Важно е! Од тебе зависат промените Archives - Република https://republika.mk/tema/vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 18:43:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Важно е! Од тебе зависат промените Archives - Република https://republika.mk/tema/vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite/ 32 32 Мицкоски со порака до политички неопределените: Сега не е време за молчење, нема трета опција! https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-poraka-do-politichki-neopredelenite-sega-ne-e-vreme-za-molchene-nema-treta-optsija/ Tue, 07 Nov 2023 18:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=699292

Мојата порака до оние кои се политички неопределени, сега не е време за молчење, сега не е време за да го одседите овој период, а посебно не денот за изборите, порача вечерва од Ресен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Знам дека ќе се обидат да ве убедат дека секако ВМРО-ДПМНЕ победува, зарем до мојот глас е дојдено. До секој еден глас е дојдено, за да ја испишеме историјата до крај, таа историја која ја започнавме во 2021 година на локалните избори. Но, за да ја заокружиме со нова на двојните избори односно на претседателските и парламентарните избори потребна ни е мобилизација. Потребно ни е будење кај секој еден македонски граѓанин кој што не е задоволен од политиките на владата на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски пред граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски потенцираше дека во државата нема трета опција или Македонија која се развива, или пак ќе бидат дел од друштвото на Ковачевски, Ахмети, Османи, Спасовски или Маричиќ, и затоа повика на мобилизација од страна на граѓаните.

Нема трета опција. Или си за Македонија, развиена и просперитетна, или за жал остануваш во друштвото на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и останатите, изјави тој и додаде:

Сега е изборот или со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и се бориш за просперитетна, развиена и европска Македонија или остануваме да тонеме во криминал и корупција која што и денеска е секојдневие во Македонија и резултат на политиките на СДСМ и ДУИ. Затоа ни е потребна мобилизација и секој еден човек да ја пренесе пораката насекаде низ Македонија.

Мицкоски истакна дека еден од носечките проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму децентрализација на јавните финансии од централниот буџет кон општините, но како што рече за да се случи трансформација на Македонија и да се подобрат условите за живот на граѓаните потребен е 61 пратеник.

Еден од носечките проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде децентрализација на јавните финансии од централниот буџет кон општините. Овде во Ресен се предвидени директно за капитални инвестиции повеќе од 7,5 милиони евра, тоа се средства надвор од буџетот на самата општина. Такви ќе инвестираме повеќе од 250 милиони годишно на целата територија на Македонија, за да ги подобриме условите за живот. Но, за тоа да ние се случи потребна ни е поддршка од 61 пратеник. 61 пратеник за трансформација на Македонија, порача Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/AIfKU5vwhTc?si=__D4sP1OKwHuQE0K

The post Мицкоски со порака до политички неопределените: Сега не е време за молчење, нема трета опција! appeared first on Република.

]]>

Мојата порака до оние кои се политички неопределени, сега не е време за молчење, сега не е време за да го одседите овој период, а посебно не денот за изборите, порача вечерва од Ресен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Знам дека ќе се обидат да ве убедат дека секако ВМРО-ДПМНЕ победува, зарем до мојот глас е дојдено. До секој еден глас е дојдено, за да ја испишеме историјата до крај, таа историја која ја започнавме во 2021 година на локалните избори. Но, за да ја заокружиме со нова на двојните избори односно на претседателските и парламентарните избори потребна ни е мобилизација. Потребно ни е будење кај секој еден македонски граѓанин кој што не е задоволен од политиките на владата на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски пред граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Мицкоски потенцираше дека во државата нема трета опција или Македонија која се развива, или пак ќе бидат дел од друштвото на Ковачевски, Ахмети, Османи, Спасовски или Маричиќ, и затоа повика на мобилизација од страна на граѓаните. Нема трета опција. Или си за Македонија, развиена и просперитетна, или за жал остануваш во друштвото на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и останатите, изјави тој и додаде:
Сега е изборот или со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и се бориш за просперитетна, развиена и европска Македонија или остануваме да тонеме во криминал и корупција која што и денеска е секојдневие во Македонија и резултат на политиките на СДСМ и ДУИ. Затоа ни е потребна мобилизација и секој еден човек да ја пренесе пораката насекаде низ Македонија.
Мицкоски истакна дека еден од носечките проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму децентрализација на јавните финансии од централниот буџет кон општините, но како што рече за да се случи трансформација на Македонија и да се подобрат условите за живот на граѓаните потребен е 61 пратеник.
Еден од носечките проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде децентрализација на јавните финансии од централниот буџет кон општините. Овде во Ресен се предвидени директно за капитални инвестиции повеќе од 7,5 милиони евра, тоа се средства надвор од буџетот на самата општина. Такви ќе инвестираме повеќе од 250 милиони годишно на целата територија на Македонија, за да ги подобриме условите за живот. Но, за тоа да ние се случи потребна ни е поддршка од 61 пратеник. 61 пратеник за трансформација на Македонија, порача Мицкоски.
https://www.youtube.com/live/AIfKU5vwhTc?si=__D4sP1OKwHuQE0K

