Вера Атанасовска Archives - Република https://republika.mk/tema/vera-atanasovska/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 11:26:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вера Атанасовска Archives - Република https://republika.mk/tema/vera-atanasovska/ 32 32 Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори https://republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-kulturata-stravuvaat-deka-nema-da-go-dobijat-zgolemuvaneto-na-platata-soglasno-kolektivnite-dogovori/ Wed, 03 Apr 2024 11:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=761658

Вработените во културата стравуваат дека нема да го земат зголемувањето согласно усогласувањето со минималната плата и предвидените 10 проценти како што е предвидено со Општиот колективен договор за јавен сектор.

Тие денеска на протест пред Министертвото за култура ја повикаа министерката за култура да им достави законски упаства за пресметка на плата со што ќе се испочитуиваат двата колективни договора - колективниот договор потпишан со Министерството за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор.

Ја повикуваме министерката уште еднаш да не биде трагичар во културата, туку да се одважи, да се соочи и да им застане на патот на сите оние кои сакаат да го растурат она што заеднички го градевме. Ја повикуваме да достави законски упатства за пресметка на плата со што ќе се испочитуваат двата колективни договора, а избегнат големи судски трошоци што ќе паднат на товар на државата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот на култура.

Таа посочи дека на последната седница на Советот се донесени неколку одлуки меѓу кои и одлука за протести.

Поддршка на вработените од културата им даде и Сојузот на синдикати на Македонија.

Тоа што треба да го направат е во решението јасно да напишат дека основицата за пресметка на коефициент 1 е минималната плата или 22.567 денари, таа се множи по коефициент на сложеност и да стават уште една ставка дека основната бруто плата на работикот согласно ОКД се зголемува за дополнителни 10 проценти. И на тој начин да се реши дилемата дека овие вработени нема да добијат само 2,15 проценти, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

На ова реагираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која на прес-конференција рече дека нема промена во Општиот колективен договор, ниту во колективниот договор за култура.

-Во самото решение стои дека платата се пресметува на следниот начин - основна бруто плата по следните основи: минимална бруто плата која е објавена во Службен весник согласно закон и општ колективен договор, коефициентот на сложеност согласно колективниот договор на вработениот има право на 0,5 додаток на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу за 20 отсто. Овие три компоненти се непроменети. Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колективниот договор на Синдикатот за култура и правото за секоја годима работен стаж останува, рече Костадиновска Стојчевска.

Како што посочи, единствената промена што е внесена во диспозитивот е минималната плата, затоа што таа е единствената компонента што е променета.

Со измените на Законот за минималната плата, минималната плата сметана од месец март 2024 година изнесува 33,352,000 денари. Ова значи дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата. Токму затоа таа стои во диспозитивот, рече министерката, додавајќи дека во изработката на ова решение се консултирале и со МТСП и Државниот инспекторат за труд.

The post Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори appeared first on Република.

]]>

Вработените во културата стравуваат дека нема да го земат зголемувањето согласно усогласувањето со минималната плата и предвидените 10 проценти како што е предвидено со Општиот колективен договор за јавен сектор. Тие денеска на протест пред Министертвото за култура ја повикаа министерката за култура да им достави законски упаства за пресметка на плата со што ќе се испочитуиваат двата колективни договора - колективниот договор потпишан со Министерството за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор.
Ја повикуваме министерката уште еднаш да не биде трагичар во културата, туку да се одважи, да се соочи и да им застане на патот на сите оние кои сакаат да го растурат она што заеднички го градевме. Ја повикуваме да достави законски упатства за пресметка на плата со што ќе се испочитуваат двата колективни договора, а избегнат големи судски трошоци што ќе паднат на товар на државата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот на култура.
Таа посочи дека на последната седница на Советот се донесени неколку одлуки меѓу кои и одлука за протести. Поддршка на вработените од културата им даде и Сојузот на синдикати на Македонија.
Тоа што треба да го направат е во решението јасно да напишат дека основицата за пресметка на коефициент 1 е минималната плата или 22.567 денари, таа се множи по коефициент на сложеност и да стават уште една ставка дека основната бруто плата на работикот согласно ОКД се зголемува за дополнителни 10 проценти. И на тој начин да се реши дилемата дека овие вработени нема да добијат само 2,15 проценти, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
На ова реагираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која на прес-конференција рече дека нема промена во Општиот колективен договор, ниту во колективниот договор за култура.
-Во самото решение стои дека платата се пресметува на следниот начин - основна бруто плата по следните основи: минимална бруто плата која е објавена во Службен весник согласно закон и општ колективен договор, коефициентот на сложеност согласно колективниот договор на вработениот има право на 0,5 додаток на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу за 20 отсто. Овие три компоненти се непроменети. Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колективниот договор на Синдикатот за култура и правото за секоја годима работен стаж останува, рече Костадиновска Стојчевска.
Како што посочи, единствената промена што е внесена во диспозитивот е минималната плата, затоа што таа е единствената компонента што е променета.
Со измените на Законот за минималната плата, минималната плата сметана од месец март 2024 година изнесува 33,352,000 денари. Ова значи дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата. Токму затоа таа стои во диспозитивот, рече министерката, додавајќи дека во изработката на ова решение се консултирале и со МТСП и Државниот инспекторат за труд.
 
