Васко Саздовски Archives - Република https://republika.mk/tema/vasko-sazdovski/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 14:48:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васко Саздовски Archives - Република https://republika.mk/tema/vasko-sazdovski/ 32 32 Васко Саздовски – иновативниот ум кој Македонија не го препозна! https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-sazdovski-inovativniot-um-koj-makedonija-ne-go-prepozna/ Sat, 02 Nov 2024 12:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=833435

Денеска сите научивме кој е Васко Саздовски. Денеска сите дознавме дека македонски научник имал достигнувања надвор од земјава, додека неговото семејство живее во Македонија. Денеска сите се заинтересиравме да слушнеме нешто повеќе за Васко. Кој е, што е, што барал во Нови Сад...

Никој во ова проклето општество не знаеше кој е Васко Саздовски! А требаше секој од нас да знае за 45-годишниот научник кој работеше во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Сите требаше да имаме слушнато дека Македонија го има Васко Саздовски, доктор на науки, кој заврши на Универзитетот Кренфилд. Да знаеме дека првенецот на генерација на Воената Академија, после одличните резултати на Академија грабаше напред, се бореше, учеше, се надградуваше и достигнуваше. Се трудеше да успее во сопствената земја, да го донесе она што го научи надвор! Даваше сѐ од себе. Знаеше многу, но никој за него не знаеше. Тука никој не го забележа. Не затоа што не вредеше! Напротив! Затоа што никој не сакаше да го забележи! Затоа што во оваа сурова земја успехот никој не го забележува! Талентот, интелегенцијата никој не ги наградува. Таквите умови ги бркаме од дома!

Васко беше скромен, добродушен, вљубеник во животот и природата. Човек кој искрено ја сакаше сопствената земја иако таа постојано му задаваше удари. Немаше ветар во грб! Секој чекор напред го правеше сам, со многу работа, многу труд, многу учење! Го знаеше светот, Македонија не го знаеше! Му пружаше светот, Македонија го бркаше!

Светот беше премал за неговата иновативност! Васко Саздовски беше човекот чија брилјантност беше интересна за Англија, за Чешка, за Хрватска, за Германија, за Србија! Васко беше човекот кој се посвети на роботиката, но неговата иновативност беше преголема за Македонија. Неговиот робот кој одгледуваше стевија во неговиот роден крај, Свети Николе, не беше доволно интересен за македонскиот Фонд за иновации. Само затоа што Васко не беше нечие дете, затоа што Васко не беше дел од ниту една партија. Проектот на Васко Саздовски не беше фантомски за да добие пари! Беше реален, беше оригинален, беше иновативен. Но ете, не ги исполнуваше критериумите на нашиот Фонд зашто во неговиот проект парите ќе се користеа за конкретни цели, а не за делење.

Зад Васко остана Pinna Robotics. Остана да сведочи за она што тој го правеше, остана да зборува за она за кое сите беа глуви додека Васко беше меѓу нас. Васко остави зад себе сопруга и две деца! Да не ги заборавиме нив! Нека живее Васко преку Pinna Robotics, неговите синови нека бидат горди зад она што Васко Саздовски го остави зад себе!

Како што напиша во своето опростување Христена Антевска Јованчева, поранешна новинарка и пријателка на Васко, Македонија синоќа изгуби …!

Една прекрасна жена, најголемата поддршка на Васко и двајца алтани кои едвај чекаа да бидат со својот татко, кој често отсуствуваше поради неговата амбиција, поради работа и надградба, останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци.

Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист . Васко беше извидник. Беше најмотивираниот извидник, секогаш борбен, секогаш гладен за успех, гладен за уште повеќе. Старите извидници денеска се опростуваат од Васе, го споменуваат, се присетуваат на анегнотите поврзани со него. На палавштините од младоста, на неверојатните кампувања, дружења, натпревари!

Денеска го споменуваат и планинарите, со кои Васко искачи многу врвови, достигна многу цели! Ги сакаше планините, ја сакаше сопствената земја! Уживаше во нејзините природни богатства. Изгубија камперите кои секое лето се сретнуваа со него на летување!

Изгуби Свети Николе! Го изгуби можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Замина синот на Столе музичарот, замина Васе Раперот, се опростуваме од Васе научникот.

Еден негов сограѓанин напиша:

Еднаш ти реков „Васе , ти си нашиот Тесла", а ти скромен, прибран како секогаш ми рече „Ацка далеку сум јас од Тесла".
Ееее Васе сега си близу до Тесла а далеку од сите нас... Ни замина толку позитивен, интелегентен, пред времето, мил човек вистинска реткост на овие простори.

Тоа е Васе. Човек кој ги поседуваше вистинските вредности во овој безвреден систем во кој живееме. Човекот кој и покрај многуте шамари кои ги доби од државата ја сакаше со цело срце! Човекот кој беше пред времето, човекот кој ја имаше испланирано секоја минута, човекот кој секогаш грабаше напред, се бореше, знаеше да се разочара, но уште подобро знаеше да се избори со тоа и повторно да и дозволи на позитивноста да влезе во неговиот живот! Истрајноста беше неговата водилка! Никогаш не се откажа од Македонија! Се откажа таа од него. Што би рекла неговата пријателка, Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно!

