вардариште Archives - Република https://republika.mk/tema/vardarishte/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 15:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вардариште Archives - Република https://republika.mk/tema/vardarishte/ 32 32 Заменик-градоначалникот на Аеродром: Град Скопје под итно да го стави Вардариште под контрола https://republika.mk/vesti/skopje/zamenik-gradonachalnikot-na-aerodrom-grad-skopje-pod-itno-da-go-stavi-vardarishte-pod-kontrola/ Wed, 10 Jul 2024 15:48:39 +0000 https://republika.mk/?p=795477

Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, побара од Град Скопје под итно да го стави под контрола Вардариште откако синоќа жителите на Аеродром беа потресени од страшната слика што доаѓаше од оваа дива депонија. Аеродромци беа сведоци на високи пламени оган и на густ чад со неподнослива миризба.

Митески заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски денеска излегоа на локацијата за да ја увидат состојбата по големиот пожар. Станува збор за локација што се наоѓа покрај реката Вардар на територијата на Општина Гази Баба, но е под надлежност на Град Скопје.

Оттука, Митески упатува остра реакција до Градот поради долгогодишната негрижа и запоставување на овој дел од Скопје, каде што има и диво населени жители. Тој ги повикува надлежните од оваа институција да изнајдат начин и механизам за обезбедување на целиот тој простор, односно да се ограничи пристапот со цел да нема фрлање и палење отпад од несовесни граѓани.

Општините Аеродром, Гази Баба и полицијата ќе ги преземат сите неопходни мерки што се во нивна надлежност, ќе ги зајакнат инспекциските и полициските контроли и патроли со цел да превенираат вакви или слични настани.

Инаку, Инспекторатот за животна средина на Општина Аеродром е првиот орган којшто минатата година до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за палење оган на отворен простор. Кривичната пријава е во постапка и се очекува што поскоро нејзино решавање. Општина Аеродром останува посветена на зачувување на животната средина и на грижата за здравјето на граѓаните.

The post Заменик-градоначалникот на Аеродром: Град Скопје под итно да го стави Вардариште под контрола appeared first on Република.

]]>

Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, побара од Град Скопје под итно да го стави под контрола Вардариште откако синоќа жителите на Аеродром беа потресени од страшната слика што доаѓаше од оваа дива депонија. Аеродромци беа сведоци на високи пламени оган и на густ чад со неподнослива миризба. Митески заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски денеска излегоа на локацијата за да ја увидат состојбата по големиот пожар. Станува збор за локација што се наоѓа покрај реката Вардар на територијата на Општина Гази Баба, но е под надлежност на Град Скопје. Оттука, Митески упатува остра реакција до Градот поради долгогодишната негрижа и запоставување на овој дел од Скопје, каде што има и диво населени жители. Тој ги повикува надлежните од оваа институција да изнајдат начин и механизам за обезбедување на целиот тој простор, односно да се ограничи пристапот со цел да нема фрлање и палење отпад од несовесни граѓани. Општините Аеродром, Гази Баба и полицијата ќе ги преземат сите неопходни мерки што се во нивна надлежност, ќе ги зајакнат инспекциските и полициските контроли и патроли со цел да превенираат вакви или слични настани. Инаку, Инспекторатот за животна средина на Општина Аеродром е првиот орган којшто минатата година до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за палење оган на отворен простор. Кривичната пријава е во постапка и се очекува што поскоро нејзино решавање. Општина Аеродром останува посветена на зачувување на животната средина и на грижата за здравјето на граѓаните.

The post Заменик-градоначалникот на Аеродром: Град Скопје под итно да го стави Вардариште под контрола appeared first on Република.

]]>
Синоќа повторно гореше Вардариште, МВР трага по лицата кои го предизвикале пожарот https://republika.mk/vesti/skopje/sinoka-povtorno-goreshe-vardarishte-mvr-traga-po-litsata-koi-go-predizvikale-pozharot/ Wed, 10 Jul 2024 06:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=795135

Синоќа повторно гореше дивата депонија кај Вардариште. Жителите на Ново Лисиче и околните населби сведочеа за замагленост, а дел од нив се пожалија дека чадот штипе и пече. Огнот бил веќе на околу 10 метри од далноводниот столб, но, за среќа подоцна бил изгаснат Скопската противпожарна бригада.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов синоќа извести дека МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата.

