весел мемеди Archives - Република https://republika.mk/tema/vesel-memedi/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 17:53:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png весел мемеди Archives - Република https://republika.mk/tema/vesel-memedi/ 32 32 Амбасадорот во Италија кој бараше од Македонците да бидат „северни“ повикан на консултации https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-vo-italija-koj-barashe-od-makedontsite-da-bidat-severni-povikan-na-konsultatsii/ Thu, 04 Jul 2024 17:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=793527

Согласно Законот за надворешни работи, министерот за надворешни работи и надворешна трговија го повика на консултации вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Рим, Весел Мемеди, потврдија од Министерството за МИА.

Како што додаваат оттаму, датумот на средбата со министерот ќе биде дополнително утврден.

Мемеди во февруари годинава испрати допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки. ВМРО-ДПМНЕ тогаш излезе со со реакција дека Мемеди на своја рака донел потези со кои им наштетил на македонските граѓани во Италија.

Неколку дена по дописот на Мемеди, МНР, предводено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, испрати нова нота до италијанските власти, информирајќи дека амбасадорот Мемеди нема добиена никаква инструкција да доставува ноти за предметната тема.

-По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, соопшти тогаш МНР

The post Амбасадорот во Италија кој бараше од Македонците да бидат „северни“ повикан на консултации appeared first on Република.

]]>

Согласно Законот за надворешни работи, министерот за надворешни работи и надворешна трговија го повика на консултации вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Рим, Весел Мемеди, потврдија од Министерството за МИА. Како што додаваат оттаму, датумот на средбата со министерот ќе биде дополнително утврден. Мемеди во февруари годинава испрати допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки. ВМРО-ДПМНЕ тогаш излезе со со реакција дека Мемеди на своја рака донел потези со кои им наштетил на македонските граѓани во Италија. Неколку дена по дописот на Мемеди, МНР, предводено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, испрати нова нота до италијанските власти, информирајќи дека амбасадорот Мемеди нема добиена никаква инструкција да доставува ноти за предметната тема.
-По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, соопшти тогаш МНР

The post Амбасадорот во Италија кој бараше од Македонците да бидат „северни“ повикан на консултации appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-memedi-shto-gi-turna-vo-problem-makedonskite-gragani-vo-italija-ke-bide-otpovikan/ Thu, 04 Jul 2024 13:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=793416

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава „Плусинфо“ од извори во Министерството.

Станува збор за амбасадорот кој пред околу два месеци испрати скандалозен допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки.

Неофицијално, иницијативата за негово повикување произлегла од новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

The post Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава „Плусинфо“ од извори во Министерството. Станува збор за амбасадорот кој пред околу два месеци испрати скандалозен допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки. Неофицијално, иницијативата за негово повикување произлегла од новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

The post Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан appeared first on Република.

]]>
Дипломатија по теркот на ДУИ: Амбасадорот во Италија, Мемеди кој на своја рака ги забрани пасошите со „Република Македонија“ беше и потпретседател на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatija-po-terkot-na-dui-ambasadorot-vo-italija-memedi-koj-na-svoja-raka-gi-zabrani-pasoshite-so-republika-makedonija-beshe-i-potpretsedatel-na-sobranieto/ Fri, 16 Feb 2024 15:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=744934

Случајот со Петрит Муслиу кој ги навредувал Македонците во Чикаго кој дошле да вадат пасоши со „Северна“ не е единствениот.Сличен пример е и со амбасадорот во Италија Веслел Мемеди.Тој беше претседател на една минорна партија наречена НДП и кој поради добрите врски со ДУИ беше испратен во Рим.Тоа се случи пред две години кога министиер за надворешни работи како и сега е Бујар Османи од ДУИ.

Мемеди на своја рака испратил допис со италијанските власти дека пасошите со „Република Македонија“ повеќе не се важечки иако тоа не е негова наделжност. Со тоа остави заглавени околу 100.000 Македонци кои што живеат и работат во Италија и не можат да се вратат дома.

