весна дамева Archives - Република https://republika.mk/tema/vesna-dameva/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 11:28:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png весна дамева Archives - Република https://republika.mk/tema/vesna-dameva/ 32 32 Дали судијката Гајдова ќе биде изземена од случајот „Скопски пазар“? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sudijkata-gajdova-ke-bide-izzemena-od-sluchajot-skopski-pazar/ Fri, 25 Oct 2024 11:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=830939

Одлука за случајот во кои се обвинети поранешни акционери на компанијата Скопски пазар, Апелацискиот суд во Скопје сè  уште не донесе. Покрај контроверзите кои досега го следат овој случај, а за кои веќе пишувавме, спорно е и учеството на судијката Габриела Гајдова во советотот на Апелација, кој треба да одлучува по поднесената жалба, пишува „МКД.мк“.

На 15 ноември 2023 година судијката Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд Скопје, со глас „за“ и од Весна Дамева, актуелната претседателка на Судскиот совет и сопруга на Младен Дамев, кој се јавува како оштетен во случајот за кој деновиве Гајдова треба да одлучува.

За време на изборот, Дамева за Габриела Гајдова, судијка од Основниот суд Велес, рече дека „таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”.

Значи Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд со глас и од Весна Дамева, а сега треба да одлучува за случај во кој управител на оштетениот е токму сопругот на Дамева и е во позиција да се „реваншира” на Дамева за силната поддршка при нејзиниот избор. Многумина очекуваа Гајдова да биде изземена од овој случај, но тоа не се случи.

Повеќе на МКД.мк

The post Дали судијката Гајдова ќе биде изземена од случајот „Скопски пазар“? appeared first on Република.

]]>

Одлука за случајот во кои се обвинети поранешни акционери на компанијата Скопски пазар, Апелацискиот суд во Скопје сè  уште не донесе. Покрај контроверзите кои досега го следат овој случај, а за кои веќе пишувавме, спорно е и учеството на судијката Габриела Гајдова во советотот на Апелација, кој треба да одлучува по поднесената жалба, пишува „МКД.мк“.  
 
На 15 ноември 2023 година судијката Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд Скопје, со глас „за“ и од Весна Дамева, актуелната претседателка на Судскиот совет и сопруга на Младен Дамев, кој се јавува како оштетен во случајот за кој деновиве Гајдова треба да одлучува.
 
За време на изборот, Дамева за Габриела Гајдова, судијка од Основниот суд Велес, рече дека „таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”. Значи Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд со глас и од Весна Дамева, а сега треба да одлучува за случај во кој управител на оштетениот е токму сопругот на Дамева и е во позиција да се „реваншира” на Дамева за силната поддршка при нејзиниот избор. Многумина очекуваа Гајдова да биде изземена од овој случај, но тоа не се случи. Повеќе на МКД.мк

The post Дали судијката Гајдова ќе биде изземена од случајот „Скопски пазар“? appeared first on Република.

]]>
Дамева: Специјалната комисија за Рамадани работи интензивно, извештајот се очекува час поскоро https://republika.mk/vesti/makedonija/dameva-spetsijalnata-komisija-za-ramadani-raboti-intenzivno-izveshtajot-se-ochekuva-chas-poskoro/ Mon, 26 Aug 2024 11:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=810256

Претседателката на Судски совет Весна Дамева, информираше дека специјалната комисија што го испитува случајот со бегството од куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, работи интензивно, и како што рече, се очекува час поскоро да излезе со извештај.

Во изјава за медиуми на пауза од денешната седница, Дамева рече дека штом биде констатирана фактичката состојба, веднаш ќе биде ставена на седница.

- Во овој момент не можам да кажам затоа што тоа е во рамки на Комисијата, единствено како претседател на Судски совет, на некој начин ги обезбедувам сите технички услови за да им бидат обезбедени тие податоци кои им се потребни за анализа. Цела постапка околу конкретниот случај, околу одговорност на судии и слично, да не прејудицираме, има законски рокови. Во овој случај ќе се работи интензивно и многу итно, јавноста заслужува одговори час поскоро, рече Дамева.

На прашањето во врска со средбата со премиерот Христијан Мицкоски, односно дали го убедувала премиерот да нема распуштање на советот, таа одговори дека, како што рече, судскиот совет нема надлежност, односно не се мешала во тоа.

- Судскиот совет нема надлежност, јас не се мешав во тоа. И таму укажав на средбата, укажувам во секој момент, дека судската власт е самостојна и независна. Ние бевме должни како совет да предочиме каква е реалната состојба во судството, кои се активностите кои Судскиот совет изминатите неколку месеци интензивно ги работи, а во континуитет и со години ги презема, како и оние активности кои во наредниот период интензивно ќе ги презема во насока на имплементација на препораките. Укажавме на напредокот кој судскиот совет го има во насока на тие препораки, час поскоро да бидат имплементирани, затоа што тие препораки, доколку се имплементираат, зависи враќањето на довербата во судството, образложи Дамева.

Во однос на тоа дали доовориле нешто конкретно, таа одговори дека нивните предлози ги доставуваат на работната група која што ги работеше измените во законот за Судски совет.

- Континуирано имаше наши претставници, а тоа беше иницирано од доставениот извештај на Оценската мисија. Сите предлози се тогаш доставени, меѓутоа и во наредниот период сме подготвени, доколку се предложи ново законско решение, со нашите предлози ќе учествуваме активно во насока на изготвување на солиден закон кој што од таа постапка, од сите законски одредби, понатаму би значело како ќе се враќа и дали ќе се враќа довербата кај граѓаните, дополни таа.

Судскиот совет на итна седница пред десетина дена донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка.

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи е недостапно за органите на прогонот.

