уставен судија Archives - Република https://republika.mk/tema/ustaven-sudija/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 11:47:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уставен судија Archives - Република https://republika.mk/tema/ustaven-sudija/ 32 32 Јас сум поставил само едно прашање: Што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, вели Самка Ибаримовски кој беше повикан во полиција заради закана кон уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-sum-postavil-samo-edno-prashane-shto-ako-nastanat-ubistva-sum-go-prenel-glasot-na-narodot-veli-samka-ibarimovski-koj-beshe-povikan-vo-politsija-zaradi-zakana-kon-ustaven-sudija/ Tue, 25 Jun 2024 11:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=790664

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски денеска одржа прес-конференција на која се осврна на постапувањето на Уставниот суд кој пред неколку дена поведе нова постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациските односи.

Според Ибраимовски, главниот проблем и прашање кое јавноста треба да го постави е како е можно еднаш Уставниот суд да отфрли иницијатива за преиспитување на законитоста и уставноста на измените на Законот за облигациски односи, а потоа истата своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.

Најголемата лакрдија во оваа игра на Уставниот суд е тоа што при првото отфрлање на иницијативата беше детално образложено и појаснето зошто истата се отфрла, односно беше наведено дека законот се однесува за постапки кои се во тек и не се завршени и со вакво законско решение не се врши дискриминација ниту се кршат уставните начела. Тоа го потврди и Венецијанската комисија. Сега повторно на исти околности, Уставниот суд ја преиспитува сопствената одлука. Дали со ваквото постапување на највисокиот суд во државата, односно судот кој е чувар на Уставот, а со тоа и на супрематните вредности на едно општество, граѓаните ќе чувствуваат правна сигурност или пак ќе се создаде правна конфузија? Односно атомска бомба за граѓаните. Дали со ваквото постапување Уставниот суд се става на позиција на Собрание, на позиција на Влада, и како што се менуваат Уставните судии, така и ќе се менуваат стратегиите на судот, па ќе се менуваат закони и слично, истакна Ибраимовски.

Според него, Уставниот суд треба да поведе сметка за состојбата на народот, а не на одредени групи на интерес.

Сите мои реакции овој изминат период се токму поради гласините дека големите бизнис и банкарски олигарси вршат притисок за овие измени да не профункционираат, заради тоа што директно засегаат во нивниот интерес, а за сметка на граѓаните. Единствено гласот на народот е оној кој треба да ги опомене сите институции, па дури и Уставниот суд дека тука се за народот, токму заради тоа гласно и јавно зборувам овој период на оваа тема. Зошто за ургентно за важечки уставен закон, поставувам прашања до уставните судии, или сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба и ќе го упропастите сопствениот македонски народ, односно 200 илјади блокирани сметки. Ќе има проблеми нормално ќе останат луѓе без куќи, без плацови, без станови и ќе живеат под шатори и приколки. Затоа уште еднаш зошто ургентно за еден важечки закон кој веќе еднаш е одлучено и дел од судиите потврдија дека дел од судиите е разгледан овој закон и не треба повторно да се разгледува, рече Ибраимоски.

На новинарско прашање дали е точно дека се заканувал на уставните судии, за што пишуваа одредени медиуми, Ибраимовски посочи дека бил повикан во полиција, но тоа било за прашање поставено на социјалната мрежа Фејсбук и дека не се заканил на никого.

Јас сум поставил само едно прашање - што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене, во мојот инбокс, каде кажуваат дека: „ќе земам пиштол“ и дека: „ќе отепам некого“ или „јас ќе се отепам“. Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука. Дали нешто не е во ред и дали има индиции тоа треба да се позанимава јавниот обвинител затоа што овој закон е спас за народот што не се почитува веќе една година и има правосилни пресуди добиени што не ги почитуваат извршителите. Ова е една голема игра меѓу извршителите, олигарсите, судиите, истакна Ибраимоски.

Минатата 2023 година со измената на законот за облигациски односи се регулира висината на казнената камата и висината на трошоците кои треба да ги платат луѓето за заостанати долгови, што беше оценето од Ибраимоски како крај на огромните камати.

