Вечери на женски права Archives - Република https://republika.mk/tema/vecheri-na-zenski-prava/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Mar 2022 16:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вечери на женски права Archives - Република https://republika.mk/tema/vecheri-na-zenski-prava/ 32 32 „Вечери на женски права” во МКЦ и во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/vecheri-na-zenski-prava-vo-mkc-i-vo-kinoteka/ Mon, 07 Mar 2022 16:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=469093

Во Младинскиот културен центар и Кинотека од утре до 10 март ќе се одржи 13-то издание на „Вечери на женски права".

Настанот ќе се одвива на различни локации во Скопје, под покровителство на градските власти, а традиционално се организира од 2010 година.

Настаните кои се организираат во рамките на оваа манифестација понудија алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, а искуствата од претходните изданија покажаа дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и со родовата еднаквост, соопштија од Град Скопје.

Како што е најавено во програмата, во рамки на настанот утре во МКЦ Галерија ќе се одржи Меѓународна ликовна изложба „Будење 3", а во МКЦ Фросина подоцна свое обраќање ќе има градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, раководителка на канцеларијата на UN Women во Македонија, Весна Ивановиќ-Кастаред, а ќе биде прикажана и авторска монодрама на Сандра Сијалџев „Дејт".

На 9 март во Кинотека ќе се одржи проекција на документарните филмови „HER" – САД во режија на Хуан Карло Бореро и Мелоди Карли, „The Dark Way" – Иран во режија на Анахид Давари. Следниот ден ќе има проекција на документарниот филм „Caught in the Net" – Чешка Република во режија на Вит Клушак и Барбора Чалупова.

Дополнитлено, во текот на месецов ќе се одржат проекции на документарниот филм „Caught in the Network" за ученици од средните училишта на Град Скопје, во Кинотека.

„Вечери на женски права" се организираат во реализација на Авард Филм и Видео и во партнерство со UN Women и Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА.

The post „Вечери на женски права” во МКЦ и во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар и Кинотека од утре до 10 март ќе се одржи 13-то издание на „Вечери на женски права".

Настанот ќе се одвива на различни локации во Скопје, под покровителство на градските власти, а традиционално се организира од 2010 година.
Настаните кои се организираат во рамките на оваа манифестација понудија алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, а искуствата од претходните изданија покажаа дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и со родовата еднаквост, соопштија од Град Скопје.
Како што е најавено во програмата, во рамки на настанот утре во МКЦ Галерија ќе се одржи Меѓународна ликовна изложба „Будење 3", а во МКЦ Фросина подоцна свое обраќање ќе има градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, раководителка на канцеларијата на UN Women во Македонија, Весна Ивановиќ-Кастаред, а ќе биде прикажана и авторска монодрама на Сандра Сијалџев „Дејт". На 9 март во Кинотека ќе се одржи проекција на документарните филмови „HER" – САД во режија на Хуан Карло Бореро и Мелоди Карли, „The Dark Way" – Иран во режија на Анахид Давари. Следниот ден ќе има проекција на документарниот филм „Caught in the Net" – Чешка Република во режија на Вит Клушак и Барбора Чалупова. Дополнитлено, во текот на месецов ќе се одржат проекции на документарниот филм „Caught in the Network" за ученици од средните училишта на Град Скопје, во Кинотека. „Вечери на женски права" се организираат во реализација на Авард Филм и Видео и во партнерство со UN Women и Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА.

The post „Вечери на женски права” во МКЦ и во Кинотека appeared first on Република.

]]>