The post Дамева: Специјалната комисија за Рамадани работи интензивно, извештајот се очекува час поскоро appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Судски совет Весна Дамева, информираше дека специјалната комисија што го испитува случајот со бегството од куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, работи интензивно, и како што рече, се очекува час поскоро да излезе со извештај. Во изјава за медиуми на пауза од денешната седница, Дамева рече дека штом биде констатирана фактичката состојба, веднаш ќе биде ставена на седница. - Во овој момент не можам да кажам затоа што тоа е во рамки на Комисијата, единствено како претседател на Судски совет, на некој начин ги обезбедувам сите технички услови за да им бидат обезбедени тие податоци кои им се потребни за анализа. Цела постапка околу конкретниот случај, околу одговорност на судии и слично, да не прејудицираме, има законски рокови. Во овој случај ќе се работи интензивно и многу итно, јавноста заслужува одговори час поскоро, рече Дамева. На прашањето во врска со средбата со премиерот Христијан Мицкоски, односно дали го убедувала премиерот да нема распуштање на советот, таа одговори дека, како што рече, судскиот совет нема надлежност, односно не се мешала во тоа. - Судскиот совет нема надлежност, јас не се мешав во тоа. И таму укажав на средбата, укажувам во секој момент, дека судската власт е самостојна и независна. Ние бевме должни како совет да предочиме каква е реалната состојба во судството, кои се активностите кои Судскиот совет изминатите неколку месеци интензивно ги работи, а во континуитет и со години ги презема, како и оние активности кои во наредниот период интензивно ќе ги презема во насока на имплементација на препораките. Укажавме на напредокот кој судскиот совет го има во насока на тие препораки, час поскоро да бидат имплементирани, затоа што тие препораки, доколку се имплементираат, зависи враќањето на довербата во судството, образложи Дамева. Во однос на тоа дали доовориле нешто конкретно, таа одговори дека нивните предлози ги доставуваат на работната група која што ги работеше измените во законот за Судски совет. - Континуирано имаше наши претставници, а тоа беше иницирано од доставениот извештај на Оценската мисија. Сите предлози се тогаш доставени, меѓутоа и во наредниот период сме подготвени, доколку се предложи ново законско решение, со нашите предлози ќе учествуваме активно во насока на изготвување на солиден закон кој што од таа постапка, од сите законски одредби, понатаму би значело како ќе се враќа и дали ќе се враќа довербата кај граѓаните, дополни таа. Судскиот совет на итна седница пред десетина дена донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка. Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи е недостапно за органите на прогонот.

The post Дамева: Специјалната комисија за Рамадани работи интензивно, извештајот се очекува час поскоро appeared first on Република.

]]>
Дамева: Судската и извршната власт треба да се гледаат како соработници https://republika.mk/vesti/makedonija/dameva-sudskata-i-izvrshnata-vlast-treba-da-se-gledaat-kako-sorabotnitsi/ Tue, 20 Aug 2024 19:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=808446

Судската и извршната власт не треба да се гледаат како соперници, туку напротив треба да се гледаат како соработници затоа што таа институционална меѓусебна соработка е многу важна за наредните чекори, наредните резултати се со цел враќање на довербата кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат, а ние сме доследни да обезбедиме неселективна правда во државата, а тоа може да се спроведе исклучиво со меѓуинституционална соработка со цел детектирање на слабости во одредени институции, а потоа нивно преземање во рамки на своите надлежности.

Ова го изјави претседателката на Судскиот совет Весна Дамева по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.

Според Дамева, средбата била иницирана од Судскиот совет во врска со јавниот повик од премиерот Мицкоски за, како што рече, да дадат конструктивни предлози во однос на функционирањето на судството и враќање на довербата кај граѓаните.

Целосната имплементација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија зависи и од заложбите кои сите ние ги имаме. Судскиот совет веќе ги имплементира тие препораки и како главен патоказ за Судскиот совет се препораките ноторани во Извештајот на Оценската мисија и сметам дека тие треба да бидат во насока на успешно спроведување на реформскиот процес, рече Дамева.

Таа изрази надеж дека дека оваа средба е првиот чекор кон унапредување на оние, како што рече, детектирани слабости во судството и длабоко сум убедена дека понатаму таа соработка ќе вроди со плод, со успешни резултати врз основа на спроведени активности.

Граѓаните заслужуваат да имаат правда, нагласи Дамева.

Претседателката на Судскиот совет не одговори на новинарските прашања за средбата и ги повика медиумите во Судскиот совет, каде што, како што рече, ќе ги добијат сите одговори.

The post Дамева: Судската и извршната власт треба да се гледаат како соработници appeared first on Република.

]]>

Судската и извршната власт не треба да се гледаат како соперници, туку напротив треба да се гледаат како соработници затоа што таа институционална меѓусебна соработка е многу важна за наредните чекори, наредните резултати се со цел враќање на довербата кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат, а ние сме доследни да обезбедиме неселективна правда во државата, а тоа може да се спроведе исклучиво со меѓуинституционална соработка со цел детектирање на слабости во одредени институции, а потоа нивно преземање во рамки на своите надлежности.
Ова го изјави претседателката на Судскиот совет Весна Дамева по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата. Според Дамева, средбата била иницирана од Судскиот совет во врска со јавниот повик од премиерот Мицкоски за, како што рече, да дадат конструктивни предлози во однос на функционирањето на судството и враќање на довербата кај граѓаните.
Целосната имплементација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија зависи и од заложбите кои сите ние ги имаме. Судскиот совет веќе ги имплементира тие препораки и како главен патоказ за Судскиот совет се препораките ноторани во Извештајот на Оценската мисија и сметам дека тие треба да бидат во насока на успешно спроведување на реформскиот процес, рече Дамева.
Таа изрази надеж дека дека оваа средба е првиот чекор кон унапредување на оние, како што рече, детектирани слабости во судството и длабоко сум убедена дека понатаму таа соработка ќе вроди со плод, со успешни резултати врз основа на спроведени активности.
Граѓаните заслужуваат да имаат правда, нагласи Дамева.
Претседателката на Судскиот совет не одговори на новинарските прашања за средбата и ги повика медиумите во Судскиот совет, каде што, како што рече, ќе ги добијат сите одговори.

The post Дамева: Судската и извршната власт треба да се гледаат како соработници appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со Судскиот совет: Се ќе направиме да ја донесеме правдата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-sudskiot-sovet-se-ke-napravime-da-ja-doneseme-pravdata/ Tue, 20 Aug 2024 18:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=808407

Премиерот Христијан Мицкоски, се сретна со претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева.

Како што информира Мицкоски, средбата била одржана на барање на Советот.

Ние се ќе направиме да ја донесеме правдата. Не смее да има граѓани од прв ред, не смее да има граѓани од втор ред, малкумина од прв ред коишто се заштитени, не смее да има елита туку мора да се сите подеднакви пред законите и Уставот. Тоа го потенцирав на самата средба, којашто е по нивно барање, за да слушнеме кои се нивните предлози.

Впрочем ние имавме повик и до експертската јавност и до институциите да дојдат да достават предлози како заеднички да го реформираме правосудниот систем. Ние стоиме на нашиот став, на нашата програма, но сакаме да слушнеме. Доколку добиеме подобри идеи, се разбира дека тие идеи и ќе ги примениме, тука не треба да има никаква тајна.

Невладеењето на правото и криминалот се безбедносен проблем и ние како Влада мора да реагираме, тоа им го предочивме на Судскиот Совет на средбата, вели Мицкоски.