The post Јас сум поставил само едно прашање: Што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, вели Самка Ибаримовски кој беше повикан во полиција заради закана кон уставен судија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски денеска одржа прес-конференција на која се осврна на постапувањето на Уставниот суд кој пред неколку дена поведе нова постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациските односи. Според Ибраимовски, главниот проблем и прашање кое јавноста треба да го постави е како е можно еднаш Уставниот суд да отфрли иницијатива за преиспитување на законитоста и уставноста на измените на Законот за облигациски односи, а потоа истата своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.
Најголемата лакрдија во оваа игра на Уставниот суд е тоа што при првото отфрлање на иницијативата беше детално образложено и појаснето зошто истата се отфрла, односно беше наведено дека законот се однесува за постапки кои се во тек и не се завршени и со вакво законско решение не се врши дискриминација ниту се кршат уставните начела. Тоа го потврди и Венецијанската комисија. Сега повторно на исти околности, Уставниот суд ја преиспитува сопствената одлука. Дали со ваквото постапување на највисокиот суд во државата, односно судот кој е чувар на Уставот, а со тоа и на супрематните вредности на едно општество, граѓаните ќе чувствуваат правна сигурност или пак ќе се создаде правна конфузија? Односно атомска бомба за граѓаните. Дали со ваквото постапување Уставниот суд се става на позиција на Собрание, на позиција на Влада, и како што се менуваат Уставните судии, така и ќе се менуваат стратегиите на судот, па ќе се менуваат закони и слично, истакна Ибраимовски.
Според него, Уставниот суд треба да поведе сметка за состојбата на народот, а не на одредени групи на интерес.
Сите мои реакции овој изминат период се токму поради гласините дека големите бизнис и банкарски олигарси вршат притисок за овие измени да не профункционираат, заради тоа што директно засегаат во нивниот интерес, а за сметка на граѓаните. Единствено гласот на народот е оној кој треба да ги опомене сите институции, па дури и Уставниот суд дека тука се за народот, токму заради тоа гласно и јавно зборувам овој период на оваа тема. Зошто за ургентно за важечки уставен закон, поставувам прашања до уставните судии, или сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба и ќе го упропастите сопствениот македонски народ, односно 200 илјади блокирани сметки. Ќе има проблеми нормално ќе останат луѓе без куќи, без плацови, без станови и ќе живеат под шатори и приколки. Затоа уште еднаш зошто ургентно за еден важечки закон кој веќе еднаш е одлучено и дел од судиите потврдија дека дел од судиите е разгледан овој закон и не треба повторно да се разгледува, рече Ибраимоски.
На новинарско прашање дали е точно дека се заканувал на уставните судии, за што пишуваа одредени медиуми, Ибраимовски посочи дека бил повикан во полиција, но тоа било за прашање поставено на социјалната мрежа Фејсбук и дека не се заканил на никого.
Јас сум поставил само едно прашање - што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене, во мојот инбокс, каде кажуваат дека: „ќе земам пиштол“ и дека: „ќе отепам некого“ или „јас ќе се отепам“. Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука. Дали нешто не е во ред и дали има индиции тоа треба да се позанимава јавниот обвинител затоа што овој закон е спас за народот што не се почитува веќе една година и има правосилни пресуди добиени што не ги почитуваат извршителите. Ова е една голема игра меѓу извршителите, олигарсите, судиите, истакна Ибраимоски.
Минатата 2023 година со измената на законот за облигациски односи се регулира висината на казнената камата и висината на трошоците кои треба да ги платат луѓето за заостанати долгови, што беше оценето од Ибраимоски како крај на огромните камати.

The post Јас сум поставил само едно прашање: Што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, вели Самка Ибаримовски кој беше повикан во полиција заради закана кон уставен судија appeared first on Република.

]]>
МВР откри кој ги испраќал заканите до уставниот судија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-otkri-koj-gi-isprakal-zakanite-do-ustavniot-sudija/ Mon, 24 Jun 2024 14:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=790350

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот со заканите што ги добивал судија од Уставниот суд, а за кои пријава во полицијата поднесе претседателот на Судот, Дарко Костадиновски.

