Венециски филмски фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/veneciski-filmski-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Jul 2022 11:21:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венециски филмски фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/veneciski-filmski-festival/ 32 32 Македонија на Венецијанскиот Филмски Фестивал со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-na-venecijanskiot-filmski-festival-so-filmot-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska/ Tue, 26 Jul 2022 11:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=533354

Македонија после многу години се враќа на Венецијанскиот Филмски Фестивал со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска. Ова е прво учество на Македонија со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција, после речиси триесет години.

По успехот на вонсерискиот „Пред Дождот“, Манчевски ја имаше честа со својот нареден филм „Прашина“ да го отвори фестивалот. Конечно по долго време, повторно имаме филм во Венеција, овој пат во програмата Хоризонти, каде филмот ќе се натпреварува за низа награди за најдобра режија, најдобар филм, улоги и други важни признанија.

За мене е голема чест да се биде дел од најстариот и еден од највлијателните фестивали на светот, возбудата и радоста се големи. Соочувањето со публиката е клучниот елемент во нашето создавање.

Овој филм го гледам како симфонија на кореографирани движења кои ги размотуваат слоевите на емоции, полека обвивајќи го гледачот до точка на вртоглавица. Локацијата е клучна: хотел во стилот на осумдесеттите, сведок на архитектонскиот стил од бивша Југославија: бетонски брутализам или модернизам, а потоа тука е ранетиот град Сараево, сведоштво за отворените рани и болките од минатото. Тука се поставуваат прашањата, што нè одредува: нашата етничка, религиска или родова припадност? Што нè раздвојува или спојува? Ова е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби помеѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато; ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдноста. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од наслоени искуства. Филмот е базиран на вистинска приказна и тоа директно од авторот на сценариото Елма Татарагиќ“– изјави Теона Стругар Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесет годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.

Македонскиот филм ниже успеси, доказ за тоа се бројните учества на реномирани фестивали, како и номинациите и наградите кои ги добиваат. Можам нескромно да кажам дека македонските филмаџии веќе имаат стил кој се препознава во светски рамки. Самата селекција во натпреварувачката програма на Венецијанскиот фестивал за „Најсреќниот човек на светот“ е огромен успех, сам по себе. Очекуваме пред сè одлично претставување, но се надеваме и на награди, бидејќи веруваме во овој филмски проект“. – истакна директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски.

Во меѓувреме, Сестри и брат Митевски продукција ја продолжи соработката со еден од најголемите светски продажни агенти, францускиот „Пирамид“ кој застанува зад филмови кои ја одбележуваат врвната европска кинематографија во последните неколку децении.

Лично, имам многу силна сентиментална врска со Венецијанскиот фестивал. Таму, уште како тинејџерка, прв пат стапнав на црвениот килим и бев неповратно маѓепсана и досега се немав вратено со свој филмски проект и се разбира дека чувствувам неверојатна возбуда од самата помисла дека „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ме носи повторно на Лидо, на еден од трите најзначајни и најпрестижни фестивали. Овој пат сме поканети во престижната, авторски ориентирана програма Хоризонти и некако ни се потврдува дека истрајноста на Теона да говори со свој филмски јазик е интригантна за најголемите светски филмски собири” - изјави Лабина Митевска, продуцент на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево.

За копродукцијата:

„Најсреќниот човек на светот“, е голема европска копродукција, каде Македонија е носечки продуцент, а учество имаат Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Белгија и за прв пат, Данска. Како што и е целта на овие копродукциски соработки и екипата доаѓа од сите овие земји. Заради задржување на автентичноста, филмот е снимен на босански јазик, или сараевски, а доколку сакате поточно и разбирливо, главните улоги се од БиХ, но и од Македонија. Буџетот на филмот е 1,450.000 евра, а беше склопен со учество на Агенцијата за филм на Република Македонија 487,000 евра,  Данскиот филмски институт, Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Фондацијата за кинематографија Сараево, и Министерството за култура и спорт на Кантонот Сараево, Белга Продукција и Даночното засолниште од Белгија, Виба филм од Словенија, Пирамид од Франција и секако, со несебична поддршка на Еуримаж.

