валбон лимани Archives - Република https://republika.mk/tema/valbon-limani/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 12:26:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png валбон лимани Archives - Република https://republika.mk/tema/valbon-limani/ 32 32 Влен се подготвени за предвремени избори во Гостивар ако не помине Законот за локална самоуправа https://republika.mk/vesti/makedonija/vlen-se-podgotveni-za-predvremeni-izbori-vo-gostivar-ako-ne-pomine-zakonot-za-lokalna-samouprava/ Wed, 11 Sep 2024 12:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=815383

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани смета дека Законот за локална самоуправа кој е во собраниска расправа треба да помине и на тој начин да се заштеди на вонредни избори, но, ако не помине, тој и неговите поддржувачи се подготвени да одат на избори.

Лимани, кој на оваа функција дојде откако поранешниот градоначалник Арбен Таравари беше именуван за министер за здравство, одговорајќи на новинарско прашање посочи дека не знае дали законот ќе помине пред пратениците.

- Не знам што ќе биде денеска, дали законот ќе помине. Но, би било добро за нашата држава, знаејќи ја финансиската состојба и колку пари се потребни од буџетот за да се организираат нови избори, законот да помине. Посакувам овој закон да се донесе со единствена цел да не се прават непотребни расходи и да се рационализираат расходите. И да не помине, подготвени сме во секое време да одиме на избори, изјави в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

На прашањето дали ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар доколку се организираат предвремени локални избори, Лимани рече дека за ова ќе одлучуваат партиските органи и коалицијата „ВЛЕН/ВРЕДИ“.

Доколку законот помине, Лимани ќе остане на функцијата до одржување на редовните локални избори.

Собранието денес на дневен ред треба да расправа за Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за локална самоуправа, по скратена постапка, со кој се предвидува вршител на должноста градоначалник во општините каде што мандатот на избраните градоначалници престана да може да ја врши оваа функција до изборот на новиот градоначалник на општината. За да се донесе законот, потребно Бадентерово мнозинство и 81 глас

The post Влен се подготвени за предвремени избори во Гостивар ако не помине Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани смета дека Законот за локална самоуправа кој е во собраниска расправа треба да помине и на тој начин да се заштеди на вонредни избори, но, ако не помине, тој и неговите поддржувачи се подготвени да одат на избори. Лимани, кој на оваа функција дојде откако поранешниот градоначалник Арбен Таравари беше именуван за министер за здравство, одговорајќи на новинарско прашање посочи дека не знае дали законот ќе помине пред пратениците.
- Не знам што ќе биде денеска, дали законот ќе помине. Но, би било добро за нашата држава, знаејќи ја финансиската состојба и колку пари се потребни од буџетот за да се организираат нови избори, законот да помине. Посакувам овој закон да се донесе со единствена цел да не се прават непотребни расходи и да се рационализираат расходите. И да не помине, подготвени сме во секое време да одиме на избори, изјави в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.
На прашањето дали ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар доколку се организираат предвремени локални избори, Лимани рече дека за ова ќе одлучуваат партиските органи и коалицијата „ВЛЕН/ВРЕДИ“. Доколку законот помине, Лимани ќе остане на функцијата до одржување на редовните локални избори. Собранието денес на дневен ред треба да расправа за Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за локална самоуправа, по скратена постапка, со кој се предвидува вршител на должноста градоначалник во општините каде што мандатот на избраните градоначалници престана да може да ја врши оваа функција до изборот на новиот градоначалник на општината. За да се донесе законот, потребно Бадентерово мнозинство и 81 глас

The post Влен се подготвени за предвремени избори во Гостивар ако не помине Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Валбон Лимани избран за В.Д. градоначалник на Гостивар https://republika.mk/vesti/makedonija/valbon-limani-izbran-za-v-d-gradonachalnik-na-gostivar/ Mon, 08 Jul 2024 08:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=794459

Со 22 гласа „за“ од 31 советник на Советот на Општина Гостивар, Валбон Лимани е одбран за нов вршител на должноста градоначалник на Гостивар.

Лимани доаѓа на местото на Арбен Таравари, кој стана министер за здравство, и поднесе оставка од градоначалничката функција.

The post Валбон Лимани избран за В.Д. градоначалник на Гостивар appeared first on Република.

]]>

Со 22 гласа „за“ од 31 советник на Советот на Општина Гостивар, Валбон Лимани е одбран за нов вршител на должноста градоначалник на Гостивар. Лимани доаѓа на местото на Арбен Таравари, кој стана министер за здравство, и поднесе оставка од градоначалничката функција.  

The post Валбон Лимани избран за В.Д. градоначалник на Гостивар appeared first on Република.

]]>
Лимани: Судот ја прифати жалбата на „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/limani-sudot-ja-prifati-zhalbata-na-vredi-za-bugarskiot-voz-vo-lipkovo-se-dokazha-izborniot-inzhenering-na-dui/ Thu, 02 May 2024 12:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=773419

Валбон Лимани од „Вреди“ денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата за полнењето на кутии во Липково за време на првиот круг од претседателските избори.

Управниот суд ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена, рече Лимани.

Според Лимани, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.

По парламентарните избори на 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата „Вреди“, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови, рече Лимани.

The post Лимани: Судот ја прифати жалбата на „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ appeared first on Република.