Од МВР ја потврдуваат добиената пријава од Костадиновски и информираат дека заканите до уставниот судија биле испратени преку социјална мрежа од лице со иницијали С.И.

Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, информираат од Министерството.

Додаваат дека случајот ќе биде расчистен во најкус рок.

The post МВР откри кој ги испраќал заканите до уставниот судија appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот со заканите што ги добивал судија од Уставниот суд, а за кои пријава во полицијата поднесе претседателот на Судот, Дарко Костадиновски. Од МВР ја потврдуваат добиената пријава од Костадиновски и информираат дека заканите до уставниот судија биле испратени преку социјална мрежа од лице со иницијали С.И.
Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, информираат од Министерството.
Додаваат дека случајот ќе биде расчистен во најкус рок.

The post МВР откри кој ги испраќал заканите до уставниот судија appeared first on Република.

]]>
По четири пропаднати обиди денес повторно ќе се бира претседател на Уставен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/po-chetiri-propadnati-obidi-denes-povtorno-ke-se-bira-pretsedatel-na-ustaven-sud/ Fri, 31 May 2024 06:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=783332

По вчерашните четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, седницата за избор продолжува продолжува денеска во 10 часот во просториите на Судот.

Според информациите, на седницата за избор која започна вчера во 10 часот ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.

Новиот претседател на Уставен ќе ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истекува на 2 јуни.

Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Добрила Кацарска, на прес-конференција за својот тригодишен мандат, рече дека го завршува со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив.

Дел од реализираните активности во нејзиниот мандат што ги потенцираше беа Актот што ја регулира работата на Уставен суд и начинот на кој граѓаните може да се обратат, зголемениот буџет, намалувањето на бројот на старите предмети, полниот капацитет на Уставен суд и зголемената транспаренетност

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post По четири пропаднати обиди денес повторно ќе се бира претседател на Уставен суд appeared first on Република.

]]>

По вчерашните четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, седницата за избор продолжува продолжува денеска во 10 часот во просториите на Судот. Според информациите, на седницата за избор која започна вчера во 10 часот ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева. Новиот претседател на Уставен ќе ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истекува на 2 јуни. Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува. Добрила Кацарска, на прес-конференција за својот тригодишен мандат, рече дека го завршува со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив. Дел од реализираните активности во нејзиниот мандат што ги потенцираше беа Актот што ја регулира работата на Уставен суд и начинот на кој граѓаните може да се обратат, зголемениот буџет, намалувањето на бројот на старите предмети, полниот капацитет на Уставен суд и зголемената транспаренетност Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post По четири пропаднати обиди денес повторно ќе се бира претседател на Уставен суд appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ се противи Ана Павловска Данева да биде уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-se-protivi-ana-pavlovska-daneva-da-bide-ustaven-sudija/ Wed, 31 Jan 2024 13:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=739053

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја заврши расправата за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка,  при што од ВМРО-ДПМНЕ  повторно оценија дека предлогот е партиски, додека од СДСМ ги отфрлија тврдењата и повикаа да се комплетира составот на Уставниот суд.  Седницата за предлогот ќе продолжи по редовната пауза.

Во текот на расправата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО - ДПМНЕ рече дека „народот се борел со сиромаштија за време на оваа власт која пак поддржала за уставен судија кандидатка која била и поранешен партиски потпретседател.

Според Петрушевска, номинацијата требало да се повлече.

- Номинацијата што се обидувате да ја протнете на помалку од сто дена пред избори, зборува дека сериозно се подготвувате за еден голем пораз и правите очајнички обиди пред заминување, рече таа. Со ова, посочи, ја заокружувате целосната партизација на Уставниот суд и директно се напаѓа уставниот поредок на државата. Одговорност за тоа  ќе мора да има, рече Петрушевска, која  кандидатката ја нарече „фејсбук правен експерт на батерии“ и учесник кој требало да се огради од  шарената револуција и да се извини“. Таа, нагласи, не се оградила од штетните политики на СДСМ.

- Таа не треба да биде уставен судија и нема да ја има мојата поддршка, подвлече Петрушевска.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека немало конструктивна критика во говорот на Петрушевска, иако очекувала.

