Вељо Т. Манчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/veljo-t-manchevski/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jan 2022 07:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вељо Т. Манчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/veljo-t-manchevski/ 32 32 Панихида за протојереј Вељо Т. Манчевски, учесник на АСНОМ и прв верски референт во земјава https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/panihida-za-protojerej-veljo-t-manchevski-uchesnik-na-asnom-i-prv-verski-referent-vo-zemjava/ Fri, 21 Jan 2022 07:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=447404

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) денеска со панихида ќе одбележи 60 години од упокојувањето на првиот верски референт на Македонија, протојерејот Вељо Т. Манчевски (17 април 1905 – с. Броштица, Дебарско – 23 јануари 1962 – Скопје), кој бил учесник на АСНОМ, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при Главниот штаб на НОВ и ПОМ, како и долгогодишен истакнат свештеник.

Овој заслужен историски великан, како прв верски референт, со своето делување знаачително придонел за развој на верскиот живот и соживот во нашата земја, како и спречување на ширењето на странските пропаганди и влијанија - соопштија од Комисијата.

Настанот е во рамки на прославувањето на годинашните јубилеи поврзани со значајни настани и личности и е организиран во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Панихидата ќе биде одржана од 11 часот во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители. На поменот ќе присуствува директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски со своите соработници, како и членови на семејството и почитувачи на ликот и делото на Манчевски.

По панихидата, државно-црковна делегација предводена од Сотировски ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на верскиот референт Вељо Манчевски на Градските гробиште во Бутел.

The post Панихида за протојереј Вељо Т. Манчевски, учесник на АСНОМ и прв верски референт во земјава appeared first on Република.

]]>

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) денеска со панихида ќе одбележи 60 години од упокојувањето на првиот верски референт на Македонија, протојерејот Вељо Т. Манчевски (17 април 1905 – с. Броштица, Дебарско – 23 јануари 1962 – Скопје), кој бил учесник на АСНОМ, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при Главниот штаб на НОВ и ПОМ, како и долгогодишен истакнат свештеник.
Овој заслужен историски великан, како прв верски референт, со своето делување знаачително придонел за развој на верскиот живот и соживот во нашата земја, како и спречување на ширењето на странските пропаганди и влијанија - соопштија од Комисијата.
Настанот е во рамки на прославувањето на годинашните јубилеи поврзани со значајни настани и личности и е организиран во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Панихидата ќе биде одржана од 11 часот во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители. На поменот ќе присуствува директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски со своите соработници, како и членови на семејството и почитувачи на ликот и делото на Манчевски. По панихидата, државно-црковна делегација предводена од Сотировски ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на верскиот референт Вељо Манчевски на Градските гробиште во Бутел.

The post Панихида за протојереј Вељо Т. Манчевски, учесник на АСНОМ и прв верски референт во земјава appeared first on Република.

]]>