The post Мицкоски со порака до политички неопределените: Сега не е време за молчење, нема трета опција! appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ со повик до граѓаните да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-povik-do-graganite-da-se-prikluchat-na-kampanata-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite/ Wed, 18 Oct 2023 16:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=692589

Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, партиски функционери и активисти од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објавија пораки што според нив е важно за државата, нејзиното функционирање и граѓаните.

Денеска портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева изјави дека важно е децата да растат во здраво и функционално општество.

Важно е децата да растат во здраво и функционално општество, рече Митева.

Светислав Васев посочи дека според него важно е да има лојална конкуренција регулиран пазар.

Важно е да има лојална конкуренција и регулиран пазар, истакна Васев.

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов нагласи дека за него важно е да има зголемување на стипендиите за студентите.

Важно е да имаме зголемување на стипендиите, додаде Попов.

Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека според него важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци.

Важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци, изјави Трипуновски.

Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за него важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот.

Важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот, порача Томовски.

Додека пак, пратеникот во македонското собрание Бојан Стојановски истакна дека според него важно е да се вложува во малите и средни бизнис.

Важно е да вложуваме во малите и средините бизниси а тебе што ти е важно, праша пратеникот Бојан Стојаноски.

Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ бидејќи важно е да се обединиме и заедно да изградиме подобра иднина за сите граѓани, порачуваат од партијата.

https://youtu.be/CPAlwGMXa-Y?si=uInKplmHQBV_KtVX

The post ВМРО ДПМНЕ со повик до граѓаните да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, партиски функционери и активисти од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објавија пораки што според нив е важно за државата, нејзиното функционирање и граѓаните. Денеска портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева изјави дека важно е децата да растат во здраво и функционално општество.
Важно е децата да растат во здраво и функционално општество, рече Митева.
Светислав Васев посочи дека според него важно е да има лојална конкуренција регулиран пазар.
Важно е да има лојална конкуренција и регулиран пазар, истакна Васев.
Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов нагласи дека за него важно е да има зголемување на стипендиите за студентите.
Важно е да имаме зголемување на стипендиите, додаде Попов.
Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека според него важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци.
Важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци, изјави Трипуновски.
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за него важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот.
Важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот, порача Томовски.
Додека пак, пратеникот во македонското собрание Бојан Стојановски истакна дека според него важно е да се вложува во малите и средни бизнис.
Важно е да вложуваме во малите и средините бизниси а тебе што ти е важно, праша пратеникот Бојан Стојаноски.
Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ бидејќи важно е да се обединиме и заедно да изградиме подобра иднина за сите граѓани, порачуваат од партијата. https://youtu.be/CPAlwGMXa-Y?si=uInKplmHQBV_KtVX

The post ВМРО ДПМНЕ со повик до граѓаните да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ appeared first on Република.

]]>
Продолжува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“: Мицкоски денеска во општина Штип https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-kampanata-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite-mitskoski-deneska-vo-opshtina-shtip/ Sat, 14 Oct 2023 07:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=691090

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ која денеска ќе биде во општината Штип.