The post Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори appeared first on Република.

]]>
Најдено е решение и соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар https://republika.mk/vesti/kultura/najdeno-e-reshenie-i-soodveten-prostor-kade-ke-bide-smesten-novoformiraniot-dhez-orkestar/ Tue, 06 Jun 2023 08:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=648296

Изминатиов период јавноста сведочи за протести на вработените во Македонската филхармонија поради одлуката во зградата на Филхармонија времено да биде сместена Националната установа Оркестар за џез музика. Прес конференции одржаа и вработените во Филхармонија и членовите на НУ Оркестар за џез и музика и Министерството за култура, секој елаборирајќи ги своите ставови. За оваа состојба разговаравме со Вера Атанасовска, претседател на СКРМ.

Атанасовска е археолог, советник- конзерватор вработена во НУ Конзерваторски центар Скопје и Претседателка на СКРМ од 2021 година. Таа ни открива дека веќе е најдено решение и е најден соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар.

Каков е Вашиот став во врска со одлуката на Министерство за култура за сместување на новоформираниот Национален џез оркестар во зградата на Македонска филхармонија и дали сметате дека протестите на филхармоничарите се оправдани?                                                          

Како претседателка на СКРМ ги застапувам одлуките на Советот на синдикатот и како што веќе претходно информиравме  СКРМ застанува со поддршка на сите уметници. Сметаме дека целата ситуација околу сместувањето на џез оркестарот во зградата на Националната филхармонија е наметната од страна на Министерството за култура со носењето на еднострана одлука без сериозна анализа, дијалог и јавна дебата.

Дали според Вас требаше да дојде до овој спор меѓу Филхармонија и новата национална установа Оркестар за џез музика и каков би бил вашиот предлог за решавање на проблемот?

Секако дека до ова не требаше да дојде. И вработените во Националната филхармонија и џез музичарите заслужуваат достојни услови за работа, соодветна анализа на нивните потреби  и потребите на функционирање на нивните институции. Непланското и нетранспарентното носење на одлуки од страна на министерството доведе до ситуација на спор меѓу колеги.
 Колку што сум информирана од страна на министерката за култура веќе е најдено решение и е најден соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар. Се надевам дека отткако ќе заврши процедурата истото ќе биде јавно соопштено од страна на Министерството за култура.

Какви се претходните искуства со „вдомување“ на повеќе национални установи во еден објект, како што беше примерот со сместувањето на Албанскиот и Турскиот театар во објектот на Театар Комедија или Националната установа „Гостиварски театар“ во Центарот за култура во Гостивар?
Во пракса постојот повеќе институции сместени во еден објект и искуството покажало дека кога условите за работа ќе се влошат до степен на нефункционалност, тогаш решавањето на наметнатиот проблем паѓа на грбот на културните работници, кои секогаш биле оставени сами да се снаоѓаат. Знаеме дека нови објекти се градат со години како што е случајот со Турскиот театар а и Националната филхармонија доби своја зграда после 70 години.
Како и во минатото така и сега приоритетите секогаш биле проблем во културата. Ние како синдикат секогаш стоиме на располагање и ја нудиме нашата искрена и професионална соработка за сите проблеми и теми што ја засегаат културата. Се надеваме дека во иднина Министерството ќе ја искористи можноста за соработка и одлуките што ги засегаат културните работници ќе ги носи со взаемна соработка и во согласност со професионалните стандарди.
Дали сметате дека е оправдана одлуката Оркестарот за џез музика да добие статус на Национална установа?

Како синдикат кој ги застапува најголемиот број на културни работници во институциите од културата не навлегуваме во оправданоста на одлуката на Министерството за култура за формирање на нова национална институција. Колку и да е оправдана оваа одлука истата помина нетранспарентно, без јавна дебата и е донесена  во момент кога вработените во културата се соочуваат со кризни мерки наметнати од министерството за финансии и во момент кога се бара од нас да прифатиме децентрализација на институциите од културата. Во моментов нема нови вработувања каде што е најпотребно и каде што има испразнети работни места, нема унапредувања и нема признавање на стручните звања во заштитата.