Носечки продуцент на филмот е Лабина Митевска, а како копродуценти се Себастијан Делое од Антре Шиен е Лу од Брисел, (Sébastien Delloye - ENTRE CHIEN ET LOUP, Belgium), Амра Бакшиќ Чамо и Адис Џапо од СЦЦА/про.ба од Сараево  (Amra Bakšić Čamo and Adis Đapo - SCCA/pro.ba, Bosnia and Herzegovina), Марија Мулер Кристоферсен од Фрау Филмс, од Копенхаген (Maria Møller Christoffersen  - FRAU FILM, Denmark), Вања Сремац од Терминал 3 од Загреб (Vanja Sremac - TERMINAL 3, Croatia), и постојаниот соработник Даниел Хочевар од Вертиго од Љубљана (Danijel Hočevar – VERTIGO, Slovenia).

За екипата и снимањето

Филмот се снимаше на локации претежно во Скопје во рок од 5 недели, а недела дена во Сараево. Дел од подготовките се одвиваа во Словенија, додека постпродукцијата се работеше во Данска, монтажа и обработка на звук и слика, и дизајнот на звукот во Белгија. Во Скопје највеќе се работеше на една локација во Национална и Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ која со имагинацијата и вредните раце на тимот на Вук Митевски беше претворена во хотел во кој се случуваат состаноците за запознавање. И навистина се запознавме меѓусебно и на човечко и професионално ниво, а снимањето беше едно незаборавно искуство обележано со највисока работна етика и неверојатна сплотеност и пожртвуваност од целата екипа. Филмот со тоа доби една живост и автентичност која ретко може да се сретнат на филмско платно.

Во главните улоги се Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, во споредна улога Лабина Митевска, потоа Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ.

Секако и овој пат на филмот работеше доминантна женска екипа. Косценарист на Теона е Елма Татарагиќ, директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, повторно десната рака на Теона е сценографот Вук Митевски, костимите  на долгогодишниот соработник на Теона од Словенија Моника Лорбер и шминката на Мојца Горогранц Петрушевска. Монтажер на филмот е Пер Киркегард, од Данска, а дизајнер на звукот Ингрид Симон од Белгија. Кастингот е на Киријана Николовска, прв асистент на режија Раша Петровиќ, директор на филм Елена Станишева.

Синопсис:

“Најсреќниот човек на светот” е филм кој говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесет годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Филмот е базиран на вистинска приказна и тоа директно од авторот на сценариото Елма Татарагиќ, долгогодишен селектор на Сараевскиот Филмски Фестивал и професор по филмско сценарио на Сараевската академија.

 

БИО

За Теона Стругар Митевска:

Теона Стругар Митевска е една од најплодните Македонски автори. Таа по успешната кариера во адвертајзингот, се насочува кон правење филмови, магистрира филм на М.Ф.А. програмата на Школата за уметност Тиш, на Универзитетот Њујорк.

Нејзиното деби како режисер го направи во 2001 на краткиот филм ВЕТА, кој доби Специјално признание на Берлинскиот филмски фестивал.

„КАКО УБИВ СВЕТЕЦ“ премиерно прикажан на Ротердамскиот филмски фестивал во 2004 – во конкуренција за „Тигар“ и беше награден како Најдобар европски филм на Филмскиот фестивал Преминувајќи ја Европа во Линц, Австрија.

„ЈАС СУМ ОД ТИТОВ ВЕЛЕС“, нејзиниот втор игран филм премиерно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во 2008 – селекција Асид при Канскиот Филмски Фестивал 2009, исто така и на Сараевскиот филмски фестивал, Филмскиот фестивал во Торонто – секција Откритија. Филмот има добиено повеќе од петнаесет меѓународни награди, како Срцето на Сараево – Специјална награда од жири на Сараевскиот филмски фестивал во 2007, Најдобар европски актер - Специјална награда од жири – Филмски фестивал на европскиот филм во Лече, Специјално признание од жири – Синема Хове, Меѓународен филмски фестивал во Валенсија, и Гранд При награда – Син ангел на Уметничкиот филмски фестивал во Словачка меѓу другите. „ЈАС СУМ ОД ТИТОВ ВЕЛЕС“ 2009 беше македонскиот кандидат за Оскар. На овој филм започна соработката со директорот на фотографија Вирџини Сент Мартен.