Со Васко се видовме пред две недели. Разговаравме за животот, за предизвиците, за предците... На разделување рече:
„Моите деца немаат татко“...

Му се подналутив на зборовите!

Имаат татко само не е секој ден со нив - му одговорив.

И сѐ уште имаат татко! Татко каков што многумина сакаат да имаат. Татко на кој децата цел живот ќе се гордеат! Татко чие име заслужува да се споменува!

А јас, јас сѐ уште имам пријател за кој ќе зборувам со полно срце, пријател со кој ме врзуваат убави спомени, пријател чие име често ќе го спомнувам! Нема да кажам збогум! Сега небото е твојот дом! Биди таму најсјајната ѕвезда, онака како што ти умееш!

Автор: Билјана Бабиќ

The post Васко Саздовски – иновативниот ум кој Македонија не го препозна! appeared first on Република.

]]>

Денеска сите научивме кој е Васко Саздовски. Денеска сите дознавме дека македонски научник имал достигнувања надвор од земјава, додека неговото семејство живее во Македонија. Денеска сите се заинтересиравме да слушнеме нешто повеќе за Васко. Кој е, што е, што барал во Нови Сад... Никој во ова проклето општество не знаеше кој е Васко Саздовски! А требаше секој од нас да знае за 45-годишниот научник кој работеше во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Сите требаше да имаме слушнато дека Македонија го има Васко Саздовски, доктор на науки, кој заврши на Универзитетот Кренфилд. Да знаеме дека првенецот на генерација на Воената Академија, после одличните резултати на Академија грабаше напред, се бореше, учеше, се надградуваше и достигнуваше. Се трудеше да успее во сопствената земја, да го донесе она што го научи надвор! Даваше сѐ од себе. Знаеше многу, но никој за него не знаеше. Тука никој не го забележа. Не затоа што не вредеше! Напротив! Затоа што никој не сакаше да го забележи! Затоа што во оваа сурова земја успехот никој не го забележува! Талентот, интелегенцијата никој не ги наградува. Таквите умови ги бркаме од дома! Васко беше скромен, добродушен, вљубеник во животот и природата. Човек кој искрено ја сакаше сопствената земја иако таа постојано му задаваше удари. Немаше ветар во грб! Секој чекор напред го правеше сам, со многу работа, многу труд, многу учење! Го знаеше светот, Македонија не го знаеше! Му пружаше светот, Македонија го бркаше! Светот беше премал за неговата иновативност! Васко Саздовски беше човекот чија брилјантност беше интересна за Англија, за Чешка, за Хрватска, за Германија, за Србија! Васко беше човекот кој се посвети на роботиката, но неговата иновативност беше преголема за Македонија. Неговиот робот кој одгледуваше стевија во неговиот роден крај, Свети Николе, не беше доволно интересен за македонскиот Фонд за иновации. Само затоа што Васко не беше нечие дете, затоа што Васко не беше дел од ниту една партија. Проектот на Васко Саздовски не беше фантомски за да добие пари! Беше реален, беше оригинален, беше иновативен. Но ете, не ги исполнуваше критериумите на нашиот Фонд зашто во неговиот проект парите ќе се користеа за конкретни цели, а не за делење. Зад Васко остана Pinna Robotics. Остана да сведочи за она што тој го правеше, остана да зборува за она за кое сите беа глуви додека Васко беше меѓу нас. Васко остави зад себе сопруга и две деца! Да не ги заборавиме нив! Нека живее Васко преку Pinna Robotics, неговите синови нека бидат горди зад она што Васко Саздовски го остави зад себе! Како што напиша во своето опростување Христена Антевска Јованчева, поранешна новинарка и пријателка на Васко, Македонија синоќа изгуби …! Една прекрасна жена, најголемата поддршка на Васко и двајца алтани кои едвај чекаа да бидат со својот татко, кој често отсуствуваше поради неговата амбиција, поради работа и надградба, останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист . Васко беше извидник. Беше најмотивираниот извидник, секогаш борбен, секогаш гладен за успех, гладен за уште повеќе. Старите извидници денеска се опростуваат од Васе, го споменуваат, се присетуваат на анегнотите поврзани со него. На палавштините од младоста, на неверојатните кампувања, дружења, натпревари! Денеска го споменуваат и планинарите, со кои Васко искачи многу врвови, достигна многу цели! Ги сакаше планините, ја сакаше сопствената земја! Уживаше во нејзините природни богатства. Изгубија камперите кои секое лето се сретнуваа со него на летување! Изгуби Свети Николе! Го изгуби можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Замина синот на Столе музичарот, замина Васе Раперот, се опростуваме од Васе научникот. Еден негов сограѓанин напиша:
Еднаш ти реков „Васе , ти си нашиот Тесла", а ти скромен, прибран како секогаш ми рече „Ацка далеку сум јас од Тесла". Ееее Васе сега си близу до Тесла а далеку од сите нас... Ни замина толку позитивен, интелегентен, пред времето, мил човек вистинска реткост на овие простори.
Тоа е Васе. Човек кој ги поседуваше вистинските вредности во овој безвреден систем во кој живееме. Човекот кој и покрај многуте шамари кои ги доби од државата ја сакаше со цело срце! Човекот кој беше пред времето, човекот кој ја имаше испланирано секоја минута, човекот кој секогаш грабаше напред, се бореше, знаеше да се разочара, но уште подобро знаеше да се избори со тоа и повторно да и дозволи на позитивноста да влезе во неговиот живот! Истрајноста беше неговата водилка! Никогаш не се откажа од Македонија! Се откажа таа од него. Што би рекла неговата пријателка, Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно! Со Васко се видовме пред две недели. Разговаравме за животот, за предизвиците, за предците... На разделување рече: „Моите деца немаат татко“... Му се подналутив на зборовите! Имаат татко само не е секој ден со нив - му одговорив. И сѐ уште имаат татко! Татко каков што многумина сакаат да имаат. Татко на кој децата цел живот ќе се гордеат! Татко чие име заслужува да се споменува! А јас, јас сѐ уште имам пријател за кој ќе зборувам со полно срце, пријател со кој ме врзуваат убави спомени, пријател чие име често ќе го спомнувам! Нема да кажам збогум! Сега небото е твојот дом! Биди таму најсјајната ѕвезда, онака како што ти умееш!
Автор: Билјана Бабиќ

