вело трка Archives - Република https://republika.mk/tema/velo-trka/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 12:30:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вело трка Archives - Република https://republika.mk/tema/velo-trka/ 32 32 Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/traditsionalnata-velo-trka-vo-mavrovo-na-8-septemvri-pokraj-trkata-i-mnogu-muzika-zabaven-natprevar-so-balans-velosipedi-i-trotineti-za-dechina-do-6-godishna-vozrast/ Mon, 15 Jul 2024 12:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=797067

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка „Халк вело грин“

Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3. септември.

Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.

И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови.

Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба.

Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката се поставени на веб страната: halkvelogreen.mk

The post Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… appeared first on Република.

]]>

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка „Халк вело грин“ Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3. септември. Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата. И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови. Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба. Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката се поставени на веб страната: halkvelogreen.mk

The post Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… appeared first on Република.

]]>