„вафли Нестле Кит Кат Мини“ Archives - Република https://republika.mk/tema/vafli-nestle-kit-kat-mini/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 12:44:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „вафли Нестле Кит Кат Мини“ Archives - Република https://republika.mk/tema/vafli-nestle-kit-kat-mini/ 32 32 Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар https://republika.mk/vesti/ekonomija/kaj-nas-nema-od-vaflite-nestle-shto-se-povlecheni-od-hrvatskiot-pazar/ Thu, 28 Mar 2024 12:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=759772

Во државава нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски.

- Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

 

The post Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар appeared first on Република.

]]>

Во државава нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски. - Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски. Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови. -Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски. Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла. -Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр. Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.  

The post Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар appeared first on Република.

]]>