Весела Чернева Archives - Република https://republika.mk/tema/vesela-cherneva/ За подобро да се разбереме Tue, 30 May 2023 12:37:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Весела Чернева Archives - Република https://republika.mk/tema/vesela-cherneva/ 32 32 Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје https://republika.mk/vesti/balkan/sovetnichkata-na-petkov-pod-istraga-za-oddavane-na-tajni-informatsii-na-vlasta-vo-skopje/ Tue, 30 May 2023 12:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=646137

Дали се дадени информации од преговарачкиот процес со Македонија и дали има протекување до Скопје за чекорите на бугарската држава. Испраќани ли се меилови на бугарски службеници кон такви на македонската држава, дали им е давана внатрешна информација и извршено ли е друго национално предавство?

Овие прашања од партијата „Преродба“ му се поставени на шефот на бугарската Државна агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, на денешната седница на Народното собрание, посветена на објавените записи од седницата на раководството на партијата Продолжуваме со промените на поранешниот премиер Кирил Петков.

Одговорот на шефот на Агенцијата Тончев, пишуваат 24 часа, беше повеќе од категоричен:

-Ова се однесува на информации чувствителни на целото општество и нема да можам да одговорам подетално, зашто има поведено предистражна постапка. По контраразузнавачка линија е утврден случај во кој советник на премиерот во тој момент ги пренесувал позициите на Министерството за надворешни работи на граѓанин на Македонија.

Одговорот предизвика врева во салата, а Хамид Хамид од ДПС запраша како во ДАНБ се процесуира протекувањето на внатрешни информации.

Тончев одговори дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на Агенцијата биле достапни за надворешни извори. Едниот се однесувал на негов бивш колега, против кого е покренато дело за шпионажа, а вториот се истражува од Софиското градско обвинителство и е објавен од сајт.  И за двата случаја има предистражни постапки. Тончев лаконски забележа дека до тие документи пристап имале две лица, кои не биле од редовите на Агенцијата.

Иако шефот на ДАНБ не го именува советникот, едно од имињата кое може да е „информатор“ на Скопје е на Весела Чернева, која му беше советник на Кирил Петков. Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и оти самата лобира во преговорите со Македонија.

Подоцна Тошко Јорданов од ИТН директно ја именуваше Чернева и потсети дека Кирил Петков и Асен Василев учествувале на седница на Комитетот за национална безбедност кај претседателот Румен Радев, поради што може да биде покренато и прашањето  дали не е предадена и класифицирана информација.

Тончев рече дека „лицето што ја доставило позицијата на Бугарија од координацијата“ „индиректно не е амбасада, туку државен службеник“. И посочи дека тоа било во времето на министерката Генчовска.

-Ова лице само на неговиот работен компјутер направило посебно бришење, кое благодарение на експертите е вратено, изјави Тончев.

The post Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Дали се дадени информации од преговарачкиот процес со Македонија и дали има протекување до Скопје за чекорите на бугарската држава. Испраќани ли се меилови на бугарски службеници кон такви на македонската држава, дали им е давана внатрешна информација и извршено ли е друго национално предавство? Овие прашања од партијата „Преродба“ му се поставени на шефот на бугарската Државна агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, на денешната седница на Народното собрание, посветена на објавените записи од седницата на раководството на партијата Продолжуваме со промените на поранешниот премиер Кирил Петков. Одговорот на шефот на Агенцијата Тончев, пишуваат 24 часа, беше повеќе од категоричен:
-Ова се однесува на информации чувствителни на целото општество и нема да можам да одговорам подетално, зашто има поведено предистражна постапка. По контраразузнавачка линија е утврден случај во кој советник на премиерот во тој момент ги пренесувал позициите на Министерството за надворешни работи на граѓанин на Македонија.
Одговорот предизвика врева во салата, а Хамид Хамид од ДПС запраша како во ДАНБ се процесуира протекувањето на внатрешни информации. Тончев одговори дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на Агенцијата биле достапни за надворешни извори. Едниот се однесувал на негов бивш колега, против кого е покренато дело за шпионажа, а вториот се истражува од Софиското градско обвинителство и е објавен од сајт.  И за двата случаја има предистражни постапки. Тончев лаконски забележа дека до тие документи пристап имале две лица, кои не биле од редовите на Агенцијата. Иако шефот на ДАНБ не го именува советникот, едно од имињата кое може да е „информатор“ на Скопје е на Весела Чернева, која му беше советник на Кирил Петков. Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и оти самата лобира во преговорите со Македонија. Подоцна Тошко Јорданов од ИТН директно ја именуваше Чернева и потсети дека Кирил Петков и Асен Василев учествувале на седница на Комитетот за национална безбедност кај претседателот Румен Радев, поради што може да биде покренато и прашањето  дали не е предадена и класифицирана информација. Тончев рече дека „лицето што ја доставило позицијата на Бугарија од координацијата“ „индиректно не е амбасада, туку државен службеник“. И посочи дека тоа било во времето на министерката Генчовска.
-Ова лице само на неговиот работен компјутер направило посебно бришење, кое благодарение на експертите е вратено, изјави Тончев.

The post Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје appeared first on Република.

]]>
И Чернева потврди дека Македонија не почна преговори со ЕУ, како што ни тврдат дома https://republika.mk/vesti/makedonija/i-cherneva-potvrdi-deka-makedonija-ne-pochna-pregovori-so-eu-kako-shto-ni-tvrdat-doma/ Thu, 16 Feb 2023 10:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=609674

Секое влошување на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во уставот, туку е во интерес на руските цели на Балканот, смета Весела Чернева, заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика и советничка на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.