- Имавте седум години да се оградите од штетните политики на тогашното ВМРО -ДПМНЕ кое за 11 години успеа да ја зароби државата. Токму тоа  доведе до тоа, секој демократ да излезе во шарена револуција. Во револуцијата учествуваа способни кадри од различни професии. Со една мисла, да не се повтори тоа што го имавме. Делата говорат за неа, а тие се многубројни. Правните експерти што ја оцениле лошо Данева се всушност на батерии. Кога нема што да се каже, нешто суштинско, се оди со дисквалификации. Очекував да се надминете себеси и и дека за ваков предлог ќе гласаме со консензус и да се комплетира Уставниот суд. Очекувам барем дел од вас дека ќе успеат да се надминат и да гласаат за неа, нагласи Калевска Ванчева.

Реплицирајќи Петрушевска рече  дека вистинското лице за актуелното владеење се случаите М-НАВ и Онкологија, истакнувајќи дека „Уставниот суд треба да се ослободи и конечно да се стави во служба на штитење на уставниот поредок“.

Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ се противи Ана Павловска Данева да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја заврши расправата за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка,  при што од ВМРО-ДПМНЕ  повторно оценија дека предлогот е партиски, додека од СДСМ ги отфрлија тврдењата и повикаа да се комплетира составот на Уставниот суд.  Седницата за предлогот ќе продолжи по редовната пауза. Во текот на расправата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО - ДПМНЕ рече дека „народот се борел со сиромаштија за време на оваа власт која пак поддржала за уставен судија кандидатка која била и поранешен партиски потпретседател. Според Петрушевска, номинацијата требало да се повлече. - Номинацијата што се обидувате да ја протнете на помалку од сто дена пред избори, зборува дека сериозно се подготвувате за еден голем пораз и правите очајнички обиди пред заминување, рече таа. Со ова, посочи, ја заокружувате целосната партизација на Уставниот суд и директно се напаѓа уставниот поредок на државата. Одговорност за тоа  ќе мора да има, рече Петрушевска, која  кандидатката ја нарече „фејсбук правен експерт на батерии“ и учесник кој требало да се огради од  шарената револуција и да се извини“. Таа, нагласи, не се оградила од штетните политики на СДСМ. - Таа не треба да биде уставен судија и нема да ја има мојата поддршка, подвлече Петрушевска. Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека немало конструктивна критика во говорот на Петрушевска, иако очекувала. - Имавте седум години да се оградите од штетните политики на тогашното ВМРО -ДПМНЕ кое за 11 години успеа да ја зароби државата. Токму тоа  доведе до тоа, секој демократ да излезе во шарена револуција. Во револуцијата учествуваа способни кадри од различни професии. Со една мисла, да не се повтори тоа што го имавме. Делата говорат за неа, а тие се многубројни. Правните експерти што ја оцениле лошо Данева се всушност на батерии. Кога нема што да се каже, нешто суштинско, се оди со дисквалификации. Очекував да се надминете себеси и и дека за ваков предлог ќе гласаме со консензус и да се комплетира Уставниот суд. Очекувам барем дел од вас дека ќе успеат да се надминат и да гласаат за неа, нагласи Калевска Ванчева. Реплицирајќи Петрушевска рече  дека вистинското лице за актуелното владеење се случаите М-НАВ и Онкологија, истакнувајќи дека „Уставниот суд треба да се ослободи и конечно да се стави во служба на штитење на уставниот поредок“. Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година). Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.  

The post ВМРО-ДПМНЕ се противи Ана Павловска Данева да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>
Комисиска расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка https://republika.mk/vesti/makedonija/komisiska-rasprava-za-predlogot-ana-pavlovska-daneva-da-bide-izbrana-za-ustavna-sudijka/ Tue, 30 Jan 2024 14:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=738658

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница расправа по единствената точка на дневен ред - утврдување на предлог за избор на судија на уставен суд. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева.

И на денешното продолжение, како и на првата седница одржана за оваа точка на 25 јануари, не се утврди дневниот ред.