Чад и неподнослив мирис редовно се издигаат над Вардариште, старата скопска депонија која сеуште им го загорчува животот на Скопјани. Најпогодени се оние што живеат во Ново Лисиче и Аеродром. Велат спиеме со затворени прозорци среде лето.

На социјалните мрежи и блоговите се шират сликите за тоа што се случува во депонијата. Дел од граѓаните редовно ги документираат највпечатливите денови кога густи облаци чад се креваат над депонијата. Истовремено се жалат дека никој ништо не презема за решавање на проблемот.

Се претпоставува дека станува збор за намерно палење на депонијата.

The post Синоќа повторно гореше Вардариште, МВР трага по лицата кои го предизвикале пожарот appeared first on Република.

]]>

Синоќа повторно гореше дивата депонија кај Вардариште. Жителите на Ново Лисиче и околните населби сведочеа за замагленост, а дел од нив се пожалија дека чадот штипе и пече. Огнот бил веќе на околу 10 метри од далноводниот столб, но, за среќа подоцна бил изгаснат Скопската противпожарна бригада. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов синоќа извести дека МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата. Чад и неподнослив мирис редовно се издигаат над Вардариште, старата скопска депонија која сеуште им го загорчува животот на Скопјани. Најпогодени се оние што живеат во Ново Лисиче и Аеродром. Велат спиеме со затворени прозорци среде лето. На социјалните мрежи и блоговите се шират сликите за тоа што се случува во депонијата. Дел од граѓаните редовно ги документираат највпечатливите денови кога густи облаци чад се креваат над депонијата. Истовремено се жалат дека никој ништо не презема за решавање на проблемот. Се претпоставува дека станува збор за намерно палење на депонијата.

The post Синоќа повторно гореше Вардариште, МВР трага по лицата кои го предизвикале пожарот appeared first on Република.

]]>
На Вардариште запалени гуми и ниска вегетација https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-vardarishte-zapaleni-gumi-i-niska-vegetatsija/ Wed, 12 Jun 2024 09:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=786875

Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите интервенирале за гаснење во Гази Баба кај депонија Вардариште (гореле гуми и ниска вегетација, а опожарена е површина од еден хектар), Битола кај Магленица, Прилеп во близина на армискиот гарнизон, Гевгелија с. Мрзенци, Богданци во атарот на Богданци (ниска вегетација), Кавадарци кај населба „Глишиќ“, на месноста „Смилица“ (ниска вегетација - изгорена површина еден хектар), Липково кај с. Матејче (ниска вегетација) и во Општина Ранковце кај с. Гиновце (горела мешана шума и е изгорена површина од еден хектар).

The post На Вардариште запалени гуми и ниска вегетација appeared first on Република.

]]>

Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале за гаснење во Гази Баба кај депонија Вардариште (гореле гуми и ниска вегетација, а опожарена е површина од еден хектар), Битола кај Магленица, Прилеп во близина на армискиот гарнизон, Гевгелија с. Мрзенци, Богданци во атарот на Богданци (ниска вегетација), Кавадарци кај населба „Глишиќ“, на месноста „Смилица“ (ниска вегетација - изгорена површина еден хектар), Липково кај с. Матејче (ниска вегетација) и во Општина Ранковце кај с. Гиновце (горела мешана шума и е изгорена површина од еден хектар).

The post На Вардариште запалени гуми и ниска вегетација appeared first on Република.

]]>
Пожарот е во депонијата Вардариште https://republika.mk/vesti/skopje/pozarot-e-vo-deponijata-vardarishte/ Sat, 23 Jul 2022 17:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=532502

Денеска во попладневните часови избувна пожар на депонијата „Врадариште“, лоцирана спроти Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА информира дека депонијата најверојато почнала да гори сама од себе, како и дека во моментот пожарот го гаснат две противпожарни возила.

Инаку, ова не е првпат депонијата „Вардариште“ да гори за време на летниот период

The post Пожарот е во депонијата Вардариште appeared first on Република.

]]>

Денеска во попладневните часови избувна пожар на депонијата „Врадариште“, лоцирана спроти Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА информира дека депонијата најверојато почнала да гори сама од себе, како и дека во моментот пожарот го гаснат две противпожарни возила. Инаку, ова не е првпат депонијата „Вардариште“ да гори за време на летниот период

The post Пожарот е во депонијата Вардариште appeared first on Република.

]]>