велимир смилевски Archives - Република https://republika.mk/tema/velimir-smilevski/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Apr 2022 06:16:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велимир смилевски Archives - Република https://republika.mk/tema/velimir-smilevski/ 32 32 „Tие што не ве знаеја во душа, ве доживуваа поинаку, но грешеа“, вели Смилевски за убиените браќа од Чаир https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tie-shto-ne-ve-znaeja-vo-dusha-ve-dozivuvaa-poinaku-no-greshea-veli-smilevski-za-ubienite-brakja-od-chair/ Tue, 26 Apr 2022 11:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=493783

Едно лице загина, а три се повредени во мафијашката престрелка што вчера се случуваше на сред улица во Чаир, пред чајџилница во близина на голем маркет.

Но, за поранешниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски од СДСМ, грешна е сликата што јавноста ја има за браќата Јонуз и Камер Идризи, од кои едниот беше застрелан вчера, а другиот убиен на Рамазан Бајрам пред точно една година, исто така во престрелка во Чаир.

Tие што не ве знаеја во душа ве доживуваа поинаку, но грешеа. Почивај во мир другар Јонуз Идризи, вели Смилевски во последниот поздрав на „Фејсбук“.

Лани за убиениот Идризи Смилевски рече се познавале од деца, биле другари, но никогаш не разговарале за бизнис и не го доживувал „како што го зборат“. Идризи работел во Комунална хигиена и му било срам да се жали.

Тој ми е комшија, кој што е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, рече тогаш Смилевски за А1он.

https://republika.mk/tvitovi/kamer-vozi-i-mafta-so-pishtolcheto-ama-velimir-ne-go-znae-kako-takov/

The post „Tие што не ве знаеја во душа, ве доживуваа поинаку, но грешеа“, вели Смилевски за убиените браќа од Чаир appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а три се повредени во мафијашката престрелка што вчера се случуваше на сред улица во Чаир, пред чајџилница во близина на голем маркет. Но, за поранешниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски од СДСМ, грешна е сликата што јавноста ја има за браќата Јонуз и Камер Идризи, од кои едниот беше застрелан вчера, а другиот убиен на Рамазан Бајрам пред точно една година, исто така во престрелка во Чаир.
Tие што не ве знаеја во душа ве доживуваа поинаку, но грешеа. Почивај во мир другар Јонуз Идризи, вели Смилевски во последниот поздрав на „Фејсбук“.
Лани за убиениот Идризи Смилевски рече се познавале од деца, биле другари, но никогаш не разговарале за бизнис и не го доживувал „како што го зборат“. Идризи работел во Комунална хигиена и му било срам да се жали.
Тој ми е комшија, кој што е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, рече тогаш Смилевски за А1он.
https://republika.mk/tvitovi/kamer-vozi-i-mafta-so-pishtolcheto-ama-velimir-ne-go-znae-kako-takov/

The post „Tие што не ве знаеја во душа, ве доживуваа поинаку, но грешеа“, вели Смилевски за убиените браќа од Чаир appeared first on Република.

]]>
Смилевски не одговори како може производи со слични спецификации во тендер да се со цени 6000 пати повисоки https://republika.mk/vesti/skopje/smilevski-ne-odgovori-kako-moze-proizvodi-so-slichni-specifikacii-vo-tender-da-se-so-ceni-6000-pati-povisoki/ Wed, 09 Feb 2022 17:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=456383

Велимир Смилевски и СДСМ денес зборуваат за се , само не за суштинското нешто. Јавноста треба да знае како се манипулирало со тендерите во општина Бутел. Како тоа кабелот NAYY – A 4x16mm2 (1kV) чини 380,86 денари по метар, а подебелиот кабел од типот NAYY –A 4x35mm2 чини 1.81 денар- разлика во цена 210 пати, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Или како тоа четири метарски столб чини 9975,02 денари по парче, а исти такви топлопоцинкувани столбови во висина од 5 метри и 8 метри чинат само 1,81 денар- разлика во цена 5.500 пати?!