The post Мицкоски на средба со Судскиот совет: Се ќе направиме да ја донесеме правдата appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски, се сретна со претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева. Како што информира Мицкоски, средбата била одржана на барање на Советот.
Ние се ќе направиме да ја донесеме правдата. Не смее да има граѓани од прв ред, не смее да има граѓани од втор ред, малкумина од прв ред коишто се заштитени, не смее да има елита туку мора да се сите подеднакви пред законите и Уставот. Тоа го потенцирав на самата средба, којашто е по нивно барање, за да слушнеме кои се нивните предлози.   Впрочем ние имавме повик и до експертската јавност и до институциите да дојдат да достават предлози како заеднички да го реформираме правосудниот систем. Ние стоиме на нашиот став, на нашата програма, но сакаме да слушнеме. Доколку добиеме подобри идеи, се разбира дека тие идеи и ќе ги примениме, тука не треба да има никаква тајна.   Невладеењето на правото и криминалот се безбедносен проблем и ние како Влада мора да реагираме, тоа им го предочивме на Судскиот Совет на средбата, вели Мицкоски.

The post Мицкоски на средба со Судскиот совет: Се ќе направиме да ја донесеме правдата appeared first on Република.

]]>
На Кацарска и престанал судскиот статус, треба да оди во пензија https://republika.mk/vesti/makedonija/na-katsarska-i-prestanal-sudskiot-status-treba-da-odi-vo-penzija/ Thu, 04 Jul 2024 16:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=793512

Во  Собранието стигнал допис дека на судијката  Добрила Кацарска  и  престанал судискиот статус поради пензионирање, потврдуваат  од Собранието за  ТВ 24.

Дека таков допис е пратен за известување за тв 24 потврдува и претседателката на судскиот совет Весна Дамева.

„Испратен е допис до Собранието за известување дека на судијата Добрила Кацарска и е престаннат судискиот статус во Основен суд Скопје 1, по основ на пензионирање и во прилог е доставено и решението за пензионирање, вели Дамева за  ТВ 24.

Тв 24 повикувајќи се на извори пишува дека планот на мнозинството е поради оваа причина да биде разрешена Кацарска.

Од Уставен суд за тв 24 велат дека во отсуство на официјални информации за било каква иницијатива за престанок на мандат на судија на Уставниот суд нема да дава коментари. „Во Уставот во член 111 став 4 јасно се уредени основите за престанок на функција на уставен судија“, велат од Уставен суд

The post На Кацарска и престанал судскиот статус, треба да оди во пензија appeared first on Република.

Јан Коп: Со враќањето на Дамева, Судскиот совет повторно може да смета на помошта од Холандија https://republika.mk/vesti/makedonija/jan-kop-so-vrakaneto-na-dameva-sudskiot-sovet-povtorno-mozhe-da-smeta-na-pomoshta-od-holandija/ Tue, 16 Jan 2024 16:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=733717

Холандската Амбасада денеска објави дека амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп имал средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

Амбасадорот Дирк Јан Коп денеска се сретна со Весна Дамева, претседател на Судскиот совет (СС). Амбасадорот Коп е задоволен што Судскиот совет повторно е правен субјект. Сега е од големо значење и итност да се започне со враќање на довербата на јавноста и меѓународната заедница во Судскиот совет, стои во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата.

Дамева, се посочува, даде преглед на начинот на кој на транспарентен начин ќе ги имплементира препораките на Оценката мисијата на Европската унија.

Холандија сега силно ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет кој беше суспендиран во мај, минатата година, се наведува на фејсбук статусот на Амбасадата на Холандија.

Весна Дамева се врати на претседателското место во Судскиот совет на 4 јануари, а по пресудата на Управниот суд дека не се образложени причините поради кои таа претходно беше разрешена. Критики кон Советот во изминатиот период упати холандскиот амбасадор Коп, а коментирајќи ги случувањата во Судскиот совет во постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер лани изјави дека СС не успеал во целост да ги исполни своите законски обврски.

The post Јан Коп: Со враќањето на Дамева, Судскиот совет повторно може да смета на помошта од Холандија appeared first on Република.

Дамева не сака да ги коментира критиките на холандскиот амбасадор, за Арифи смета дека треба да биде донесена правилна одлука https://republika.mk/vesti/makedonija/dameva-ne-saka-da-gi-komentira-kritikite-na-holandskiot-ambasador-za-arifi-smeta-deka-treba-da-bide-donesena-pravilna-odluka/ Tue, 16 Jan 2024 07:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=733421

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева очекува на седницата в среда, на која треба да се расправа по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, да биде донесена правилна одлука.

Дамева за емисијата „360 степени“ изјави дека извештајот на Комисијата на известители е готов и дека за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.

- Станува збор за извештај во којшто Комисијата, изведувајќи ги сите докази врз основа на одржана јавна расправа, го констатира тоа во документот, но би сакала да напоменам дека согласно Законот за Судски совет донесен во 2019 година, Комисијата не дава предлог до Советот во смисла на лично мислење. Само ја констатира фактичката состојба врз основа на изведени докази, врз основа на расправа. На Советот в среда останува да расправа и да одлучи, врз основа на тоа, дали има сторено повреда и доколку има, која е повредата и каква ќе биде финалната одлука, тоа ќе почекаме, појаснува Дамева.

Расправата во среда, како што посочува Дамева, ќе биде отворена за јавноста и на седницата сите членови на Советот може да се изјаснат за извештајот од Комисијата по што треба да се донесе одлука.

- Прво за што се изјаснува Советот е за запирање на постапката, за што се потребни најмалку седум гласа. Доколку нема мнозинство, се пристапува кон констатирање дека е сторена повреда и кон изрекување на една од утврдените законски дисциплински мерки, почнувајќи од најтешката кон најлесната, што значи првата е разрешување, па парична казна имајќи предвид висината и времетраењето, па јавен укор и на крај опомена, вели Дамева.

Посочува дека има изградено личен став по однос на ова прашање, а за нејзините колеги рече дека ниту за овој случај, ниту за кој било друг, не би можела да претпостави кој како би гласал, но се надева дека нејзините колеги ќе ја земат предвид целокупната фактичка состојба и врз основа на доказите ќе донесат правилна одлука.

Во однос на неколкумесечното непојавување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на седниците на Судскиот совет, Дамева рече дека за тоа одговор треба да се побара лично од неа, но доколку се прашува таа како претседателка на Судски совет, таа е задоволна од присуството на Адеми бидејќи претседателот на Врховниот суд може да биде од помош за работата на Судскиот совет.

Во врска со нејзиното разрешување од функцијата претседателка на Судскиот совет по што таа поднесе претставка до Управниот суд кој пресуди во нејзина полза, Дамева вели дека со одлуката на Управниот суд не е затворен случајот со нејзиното разрешување. Очекува и други надлежни институции да постапат.

