Венко Биковски Archives - Република https://republika.mk/tema/venko-bikovski/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 11:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венко Биковски Archives - Република https://republika.mk/tema/venko-bikovski/ 32 32 Пилот на „Боинг“: Упадот во контрола на летање е терористички акт https://republika.mk/vesti/makedonija/pilot-na-boing-upadot-vo-kontrola-na-letane-e-teroristichki-akt/ Sat, 06 Jan 2024 21:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=730547

Луѓето што работат во контролата на летање, дури и да имаат недоразбирања меѓу себе, не смеат да ги покажуваат додека се на работа, бидејќи работат во стерилна средина која се снима и аудио и визуелно, изјави за Телма Венко Биковски, капетан на „боинг 737“ и инструктор и испитувач.

Никој од надвор не смеел да присуствува во местото каде контролорите ја работеле својата работа – вели пилотот и додава дека тоа би било како куп бактерии и вируси да влезат во операциона сала додека се врши операција врз пациент.

Во моментот кога во М-НАВ се случил упадот, над небото имало 28 летови под нивна контрола.

Тоа е чист терористички акт, каде лица од надвор влегуваат таму каде што не им е местото и ја реметат работата. Доколку во право време не издадете правилна команда додека одговарате за животите на стотици луѓе, може да дојде до несреќа. Во авијацијата постои еден назив кој гласи „стерилитет“. Стерилен кокпит или стерилна соба. Од она што го работам, кога ќе тргнеме во снижување, во пилотската кабина е пропишано да мора да владее стерилна средина, значи не се разговараат приватни работи, туку сме насочени само на тоа што го работиме – додава Биковски.

На прашањето дали овој инцидент може да доведе до последици по довербата во македонската авијација и навигација, тој одговара потврдно.

The post Пилот на „Боинг“: Упадот во контрола на летање е терористички акт appeared first on Република.

]]>