Нејзиниот трет филм “ЖЕНАТА КОЈА ГИ ИЗБРИША СВОИТЕ СОЛЗИ” со Викторија Абрил премиерно беше прикажан на Берлинскиот Филмски Фестивал 2012 и имаше успешна фестивалска кариера со над четириесет учества. Зад камерата Теона на овој филм соработуваше со Матиаш Олдери кој подоцна го сними и добитникот на Оскар “Синот на Саул”.

Во 2016 филмот “КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ”, повторно ја имаше премиерата во Берлинската Панорама секција, кој доживеа дистрибуција во Кина, Индија, Сингапур, Индонезија, и успешно патување на повеќе од 40 фестивали низ целиот свет и донесе низа значајни награди. И овој филм повторно беше комплексна копродукција помеѓу Mакедонија, Белгија и Словенијa. Токму тука, Теона соработуваше со фантастичната Агнеш Годар како директор на фотографија.

“ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И’ Е ПЕТРУНИЈА” беше досега најуспешниот филмски проект на Теона кој се отвори пред светската јавност со учеството во официјалната натпреварувачка програма на Берлинскиот филмски фестивал во 2019 и беше особено високо оценет. Таму се здоби со две признанија, едната Екуменската награда, а другата од Еснафот на германските киноприкажувачи. По Берлин филмот го сврте светот и по фестивали и по кино сали и имаше забележителен успех во стручниот печат секаде каде што отвораше. И ПЕТРУНИЈА беше комплексна копродуција , како и сите останати филмови на Сестри и Брат Митевски. Овој пат помеѓу пет земји, Македонска, Француска, Белгиска, Словенска, Хрватска копродукција. Беше подржан од престижниот Ероимаж фонд, и Медиа фондот за развој на проекти. Беше награден и во Пула и во Мотовун, во Словенија, во Египет, во Софија и на низа други фестивали, често добивајќи награди од жиријата на ФИПРЕСЦИ, професионалното здружение на филмски критичари, и конечно се закити и со наградата ЛУКС доделена во Европскиот Парламент. На овој филм повторно соработуваше со Вирџини Сант Мартен.

Како куриозитет мора да се истакне дека сите филмови на Теона Стругар Митевски ја имаат поддршката на ЕУРИМАЖ што е директна потврда за квалитетот на сите проекти зад кои застанала таа.

Теона живее во Брисел, Белгија заедно со нејзиниот син Каелиок.

 

The post Македонија на Венецијанскиот Филмски Фестивал со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска appeared first on Република.

