верски заедници Archives - Република https://republika.mk/tema/verski-zaednici/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 09:33:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png верски заедници Archives - Република https://republika.mk/tema/verski-zaednici/ 32 32 Пендаровски: Да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-da-se-splotime-vo-naporite-da-sozdademe-pravedno-i-humano-opshtestvo/ Sat, 23 Dec 2023 09:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=725867

Наместо да се истоштуваме во идеолошките и културни војни, да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество со јасни морални вертикали. На тој начин не само што ќе ја надминеме агонијата и ќе ја ублажиме кризата, туку и ќе ја вратиме надежта под македонското небо, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на предновогодишниот прием за црквите, верските заедници и религиозни групи што синоќа го приреди Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Соживотот, посочи претседателот, не се гради само со размена на куртоазни пораки и честитки, туку, пред се, низ лични релации и пријателства.

Преку соработката во Меѓурелигискиот совет, преку групата на пријателство помеѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Исламската верска заедница, вие на најдобар начин го заштитувате соживотот од провокациите на недобронамерните поединци. Со тоа давате пример за целото македонско општество, како можеме да живееме заедно и покрај нашите разлики во верата и во убедувањата, рече Пендаровски.

Прашање за секој еден од нас, како што наведе, е како да излеземе од агонијата на безнадежноста и како повторно да ја вратиме надежта во македонското општество.

Верските заедници и религиозните групи се дел од решението на горливиот проблем. Во една секуларна држава, каква што е нашата, верските заедници ниту можат, ниту пак тоа е нивна задача, да ја санкционираат корупцијата, бидејќи тоа е работа на надлежните државни институции. Но, верските заедници можат да постигнат нешто многу поважно, а тоа е - апелирајќи на совеста и инсистирајќи на личниот интегритет, верските заедници можат да ги развиваат добрите навики во срцата на верниците. Со тоа, можат да создадат критична маса на духовно трансформирани поединци кои ќе го трансформираат духот на општеството и ќе ја направат корупцијата, барем за еден дел од верниците, неприфатлива, па дури и одбивна, порача шефот на државата.

Тој ја истакна институционалната поддршка од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи која според него има незаменлива улога да помага во премостувањето на поделбите во општеството, да бара точки на поврзување и со тоа да ја негува културата на верска толеранција и почитување на религиозната различност.

Посочи и на дијалогот, како што рече, не само меѓу религиозните деноминации, туку и меѓу теистите, атеистите и агностиците, а кој подразбира конверзација, а не конверзија.

Отвореноста на меѓурелигискиот дијалог не нè води нужно кон напуштање на сопствените и прифаќање на различни уверувања, туку, кон подготвеност истите да се разберат и почитуваат, претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: Да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество appeared first on Република.

]]>

Наместо да се истоштуваме во идеолошките и културни војни, да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество со јасни морални вертикали. На тој начин не само што ќе ја надминеме агонијата и ќе ја ублажиме кризата, туку и ќе ја вратиме надежта под македонското небо, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на предновогодишниот прием за црквите, верските заедници и религиозни групи што синоќа го приреди Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Соживотот, посочи претседателот, не се гради само со размена на куртоазни пораки и честитки, туку, пред се, низ лични релации и пријателства.
Преку соработката во Меѓурелигискиот совет, преку групата на пријателство помеѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Исламската верска заедница, вие на најдобар начин го заштитувате соживотот од провокациите на недобронамерните поединци. Со тоа давате пример за целото македонско општество, како можеме да живееме заедно и покрај нашите разлики во верата и во убедувањата, рече Пендаровски.
Прашање за секој еден од нас, како што наведе, е како да излеземе од агонијата на безнадежноста и како повторно да ја вратиме надежта во македонското општество.
Верските заедници и религиозните групи се дел од решението на горливиот проблем. Во една секуларна држава, каква што е нашата, верските заедници ниту можат, ниту пак тоа е нивна задача, да ја санкционираат корупцијата, бидејќи тоа е работа на надлежните државни институции. Но, верските заедници можат да постигнат нешто многу поважно, а тоа е - апелирајќи на совеста и инсистирајќи на личниот интегритет, верските заедници можат да ги развиваат добрите навики во срцата на верниците. Со тоа, можат да создадат критична маса на духовно трансформирани поединци кои ќе го трансформираат духот на општеството и ќе ја направат корупцијата, барем за еден дел од верниците, неприфатлива, па дури и одбивна, порача шефот на државата.
Тој ја истакна институционалната поддршка од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи која според него има незаменлива улога да помага во премостувањето на поделбите во општеството, да бара точки на поврзување и со тоа да ја негува културата на верска толеранција и почитување на религиозната различност. Посочи и на дијалогот, како што рече, не само меѓу религиозните деноминации, туку и меѓу теистите, атеистите и агностиците, а кој подразбира конверзација, а не конверзија.
Отвореноста на меѓурелигискиот дијалог не нè води нужно кон напуштање на сопствените и прифаќање на различни уверувања, туку, кон подготвеност истите да се разберат и почитуваат, претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: Да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество appeared first on Република.

