Васил Христов Archives - Република https://republika.mk/tema/vasil-hristov/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 14:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васил Христов Archives - Република https://republika.mk/tema/vasil-hristov/ 32 32 Премиерно вечерва во Драмски театар Скопје женскиот Хамлет – „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов https://republika.mk/vesti/kultura/premierno-vecherva-vo-dramski-teatar-skopje-zhenskiot-hamlet-heda-gabler-vo-rezhija-na-vasil-hristov/ Sat, 20 Apr 2024 14:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=768502

Вечерва во Драмски театар Скопје (20 часот) премиерно ќе биде прикажана претставата „Хеда Габлер“ работена по текст на авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Васил Христов, на сцената „Ристо Стефановски“. Адаптацијата на текстот ја направја Викторија Рангелова-Петровска и режисерот Христов, кој се погрижи и за сценографијата, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска-Ристоска.

Насловната улога ја толкува Сања Арсовска, а уште играат и Зоран Љутков, Владимир Петровиќ, Дениз Абдула и Сара Климоска.

Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хериоини во драмската литература одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство, како и нејзината амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз сопствената, така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост“ – вели режисерот Христов.

Актерката Сања Арсовска е благодарна што Христов ѝ ја доверил улогата и на тој начин ѝ се исполнил сонот да ја игра Хеда Габлер, еден од најзначајните ликови во театарската литература.

Отсекогаш посакував да ги играм Хеда Габлер и Медеја, еве ми се исполни за Хеда, за Медеја веројатно ќе треба да почекам. Особено ме радува што Хеда Габлер ми се случува во овој момент. За некои улоги е потребно да се има како актерска зрелост, така и животно искуство. Мислам дека нема подобар момент. Не би сакала за зборувам за улогата на жената во општестввото, туку за емотивната состојба на жената предизвикана од општествените стеги. Хеда Габлер ја идентификуваат како женскиот Хамлет со сите дилеми кои ги носи во себе. Направивме еден доста модерен, етстетски специфичен јазик – вели Арсовска.

Следната изведба на „Хеда Габлер“ на репертоарот на Драмски театар е на 26 април.

The post Премиерно вечерва во Драмски театар Скопје женскиот Хамлет – „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Драмски театар Скопје (20 часот) премиерно ќе биде прикажана претставата „Хеда Габлер“ работена по текст на авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Васил Христов, на сцената „Ристо Стефановски“. Адаптацијата на текстот ја направја Викторија Рангелова-Петровска и режисерот Христов, кој се погрижи и за сценографијата, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска-Ристоска. Насловната улога ја толкува Сања Арсовска, а уште играат и Зоран Љутков, Владимир Петровиќ, Дениз Абдула и Сара Климоска.