- Морам да кажам дека пресудата од Управниот суд не ја сметам за личен триумф. Тоа е триумф, односно тука победи правдата, за мое, искрена да бидам, големо изненадување. Значи, сепак, не сите судии во нашата држава може да се смета дека одлуките ги носат пристрасно или од кои било други побуди. Судиите се одважија и ова го зборувам лично, бидејќи не смеам да го изразам овој став како претседател на Судски совет со оглед дека во таа постапка тужена странка, тужен орган беше Судскиот совет. Не сметам дека со ова е завршено сè бидејќи во однос на таа незаконитост мора да бидат преземени други дејствија, но за тоа се надлежни други институции, вели Дамева.

За пораките на холандскиот амбасадор по средбата со лидерот на ДУИ, Дамева вели дека нема да ја коментира пораката, но дека е убедена оти странските дипломати во земјава имаат причини за таквите чекори.

- Јас би сакала да се воздржам од коментар во однос на активности и средби на дипломатските претставници од странски држави во нашата земја и нема да ја коментирам пораката. Меѓутоа, доколку дипломатски претставници остваруваат такви средби, убедена сум дека имаат причини, индиции и потреба тие чекори да ги преземат, но не би сакала да коментирам, вели претседателката на Судскиот совет

The post Дамева не сака да ги коментира критиките на холандскиот амбасадор, за Арифи смета дека треба да биде донесена правилна одлука appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева очекува на седницата в среда, на која треба да се расправа по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, да биде донесена правилна одлука. Дамева за емисијата „360 степени“ изјави дека извештајот на Комисијата на известители е готов и дека за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.
- Станува збор за извештај во којшто Комисијата, изведувајќи ги сите докази врз основа на одржана јавна расправа, го констатира тоа во документот, но би сакала да напоменам дека согласно Законот за Судски совет донесен во 2019 година, Комисијата не дава предлог до Советот во смисла на лично мислење. Само ја констатира фактичката состојба врз основа на изведени докази, врз основа на расправа. На Советот в среда останува да расправа и да одлучи, врз основа на тоа, дали има сторено повреда и доколку има, која е повредата и каква ќе биде финалната одлука, тоа ќе почекаме, појаснува Дамева.
Расправата во среда, како што посочува Дамева, ќе биде отворена за јавноста и на седницата сите членови на Советот може да се изјаснат за извештајот од Комисијата по што треба да се донесе одлука.
- Прво за што се изјаснува Советот е за запирање на постапката, за што се потребни најмалку седум гласа. Доколку нема мнозинство, се пристапува кон констатирање дека е сторена повреда и кон изрекување на една од утврдените законски дисциплински мерки, почнувајќи од најтешката кон најлесната, што значи првата е разрешување, па парична казна имајќи предвид висината и времетраењето, па јавен укор и на крај опомена, вели Дамева.
Посочува дека има изградено личен став по однос на ова прашање, а за нејзините колеги рече дека ниту за овој случај, ниту за кој било друг, не би можела да претпостави кој како би гласал, но се надева дека нејзините колеги ќе ја земат предвид целокупната фактичка состојба и врз основа на доказите ќе донесат правилна одлука. Во однос на неколкумесечното непојавување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на седниците на Судскиот совет, Дамева рече дека за тоа одговор треба да се побара лично од неа, но доколку се прашува таа како претседателка на Судски совет, таа е задоволна од присуството на Адеми бидејќи претседателот на Врховниот суд може да биде од помош за работата на Судскиот совет. Во врска со нејзиното разрешување од функцијата претседателка на Судскиот совет по што таа поднесе претставка до Управниот суд кој пресуди во нејзина полза, Дамева вели дека со одлуката на Управниот суд не е затворен случајот со нејзиното разрешување. Очекува и други надлежни институции да постапат.
- Морам да кажам дека пресудата од Управниот суд не ја сметам за личен триумф. Тоа е триумф, односно тука победи правдата, за мое, искрена да бидам, големо изненадување. Значи, сепак, не сите судии во нашата држава може да се смета дека одлуките ги носат пристрасно или од кои било други побуди. Судиите се одважија и ова го зборувам лично, бидејќи не смеам да го изразам овој став како претседател на Судски совет со оглед дека во таа постапка тужена странка, тужен орган беше Судскиот совет. Не сметам дека со ова е завршено сè бидејќи во однос на таа незаконитост мора да бидат преземени други дејствија, но за тоа се надлежни други институции, вели Дамева.
За пораките на холандскиот амбасадор по средбата со лидерот на ДУИ, Дамева вели дека нема да ја коментира пораката, но дека е убедена оти странските дипломати во земјава имаат причини за таквите чекори. - Јас би сакала да се воздржам од коментар во однос на активности и средби на дипломатските претставници од странски држави во нашата земја и нема да ја коментирам пораката. Меѓутоа, доколку дипломатски претставници остваруваат такви средби, убедена сум дека имаат причини, индиции и потреба тие чекори да ги преземат, но не би сакала да коментирам, вели претседателката на Судскиот совет

The post Дамева не сака да ги коментира критиките на холандскиот амбасадор, за Арифи смета дека треба да биде донесена правилна одлука appeared first on Република.

]]>
Oткако ја вратија на чело, Дамева смета дека Судскиот совет го нема изгубено легитимитетот https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-ja-vratija-na-chelo-daneva-smeta-deka-sudskiot-sovet-go-nema-izgubeno-legitimitetot/ Tue, 16 Jan 2024 06:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=733417

Претседателката на Сусдскиот совет Весна Дамева смета дека оваа институција го нема изгубено легитимитетот.

Дамева: Не можам да кажам дека Судскиот совет го изгубил легитимитетот бидејќи одлуките, особено оваа одлука којашто Управниот суд ја прогласи за незаконита, не беше донесена од сите членови. И не може во ист кош да ги ставите сите членови на Судскиот совет. И не само таа одлука, и идните одлуки што ги носи Судскиот совет најчесто не се едногласно донесени. Затоа не можам да се сложам со констатацијата која проциркулира и во стручната јавност дека Судскиот совет нема легитимитет. За да се одземе легитимитет на цело тело не може истото да се стори врз основа на незаконито, пристрасно, несовесно, нечесно или какво било однесување на поединци. Затоа секогаш кажувам и сега ќе повторувам – значи, секој има име и презиме, и ако некој постапува незаконски, несовесно, неодговорно – треба да се каже со име и презиме, изјави Дамева за „360 степени“.

The post Oткако ја вратија на чело, Дамева смета дека Судскиот совет го нема изгубено легитимитетот appeared first on Република.