]]>

Македонија после многу години се враќа на Венецијанскиот Филмски Фестивал со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска. Ова е прво учество на Македонија со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција, после речиси триесет години. По успехот на вонсерискиот „Пред Дождот“, Манчевски ја имаше честа со својот нареден филм „Прашина“ да го отвори фестивалот. Конечно по долго време, повторно имаме филм во Венеција, овој пат во програмата Хоризонти, каде филмот ќе се натпреварува за низа награди за најдобра режија, најдобар филм, улоги и други важни признанија.
За мене е голема чест да се биде дел од најстариот и еден од највлијателните фестивали на светот, возбудата и радоста се големи. Соочувањето со публиката е клучниот елемент во нашето создавање. Овој филм го гледам како симфонија на кореографирани движења кои ги размотуваат слоевите на емоции, полека обвивајќи го гледачот до точка на вртоглавица. Локацијата е клучна: хотел во стилот на осумдесеттите, сведок на архитектонскиот стил од бивша Југославија: бетонски брутализам или модернизам, а потоа тука е ранетиот град Сараево, сведоштво за отворените рани и болките од минатото. Тука се поставуваат прашањата, што нè одредува: нашата етничка, религиска или родова припадност? Што нè раздвојува или спојува? Ова е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби помеѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато; ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдноста. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од наслоени искуства. Филмот е базиран на вистинска приказна и тоа директно од авторот на сценариото Елма Татарагиќ“– изјави Теона Стругар Митевска.
„Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесет годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Македонскиот филм ниже успеси, доказ за тоа се бројните учества на реномирани фестивали, како и номинациите и наградите кои ги добиваат. Можам нескромно да кажам дека македонските филмаџии веќе имаат стил кој се препознава во светски рамки. Самата селекција во натпреварувачката програма на Венецијанскиот фестивал за „Најсреќниот човек на светот“ е огромен успех, сам по себе. Очекуваме пред сè одлично претставување, но се надеваме и на награди, бидејќи веруваме во овој филмски проект“. – истакна директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски. Во меѓувреме, Сестри и брат Митевски продукција ја продолжи соработката со еден од најголемите светски продажни агенти, францускиот „Пирамид“ кој застанува зад филмови кои ја одбележуваат врвната европска кинематографија во последните неколку децении.
Лично, имам многу силна сентиментална врска со Венецијанскиот фестивал. Таму, уште како тинејџерка, прв пат стапнав на црвениот килим и бев неповратно маѓепсана и досега се немав вратено со свој филмски проект и се разбира дека чувствувам неверојатна возбуда од самата помисла дека „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ме носи повторно на Лидо, на еден од трите најзначајни и најпрестижни фестивали. Овој пат сме поканети во престижната, авторски ориентирана програма Хоризонти и некако ни се потврдува дека истрајноста на Теона да говори со свој филмски јазик е интригантна за најголемите светски филмски собири” - изјави Лабина Митевска, продуцент на филмот.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. За копродукцијата: „Најсреќниот човек на светот“, е голема европска копродукција, каде Македонија е носечки продуцент, а учество имаат Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Белгија и за прв пат, Данска. Како што и е целта на овие копродукциски соработки и екипата доаѓа од сите овие земји. Заради задржување на автентичноста, филмот е снимен на босански јазик, или сараевски, а доколку сакате поточно и разбирливо, главните улоги се од БиХ, но и од Македонија. Буџетот на филмот е 1,450.000 евра, а беше склопен со учество на Агенцијата за филм на Република Македонија 487,000 евра,  Данскиот филмски институт, Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Фондацијата за кинематографија Сараево, и Министерството за култура и спорт на Кантонот Сараево, Белга Продукција и Даночното засолниште од Белгија, Виба филм од Словенија, Пирамид од Франција и секако, со несебична поддршка на Еуримаж. Носечки продуцент на филмот е Лабина Митевска, а како копродуценти се Себастијан Делое од Антре Шиен е Лу од Брисел, (Sébastien Delloye - ENTRE CHIEN ET LOUP, Belgium), Амра Бакшиќ Чамо и Адис Џапо од СЦЦА/про.ба од Сараево  (Amra Bakšić Čamo and Adis Đapo - SCCA/pro.ba, Bosnia and Herzegovina), Марија Мулер Кристоферсен од Фрау Филмс, од Копенхаген (Maria Møller Christoffersen  - FRAU FILM, Denmark), Вања Сремац од Терминал 3 од Загреб (Vanja Sremac - TERMINAL 3, Croatia), и постојаниот соработник Даниел Хочевар од Вертиго од Љубљана (Danijel Hočevar – VERTIGO, Slovenia). За екипата и снимањето Филмот се снимаше на локации претежно во Скопје во рок од 5 недели, а недела дена во Сараево. Дел од подготовките се одвиваа во Словенија, додека постпродукцијата се работеше во Данска, монтажа и обработка на звук и слика, и дизајнот на звукот во Белгија. Во Скопје највеќе се работеше на една локација во Национална и Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ која со имагинацијата и вредните раце