Според пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот професорката Ана Павлова Данева да се избере за нов уставен судија е партиски предлог. Додека, пратениците од власта потенцираа дека таа има образование и интегритет да биде избрана за уставен судија.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Павлова Данева е партиски предлог, оти, како што рече, претходно таа била потпретседател на СДСМ. Таа рече дека би било добро избирањето на член на уставни судии да се направи на начин каде кандидатите би присуствувале на седница и би одговарале на прашањата на пратениците.

Никој од нас нема проблем со CV-то на професорката Павлова Данева. По однос на професијата и по однос на компетенциите што треба да ги има во уставен суд, нема што да коментирам. Потпретседател на партија предлагате да биде член на Уставен суд. И сега ќе кажете дека тоа било одамна. Добро, но тоа стои во CV-то. Немам дилема по однос на нејзиниот квалитет. Но, потпретседател на СДСМ се предлага да биде уставен судија. Што е следно? Бранко Црвенковски да биде претсдеател на Уставен суд?, рече Ласовска.

Пратеникот Диме Велковски од СДСМ смета дека кандидатката Павлова Данева има и образование, култура на однесување, државотворност и интегритет за да биде избрана за нов член на Уставниот суд.

Мислам дека е добро што она е предложена за кандидат, бидејќи десет години буквално нема никаква политичка активност во смисла на членување во високи тела во партија. Била пратеничка. Ви тврдам дека нема никакво членство ниту во партијата од каде што јас доаѓам, ниту е во ниту најмалата основна органзација. Професорката има и интегритет и доблест да покаже што знае и умее. Убеден сум во тоа. Оваа кандидатка има и образование и култура на однесување и државотворност и интегритет. Со овој избор добро е да се дооформи Уставниот суд со цел да функционира онака како што е по Устав и закон. Со избирањето на професорката Данева само ќе се зајакне капацитетот, рече Велковски.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во процедурална забелешка побара претседателката на Комисијата да ја прекине расправата по оваа точка и да биде повлечен предлогот Данева да биде избрана за устаен судија. Посочи дека неговата партија нема да гласа за овој предлог.

Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје.

Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија. Тој тогаш изјави дека изненадувачки и вулгарно било тоа предлогот да биде повлечен без да се наведат основни причини за тоа поради што му била нанесена штета.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.
Седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се очекува да продолжи попладне, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска даде пауза.

The post Комисиска расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница расправа по единствената точка на дневен ред - утврдување на предлог за избор на судија на уставен суд. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева. И на денешното продолжение, како и на првата седница одржана за оваа точка на 25 јануари, не се утврди дневниот ред. Според пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот професорката Ана Павлова Данева да се избере за нов уставен судија е партиски предлог. Додека, пратениците од власта потенцираа дека таа има образование и интегритет да биде избрана за уставен судија. Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Павлова Данева е партиски предлог, оти, како што рече, претходно таа била потпретседател на СДСМ. Таа рече дека би било добро избирањето на член на уставни судии да се направи на начин каде кандидатите би присуствувале на седница и би одговарале на прашањата на пратениците.
Никој од нас нема проблем со CV-то на професорката Павлова Данева. По однос на професијата и по однос на компетенциите што треба да ги има во уставен суд, нема што да коментирам. Потпретседател на партија предлагате да биде член на Уставен суд. И сега ќе кажете дека тоа било одамна. Добро, но тоа стои во CV-то. Немам дилема по однос на нејзиниот квалитет. Но, потпретседател на СДСМ се предлага да биде уставен судија. Што е следно? Бранко Црвенковски да биде претсдеател на Уставен суд?, рече Ласовска.
Пратеникот Диме Велковски од СДСМ смета дека кандидатката Павлова Данева има и образование, култура на однесување, државотворност и интегритет за да биде избрана за нов член на Уставниот суд.
Мислам дека е добро што она е предложена за кандидат, бидејќи десет години буквално нема никаква политичка активност во смисла на членување во високи тела во партија. Била пратеничка. Ви тврдам дека нема никакво членство ниту во партијата од каде што јас доаѓам, ниту е во ниту најмалата основна органзација. Професорката има и интегритет и доблест да покаже што знае и умее. Убеден сум во тоа. Оваа кандидатка има и образование и култура на однесување и државотворност и интегритет. Со овој избор добро е да се дооформи Уставниот суд со цел да функционира онака како што е по Устав и закон. Со избирањето на професорката Данева само ќе се зајакне капацитетот, рече Велковски.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во процедурална забелешка побара претседателката на Комисијата да ја прекине расправата по оваа точка и да биде повлечен предлогот Данева да биде избрана за устаен судија. Посочи дека неговата партија нема да гласа за овој предлог. Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година). Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија. Тој тогаш изјави дека изненадувачки и вулгарно било тоа предлогот да биде повлечен без да се наведат основни причини за тоа поради што му била нанесена штета. Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието. Седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се очекува да продолжи попладне, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска даде пауза.

