велгошти Archives - Република https://republika.mk/tema/velgoshti/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:59:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велгошти Archives - Република https://republika.mk/tema/velgoshti/ 32 32 Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи https://republika.mk/vesti/kultura/zhivko-chingo-beshe-majstor-na-zborot-umetnik-koj-ja-prikazha-dushata-na-makedonija-niz-svoite-raskazi-i-romani/ Wed, 14 Aug 2024 07:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=806361

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец.

Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“.

Во името на Општина Охрид, пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

Вечерва сме повторно тука, во светилиштето на манастирот Света Петка, во родното место на еден од највеличествените македонски творци, чие перо, со најдлабоки емоции го овековечи духот на македонскиот народ, во неповторливи ремек-дела. Со најдлабока почит ја вреднуваме оваа наша привилегија да го славиме ликот и делото на нашиот великан, нашиот Живко Чинго. Тој, со својот животен пат и работа е симбол на македонските корени и стремежи. Неговите зборови го носат печатот на исконското, на она што е длабоко врежано во нашето битие. Преку неговото препознатливо творештво, тој стана гласот на сите оние кои зборуваат преку своето срце, без компромис и без страв, рече Крстеска.

Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој успеа да ја прикаже душата на Македонија низ своите раскази и романи. Неговите дела се споменик на нашата книжевност, вечни сведоци на времето и животот. Преку неговата неповторлива проза, Чинго создаде светови кои дишат и кои треперат.

Неговата проза, потенцираше, е толку длабока и значајна, што и денес продолжува да ги инспирираа читателите и писателите.

Како што самиот Живко Чинго ќе каже: „…тоа што си им го дал на другите-само тоа е твое, во тоа е смислата“. Оваа мудрост нѐ потсетува дека најголемата сила лежи во заедништвото и во споделувањето, тоа е најголемата сила на човекот. Општина Охрид, како чувар на културното и историското наследство, со гордост го вреднува и чува делото на Чинго. Остануваме доследни на оваа света должност и ќе продолжиме достоинствено да го негуваме неговото наследство и во иднина, за да можат новите генерации да ги спознаат и почувствуваат големите вредности, кои тој ги остави зад себе, додаде Крстеска.

Воедно упати честитки до годинешниот добитник на наградата за најдобар расказ Дијана Петрова, чие дело како што рече претставува продолжение на богатата македонска книжевна традиција и потврда дека зборот има моќ да создаде светови и да допре до срцата на луѓето.

Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе продолжи да биде препознатлив културен белег на Велгошти и на Охрид, истакна Крстеска.

Годинешен беседник за ликот, делото и живото на Живко Чинго беше еминентниот македонски поет, литературен критичар, преведувач и новинар, Бранко Цветкоски.

Манифестацијата беше збогатена со културно уметничката програма, а публиката имаше можност да го проследи настапот на квартетот „Струни“ во кој членуваат талентираните музучари Олгица Шундиќ, Сандра Крстевска, Иван Петровски и Љупка Каевиќ.

Свој настап во рамки на свеченоста имаа и членовите на КУД „Филиграни“ од Велгошти.

извор/ фото: Охридњуз

The post Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи appeared first on Република.

]]>

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец. Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“. Во името на Општина Охрид, пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.
Вечерва сме повторно тука, во светилиштето на манастирот Света Петка, во родното место на еден од највеличествените македонски творци, чие перо, со најдлабоки емоции го овековечи духот на македонскиот народ, во неповторливи ремек-дела. Со најдлабока почит ја вреднуваме оваа наша привилегија да го славиме ликот и делото на нашиот великан, нашиот Живко Чинго. Тој, со својот животен пат и работа е симбол на македонските корени и стремежи. Неговите зборови го носат печатот на исконското, на она што е длабоко врежано во нашето битие. Преку неговото препознатливо творештво, тој стана гласот на сите оние кои зборуваат преку своето срце, без компромис и без страв, рече Крстеска.
Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој успеа да ја прикаже душата на Македонија низ своите раскази и романи. Неговите дела се споменик на нашата книжевност, вечни сведоци на времето и животот. Преку неговата неповторлива проза, Чинго создаде светови кои дишат и кои треперат. Неговата проза, потенцираше, е толку длабока и значајна, што и денес продолжува да ги инспирираа читателите и писателите. Како што самиот Живко Чинго ќе каже: „…тоа што си им го дал на другите-само тоа е твое, во тоа е смислата“. Оваа мудрост нѐ потсетува дека најголемата сила лежи во заедништвото и во споделувањето, тоа е најголемата сила на човекот. Општина Охрид, како чувар на културното и историското наследство, со гордост го вреднува и чува делото на Чинго. Остануваме доследни на оваа света должност и ќе продолжиме достоинствено да го негуваме неговото наследство и во иднина, за да можат новите генерации да ги спознаат и почувствуваат големите вредности, кои тој ги остави зад себе, додаде Крстеска. Воедно упати честитки до годинешниот добитник на наградата за најдобар расказ Дијана Петрова, чие дело како што рече претставува продолжение на богатата македонска книжевна традиција и потврда дека зборот има моќ да создаде светови и да допре до срцата на луѓето. Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе продолжи да биде препознатлив културен белег на Велгошти и на Охрид, истакна Крстеска. Годинешен беседник за ликот, делото и живото на Живко Чинго беше еминентниот македонски поет, литературен критичар, преведувач и новинар, Бранко Цветкоски. Манифестацијата беше збогатена со културно уметничката програма, а публиката имаше можност да го проследи настапот на квартетот „Струни“ во кој членуваат талентираните музучари Олгица Шундиќ, Сандра Крстевска, Иван Петровски и Љупка Каевиќ. Свој настап во рамки на свеченоста имаа и членовите на КУД „Филиграни“ од Велгошти. извор/ фото: Охридњуз