Но и покрај тоа сметаме дека сите новоформирани институции, од кои реално има потреба, може да придонесат позитивно и стимулативно во културните процеси во државата и се надеваме дека Министерството за култура раздорот што го направи меѓу нашите колеги ќе го реши со сериозен и партнерски пристап.

The post Најдено е решение и соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар appeared first on Република.

]]>

Изминатиов период јавноста сведочи за протести на вработените во Македонската филхармонија поради одлуката во зградата на Филхармонија времено да биде сместена Националната установа Оркестар за џез музика. Прес конференции одржаа и вработените во Филхармонија и членовите на НУ Оркестар за џез и музика и Министерството за култура, секој елаборирајќи ги своите ставови. За оваа состојба разговаравме со Вера Атанасовска, претседател на СКРМ. Атанасовска е археолог, советник- конзерватор вработена во НУ Конзерваторски центар Скопје и Претседателка на СКРМ од 2021 година. Таа ни открива дека веќе е најдено решение и е најден соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар. Каков е Вашиот став во врска со одлуката на Министерство за култура за сместување на новоформираниот Национален џез оркестар во зградата на Македонска филхармонија и дали сметате дека протестите на филхармоничарите се оправдани?                                                          
Како претседателка на СКРМ ги застапувам одлуките на Советот на синдикатот и како што веќе претходно информиравме  СКРМ застанува со поддршка на сите уметници. Сметаме дека целата ситуација околу сместувањето на џез оркестарот во зградата на Националната филхармонија е наметната од страна на Министерството за култура со носењето на еднострана одлука без сериозна анализа, дијалог и јавна дебата.

Дали според Вас требаше да дојде до овој спор меѓу Филхармонија и новата национална установа Оркестар за џез музика и каков би бил вашиот предлог за решавање на проблемот?

Секако дека до ова не требаше да дојде. И вработените во Националната филхармонија и џез музичарите заслужуваат достојни услови за работа, соодветна анализа на нивните потреби  и потребите на функционирање на нивните институции. Непланското и нетранспарентното носење на одлуки од страна на министерството доведе до ситуација на спор меѓу колеги.
 Колку што сум информирана од страна на министерката за култура веќе е најдено решение и е најден соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар. Се надевам дека отткако ќе заврши процедурата истото ќе биде јавно соопштено од страна на Министерството за култура.

Какви се претходните искуства со „вдомување“ на повеќе национални установи во еден објект, како што беше примерот со сместувањето на Албанскиот и Турскиот театар во објектот на Театар Комедија или Националната установа „Гостиварски театар“ во Центарот за култура во Гостивар?
Во пракса постојот повеќе институции сместени во еден објект и искуството покажало дека кога условите за работа ќе се влошат до степен на нефункционалност, тогаш решавањето на наметнатиот проблем паѓа на грбот на културните работници, кои секогаш биле оставени сами да се снаоѓаат. Знаеме дека нови објекти се градат со години како што е случајот со Турскиот театар а и Националната филхармонија доби своја зграда после 70 години.
Како и во минатото така и сега приоритетите секогаш биле проблем во културата. Ние како синдикат секогаш стоиме на располагање и ја нудиме нашата искрена и професионална соработка за сите проблеми и теми што ја засегаат културата. Се надеваме дека во иднина Министерството ќе ја искористи можноста за соработка и одлуките што ги засегаат културните работници ќе ги носи со взаемна соработка и во согласност со професионалните стандарди.
Дали сметате дека е оправдана одлуката Оркестарот за џез музика да добие статус на Национална установа?
Како синдикат кој ги застапува најголемиот број на културни работници во институциите од културата не навлегуваме во оправданоста на одлуката на Министерството за култура за формирање на нова национална институција. Колку и да е оправдана оваа одлука истата помина нетранспарентно, без јавна дебата и е донесена  во момент кога вработените во културата се соочуваат со кризни мерки наметнати од министерството за финансии и во момент кога се бара од нас да прифатиме децентрализација на институциите од културата. Во моментов нема нови вработувања каде што е најпотребно и каде што има испразнети работни места, нема унапредувања и нема признавање на стручните звања во заштитата. Но и покрај тоа сметаме дека сите новоформирани институции, од кои реално има потреба, може да придонесат позитивно и стимулативно во културните процеси во државата и се надеваме дека Министерството за култура раздорот што го направи меѓу нашите колеги ќе го реши со сериозен и партнерски пристап.