Или пак како светилка за натриумова цеваста сијалица со снага од 70 вати чини 10881,84 денари, а исти такви од 150 и 250 вати чинат 1,81 денар- разлика во цена 6000 пати?!

Или пак, натриумова 70 ватна сијалица чини 1142,59 денари, а истите светилки од 150 и 250 вати чинат по 1,81 денар. Разликата во цената е од 630 пати.

Тоа што Смилески и СДСМ зборуваат за се само не за овие прашања, јасно кажува дека тендерите биле местени како одредена фирма да добие најниска понуда. Односно методот бил следен, наброј во спецификација 9 производи кои немаш намера да ги набавуваш и тие фирмата ќе ги понуди за два денари, а тие неколку кои си сигурен дека ќе ги набавуваш се проценуваат како да се суво злато.

Ете ова е криминал и начин за испумпување на народни пари во приватни џебови и ако не беа под партиска контрола на СДСМ, Јавното обвинителство и Финансиска полиција уште денес ќе почнеа да го истражуваат случајот“, се вели во соопштението.

The post Смилевски не одговори како може производи со слични спецификации во тендер да се со цени 6000 пати повисоки appeared first on Република.

]]>

Велимир Смилевски и СДСМ денес зборуваат за се , само не за суштинското нешто. Јавноста треба да знае како се манипулирало со тендерите во општина Бутел. Како тоа кабелот NAYY – A 4x16mm2 (1kV) чини 380,86 денари по метар, а подебелиот кабел од типот NAYY –A 4x35mm2 чини 1.81 денар- разлика во цена 210 пати, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Или како тоа четири метарски столб чини 9975,02 денари по парче, а исти такви топлопоцинкувани столбови во висина од 5 метри и 8 метри чинат само 1,81 денар- разлика во цена 5.500 пати?! Или пак како светилка за натриумова цеваста сијалица со снага од 70 вати чини 10881,84 денари, а исти такви од 150 и 250 вати чинат 1,81 денар- разлика во цена 6000 пати?! Или пак, натриумова 70 ватна сијалица чини 1142,59 денари, а истите светилки од 150 и 250 вати чинат по 1,81 денар. Разликата во цената е од 630 пати. Тоа што Смилески и СДСМ зборуваат за се само не за овие прашања, јасно кажува дека тендерите биле местени како одредена фирма да добие најниска понуда. Односно методот бил следен, наброј во спецификација 9 производи кои немаш намера да ги набавуваш и тие фирмата ќе ги понуди за два денари, а тие неколку кои си сигурен дека ќе ги набавуваш се проценуваат како да се суво злато. Ете ова е криминал и начин за испумпување на народни пари во приватни џебови и ако не беа под партиска контрола на СДСМ, Јавното обвинителство и Финансиска полиција уште денес ќе почнеа да го истражуваат случајот“, се вели во соопштението.

The post Смилевски не одговори како може производи со слични спецификации во тендер да се со цени 6000 пати повисоки appeared first on Република.

]]>
Смилевски: Костовски нема визија, вистината е мој сојузник https://republika.mk/vesti/skopje/smilevski-kostovski-nema-vizija-vistinata-e-moj-sojuznik/ Wed, 09 Feb 2022 15:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=456345

Поранешниот градоначалник на општина Бутел Велимир Смилевски вели дека се манипулации информациите изнесени на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во кои е обвинет дека спровел „скандалозна тендерска постапка“.

Според Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за тендер за изградба на ново јавно улично осветлување на територија на општина Бутел во 2021 која го добила компанијата Провиз д.о.о.е.л. од Визбегово. Компанијата посочениот тендер го добива врз основа на најниска понуда, ама во т.н. „најниската понуда“ која е добиена како збир на единечни цени се крие сериозна манипулација и злоупотреба.

Компанијата согласно техничката спецификација нуди екстремно ВИСОКИ цени по единица производ за производи кои Општината ги набавувала во големи количини, и екстремно НИСКИ цени за производи кои Општината според договорот ги бара во минимални количини или воопшто не ги бара, обвини Лефков.

Смилевски одговори со Фејсбук статус.

