелектраната Тиквеш. Ветерниот парк Богданци-втора фаза, за кој се добиени 9,3 милиони евра како грант, е проект со кој се проширува ветерниот парк со нови турбини, со кои електраната ќе се заокружи на првично проектираната инсталирана моќ од 50 мегавати, информираат од ЕСМ.

The post ЕСМ доби грант од 20 милиони евра за хидроцентралите и ветерниот парк Богданци appeared first on Република.

]]>

ЕСМ соопшти дека доби два гранта од вкупно 20,5 милиони евра од Western Balkans Investment Framework (WBIF), за ревитализација на хидроелектраните и за Ветерен парк Богданци-втора фаза. Станува збор за проекти финансирани со поволни кредитни линии и грантови од германската државна развојна банка КфВ, како и сопствени средства на АД ЕСМ, покрај средствата од WBIF кои дополнително ќе го помогнат и забрзаат изведувањето на работите.