The post Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи appeared first on Република.

]]>
Утревечер ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/utrevecher-ke-se-odrzhi-kulturnata-manifestatsija-vecher-na-zhivko-chingo/ Mon, 12 Aug 2024 10:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=805777

Утревечер со почеток во 20:00 часот, кај Спомен обележјето на Живко Чинго, во атарот на црквата „Св. Петка“ во Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Програмата предвидува полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ, кратко обраќање на добитникот на наградата Дијана Петрова.

Беседа за Чинго ќе одржи Бранко Цветкоски, поет, литературен критичар, преведувач и новинар, по што ќе следува културно-уметничка програма со настап на квартетот „Струни“ и КУД „Филиграни“.

The post Утревечер ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ appeared first on Република.

Со истрели најавено фрлањето на крстот во Велгошти https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-istreli-najaveno-frlaneto-na-krstot-vo-velgoshti/ Fri, 19 Jan 2024 15:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=734727

По хорското пеење крстот во Велгошти беше фрлен во вода, а моментот на фрлање на верниците во вода беше најавен со истрели. ВВо малиот базен скокнаа десетици момчиња, кои долго не можеа да го пронајдат крстот. Конечно еден од нив успеа да го извлече од заматената вода, а како по некоја традиција, на крај следуваше туш со крстена вода

https://www.youtube.com/watch?v=hMNz_mpU994

The post Со истрели најавено фрлањето на крстот во Велгошти appeared first on Република.

]]>

По хорското пеење крстот во Велгошти беше фрлен во вода, а моментот на фрлање на верниците во вода беше најавен со истрели. ВВо малиот базен скокнаа десетици момчиња, кои долго не можеа да го пронајдат крстот. Конечно еден од нив успеа да го извлече од заматената вода, а како по некоја традиција, на крај следуваше туш со крстена вода https://www.youtube.com/watch?v=hMNz_mpU994

The post Со истрели најавено фрлањето на крстот во Велгошти appeared first on Република.

]]>
Уште три екипи обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот во Велгошти https://republika.mk/sport/fudbal/ushte-tri-ekipi-obezbedija-plasman-vo-1-4-finaleto-na-turnirot-vo-velgoshti/ Sat, 30 Jul 2022 08:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=534992

Познати се уште три патници во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал Велгошти 2022.

Резултати 1/8 финале 29.07.
Др.Баткоски – Гостилница кај Mече 6:0
АSP PAK – Хотел Сити Палас 5:1
Сквер Кафе – Митротек 1:1 (1:2 на пенали)

Преостанатите два патника во 1/4 финалето на турнирот во Велгошти ќе бидат познати по саботните пресметки.

Распоред на натпревари 30.07.
20.00 Мики М Компани – Дебрца експрес
21.00 Евротип Црногорци – Камионски делови Бос

The post Уште три екипи обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот во Велгошти appeared first on Република.

]]>

Познати се уште три патници во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал Велгошти 2022. Резултати 1/8 финале 29.07. Др.Баткоски – Гостилница кај Mече 6:0 АSP PAK – Хотел Сити Палас 5:1 Сквер Кафе – Митротек 1:1 (1:2 на пенали) Преостанатите два патника во 1/4 финалето на турнирот во Велгошти ќе бидат познати по саботните пресметки. Распоред на натпревари 30.07. 20.00 Мики М Компани – Дебрца експрес 21.00 Евротип Црногорци – Камионски делови Бос

The post Уште три екипи обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот во Велгошти appeared first on Република.

]]>
Жител на Велгошти пронајден починат на пат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zitel-na-velgoshti-pronajden-pochinat-na-pat/ Wed, 26 Jan 2022 11:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=449708

Починато лице вчера околу 10 часот е пронајдено на локален пат во охридското село Велгошти.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано е дека се работи за М.В.(62) од Велгошти, информира СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

The post Жител на Велгошти пронајден починат на пат appeared first on Република.