ваѓингтон Archives - Република https://republika.mk/tema/vagington/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 17:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ваѓингтон Archives - Република https://republika.mk/tema/vagington/ 32 32 Блокирани улици, стопиран сообраќај и затворени метро станици: Вашингтон се подготвува за самитот на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/blokirani-ulitsi-stopiran-soobrakaj-i-zatvoreni-metro-stanitsi-vashington-se-podgotvuva-za-samitot-na-nato/ Mon, 08 Jul 2024 17:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=794699

Блокирани улици во централниот дел на американската престолнина, стопиран сообраќај и затворени метро станици, безбедноста на највисоко ниво, но и привремено затворени продавници и ресторани - Вашингтон е подготвen за пречекот на високите делегации по повод долгоочекуваниот самит на НАТО.

Како домаќин на овој јубилеен настан, што се одржува од 9 до 11 јули, Вашингтон е одбран симболично. Точно пред 75 години 12 земји од Европа и Cеверна Америка потпишаа политички пакт за формирање на она што подоцна ќе стане најмоќната военa алијанса во светот, составена од економско развиени и либерално-демократски земји.

Темелот на Организацијата на северноатлантската повелба, официјалното име на НАТО, беше поставен на 4 април 1949 година со потпишување на северноатлантската повелба, позната и како Вашингтонска повелба.

Десетици шефови на држави и влади и илјадници останати учесници се очекува да дојдат деновиве во Центарот за конвенции „Волтер И. Вашингтон“. Официјалната програма почнува во вторник, со агенда фокусирана на Украина и засилената помош за Киев во војната против Русија.

Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, во среда попладне ќе одржи голема прес-конференција.

Во меѓувреме, во здружената воена база „Ендрјус“ во Мерлиленд, денеска и утре пристигаат шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО.

Сите овие активности се пропратени со безбедносни мерки и тесна контрола на сообраќајот, затворање на повеќе централни улици и метро станици и пренасочување на автобуските линии.

Самитот е и испит за претседателот на САД, Џо Бајден, кој се наоѓа во критичен момент од својата кампања за повторен избор, па безбедносната и нормалното одржување на самитот се посебна главоболка за него и актуелната администрација.

Јавноста е соочена со безбедносни бариери, огради и ограничено паркирање околу трите главни локации каде ќе се одвиваат активностите – центарот за конвенции, аудиториумот „Мелон“ и Белата куќа.

Во меѓувреме, американската тајна служба и локалните власти имплементираат повишени мерки за безбедност со подготовка за можни закани. Иако тие веќе изјавија дека не очекуваат кредибилни закани. Властите исто така очекуваат и протести, со оглед на постојаното никнување на нови против војната во Газа, како во салите на Конгресот, така и пред објектите на престој на лидерите или пред Белата куќа.

Во меѓувреме, жителите на округот Колумбија за локалните медиуми се пожалија од отежнатите услови за движење и строгите полициски контроли. Се пренесуваат жалби од сопствениците на бизниси дека мора да затворат оваа недела поради недостапноста до нивните локации.

Некои ова го споредија со самитот САД-африкански лидери во декември 2022 година кој што предизвика драстично намалување на нивните профити.

The post Блокирани улици, стопиран сообраќај и затворени метро станици: Вашингтон се подготвува за самитот на НАТО appeared first on Република.

]]>

Блокирани улици во централниот дел на американската престолнина, стопиран сообраќај и затворени метро станици, безбедноста на највисоко ниво, но и привремено затворени продавници и ресторани - Вашингтон е подготвen за пречекот на високите делегации по повод долгоочекуваниот самит на НАТО. Како домаќин на овој јубилеен настан, што се одржува од 9 до 11 јули, Вашингтон е одбран симболично. Точно пред 75 години 12 земји од Европа и Cеверна Америка потпишаа политички пакт за формирање на она што подоцна ќе стане најмоќната военa алијанса во светот, составена од економско развиени и либерално-демократски земји. Темелот на Организацијата на северноатлантската повелба, официјалното име на НАТО, беше поставен на 4 април 1949 година со потпишување на северноатлантската повелба, позната и како Вашингтонска повелба. Десетици шефови на држави и влади и илјадници останати учесници се очекува да дојдат деновиве во Центарот за конвенции „Волтер И. Вашингтон“. Официјалната програма почнува во вторник, со агенда фокусирана на Украина и засилената помош за Киев во војната против Русија. Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, во среда попладне ќе одржи голема прес-конференција. Во меѓувреме, во здружената воена база „Ендрјус“ во Мерлиленд, денеска и утре пристигаат шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО. Сите овие активности се пропратени со безбедносни мерки и тесна контрола на сообраќајот, затворање на повеќе централни улици и метро станици и пренасочување на автобуските линии. Самитот е и испит за претседателот на САД, Џо Бајден, кој се наоѓа во критичен момент од својата кампања за повторен избор, па безбедносната и нормалното одржување на самитот се посебна главоболка за него и актуелната администрација. Јавноста е соочена со безбедносни бариери, огради и ограничено паркирање околу трите главни локации каде ќе се одвиваат активностите – центарот за конвенции, аудиториумот „Мелон“ и Белата куќа. Во меѓувреме, американската тајна служба и локалните власти имплементираат повишени мерки за безбедност со подготовка за можни закани. Иако тие веќе изјавија дека не очекуваат кредибилни закани. Властите исто така очекуваат и протести, со оглед на постојаното никнување на нови против војната во Газа, како во салите на Конгресот, така и пред објектите на престој на лидерите или пред Белата куќа. Во меѓувреме, жителите на округот Колумбија за локалните медиуми се пожалија од отежнатите услови за движење и строгите полициски контроли. Се пренесуваат жалби од сопствениците на бизниси дека мора да затворат оваа недела поради недостапноста до нивните локации. Некои ова го споредија со самитот САД-африкански лидери во декември 2022 година кој што предизвика драстично намалување на нивните профити.

The post Блокирани улици, стопиран сообраќај и затворени метро станици: Вашингтон се подготвува за самитот на НАТО appeared first on Република.

]]>