велибор манев Archives - Република https://republika.mk/tema/velibor-manev/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 06:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велибор манев Archives - Република https://republika.mk/tema/velibor-manev/ 32 32 Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osven-svedocheneto-na-obvinetite-velibor-i-bore-zasega-nema-drug-dokaz-deka-palcho-od-tatkoto-na-vana-doznal-koga-taa-ke-izleze-od-doma/ Sat, 19 Oct 2024 06:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=828589

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски.

Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него.

Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња.

Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.

Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал.

Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар?

Началникот кратко одговори - Не.

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски. Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него. Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња. Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште. Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал. Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар? Началникот кратко одговори - Не.    

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>
Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/palcho-pukal-i-vo-panche-zhezhovski-manevski-im-go-pokazhal-grobot/ Wed, 16 Oct 2024 11:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=827597

Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше  за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски.

Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице.

Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски.

Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.

Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.

Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.

The post Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот appeared first on Република.

]]>

Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше  за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски. Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице. Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски. Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.   Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.
Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.

The post Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот appeared first on Република.

]]>
30 дена притвор за Александар Ѓорчевски https://republika.mk/vesti/makedonija/30-dena-pritvor-za-aleksandar-gorchevski/ Wed, 06 Dec 2023 09:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=720236

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

The post 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски appeared first on Република.

Осoмничениот Велибор Манев кога го прашаа дали ја убил Вања кратко одговори „не“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osomnicheniot-velibor-manev-koga-go-prashaa-dali-ja-ubil-vana-kratko-odgovori-ne/ Mon, 04 Dec 2023 07:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=719138

Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, доцна вчера беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори кусо „не“.

Манев не одговори каква е неговата поврзаност со грабнувањето и убиството на девојчето.

Тој молчеше кога беше прашан дали признал вина и вмешаност.

Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

фото и видео: Скопје1

The post Осoмничениот Велибор Манев кога го прашаа дали ја убил Вања кратко одговори „не“ appeared first on Република.

]]>

Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, доцна вчера беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори кусо „не“. Манев не одговори каква е неговата поврзаност со грабнувањето и убиството на девојчето. Тој молчеше кога беше прашан дали признал вина и вмешаност. Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.   фото и видео: Скопје1

The post Осoмничениот Велибор Манев кога го прашаа дали ја убил Вања кратко одговори „не“ appeared first on Република.

]]>
Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче https://republika.mk/vesti/makedonija/nokva-privedeni-trojtsa-osomnicheni-za-ubistvata-na-vana-i-panche/ Mon, 04 Dec 2023 07:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=719113

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА.

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/

Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски.

Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/

Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него.

Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА. Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/ Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски. Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/ Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него. Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Еден од осомничените за убиството на Вања донесен во суд, вели тој не го извршил убиството https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/ Mon, 04 Dec 2023 00:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=719103

Еден од приведените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, e донесен во Кривичниот суд во Скопје.

Одговарајќи на новинарските прашања кажа дека не го извршил убиството.

Но, молчеше на прашањата каква е неговата поврзаност со двете убиства и дали признал вина.

Извор: Прес24

The post Еден од осомничените за убиството на Вања донесен во суд, вели тој не го извршил убиството appeared first on Република.

]]>

Еден од приведените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, e донесен во Кривичниот суд во Скопје. Одговарајќи на новинарските прашања кажа дека не го извршил убиството. Но, молчеше на прашањата каква е неговата поврзаност со двете убиства и дали признал вина.
Извор: Прес24

The post Еден од осомничените за убиството на Вања донесен во суд, вели тој не го извршил убиството appeared first on Република.

]]>