венциски фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/venciski-festival/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 07:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png венциски фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/venciski-festival/ 32 32 Светска премиера на „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на Венецискиот фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-veneciskiot-festival/ Fri, 02 Sep 2022 07:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=546624

Светската премиера на најновиот филм на Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот фестивал ќе се одржи денеска во 14:15 часот во сала „Darsena“. Филмот учестува во паралелната официјална натпреварувачка програма Хоризонти.

Од продукцијата информираат дека интересот за филмот е голем и дека се продадени сите карти за проекциите.

„Најсреќниот човек на светот“ е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство, велат од Продукцијата.

Ова е шести игран на Теона С. Митевска и прв македонски филм кој се прикажува во Венеција од „Судијата“ на Жанета Вангели во 2002 и следува 28 години по триумфот на Милчо Манчевски со „Пред дождот“, кој го освои Златниот лав.

„Најсреќниот човек на светот“ е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево.

Митевска го напиша сценариото заедно со Елма Татарагиќ, која, како и најголем дел од екипата, доаѓа од БиХ.

Дејството се случува во Сараево и е засновано на вистинска приказна на косценаристката Татарагиќ. Во фокусот се 40-годишната Асја и 43-годишниот Зоран, кои се запознаваат на настан на барање партнер. Сепак, Зоран не бара љубов, туку прошка: за време на војната во БиХ, тој бил снајперист и пукал на градот од противничката страна и сака да ја запознае својата прва жртва.

Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, а во другите настапуват: Лабина Митевска, Ана Костовска и Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ.

„Најсреќниот човек на светот“ утре ќе има уште една проекција во Венеција, а селектиран е и во програмата на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто.

The happiest man in the world (2022) Movie from North Macedonia Film Agency on Vimeo.

The post Светска премиера на „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на Венецискиот фестивал appeared first on Република.

]]>

Светската премиера на најновиот филм на Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот фестивал ќе се одржи денеска во 14:15 часот во сала „Darsena“. Филмот учестува во паралелната официјална натпреварувачка програма Хоризонти. Од продукцијата информираат дека интересот за филмот е голем и дека се продадени сите карти за проекциите.
„Најсреќниот човек на светот“ е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство, велат од Продукцијата.
Ова е шести игран на Теона С. Митевска и прв македонски филм кој се прикажува во Венеција од „Судијата“ на Жанета Вангели во 2002 и следува 28 години по триумфот на Милчо Манчевски со „Пред дождот“, кој го освои Златниот лав. „Најсреќниот човек на светот“ е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. Митевска го напиша сценариото заедно со Елма Татарагиќ, која, како и најголем дел од екипата, доаѓа од БиХ. Дејството се случува во Сараево и е засновано на вистинска приказна на косценаристката Татарагиќ. Во фокусот се 40-годишната Асја и 43-годишниот Зоран, кои се запознаваат на настан на барање партнер. Сепак, Зоран не бара љубов, туку прошка: за време на војната во БиХ, тој бил снајперист и пукал на градот од противничката страна и сака да ја запознае својата прва жртва. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, а во другите настапуват: Лабина Митевска, Ана Костовска и Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. „Најсреќниот човек на светот“ утре ќе има уште една проекција во Венеција, а селектиран е и во програмата на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто. The happiest man in the world (2022) Movie from North Macedonia Film Agency on Vimeo.

The post Светска премиера на „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на Венецискиот фестивал appeared first on Република.

]]>