The post Комисиска расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка appeared first on Република.

]]>
Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/ana-pavlovska-daneva-predlozhena-za-ustaven-sudija/ Thu, 25 Jan 2024 10:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=736690

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред - Предлог за избор на судија на Уставниот суд.

Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје.

Вчера, во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.

Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади, вели Јовески, додавајќи дека сметал оти процесот е завршен бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.

 

The post Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред - Предлог за избор на судија на Уставниот суд. Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје. Вчера, во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.
Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади, вели Јовески, додавајќи дека сметал оти процесот е завршен бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.
 

The post Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија appeared first on Република.

]]>
Власта го пушти Јовески низ вода, повлечена кандидатурата за уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-go-pushti-joveski-niz-voda-povlechena-kandidaturata-za-ustaven-sudija/ Wed, 24 Jan 2024 10:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=736261

Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и најревносниот заштитник на криминалот на власта во изминативе 6 години, Љубомир Јовески, денес СДСМ го „пушти низ вода“, објави предмалку координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, додавајќи дека по 2 и пол години и 25 продолженија на матичната Комисија во Собранието, по еклатантно кршење и газење на Деловникот, власта сега се откажува од Јовески.

Но да не се лажеме, СДСМ преку ноќ не се претвори во добра вила, туку СДСМ се откажува од него само поради тоа што повеќе не им е потребен. Тој својата задача за која што го поставија, очигледно си ја заврши. Тој веќе не е подобен да биде уставен судија бидејќи повеќе не е јавен обвинител и нема да може да им ги крие предметите за нивните криминали и да ги штити криминалците во власта.
Имено, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ веќе 6 години во сите свои јавни настапи и дискусии во Собранието кажувавме дека овој човек е канцерот на македонското судство, во чиј мандат довербата во судството ја достигна нулата. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу скандали и срамни одлуки.
Сепак, власта дури сега го пушта низ вода Јовески, исто како што ги пушти низ вода и Катица Јанева, но и Вилма Русковска, во оној момент кога таа повеќе не им беше потребна. Така СДСМ функционира, и со луѓето и со институциите. Така било во минатото, така е и сега.
Полека но сигурно, се гледа крајот на оваа лакрдија.
Доаѓа време на ревизии, на преиспитување на некои одлуки и решенија, но и на одговорност за сите злодела и криминали кои што се случија во изминативе 6 години. Одговорност и за оние кои што тие криминали ги правеле, но и за оние кои што тие криминали ги штителе.
Никакви повлекувања и никакви премислувања како ова денес, нема да ги спасат од одговорност сите кои 6 години мислеа дека се недопирливи, порача Мицевски.

Јовески беше еден од тројцата кандидати предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.

The post Власта го пушти Јовески низ вода, повлечена кандидатурата за уставен судија appeared first on Република.

]]>

Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и најревносниот заштитник на криминалот на власта во изминативе 6 години, Љубомир Јовески, денес СДСМ го „пушти низ вода“, објави предмалку координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, додавајќи дека по 2 и пол години и 25 продолженија на матичната Комисија во Собранието, по еклатантно кршење и газење на Деловникот, власта сега се откажува од Јовески.
Но да не се лажеме, СДСМ преку ноќ не се претвори во добра вила, туку СДСМ се откажува од него само поради тоа што повеќе не им е потребен. