ванг ји Archives - Република https://republika.mk/tema/vang-ji/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 18:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ванг ји Archives - Република https://republika.mk/tema/vang-ji/ 32 32 Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток https://republika.mk/vesti/svet/vang-ji-vo-on-bez-odlozhuvane-da-se-vospostavi-seopfaten-prekin-na-ognot-na-bliskiot-istok/ Sat, 28 Sep 2024 18:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=820619

Не смее да има одложување во постигнувањето на „сеопфатно примирје“ на Блискиот Исток, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на седницата на Генералното собрание на ОН.

Тој посочи дека во конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, решението кое подразбира две држави и натаму е единствениот излез од тензичната ситуација во регионот.

Ванг рече дека Кина се залага за мир во Украина и дека „не долева масло на огнот“ ниту за себе извлекува корист од војната на Русија против Украина.

The post Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Не смее да има одложување во постигнувањето на „сеопфатно примирје“ на Блискиот Исток, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на седницата на Генералното собрание на ОН. Тој посочи дека во конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, решението кое подразбира две држави и натаму е единствениот излез од тензичната ситуација во регионот. Ванг рече дека Кина се залага за мир во Украина и дека „не долева масло на огнот“ ниту за себе извлекува корист од војната на Русија против Украина.

The post Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
За градење односи засновани на меѓусебно почитување: Кина бара од САД да ги укине едностраните санкции https://republika.mk/vesti/svet/za-gradene-odnosi-zasnovani-na-megusebno-pochituvane-kina-bara-od-sad-da-gi-ukine-ednostranite-sanktsii/ Sun, 18 Feb 2024 19:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=745458

На средба со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен во Минхен, кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји побарал од американските власти да ги укинат едностраните санкции против Кина.

Ванг Ји побара САД да ги укинат нелегалните еднострани санкции за кинеските претпријатија и поединци и да не ги нарушуваат легитимните права и развојните интереси на Кина“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се појаснува дека Ванг Ји им укажал на САД на потребата од градење односи засновани на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и „соработка во која сите добиваат“.

Кинескиот дипломат нагласил дека Пекинг и Вашингтон мора „активно да го бараат вистинскиот пат што ќе им овозможи на двете големи сили да се сложуваат меѓу себе“.

The post За градење односи засновани на меѓусебно почитување: Кина бара од САД да ги укине едностраните санкции appeared first on Република.

]]>

На средба со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен во Минхен, кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји побарал од американските власти да ги укинат едностраните санкции против Кина.
Ванг Ји побара САД да ги укинат нелегалните еднострани санкции за кинеските претпријатија и поединци и да не ги нарушуваат легитимните права и развојните интереси на Кина“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се појаснува дека Ванг Ји им укажал на САД на потребата од градење односи засновани на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и „соработка во која сите добиваат“. Кинескиот дипломат нагласил дека Пекинг и Вашингтон мора „активно да го бараат вистинскиот пат што ќе им овозможи на двете големи сили да се сложуваат меѓу себе“.

The post За градење односи засновани на меѓусебно почитување: Кина бара од САД да ги укине едностраните санкции appeared first on Република.

]]>
Ванг и Лавров: Кина и Русија се доверливи пријатели и добри партнери https://republika.mk/vesti/svet/vang-i-lavrov-kina-i-rusija-se-doverlivi-prijateli-i-dobri-partneri/ Mon, 07 Aug 2023 20:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=669760

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во телефонски разговор со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, порачал дека двете земји се доверливи пријатели и добри партнери.

Најважната задача за двете страни е да продолжат да го спроведуваат важниот консензус постигнат од двајцата шефови на држави и да го промовираат континуираниот развој на кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Во текот на разговорот, Ванг истакнал дека Пекинг и Москва треба да продолжат да го промовираат процесот на мултиполаризација на светот и демократизацијата на меѓународните односи. Дипломатите размениле мислења и за украинската криза, а шефот на кинеската дипломатија рекол дека Пекинг ќе има независен и непристрасен став и дека ќе биде објективен и рационален глас. Ванг изјавил дека Кина активно ќе ги промовира мировните преговори и ќе бара политичко решение во секоја прилика.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, меѓу другото, се наведува дека во текот на разговорите имало „отфрлање на конфронтирачката политика на западниот блок кон Русија и Кина и обидите нивниот развој да се заузда со санкции и други нелегитимни методи“.

Во соопштението се додава дека позитивно е оценет конструктивниот дијалог и високото ниво на соработка меѓу двете земји во рамките на Обединетите нации, БРИКС, Шангајската организација за соработка, Г20 и другите меѓународни структури.

The post Ванг и Лавров: Кина и Русија се доверливи пријатели и добри партнери appeared first on Република.

]]>

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во телефонски разговор со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, порачал дека двете земји се доверливи пријатели и добри партнери.
Најважната задача за двете страни е да продолжат да го спроведуваат важниот консензус постигнат од двајцата шефови на држави и да го промовираат континуираниот развој на кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Во текот на разговорот, Ванг истакнал дека Пекинг и Москва треба да продолжат да го промовираат процесот на мултиполаризација на светот и демократизацијата на меѓународните односи. Дипломатите размениле мислења и за украинската криза, а шефот на кинеската дипломатија рекол дека Пекинг ќе има независен и непристрасен став и дека ќе биде објективен и рационален глас. Ванг изјавил дека Кина активно ќе ги промовира мировните преговори и ќе бара политичко решение во секоја прилика. Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, меѓу другото, се наведува дека во текот на разговорите имало „отфрлање на конфронтирачката политика на западниот блок кон Русија и Кина и обидите нивниот развој да се заузда со санкции и други нелегитимни методи“. Во соопштението се додава дека позитивно е оценет конструктивниот дијалог и високото ниво на соработка меѓу двете земји во рамките на Обединетите нации, БРИКС, Шангајската организација за соработка, Г20 и другите меѓународни структури.

The post Ванг и Лавров: Кина и Русија се доверливи пријатели и добри партнери appeared first on Република.

]]>