]]>
Лидерите на петте верски заедници: Неприфатливи се легалното признавање на „родовиот идентитет“ во предлог-законите, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет https://republika.mk/vesti/makedonija/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-neprifatlivi-se-legalnoto-priznavane-na-rodoviot-identitet-vo-predlog-zakonite-kako-i-zbunuvachkoto-razlikuvane-megu-pol-rod-i-rodov-identitet/ Sat, 06 May 2023 17:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=637513

Лидерите на петте верски заедници во земјава - Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, преку заедничко соопштение изразуваат загриженост за иднината на верниците особено за жените и децата со донесувањето на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост.

Верските заедници предлагаат повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување.

Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст, се наведува во соопштението од Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, Реис-Ул-Улема Шаќир Фетаи, Скопскиот Бискуп и Епарх Струмичко-скопски, Киро Стојанов, Суперинтендент Марјан Димов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви.

Во соопштението се истакнува дека предлог-законот за родова еднаквост отвора можност за загрозување на родителските права бидејќи предвидува, од аспект на родов идентитет, децата да бидат третирани еднакво како и возрасните.

Поучени од актуелните случувања во земји, каде родовата идеологија е реалност со трагични последици, којашто сѐ повеќе предизвикува активен отпор кај родителите, психијатрите, психолозите и учителите, повикуваме на повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување, за запознавање со сите последици по психолошкото здравје на младите и за активно вклучување во разработката на такви закони на сето општество, а, пред сè, на родителите и на сета стручна јавност, се посочува во соопштението.

Како што велат, изворот на овој загрижувачки тренд го лоцираат во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористи како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија.

Во соопштението се наведува дека предлог-законите, во основа, им противречат на доктрините на сите верски заедници.

Затоа, апелираме до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на овој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцираа, како што се: Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, и кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлија токму поради неговата родова компонента, порачуваат лидерите на петте верски заедници.

The post Лидерите на петте верски заедници: Неприфатливи се легалното признавање на „родовиот идентитет“ во предлог-законите, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет appeared first on Република.

]]>

Лидерите на петте верски заедници во земјава - Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, преку заедничко соопштение изразуваат загриженост за иднината на верниците особено за жените и децата со донесувањето на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Верските заедници предлагаат повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување.
Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст, се наведува во соопштението од Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, Реис-Ул-Улема Шаќир Фетаи, Скопскиот Бискуп и Епарх Струмичко-скопски, Киро Стојанов, Суперинтендент Марјан Димов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви.
Во соопштението се истакнува дека предлог-законот за родова еднаквост отвора можност за загрозување на родителските права бидејќи предвидува, од аспект на родов идентитет, децата да бидат третирани еднакво како и возрасните.
Поучени од актуелните случувања во земји, каде родовата идеологија е реалност со трагични последици, којашто сѐ повеќе предизвикува активен отпор кај родителите, психијатрите, психолозите и учителите, повикуваме на повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување, за запознавање со сите последици по психолошкото здравје на младите и за активно вклучување во разработката на такви закони на сето општество, а, пред сè, на родителите и на сета стручна јавност, се посочува во соопштението.
Како што велат, изворот на овој загрижувачки тренд го лоцираат во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористи како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија. Во соопштението се наведува дека предлог-законите, во основа, им противречат на доктрините на сите верски заедници.
Затоа, апелираме до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на овој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцираа, како што се: Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, и кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлија токму поради неговата родова компонента, порачуваат лидерите на петте верски заедници.

The post Лидерите на петте верски заедници: Неприфатливи се легалното признавање на „родовиот идентитет“ во предлог-законите, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет appeared first on Република.

]]>
Подобро е да се спречи, отколку да се лекува, порачаа министерот Сали и челниците на верските заедници повикувајќи ги граѓаните на вакцинација против ковид https://republika.mk/vesti/makedonija/podobro-e-da-se-sprechi-otkolku-da-se-lekuva-porachaa-ministerot-sali-i-chelnicite-na-verskite-zaednici-povikuvajkji-gi-gragjanite-na-vakcinacija-protiv-kovid/ Thu, 03 Feb 2022 10:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=453485

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со челниците на верските заедници денеска уште еднаш повика на масовна вакцинација на населението, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин за заштита од ширење на инфекцијата на ковид-19.

Убеден дека ова е најбезбедниот начин за заштита од ширење на вирусот, но и единствениот начин за спречување на ширење на инфекцијата. Затоа, ве молам вакцинирајте се, рече Сали.

Претходно, Сали во минатиот петок јавно ја прими третата, бустер доза против ковид-19, придужуван од ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, со надеж дека ќе ги охрабрат студентите помасовно да се вакцинираат.

ИВЗ во секој момент апелираше луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ, во рамки на министерството за здравство. ИВЗ имаше наредба кај сите верници, вакцинацијата да се сфати сериозно затоа што тоа е одлука на СЗО, рече поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан порача дека подобро да се спречи инфекцијата, отколку да се лечи.

Се приклучуваме на апелот, упатен до верниците, да се придржуваат на мерките што институциите задолжени за грижата на здравјето ги упатуваат веќе втора година. Подобро е нешто да го спречиме отколку да го лекуваме, рече поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.

The post Подобро е да се спречи, отколку да се лекува, порачаа министерот Сали и челниците на верските заедници повикувајќи ги граѓаните на вакцинација против ковид appeared first on Република.