Во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари средба со здравствените работници пред Клиничкиот центар во Штип, проект кој е од најголемо значење за општината и околните места, но е заборавен од владата.

Веднаш по завршувањето на средбата, изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Понатаму, Мицкоски ќе присуствува во пуштање на употреба на мост пред зградата на општина Штип.

Мицкоски ќе оствари средба со претставници од образовните институции и студенти пред Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Потоа, Мицкоски ќе изврши увид на изградба на капитален проект „Обиколница“, проект кој ќе биде финансиран од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски продолжува на средба со граѓаните во населбата Железничка.

Во 18:00 ќе се обрати пред присутните граѓани кај малиот плоштад пред „Нама“ во Штип.

The post Продолжува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“: Мицкоски денеска во општина Штип appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ која денеска ќе биде во општината Штип. Во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари средба со здравствените работници пред Клиничкиот центар во Штип, проект кој е од најголемо значење за општината и околните места, но е заборавен од владата. Веднаш по завршувањето на средбата, изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Понатаму, Мицкоски ќе присуствува во пуштање на употреба на мост пред зградата на општина Штип. Мицкоски ќе оствари средба со претставници од образовните институции и студенти пред Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“. Потоа, Мицкоски ќе изврши увид на изградба на капитален проект „Обиколница“, проект кој ќе биде финансиран од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски продолжува на средба со граѓаните во населбата Железничка. Во 18:00 ќе се обрати пред присутните граѓани кај малиот плоштад пред „Нама“ во Штип.

The post Продолжува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“: Мицкоски денеска во општина Штип appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Охрид ја почна акцијата: „Важно е, од тебе зависат промените“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-ohrid-ja-pochna-aktsijata-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite/ Tue, 03 Oct 2023 18:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=687619

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку видео се огласи од Охрид каде се заблагодари за огромната поддршка на охриѓани.

Потоа порача дека промените зависат од сите нас:

Благодарам охриѓани за поддршката. Заедно, важно е! Од тебе, од сите нас зависат промените“, стои во неговиот пост.

The post Мицкоски од Охрид ја почна акцијата: „Важно е, од тебе зависат промените“ appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку видео се огласи од Охрид каде се заблагодари за огромната поддршка на охриѓани. Потоа порача дека промените зависат од сите нас:
Благодарам охриѓани за поддршката. Заедно, важно е! Од тебе, од сите нас зависат промените“, стои во неговиот пост.

The post Мицкоски од Охрид ја почна акцијата: „Важно е, од тебе зависат промените“ appeared first on Република.

]]>
Од Охрид започнува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“: ВМРО-ДПМНЕ на дебати, Мицкоски на теренски посети https://republika.mk/vesti/makedonija/od-ohrid-zapochnuva-kampanata-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite-vmro-dpmne-na-debati-mitskoski-na-terenski-poseti/ Tue, 03 Oct 2023 06:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=687300

Денеска од Охрид под слоганот „Важно е! Од тебе зависат промените“, ВМРО-ДПМНЕ ја стартува својата кампања која ја најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Како што соопштија од партијата, кампањата ќе се реализира следните два месеци и ќе се биде во два дела, односно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има теренски посети низ општините, додека во вториот дел е предвидено да се одржат дебати на различни теми во различни општини на кои ќе бидат опфатени актуелните случувања кои ги мачат граѓаните, но според нашите информации од партијата ќе понудат и принципи по кои би се воделе кога ќе ја преземат власта и за кои тие сметаат дека треба да се движи државата.

Мицкоски ќе оствари голем број на средби со целни групи, но и со граѓани, а како што информираа првата теренска посета ќе биде токму во Охрид.

Предвидено е да оствари средба со туристичките работници, прошетка низ чаршијата во Охрид, средба со пензионери, а по попладне ќе одржи говор и ќе има можност да разговара со граѓаните, да ги слушне нивните размислувања, како и да одговори на нивните прашања.