Дамева: Пресудата на Управниот суд е првиот чекор напред, којшто влева надеж дека правдата е достижна https://republika.mk/vesti/makedonija/dameva-presudata-na-upravniot-sud-e-prviot-chekor-napred-kojshto-vleva-nadezh-deka-pravdata-e-dostizhna/ Wed, 03 Jan 2024 16:18:40 +0000 https://republika.mk/?p=729376

Во 2023 година имаше непријатна состојба во Судскиот совет и јас се надевам дека 2024 година ќе биде година во која што сите членови на Судскиот совет поединечно и во состав на Судскиот совет ќе најдат начин да ја санираат таа состојба, односно да покажат дека можат да се движат по оној трасиран пат на Советот, исполнувајќи ги основните заложби, изјави Весна Дамева, која од денеска повторно се врати на чело на Судскиот совет, откако Управниот суд со пресуда ја поништи одлуката за нејзиното разрешување.

Пресудата на Управниот суд, според Дамева, е првиот чекор напред, којшто влева надеж дека правдата е достижна.

Длабоко се надевам и очекувам дека ова ќе биде и почетокот за враќање на довербата на граѓаните во судството. Нашата работа и сите заложби ќе останат декларативни ако правдата не е видлива и ако граѓаните не може да ја почитуваат правдата. Јас сум за вистината без оглед кој ја кажува. Јас сум за правдата без разлика за кого е и против кого е, нагласи Дамева.

Според Дамева, ако целта на критиката е во насока на подобрување на одредени состојби и надминување на одредени слабости, таа критика мора и треба да биде прифатена подеднакво и позитивно од сите нас.

Би сакала да ја истакнам и поддршката што ни беше дадена од страна на ЕУ преку Извештајот којшто беше изготвен од страна на Оценската мисија во кој се детектирани сите состојби и слабости на Судскиот совет и верувам дека истиот на сите членови подеднакво ќе ни биде патоказ за постапување и понатамошно однесување во Судскиот совет, изјави Дамева.

Во однос на одлуките што досега се донесени, Дамева рече дека и ова прашање ќе биде предмет на анализа на Судскиот совет и посочи дека Судскиот совет е колективно тело и одлуките го носи колективно и во тој дел не очекува било какви дилеми.

Прашана какво однесување очекува од колегите, Дамева рече дека грешката е направена, но исправена со пресуда од Управниот суд.

Не очекувам од ниту еден член на Судскиот совет и не би сакала да верувам, дали на тивок начин или гласно, ќе ја опструираат работата на Судскиот совет, бидејќи ова не е парламент да има тивок бојкот. Ова е Судски совет и има предвидено начини и механизми и активности што треба да ги спроведува и очекувам Судскиот совет и понатаму да продолжи да работи без било какви опструкции, а секое опструирање на работата, секое непостапување и недоаѓање на седници си има пропишано законска процедура и понатаму ќе се санкционира, рече Дамева.

Легитимитетот на Судскиот совет, според Дамева, не е донесен во прашање, бидеќи не сите заеднички ја донеле одлуката за нејзино разрешување и порача дека има законска постапка и начин како се разрешува во Судскиот совет.

Секој член на Судски совет е подложен на разрешување, меѓутоа тоа значи законска спроведена постапка и начин утврден во закон, изјави Дамева.

The post Дамева: Пресудата на Управниот суд е првиот чекор напред, којшто влева надеж дека правдата е достижна appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година имаше непријатна состојба во Судскиот совет и јас се надевам дека 2024 година ќе биде година во која што сите членови на Судскиот совет поединечно и во состав на Судскиот совет ќе најдат начин да ја санираат таа состојба, односно да покажат дека можат да се движат по оној трасиран пат на Советот, исполнувајќи ги основните заложби, изјави Весна Дамева, која од денеска повторно се врати на чело на Судскиот совет, откако Управниот суд со пресуда ја поништи одлуката за нејзиното разрешување. Пресудата на Управниот суд, според Дамева, е првиот чекор напред, којшто влева надеж дека правдата е достижна.
Длабоко се надевам и очекувам дека ова ќе биде и почетокот за враќање на довербата на граѓаните во судството. Нашата работа и сите заложби ќе останат декларативни ако правдата не е видлива и ако граѓаните не може да ја почитуваат правдата. Јас сум за вистината без оглед кој ја кажува. Јас сум за правдата без разлика за кого е и против кого е, нагласи Дамева.
Според Дамева, ако целта на критиката е во насока на подобрување на одредени состојби и надминување на одредени слабости, таа критика мора и треба да биде прифатена подеднакво и позитивно од сите нас.
Би сакала да ја истакнам и поддршката што ни беше дадена од страна на ЕУ преку Извештајот којшто беше изготвен од страна на Оценската мисија во кој се детектирани сите состојби и слабости на Судскиот совет и верувам дека истиот на сите членови подеднакво ќе ни биде патоказ за постапување и понатамошно однесување во Судскиот совет, изјави Дамева.
Во однос на одлуките што досега се донесени, Дамева рече дека и ова прашање ќе биде предмет на анализа на Судскиот совет и посочи дека Судскиот совет е колективно тело и одлуките го носи колективно и во тој дел не очекува било какви дилеми. Прашана какво однесување очекува од колегите, Дамева рече дека грешката е направена, но исправена со пресуда од Управниот суд.
Не очекувам од ниту еден член на Судскиот совет и не би сакала да верувам, дали на тивок начин или гласно, ќе ја опструираат работата на Судскиот совет, бидејќи ова не е парламент да има тивок бојкот. Ова е Судски совет и има предвидено начини и механизми и активности што треба да ги спроведува и очекувам Судскиот совет и понатаму да продолжи да работи без било какви опструкции, а секое опструирање на работата, секое непостапување и недоаѓање на седници си има пропишано законска процедура и понатаму ќе се санкционира, рече Дамева.
Легитимитетот на Судскиот совет, според Дамева, не е донесен во прашање, бидеќи не сите заеднички ја донеле одлуката за нејзино разрешување и порача дека има законска постапка и начин како се разрешува во Судскиот совет.
Секој член на Судски совет е подложен на разрешување, меѓутоа тоа значи законска спроведена постапка и начин утврден во закон, изјави Дамева.

The post Дамева: Пресудата на Управниот суд е првиот чекор напред, којшто влева надеж дека правдата е достижна appeared first on Република.

]]>
Судски совет ја прифати оставката на претседателот Сашко Георгиев и одлучи Дамева да се врати на функција https://republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-ja-prifati-ostavkata-na-pretsedatelot-sashko-georgiev-i-odluchi-dameva-da-se-vrati-na-funktsija/ Wed, 03 Jan 2024 14:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=729368

Судскиот совет денеска на итна седница го прифати барањето за оставка на претседателот Сашко Георгиев, а согласно пресудата на Управен суд, одлучи да ја врати на функција поранешната претседателка Весна Дамева, која беше разрешена во мај минатата година.

Георгиев во своето излагање на денешната седница, покрај ретроспективата за неговото назначување и искуството како претседател, нагласи дека неговото назначување воопшто не е дел од пресудата на Управен.