The post Васко Саздовски – иновативниот ум кој Македонија не го препозна! appeared first on Република.

]]>
Васко Саздовски, Македонецот кој загина во несреќата кај железничката станица, работел како професор на Институтот за роботика во Нови Сад https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-sazdovski-makedonetsot-koj-zagina-vo-nesrekata-kaj-zheleznichkata-stanitsa-rabotel-kako-profesor-na-institutot-za-robotika-vo-novi-sad/ Sat, 02 Nov 2024 10:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=833406

„Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно“.

Ова е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува личноста на Васко Саздовски (45), Македонецот, кој вчера го загуби животот во несреќата кај Железничката станица во Нови Сад.

За Васко негови блиски велат дека бил човек кој Македонија не знаеше да го почитува и препознае неговото знаење, па затоа заминал во Нови Сад да работи како професор во Институт за роботика и повремено доаѓал во Македонија.

По потекло бил од Свети Николе, но со сопругата и двете синчиња живеел во Скопје.

The post Васко Саздовски, Македонецот кој загина во несреќата кај железничката станица, работел како професор на Институтот за роботика во Нови Сад appeared first on Република.

МНР потврди дека 45-годишниот Васко Саздовски е меѓу загинатите во несреќата во Нови САД https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-potvrdi-deka-45-godishniot-vasko-sazdovski-e-megu-zaginatite-vo-nesrekata-vo-novi-sad/ Sat, 02 Nov 2024 09:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=833401

Меѓу загинатите лица во вчерашната несреќа во Нови Сад е и македонскиот државјанин Васко Саздовски (1979), објави МИА од Министерството за надворешни работи на Србија, кое ја информирало македонската амбасада во Белград.

Во вечерашната несреќа во Нови Сад, со паѓањето на настрешницатат загинаа 16 лица, а три лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба. Идентификувани се 13 лица, а веднаш по идентификацијата биле известени нивните семејства, соопштија од Полициската управа во Нови Сад.

Едно женско лице се уште не е идентификувано, поради здобиените повреди, но се очекува наскоро да се утврди нејзиниот идентитет, соопштија од Новосадската полиција.

Од Универзитетскиот клинички центар во Војводина (УКЦВ) потврдија дека нема нови жртви, а тројца од повредените се во тешка општа состојба.

Тројцата повредени кои вчера беа примени на УКЦВ се уште се во тешка состојба, на интензивна нега“, соопштија од прес-службата на Клиничкиот центар.

Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост, а во цела Србија ден на жалост е денес сабота, 2 ноември.

The post МНР потврди дека 45-годишниот Васко Саздовски е меѓу загинатите во несреќата во Нови САД appeared first on Република.

Васко Саздовски е загинатиот Македонец во Нови Сад https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-sazdovski-e-zaginatiot-makedonets-vo-novi-sad/ Sat, 02 Nov 2024 07:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=833359

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчершната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Меѓу жртвите наведени во извештаите е и Васко Саздовски од Македонија.

Во соопштението на српското обвинителство од попладнево, во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В., со информацијата дека лицето е родено во 1979 година.

Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија медиумите вечерва:

Васко Саздовски од Македонија
Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.

The post Васко Саздовски е загинатиот Македонец во Нови Сад appeared first on Република.