Чернева во изјава за БТВ ја посочува одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни лани, кога пратениците усвоија листа услови за односите со Скопје за кои требаше да почнат разговори, но наместо тоа се случило спротивното.

Таа смета дека односите меѓу Софија и Скопје ќе ги регулира Брисел кога ќе почнат преговорите за членство на Македонија.

Европската унија ќе влезе во својата улога на контролно тело кога Македонија ќе ги почне преговорите. Македонија сè уште не почнала да преговара во ЕУ, бидејќи имаше еден услов - Бугарите да бидат вклучени во уставот. Тоа се уште не е наравено, истакна Чернева.

За да се постигне оваа промена, според неа, мора да има соодветен амбиент, а во моментов се забележува ескалација.

Двете страни се виновни. Ако нè интересира судбината на Бугарите во Македонија, задача на Бугарија е да создаде поволни услови за да можат многу брзо да ги добијат правата што ги сакаме, смета Чернева.

Грешката на Бугарија, како што посочува, е и во имињата на културните клубови што се отворени во Македонија, чија цел е да провоцираат, а не да ги подобрат односите.

Тоа е направено за да провоцира другата страна. Кога отворате клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа за да ја навредува другата страна, изјави Чернева.

The post И Чернева потврди дека Македонија не почна преговори со ЕУ, како што ни тврдат дома appeared first on Република.

]]>

Секое влошување на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во уставот, туку е во интерес на руските цели на Балканот, смета Весела Чернева, заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика и советничка на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков. Чернева во изјава за БТВ ја посочува одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни лани, кога пратениците усвоија листа услови за односите со Скопје за кои требаше да почнат разговори, но наместо тоа се случило спротивното. Таа смета дека односите меѓу Софија и Скопје ќе ги регулира Брисел кога ќе почнат преговорите за членство на Македонија.
Европската унија ќе влезе во својата улога на контролно тело кога Македонија ќе ги почне преговорите. Македонија сè уште не почнала да преговара во ЕУ, бидејќи имаше еден услов - Бугарите да бидат вклучени во уставот. Тоа се уште не е наравено, истакна Чернева.
За да се постигне оваа промена, според неа, мора да има соодветен амбиент, а во моментов се забележува ескалација.
Двете страни се виновни. Ако нè интересира судбината на Бугарите во Македонија, задача на Бугарија е да создаде поволни услови за да можат многу брзо да ги добијат правата што ги сакаме, смета Чернева.
Грешката на Бугарија, како што посочува, е и во имињата на културните клубови што се отворени во Македонија, чија цел е да провоцираат, а не да ги подобрат односите.
Тоа е направено за да провоцира другата страна. Кога отворате клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа за да ја навредува другата страна, изјави Чернева.

The post И Чернева потврди дека Македонија не почна преговори со ЕУ, како што ни тврдат дома appeared first on Република.

]]>
Нов бугарски министер за надворешни ќе биде „соросоидот“ кој ја договараше првата средба меѓу Ковачевски и Петков https://republika.mk/vesti/balkan/nov-bugarski-minister-za-nadvoreshni-kje-bide-sorosoidot-koj-ja-dogovarashe-prvata-sredba-megju-kovachevski-i-petkov/ Thu, 14 Apr 2022 09:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=488330

Бугарија за неколку дена ќе има нов министер за надворешни работи, пишува во новиот број бугарскиот неделник „Галерија“, повикувајќи се на „одлично информирани извори“, пренесуваат Факти.бг.

Причините за повлекувањето на Теодора Генчовска биле „целосната некомпетентност и отсуството на елементарни познавања на дипломатијата и протоколот„, пишува неделникот.

Со најголеми шанси за нејзина наследничка била Весела Чернева, актуелна советничка на премиерот Кирил Петков. На Има таков народ, чиј претставник е Генчовска, ќе и биде предложено да замине како постојан претставник во НАТО.

Таа е дел од т.н „Сорос“ структури во Бугарија и ја договораше првата средба меѓу премиерите Петков и Ковачевски.

Со помали шанси од тие на Чернева била актуелната заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова, пишува неделникот.

The post Нов бугарски министер за надворешни ќе биде „соросоидот“ кој ја договараше првата средба меѓу Ковачевски и Петков appeared first on Република.

]]>

Бугарија за неколку дена ќе има нов министер за надворешни работи, пишува во новиот број бугарскиот неделник „Галерија“, повикувајќи се на „одлично информирани извори“, пренесуваат Факти.бг. Причините за повлекувањето на Теодора Генчовска биле „целосната некомпетентност и отсуството на елементарни познавања на дипломатијата и протоколот„, пишува неделникот. Со најголеми шанси за нејзина наследничка била Весела Чернева, актуелна советничка на премиерот Кирил Петков. На Има таков народ, чиј претставник е Генчовска, ќе и биде предложено да замине како постојан претставник во НАТО. Таа е дел од т.н „Сорос“ структури во Бугарија и ја договораше првата средба меѓу премиерите Петков и Ковачевски. Со помали шанси од тие на Чернева била актуелната заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова, пишува неделникот.

The post Нов бугарски министер за надворешни ќе биде „соросоидот“ кој ја договараше првата средба меѓу Ковачевски и Петков appeared first on Република.

]]>