на тимот на Вук Митевски беше претворена во хотел во кој се случуваат состаноците за запознавање. И навистина се запознавме меѓусебно и на човечко и професионално ниво, а снимањето беше едно незаборавно искуство обележано со највисока работна етика и неверојатна сплотеност и пожртвуваност од целата екипа. Филмот со тоа доби една живост и автентичност која ретко може да се сретнат на филмско платно. Во главните улоги се Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, во споредна улога Лабина Митевска, потоа Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. Секако и овој пат на филмот работеше доминантна женска екипа. Косценарист на Теона е Елма Татарагиќ, директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, повторно десната рака на Теона е сценографот Вук Митевски, костимите  на долгогодишниот соработник на Теона од Словенија Моника Лорбер и шминката на Мојца Горогранц Петрушевска. Монтажер на филмот е Пер Киркегард, од Данска, а дизајнер на звукот Ингрид Симон од Белгија. Кастингот е на Киријана Николовска, прв асистент на режија Раша Петровиќ, директор на филм Елена Станишева. Синопсис: “Најсреќниот човек на светот” е филм кој говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесет годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Филмот е базиран на вистинска приказна и тоа директно од авторот на сценариото Елма Татарагиќ, долгогодишен селектор на Сараевскиот Филмски Фестивал и професор по филмско сценарио на Сараевската академија.   БИО За Теона Стругар Митевска: Теона Стругар Митевска е една од најплодните Македонски автори. Таа по успешната кариера во адвертајзингот, се насочува кон правење филмови, магистрира филм на М.Ф.А. програмата на Школата за уметност Тиш, на Универзитетот Њујорк. Нејзиното деби како режисер го направи во 2001 на краткиот филм ВЕТА, кој доби Специјално признание на Берлинскиот филмски фестивал. „КАКО УБИВ СВЕТЕЦ“ премиерно прикажан на Ротердамскиот филмски фестивал во 2004 – во конкуренција за „Тигар“ и беше награден како Најдобар европски филм на Филмскиот фестивал Преминувајќи ја Европа во Линц, Австрија. „ЈАС СУМ ОД ТИТОВ ВЕЛЕС“, нејзиниот втор игран филм премиерно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во 2008 – селекција Асид при Канскиот Филмски Фестивал 2009, исто така и на Сараевскиот филмски фестивал, Филмскиот фестивал во Торонто – секција Откритија. Филмот има добиено повеќе од петнаесет меѓународни награди, како Срцето на Сараево – Специјална награда од жири на Сараевскиот филмски фестивал во 2007, Најдобар европски актер - Специјална награда од жири – Филмски фестивал на европскиот филм во Лече, Специјално признание од жири – Синема Хове, Меѓународен филмски фестивал во Валенсија, и Гранд При награда – Син ангел на Уметничкиот филмски фестивал во Словачка меѓу другите. „ЈАС СУМ ОД ТИТОВ ВЕЛЕС“ 2009 беше македонскиот кандидат за Оскар. На овој филм започна соработката со директорот на фотографија Вирџини Сент Мартен. Нејзиниот трет филм “ЖЕНАТА КОЈА ГИ ИЗБРИША СВОИТЕ СОЛЗИ” со Викторија Абрил премиерно беше прикажан на Берлинскиот Филмски Фестивал 2012 и имаше успешна фестивалска кариера со над четириесет учества. Зад камерата Теона на овој филм соработуваше со Матиаш Олдери кој подоцна го сними и добитникот на Оскар “Синот на Саул”. Во 2016 филмот “КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ”, повторно ја имаше премиерата во Берлинската Панорама секција, кој доживеа дистрибуција во Кина, Индија, Сингапур, Индонезија, и успешно патување на повеќе од 40 фестивали низ целиот свет и донесе низа значајни награди. И овој филм повторно беше комплексна копродукција помеѓу Mакедонија, Белгија и Словенијa. Токму тука, Теона соработуваше со фантастичната Агнеш Годар како директор на фотографија. “ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И’ Е ПЕТРУНИЈА” беше досега најуспешниот филмски проект на Теона кој се отвори пред светската јавност со учеството во официјалната натпреварувачка програма на Берлинскиот филмски фестивал во 2019 и беше особено високо оценет. Таму се здоби со две признанија, едната Екуменската награда, а другата од Еснафот на германските киноприкажувачи. По Берлин филмот го сврте светот и по фестивали и по кино сали и имаше забележителен успех во стручниот печат секаде каде што отвораше. И ПЕТРУНИЈА беше комплексна копродуција , како и сите останати филмови на Сестри и Брат Митевски. Овој пат помеѓу пет земји, Македонска, Француска, Белгиска, Словенска, Хрватска копродукција. Беше подржан од престижниот Ероимаж фонд, и Медиа фондот за развој на проекти. Беше награден и во Пула и во Мотовун, во Словенија, во Египет, во Софија и на низа други фестивали, често добивајќи награди од жиријата на ФИПРЕСЦИ, професионалното здружение на филмски критичари, и конечно се закити и со наградата ЛУКС доделена во Европскиот Парламент. На овој филм повторно соработуваше со Вирџини Сант Мартен. Како куриозитет мора да се истакне дека сите филмови на Теона Стругар Митевски ја имаат поддршката на ЕУРИМАЖ што е директна потврда за квалитетот на сите проекти зад кои застанала таа. Теона живее во Брисел, Белгија заедно со нејзиниот син Каелиок.  

The post Македонија на Венецијанскиот Филмски Фестивал со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска appeared first on Република.

]]>