Наративот кој што ќе биде дел од дебатите во општините ќе биде токму лошата и тешка состојба во која се наоѓаат граѓаните, безпарицата, лошата економска состојба, владеењето на криминал и корупција наспротив владеењето на право и правда, националните понижувања, лошиот имиџ на македонската дипломатија, хаосот во земјоделството, образованоето, спортот, како и иселување на младите и празнењето на државата. Но, и борбата за достоинство, иднина и промени кои ќе значат просперотетна Македонија.

По кампањата и акцијата која што ВМРО-ДПМНЕ успешно ја реализираше а беше насловена Ова е Македонија, Македонија за сите на која се одржаа трибини на отворено и граѓански собири во 12 општини, а учествуваа 19 тимови со вкупно 200 луѓе и посетија над 700 населени места, се нотираа дури над 18.000 проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а како што тогаш известија од партијата, решенијата ќе бидат дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е втора голема кампања овој пат насловена „Важно е! Од тебе зависат промените".

Имено, од јануари па се до денес е активна кампањата „Промени на дело" каде што Мицкоски речиси најмалку два до три пати е присутен во општините чии градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а на кои се пушта во употреба ново изградена градинка, улица, пазар, водоводна или канализациона мрежа, или пак најава за изградба на некој нов проект.

The post Од Охрид започнува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“: ВМРО-ДПМНЕ на дебати, Мицкоски на теренски посети appeared first on Република.

]]>

Денеска од Охрид под слоганот „Важно е! Од тебе зависат промените“, ВМРО-ДПМНЕ ја стартува својата кампања која ја најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Како што соопштија од партијата, кампањата ќе се реализира следните два месеци и ќе се биде во два дела, односно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има теренски посети низ општините, додека во вториот дел е предвидено да се одржат дебати на различни теми во различни општини на кои ќе бидат опфатени актуелните случувања кои ги мачат граѓаните, но според нашите информации од партијата ќе понудат и принципи по кои би се воделе кога ќе ја преземат власта и за кои тие сметаат дека треба да се движи државата. Мицкоски ќе оствари голем број на средби со целни групи, но и со граѓани, а како што информираа првата теренска посета ќе биде токму во Охрид. Предвидено е да оствари средба со туристичките работници, прошетка низ чаршијата во Охрид, средба со пензионери, а по попладне ќе одржи говор и ќе има можност да разговара со граѓаните, да ги слушне нивните размислувања, како и да одговори на нивните прашања. Наративот кој што ќе биде дел од дебатите во општините ќе биде токму лошата и тешка состојба во која се наоѓаат граѓаните, безпарицата, лошата економска состојба, владеењето на криминал и корупција наспротив владеењето на право и правда, националните понижувања, лошиот имиџ на македонската дипломатија, хаосот во земјоделството, образованоето, спортот, како и иселување на младите и празнењето на државата. Но, и борбата за достоинство, иднина и промени кои ќе значат просперотетна Македонија. По кампањата и акцијата која што ВМРО-ДПМНЕ успешно ја реализираше а беше насловена Ова е Македонија, Македонија за сите на која се одржаа трибини на отворено и граѓански собири во 12 општини, а учествуваа 19 тимови со вкупно 200 луѓе и посетија над 700 населени места, се нотираа дури над 18.000 проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а како што тогаш известија од партијата, решенијата ќе бидат дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е втора голема кампања овој пат насловена „Важно е! Од тебе зависат промените". Имено, од јануари па се до денес е активна кампањата „Промени на дело" каде што Мицкоски речиси најмалку два до три пати е присутен во општините чии градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а на кои се пушта во употреба ново изградена градинка, улица, пазар, водоводна или канализациона мрежа, или пак најава за изградба на некој нов проект.

The post Од Охрид започнува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“: ВМРО-ДПМНЕ на дебати, Мицкоски на теренски посети appeared first on Република.

