Велимир Беливук Archives - Република https://republika.mk/tema/velimir-belivuk/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Sep 2022 17:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Велимир Беливук Archives - Република https://republika.mk/tema/velimir-belivuk/ 32 32 Беливук: Фотографиите од викендицата се фотошоп, машината за мелење месо е 3-4 поголема од вратата на просторијата https://republika.mk/vesti/balkan/belivuk-fotografiite-od-vikendicata-se-fotoshop-mashinata-za-melenje-meso-e-3-4-pogolema-od-vratata-na-prostorijata/ Wed, 07 Sep 2022 17:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=548444

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи прелиминарното рочиште против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите обвинети од озлогласениот клан Беливук. Обвинетите дадоа изјави за доказите на обвинителството, а Миљковиќ и Беливук ја искористиле приликата да ги коментираат.

Беливук тврдел дека фотографиите против нив биле фотошопирани. Тој истакнал и дека машината за мелење месо во која, според тврдењата на обвинителството, обвинетите ги мелеле жртвите, потоа била донесена во викендицата во Ритопек.

„Машината е три до четири пати поголема од димензиите на вратата на таа просторија каде што обвинителот тврди дека е пронајдена. Не може да помине низ тој отвор и не е пронајдена таму, била донесена. ДНК можел да донесе било кој и да подметне. Со денови таму шетаа форензичари и министерот Вулин се сликаше. Затоа барам судот да го види предметот познат како „Убиство на шините“ за да видите што е направено таму со ДНК трагите. Замислете што се прави во овој случај“, рекол Беливук, пишува српска „Нова“.

При своето излагање тој ја споменал и српската министерка за правда Маја Поповиќ.

„Ќе ја докажеме нашата невиност, иако министерката за правда јавно не осуди на смртна казна. Таа се поправи дури подоцна, кога вниманието и го привлече она што го кажа. Психологијата вели дека секое живо суштество ја следи линијата на најмал отпор. Сведоците кои соработуваат се принудени да лажат, биле одведени во изолација наводно поради Ковид-19. На сведоците им се заканувале при апсењето и сослушувањето, а обвинетиот Шејиќ бил удрен во стомакот во СБПОК“, додал Беливук.

The post Беливук: Фотографиите од викендицата се фотошоп, машината за мелење месо е 3-4 поголема од вратата на просторијата appeared first on Република.

]]>

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи прелиминарното рочиште против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите обвинети од озлогласениот клан Беливук. Обвинетите дадоа изјави за доказите на обвинителството, а Миљковиќ и Беливук ја искористиле приликата да ги коментираат. Беливук тврдел дека фотографиите против нив биле фотошопирани. Тој истакнал и дека машината за мелење месо во која, според тврдењата на обвинителството, обвинетите ги мелеле жртвите, потоа била донесена во викендицата во Ритопек.
„Машината е три до четири пати поголема од димензиите на вратата на таа просторија каде што обвинителот тврди дека е пронајдена. Не може да помине низ тој отвор и не е пронајдена таму, била донесена. ДНК можел да донесе било кој и да подметне. Со денови таму шетаа форензичари и министерот Вулин се сликаше. Затоа барам судот да го види предметот познат како „Убиство на шините“ за да видите што е направено таму со ДНК трагите. Замислете што се прави во овој случај“, рекол Беливук, пишува српска „Нова“.
При своето излагање тој ја споменал и српската министерка за правда Маја Поповиќ.
„Ќе ја докажеме нашата невиност, иако министерката за правда јавно не осуди на смртна казна. Таа се поправи дури подоцна, кога вниманието и го привлече она што го кажа. Психологијата вели дека секое живо суштество ја следи линијата на најмал отпор. Сведоците кои соработуваат се принудени да лажат, биле одведени во изолација наводно поради Ковид-19. На сведоците им се заканувале при апсењето и сослушувањето, а обвинетиот Шејиќ бил удрен во стомакот во СБПОК“, додал Беливук.

The post Беливук: Фотографиите од викендицата се фотошоп, машината за мелење месо е 3-4 поголема од вратата на просторијата appeared first on Република.

]]>
Веља невоља сакал да им влезе во „бизнисот“ на Коза Ностра и Ндрангета https://republika.mk/vesti/balkan/velja-nevolja-sakal-da-im-vleze-vo-biznisot-na-koza-nostra-i-ndrangeta/ Mon, 21 Feb 2022 09:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=461321

Вељко Беливук и италијанската мафија. Смртоносна комбинација која на хартија се оствари, но, за среќа, не до крај и реално

Kaко Кавачкиот клан на чело со Радоје Звичер и Вељко Беливук во Србија, формирал криминална група во Италија заедно со мафијашите кои некогаш соработувале со Жељко Ражнатовиќ. Според италијанските медиуми, тие формирале силна група чиј центар бил во градот Фоџа?-анализира „Курир.рс“.

Заменик-обвинителот во Фоџа, Антонио Ларонга, кој ја објави книгата „Мафијашки кварт“, изјави дека подрегионот Гаргано во Пула е еден вид балкон за Балканот - каде се доставуваат наркотици и оружје од Црна Гора и Албанија.

Единствената грешка што ја направил е што новата мафија на италијанска почва ја означил како четврта мафија  иако таа практично била петта по ред што се формирала. Но, за кратко време се обиде да се пробие на самиот врв на мафијашката листа. Идејата била да се пробие на првото или второто место кое со децении го држат неприкосновените Коза Ностра и Ндрангета.

- Веројатно следејќи ги упатствата на Звицер и Беливук, а имајќи огромни суми пари и кокаин, набавени преку врски од Јужна Америка, овие мафијаши зад кои всушност стоеле водачите на кланот од Балканот, влегле во војна со водачите на Италијански банди. Никој не знае како би завршила таа војна, ако се земе предвид дека во меѓувреме „кавачкиот клан“ беше разбиен благодарение на акциите на српската полиција - објаснува за „Курир.рс“ соговорникот од безбедносните структури, добро запознаен со сите случувања во овој дел на Европа.

Во суштина, вели тој, во градот Фоџа  е формирана сериозна мафијашка група за која италијанските медиуми почнаа да пишуваат по серијата експлози во градот и регионот.

The post Веља невоља сакал да им влезе во „бизнисот“ на Коза Ностра и Ндрангета appeared first on Република.

]]>

Вељко Беливук и италијанската мафија. Смртоносна комбинација која на хартија се оствари, но, за среќа, не до крај и реално
Kaко Кавачкиот клан на чело со Радоје Звичер и Вељко Беливук во Србија, формирал криминална група во Италија заедно со мафијашите кои некогаш соработувале со Жељко Ражнатовиќ. Според италијанските медиуми, тие формирале силна група чиј центар бил во градот Фоџа?-анализира „Курир.рс“.
Заменик-обвинителот во Фоџа, Антонио Ларонга, кој ја објави книгата „Мафијашки кварт“, изјави дека подрегионот Гаргано во Пула е еден вид балкон за Балканот - каде се доставуваат наркотици и оружје од Црна Гора и Албанија. Единствената грешка што ја направил е што новата мафија на италијанска почва ја означил како четврта мафија  иако таа практично била петта по ред што се формирала. Но, за кратко време се обиде да се пробие на самиот врв на мафијашката листа. Идејата била да се пробие на првото или второто место кое со децении го држат неприкосновените Коза Ностра и Ндрангета.