Вчера ја добивме одлуката од Управен суд. Сметам дека е потребно да истакнам дека мојот избор за претседател не е воопшто предмет на оваа пресуда, рече тој.

Дополни дека немал никакви притисоци и влијанија, и како што рече, „исклучително совесно, професионално и одговорно работев и го претставував Советот“.

Сум можел и сме можеле уште многу повеќе и многу подобро, рече тој.

Заменик претседателот на Судскот совет, Ханиф Зендели, по неговото излагање констатираше дека нема потреба од расправа бидејќи станува збор за барање за оставка и посочи дека на Георгиев му престанува мандатот со денешниот датум.

Останува како член да ја извршува својата обврска додека му трае мандатот, рече тој.

Во однос на точката за постапување по пресудата од Управен суд со која се поништува одлуката на Судски совет за разрешување на поранешната претседателка, Весна Дамева, Зендели констатираше дека имајќи ја предвид оваа пресуда, останува во сила одлуката за избор на Весна Дамева за претседателка.

Имајќи ја превид пресудата на Управен суд, констатираме дека донесената одлука останува во сила одлуката на Судски совет за избор на претседател Весна Дамева од 5.12.2022. Од сега натаму претседател на Судски совет е Весна Дамева, рече тој.

Седницата следува по денешниот работен состанок на Советот на кој беше разгледана пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Дамева.

Управниот суд денеска ја објави пресудата во која меѓу другото е наведено дека Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во мај минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.

The post Судски совет ја прифати оставката на претседателот Сашко Георгиев и одлучи Дамева да се врати на функција appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска на итна седница го прифати барањето за оставка на претседателот Сашко Георгиев, а согласно пресудата на Управен суд, одлучи да ја врати на функција поранешната претседателка Весна Дамева, која беше разрешена во мај минатата година. Георгиев во своето излагање на денешната седница, покрај ретроспективата за неговото назначување и искуството како претседател, нагласи дека неговото назначување воопшто не е дел од пресудата на Управен.
Вчера ја добивме одлуката од Управен суд. Сметам дека е потребно да истакнам дека мојот избор за претседател не е воопшто предмет на оваа пресуда, рече тој.
Дополни дека немал никакви притисоци и влијанија, и како што рече, „исклучително совесно, професионално и одговорно работев и го претставував Советот“.
Сум можел и сме можеле уште многу повеќе и многу подобро, рече тој.
Заменик претседателот на Судскот совет, Ханиф Зендели, по неговото излагање констатираше дека нема потреба од расправа бидејќи станува збор за барање за оставка и посочи дека на Георгиев му престанува мандатот со денешниот датум.
Останува како член да ја извршува својата обврска додека му трае мандатот, рече тој.
Во однос на точката за постапување по пресудата од Управен суд со која се поништува одлуката на Судски совет за разрешување на поранешната претседателка, Весна Дамева, Зендели констатираше дека имајќи ја предвид оваа пресуда, останува во сила одлуката за избор на Весна Дамева за претседателка.
Имајќи ја превид пресудата на Управен суд, констатираме дека донесената одлука останува во сила одлуката на Судски совет за избор на претседател Весна Дамева од 5.12.2022. Од сега натаму претседател на Судски совет е Весна Дамева, рече тој.
Седницата следува по денешниот работен состанок на Советот на кој беше разгледана пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Дамева. Управниот суд денеска ја објави пресудата во која меѓу другото е наведено дека Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување. Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во мај минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд. Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.

The post Судски совет ја прифати оставката на претседателот Сашко Георгиев и одлучи Дамева да се врати на функција appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет денеска ќе констатира дека мора да ја врати Весна Дамева https://republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-deneska-ke-konstatira-deka-mora-da-ja-vrati-vesna-dameva/ Wed, 03 Jan 2024 07:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=729124

Судскиот совет денеска ќе одржи работен состанок, на кој како што е најавено, ќе ја разгледа пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.

По пресудата, како што информираа од Судскиот совет, треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.

The post Судскиот совет денеска ќе констатира дека мора да ја врати Весна Дамева appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска ќе одржи работен состанок, на кој како што е најавено, ќе ја разгледа пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева. По пресудата, како што информираа од Судскиот совет, треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба. Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд. Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.

The post Судскиот совет денеска ќе констатира дека мора да ја врати Весна Дамева appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет потврди: Разрешената Весна Данева мора да биде вратена https://republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-potvrdi-razreshenata-vesna-daneva-mora-da-bide-vratena/ Tue, 02 Jan 2024 10:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=728936

Во Судскиот совет пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева, информираат од Советот.

Оттаму велат дека таа ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот

The post Судскиот совет потврди: Разрешената Весна Данева мора да биде вратена appeared first on Република.

]]>

Во Судскиот совет пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева, информираат од Советот. Оттаму велат дека таа ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба. Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд. Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот

The post Судскиот совет потврди: Разрешената Весна Данева мора да биде вратена appeared first on Република.

]]>
Управниот суд го укина разрешувањето: Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет https://republika.mk/vesti/makedonija/upravniot-sud-go-ukina-razreshuvaneto-vesna-dameva-se-vraka-na-chelo-na-sudskiot-sovet/ Fri, 29 Dec 2023 14:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=727980

Решението на Судскиот совет со кое поранешната претседателка на советот, Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција е поништено, потврдија од Управниот суд за МИА.

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува оваа одлука со која таа се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

- Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи, стои во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму дополнуваат дека одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на право.

Од Судскиот совет за МИА велат дека ќе се чека на пресудата, бидејќи и тие за ова дознале од медиумите

The post Управниот суд го укина разрешувањето: Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Решението на Судскиот совет со кое поранешната претседателка на советот, Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција е поништено, потврдија од Управниот суд за МИА. Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува оваа одлука со која таа се враќа на претседателското место во Судскиот совет. - Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи, стои во соопштението од Министерството за правда. Оттаму дополнуваат дека одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на право. Од Судскиот совет за МИА велат дека ќе се чека на пресудата, бидејќи и тие за ова дознале од медиумите

The post Управниот суд го укина разрешувањето: Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>
Дамеви дома не правеле муабет за работа, Црвенковска да си гледала работа – повторно циркуз во Судскиот совет https://republika.mk/vesti/makedonija/damevi-doma-ne-pravele-muabet-za-rabota-tsrvenkovska-da-si-gledala-rabota-povtorno-tsirkuz-vo-sudskiot-sovet/ Mon, 05 Jun 2023 18:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=648185

Повторно се разбуди духот на нарушени меѓучовечки односи во Судскиот совет, известува „Сител“ од денешната седница, на која, меѓудругото се утврдуваше дали разрешената претседателка Весна Дамева криела судир на интереси. Како што беше соопштено, нејзиниот сопруг водел спорови пред судии за чии разрешувања или унапредувања одлучувала таа. Ја советуваа дека морала да праша дали некој член од семејството се тужи, ама Дамеви, дома не разговарале за работа.