]]>
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на терен со граѓаните: Со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе се враќа надежта https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-vmro-dpmne-na-teren-so-graganite-so-kampanata-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite-ke-se-vraka-nadezhta/ Mon, 02 Oct 2023 12:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=687116

ВМРО-ДПМНЕ од утре вторник 03.10.2023 започнува со теренска кампања, „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Како што информираат од партијата, кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе биде во два дела. Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Исто така ќе се одржат и по две дебати во текот на неделата во различни општини.

Обраќањето од партијата ви го пренесуваме во целост:

Македонија се наоѓа на крстосница!
Изборот е повеќе од јасен: или ќе продолжи бездушната апатија која како вртлог ги влече луѓето кон дното или ќе ги промениме работите.

Тука не се работи само за националните деградирања, обезличувањата, колективните срамови, ударите по достоинството, честа и сиромаштијата – туку и навредата на интелигенцијата на секој човек.

Обидите да поверувате дека ништо не зависи од вас кога се’ е во вашите раце, да мислите дека личноста не може ништо кога вие можете се’.

Состојбата е тешка и многу лоша.
Економијата е на колена.

Здравството произведува смрт, а тие што го водат заработуваат од смртта.

Правдата е изгубена, а судот е заробен во канџите на врхушката од власта.

Истите судии од истите тефтери продолжуваат да ја покажуваат својата сервилност. Само газдите се различни.
Земјоделието е во хаос!

Бизнисот е под удар на политичкиот криминал на власта.

Се’ е во стагнација освен корупцијата.
Изградија антикултура на неказнивост и дрско богатење! Направија да биде нормално да треба да се даде мито за обичен документ кој по закон ви следува.
А тендерите и милионите од државните работи завршуваат во приватни џебови.
Илјадници луѓе се заглавени со кредити и чувствуваат несигурност. Живот на рати.

А иднината на сите ја одземаа со лошите договори, со рушењето на преговарачките позиции и влезот во слепата улица каде нема ЕУ.

Нема човек што е задоволен од оваа власт и нема човек што има надеж дека може нешто со овие исти луѓе, со иста матрица и нарав да се смени нешто.

Овие 7 години зависеа од нив, а следните 4 зависат единствено од тебе. Од сите нас.
Сега повеќе од било кога порано ќе ви кажам дека – ВАЖНО Е!

ВАЖНО Е да го кренете вашиот глас!

ВАЖНО Е да се обединиме против лошото владеење!

ВАЖНО Е сега, вистински важно е да се приклучиш на промените и да знаеш дека од тебе зависи твојата иднина и иднината на твоите најблиски.

ВАЖНО Е сега да знаеш дека ако сакаш да ги промениш работите мора да се обединиме околу ВМРО ДПМНЕ и само така твојот глас ќе има вредност и важност.

ВАЖНО Е да се направи разлика помеѓу власта, слугите на власта во опозицијата и опозицијата што ја руши власта.

ВАЖНО Е твојот глас да се вреднува, сега да се делува и да рушат неправдите, притисокот од власта, да стигне казната за криминалот.

ВАЖНО Е да учествуваш во решенијата и програмата кои ќе ги создадеме, во програмата и понудата за која ќе се избориме.

ВАЖНО Е да победи надежта, да се гради иднина. МАКЕДОНИЈА да застане на нозе. Да изгрее сонцето на слободата, да ја кренеме главата, да дојде почетокот на обновата во која веруваме и за која се бориме.
Ова се мигови на пресвртница, на колективно рестартиње на деградираното општество и на враќање на вредностите во кои веруваме.

Лошите политичари не се и не смеат да бидат посилни од добриот и напатен народ.
Се бориме за достоинство среќа и иднина!
За нашата горда и просперитетна Македонија.

За генерациите што немаа можност да се изборат, а оставија завет, но и за генерациите што доаѓаат.

За среќен народ!

За иднина во која веруваме и заедно, само заедно ќе победиме.

ВАЖНО Е.