Најавувана како “пукна бомбата за скандалозна тендерска постапка спроведена во општина Бутел во времето на мандатот на Велимир Смилевски, градоначалник од редовите на СДСМ”, пукна – меурот од сапуница произлезен од центарот за шириење на лажни вести во Белиот дворец!

ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заради сопствената безидејност и заради тоа што не можат ништо да сработат во интерес на бутелчани, се влезени во длабок очај. Затоа, по нивниот добро испробан рецепт, сега се обидуваат тој очај да го покриваат со измислување на лаги и конструкции.

Вистината е мојот најдобар сојузник и во времето кога бев градоначалник на Бутел, а и сега. А таа е дека на стартот на мојот четиригодишен градоначалнички мандат во Општина Бутел наследивме дотраени и светилки за улично осветлување стари и повеќе од 40 години. Мрежата ја обновивме, почнавме со употреба на натриумови светилки, со што заштедувавме по повеќе од 50% на електрична енергија на месечно ниво.

Освен ова, дополнително поставивме 25% нова инсталација за улично осветлување низ целата територија на Бутел.
Јасно е што сакаат да постигнат со ширењето на лаги и дезинформации. Сакаат да го покријат своето неработење и немањето визија за интересите на бутелчани. За тоа сведочи и сегашната состојба, при што во Општината е исклучено уличното осветлување, замислете, заради неплаќање на сметки од страна на актуелниот градоначалник.

Ете на кое дереџе спаднавме драги мои сограѓани!

https://republika.mk/vesti/skopje/lefkov-gradonachalnici-na-sdsm-preku-tenderi-ispumpuvale-pari-po-metodot-najniska-cena-9-proizvodi-rushat-cena-a-edniot-koj-e-nabavuvan-chinel-suvo-zlato/

The post Смилевски: Костовски нема визија, вистината е мој сојузник appeared first on Република.

]]>

Поранешниот градоначалник на општина Бутел Велимир Смилевски вели дека се манипулации информациите изнесени на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во кои е обвинет дека спровел „скандалозна тендерска постапка“. Според Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за тендер за изградба на ново јавно улично осветлување на територија на општина Бутел во 2021 која го добила компанијата Провиз д.о.о.е.л. од Визбегово. Компанијата посочениот тендер го добива врз основа на најниска понуда, ама во т.н. „најниската понуда“ која е добиена како збир на единечни цени се крие сериозна манипулација и злоупотреба.
Компанијата согласно техничката спецификација нуди екстремно ВИСОКИ цени по единица производ за производи кои Општината ги набавувала во големи количини, и екстремно НИСКИ цени за производи кои Општината според договорот ги бара во минимални количини или воопшто не ги бара, обвини Лефков.
Смилевски одговори со Фејсбук статус.
Најавувана како “пукна бомбата за скандалозна тендерска постапка спроведена во општина Бутел во времето на мандатот на Велимир Смилевски, градоначалник од редовите на СДСМ”, пукна – меурот од сапуница произлезен од центарот за шириење на лажни вести во Белиот дворец! ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заради сопствената безидејност и заради тоа што не можат ништо да сработат во интерес на бутелчани, се влезени во длабок очај. Затоа, по нивниот добро испробан рецепт, сега се обидуваат тој очај да го покриваат со измислување на лаги и конструкции. Вистината е мојот најдобар сојузник и во времето кога бев градоначалник на Бутел, а и сега. А таа е дека на стартот на мојот четиригодишен градоначалнички мандат во Општина Бутел наследивме дотраени и светилки за улично осветлување стари и повеќе од 40 години. Мрежата ја обновивме, почнавме со употреба на натриумови светилки, со што заштедувавме по повеќе од 50% на електрична енергија на месечно ниво. Освен ова, дополнително поставивме 25% нова инсталација за улично осветлување низ целата територија на Бутел. Јасно е што сакаат да постигнат со ширењето на лаги и дезинформации. Сакаат да го покријат своето неработење и немањето визија за интересите на бутелчани. За тоа сведочи и сегашната состојба, при што во Општината е исклучено уличното осветлување, замислете, заради неплаќање на сметки од страна на актуелниот градоначалник. Ете на кое дереџе спаднавме драги мои сограѓани!