Екс-претседателката, пак, обвини дека се води хајка против неа. Тврди дека го информирала советот веднаш штом дознала за можниот судир на интереси. Засега знае за двајца судии, а колку судски спорови води сопругот на Весна Дамева, советот дополнително ќе анализира.

Неодамна, холандскиот амбасадор советот го оцени како нелигитимно тело и привремено прекина проект за судски од 1 милион евра.

Видео на „Сител

The post Дамеви дома не правеле муабет за работа, Црвенковска да си гледала работа – повторно циркуз во Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Повторно се разбуди духот на нарушени меѓучовечки односи во Судскиот совет, известува „Сител“ од денешната седница, на која, меѓудругото се утврдуваше дали разрешената претседателка Весна Дамева криела судир на интереси. Како што беше соопштено, нејзиниот сопруг водел спорови пред судии за чии разрешувања или унапредувања одлучувала таа. Ја советуваа дека морала да праша дали некој член од семејството се тужи, ама Дамеви, дома не разговарале за работа. Екс-претседателката, пак, обвини дека се води хајка против неа. Тврди дека го информирала советот веднаш штом дознала за можниот судир на интереси. Засега знае за двајца судии, а колку судски спорови води сопругот на Весна Дамева, советот дополнително ќе анализира. Неодамна, холандскиот амбасадор советот го оцени како нелигитимно тело и привремено прекина проект за судски од 1 милион евра. Видео на „Сител

The post Дамеви дома не правеле муабет за работа, Црвенковска да си гледала работа – повторно циркуз во Судскиот совет appeared first on Република.

]]>
Дамева поднесе тужба до Управен за нејзиното разрешување https://republika.mk/vesti/makedonija/dameva-podnese-tuzhba-do-upraven-za-nejzinoto-razreshuvane/ Fri, 19 May 2023 10:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=642617

Поранешната претседателка на Судски совет Весна Дамева поднесе тужба до Управниот суд со која ја оспорува законитоста на донесената одлука за нејзиното разрешување од функцијата претседател на Судскиот совет.

Имајќи ја во предвид мојата заложба за владеење на правото, како и дека секоја незаконитост треба да се испита и утврди во постапка и на начин согласно со закон, поднесов тужба до Управниот суд, со која ја оспорувам законитоста на донесената одлука за мое разрешување од функцијата претседател на Судскиот совет на Република Македонија, која во основа се заснова на фактите кои веќе и се познати на јавноста, а тие се дека одлуката е донесена без постоење на законски основ и без да биде спроведена постапка пропишана со закон - изјави Дамева за МИА.

Дамева, како што изјави, поднела и кривична пријава до ОЈО Скопје поради сторени прекршувања и пречекорувања на законот кои спаѓаат во доменот на кривично-правната област.

Со оглед дека во случајот за да се дојде до целта и да бидам разрешена од претседател на Судски совет на Република  Македонија беа сторени и прекршувања и пречекорувања на законот кои спаѓаат во доменот на кривично-правната област, до ОЈО Скопје поднесов кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека е сторено продолжено кривично дело Злоупотреба на службената должност и овластување од чл.353 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ - вели Дамева.

The post Дамева поднесе тужба до Управен за нејзиното разрешување appeared first on Република.

Туфегџиќ: Не е предвидено разрешување на претседател на Советот https://republika.mk/vesti/makedonija/tufegdhik-ne-e-predvideno-razreshuvane-na-pretsedatel-na-sovetot/ Wed, 03 May 2023 07:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=636230

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вечерва изјави дека не е предвидена процедура за разрешување на претседател на Судскиот совет.

-Согласно законот, точно е дека нема и не е предвидено разрешување на претседател на Советот, а факичката состојба е дека избраниот претседател нема мнозинство кое го загуби со седум гласа. Во вакви околности, тој претседател и ако продолжи да заедава со седниците на Судскиот совет, за ниту една точка нема да има потребно мнозинство. Процедура за разрешување на претседател не е предвидена, рече Туфегџиќ во емисијата 24 Отворено на ТВ 24.

Адвокатот потенцира дека ако не се преземат мерки за оваа состојба во која се наоѓа Судскиот совет „авторитетот на Врховниот суд ќе влијае да се надминат овие состојби“.

The post Туфегџиќ: Не е предвидено разрешување на претседател на Советот appeared first on Република.

„Циркусот“ Судски совет денеска има нова претстава: Ќе бираат наследник на Дамева https://republika.mk/vesti/makedonija/tsirkusot-sudski-sovet-deneska-ima-nova-pretstva-ke-biraaat-naslednik-na-dameva/ Tue, 02 May 2023 07:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=635883

Судскиот совет денеска на седница во 11 часот треба да гласа за избор на нов претседател, откако доскорешната претседателка Весна Дамева беше разрешена во средата, во тензична атмосфера и според мислење на експерти, во незаконска постапка. Директен повод за смената беше нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, предлог кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот.

Првично беше најавено дека наследникот на Дамева ќе биде избран ден по нејзиното разрешување, но заменик-претседателот на Советот Адеми во четвртокот побара одлагање на изборот за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

The post „Циркусот“ Судски совет денеска има нова претстава: Ќе бираат наследник на Дамева appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска на седница во 11 часот треба да гласа за избор на нов претседател, откако доскорешната претседателка Весна Дамева беше разрешена во средата, во тензична атмосфера и според мислење на експерти, во незаконска постапка. Директен повод за смената беше нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, предлог кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот. Првично беше најавено дека наследникот на Дамева ќе биде избран ден по нејзиното разрешување, но заменик-претседателот на Советот Адеми во четвртокот побара одлагање на изборот за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

The post „Циркусот“ Судски совет денеска има нова претстава: Ќе бираат наследник на Дамева appeared first on Република.

]]>
Разрешувањето на Дамева е само рефлексија на партиските инсталации на ДУИ и СДСМ во судството https://republika.mk/vesti/makedonija/razreshuvaneto-na-dameva-e-samo-refleksija-na-partiskite-instalatsii-na-dui-i-sdsm-vo-sudstvoto/ Fri, 28 Apr 2023 07:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=634831

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат говорејќи за состојбите во судството и разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, истакна дека тоа е само слика на колапсот кој се случува во државата на сите нивоа, а се пресликува и во судството.