ОД ТЕБЕ ЗАВИСАТ ПРОМЕНИТЕ.
БИДИ ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА ИСТОРИСКА ПОБЕДА ПРОТИВ НЕПРАВДИТЕ, ПОРАЗИТЕ И ЗЛОТО

The post Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на терен со граѓаните: Со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе се враќа надежта appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ од утре вторник 03.10.2023 започнува со теренска кампања, „Важно е! Од тебе зависат промените“. Како што информираат од партијата, кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе биде во два дела. Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Исто така ќе се одржат и по две дебати во текот на неделата во различни општини. Обраќањето од партијата ви го пренесуваме во целост: Македонија се наоѓа на крстосница! Изборот е повеќе од јасен: или ќе продолжи бездушната апатија која како вртлог ги влече луѓето кон дното или ќе ги промениме работите. Тука не се работи само за националните деградирања, обезличувањата, колективните срамови, ударите по достоинството, честа и сиромаштијата – туку и навредата на интелигенцијата на секој човек. Обидите да поверувате дека ништо не зависи од вас кога се’ е во вашите раце, да мислите дека личноста не може ништо кога вие можете се’. Состојбата е тешка и многу лоша. Економијата е на колена. Здравството произведува смрт, а тие што го водат заработуваат од смртта. Правдата е изгубена, а судот е заробен во канџите на врхушката од власта. Истите судии од истите тефтери продолжуваат да ја покажуваат својата сервилност. Само газдите се различни. Земјоделието е во хаос! Бизнисот е под удар на политичкиот криминал на власта. Се’ е во стагнација освен корупцијата. Изградија антикултура на неказнивост и дрско богатење! Направија да биде нормално да треба да се даде мито за обичен документ кој по закон ви следува. А тендерите и милионите од државните работи завршуваат во приватни џебови. Илјадници луѓе се заглавени со кредити и чувствуваат несигурност. Живот на рати. А иднината на сите ја одземаа со лошите договори, со рушењето на преговарачките позиции и влезот во слепата улица каде нема ЕУ. Нема човек што е задоволен од оваа власт и нема човек што има надеж дека може нешто со овие исти луѓе, со иста матрица и нарав да се смени нешто. Овие 7 години зависеа од нив, а следните 4 зависат единствено од тебе. Од сите нас. Сега повеќе од било кога порано ќе ви кажам дека – ВАЖНО Е! ВАЖНО Е да го кренете вашиот глас! ВАЖНО Е да се обединиме против лошото владеење! ВАЖНО Е сега, вистински важно е да се приклучиш на промените и да знаеш дека од тебе зависи твојата иднина и иднината на твоите најблиски. ВАЖНО Е сега да знаеш дека ако сакаш да ги промениш работите мора да се обединиме околу ВМРО ДПМНЕ и само така твојот глас ќе има вредност и важност. ВАЖНО Е да се направи разлика помеѓу власта, слугите на власта во опозицијата и опозицијата што ја руши власта. ВАЖНО Е твојот глас да се вреднува, сега да се делува и да рушат неправдите, притисокот од власта, да стигне казната за криминалот. ВАЖНО Е да учествуваш во решенијата и програмата кои ќе ги создадеме, во програмата и понудата за која ќе се избориме. ВАЖНО Е да победи надежта, да се гради иднина. МАКЕДОНИЈА да застане на нозе. Да изгрее сонцето на слободата, да ја кренеме главата, да дојде почетокот на обновата во која веруваме и за која се бориме. Ова се мигови на пресвртница, на колективно рестартиње на деградираното општество и на враќање на вредностите во кои веруваме. Лошите политичари не се и не смеат да бидат посилни од добриот и напатен народ. Се бориме за достоинство среќа и иднина! За нашата горда и просперитетна Македонија. За генерациите што немаа можност да се изборат, а оставија завет, но и за генерациите што доаѓаат. За среќен народ! За иднина во која веруваме и заедно, само заедно ќе победиме. ВАЖНО Е. ОД ТЕБЕ ЗАВИСАТ ПРОМЕНИТЕ. БИДИ ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА ИСТОРИСКА ПОБЕДА ПРОТИВ НЕПРАВДИТЕ, ПОРАЗИТЕ И ЗЛОТО

The post Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на терен со граѓаните: Со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе се враќа надежта appeared first on Република.

]]>