Мемеди покрај претседател на  НДП, пратеник  беше и потпретседател на Собранието. Во 2019 година, си даде оставка во Парламентот со обинувања кон тогашниот премиер Зоран Заев дека без консултација го разрешил министерот за локална самоуправа, кој доаѓаше од неговата партија.

The post Дипломатија по теркот на ДУИ: Амбасадорот во Италија, Мемеди кој на своја рака ги забрани пасошите со „Република Македонија“ беше и потпретседател на Собранието appeared first on Република.

]]>

Случајот со Петрит Муслиу кој ги навредувал Македонците во Чикаго кој дошле да вадат пасоши со „Северна“ не е единствениот.Сличен пример е и со амбасадорот во Италија Веслел Мемеди.Тој беше претседател на една минорна партија наречена НДП и кој поради добрите врски со ДУИ беше испратен во Рим.Тоа се случи пред две години кога министиер за надворешни работи како и сега е Бујар Османи од ДУИ. Мемеди на своја рака испратил допис со италијанските власти дека пасошите со „Република Македонија“ повеќе не се важечки иако тоа не е негова наделжност. Со тоа остави заглавени околу 100.000 Македонци кои што живеат и работат во Италија и не можат да се вратат дома. Мемеди покрај претседател на  НДП, пратеник  беше и потпретседател на Собранието. Во 2019 година, си даде оставка во Парламентот со обинувања кон тогашниот премиер Зоран Заев дека без консултација го разрешил министерот за локална самоуправа, кој доаѓаше од неговата партија.

The post Дипломатија по теркот на ДУИ: Амбасадорот во Италија, Мемеди кој на своја рака ги забрани пасошите со „Република Македонија“ беше и потпретседател на Собранието appeared first on Република.

]]>
Кој му кажал на амбасадорот во Рим Мемеди да испрати нота до властите дека пасошите на 100.000 македонски државјани веќе не важат? https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-mu-kazhal-na-ambasadorot-vo-rim-memedi-da-isprati-nota-do-vlastite-deka-pasoshite-na-100-000-makedonski-drzhavjani-veke-ne-vazhat/ Thu, 15 Feb 2024 08:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=744280

Амбасадорот на Македонија во Рим Весел Мемеди со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки, aлармира пратеникот Антонио Милошоски, нагласувајќи дека со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство. Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи, вели Милошоски.

Ова е втор голем скандал деновиве поврзан со дипломатите кои треба да ги штитан интересите на граѓаните кои ги плаќаат.

Така, шурата на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, македонскиот конзул во Чикаго, САД, Петрит Муслиу, арогантно се заканувал на македонски државјани дека нема никогаш повеќе да добијат пасош.

https://republika.mk/vesti/makedonija/konzulot-na-dui-vo-chikago-se-odnesuval-arogantno-kon-makedontsite/

The post Кој му кажал на амбасадорот во Рим Мемеди да испрати нота до властите дека пасошите на 100.000 македонски државјани веќе не важат? appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Македонија во Рим Весел Мемеди со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки, aлармира пратеникот Антонио Милошоски, нагласувајќи дека со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.
Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство. Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи, вели Милошоски.
Ова е втор голем скандал деновиве поврзан со дипломатите кои треба да ги штитан интересите на граѓаните кои ги плаќаат. Така, шурата на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, македонскиот конзул во Чикаго, САД, Петрит Муслиу, арогантно се заканувал на македонски државјани дека нема никогаш повеќе да добијат пасош. https://republika.mk/vesti/makedonija/konzulot-na-dui-vo-chikago-se-odnesuval-arogantno-kon-makedontsite/

The post Кој му кажал на амбасадорот во Рим Мемеди да испрати нота до властите дека пасошите на 100.000 македонски државјани веќе не важат? appeared first on Република.

]]>