„Тоа е само една слика на колапсот на државата што ни се случува на сите нивоа и така се пресликува за жал и во судството. Она што бевме сведоци сите ние и јавноста, незнам дали соодветниот термин би било бламажа, резил или шок. Веќе во оваа држава не се почитува ништо. Начинот на кој што беше тоа направено без да се запази ништо е само една рефлексија на партиските инсталации на ДУИ и на СДСМ која што зема се поголем замав. Ние се доведовме во ситуација да бидеме шамарани од сите страни. Веќе не говориме само за извештаи за корупција и транспарентност, туку се доведовме во ситуација да имаме писмо од америчкиот амбасадор за ситуацијата во судството“, истакна Јааревски.
Тој исто така додаде дека за ваквите состојби и за ниската доверба во судството од собраниската говорница се алармирало континуирано, но ништо не е сменето.

„Дали ова што беше изјавата на Дамева вчера на еден национален медиум за довербата во судството не ја повторивме ние од говорницата барем 100 пати. Зошто довела до тие 3%, дали сега има некоја разлика кога нејзе и се случува тоа, а ставете се во кожа на еден обичен граѓанин или на оние кои што беа под политички прогон изминативе неколку години. Дали ние не укажувавме со месеци за состојбите во судството? Имавме жестоки дискусии каде што укажувавме и за Апелационите судови. Ние имаме по секој еден судија по една претставка, или уште полоша состојба, имаме вкупен број на претставки против судиите што ако не е по еден судија по една претставка, тогаш имате ситуација по неколку претставки на еден судија и тие се се уште таму застапени“, потенцираше Јаревски.
Јаревски додаде и дека ваквата состојба во судството со оваа власт не може да се подобри бидејќи е потребен ресет кој ќе овозможи функционирање на правната држава.

The post Разрешувањето на Дамева е само рефлексија на партиските инсталации на ДУИ и СДСМ во судството appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат говорејќи за состојбите во судството и разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, истакна дека тоа е само слика на колапсот кој се случува во државата на сите нивоа, а се пресликува и во судството. „Тоа е само една слика на колапсот на државата што ни се случува на сите нивоа и така се пресликува за жал и во судството. Она што бевме сведоци сите ние и јавноста, незнам дали соодветниот термин би било бламажа, резил или шок. Веќе во оваа држава не се почитува ништо. Начинот на кој што беше тоа направено без да се запази ништо е само една рефлексија на партиските инсталации на ДУИ и на СДСМ која што зема се поголем замав. Ние се доведовме во ситуација да бидеме шамарани од сите страни. Веќе не говориме само за извештаи за корупција и транспарентност, туку се доведовме во ситуација да имаме писмо од америчкиот амбасадор за ситуацијата во судството“, истакна Јааревски. Тој исто така додаде дека за ваквите состојби и за ниската доверба во судството од собраниската говорница се алармирало континуирано, но ништо не е сменето.
„Дали ова што беше изјавата на Дамева вчера на еден национален медиум за довербата во судството не ја повторивме ние од говорницата барем 100 пати. Зошто довела до тие 3%, дали сега има некоја разлика кога нејзе и се случува тоа, а ставете се во кожа на еден обичен граѓанин или на оние кои што беа под политички прогон изминативе неколку години. Дали ние не укажувавме со месеци за состојбите во судството? Имавме жестоки дискусии каде што укажувавме и за Апелационите судови. Ние имаме по секој еден судија по една претставка, или уште полоша состојба, имаме вкупен број на претставки против судиите што ако не е по еден судија по една претставка, тогаш имате ситуација по неколку претставки на еден судија и тие се се уште таму застапени“, потенцираше Јаревски. Јаревски додаде и дека ваквата состојба во судството со оваа власт не може да се подобри бидејќи е потребен ресет кој ќе овозможи функционирање на правната држава.

The post Разрешувањето на Дамева е само рефлексија на партиските инсталации на ДУИ и СДСМ во судството appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да го достави на увид Записникиот од седницата на која е разрешена Дамевска https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-isprati-barane-do-sudskiot-sovet-da-go-dostavi-na-uvid-zapisnikiot-od-sednitsata-na-koja-e-razreshena-damevska/ Thu, 27 Apr 2023 12:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=634649

Министерството за правда со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет. И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството.

Заради добивање на повеќе информации, Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред.

Бара_е- записник и дневен ред, Судски совет

Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација а Судскиот совет да биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството.

The post Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да го достави на увид Записникиот од седницата на која е разрешена Дамевска appeared first on Република.

ДКСК очекува вклученост и реакција од сите релевантни државни субјекти за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ochekuva-vkluchenost-i-reaktsija-od-site-relevantni-drzhavni-subjekti-za-razreshuvaneto-na-pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-vesna-dameva/ Thu, 27 Apr 2023 12:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=634610

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека очекува вклученост и реакција од сите релевантни државни субјекти за случајот со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна ДамеваДржавната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека очекува вклученост и реакција од сите релевантни државни субјекти за случајот со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

- Имајќи ја предвид позиционираноста на Судскиот совет како највисок орган на судската власт, кој треба да се залага за бескомпромисно почитување на принципот на владеење на правото и за обезбедување на независноста на судската власт како трет столб на власта, Државната комисија изразува сериозна загриженост за случувањата на седницата на Судскиот совет, од кои во медиумите беа презентирани и видео записи, се наведува во денешното соопштението на ДКСК.

Комисијата ги потсетува лицата кои се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата на законитост и интегритет од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

- Начело на законитост: „(1) Секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите. (2) Никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање на дејствие што според закон не смее, односно мора да го изврши, ниту да го подреди извршувањето на законито дејствие на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице. (3) Никој не може да биде повикан на одговорност за корупција освен во случаите и условите предвидени со овој закон, со Кривичниот законик и друг закон и во постапка пропишана со закон“, се посочува во соопштението.

Од ДКСК посочуваат и на начелото на интегритет. - (1) Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно. (2) Службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должно да ги почитува начелото на законитост, начелото на еднаквост, начелото на јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кој било со целосно почитување на јавниот интерес. (3) Службеното лице во вршењето на својата функција е должно да внимава на евентуален судир на интереси и при извршувањето на јавните овластувања и должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице, нагласува ДКСК во соопштението.

Комисијата укажува и на член 39 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со кој се забранува какво било влијание при избор, именувања и разрешување на раководни места.

- Член 39. (1) Политичка партија или лице што настапува во име на политичка партија не смее да врши притисок при избор или именување, или разрешување на лице на службена, раководна или друга функција или должност, освен во случаите во кои со закон е определена надлежност на претседателот на Републиката, Собранието и Владата на Република Македонија, или органите на единиците на локалната самоуправа да вршат избор, именување, или да даваат мислење или согласност, се додава во соопштението од ДКСК.

The post ДКСК очекува вклученост и реакција од сите релевантни државни субјекти за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева appeared first on Република.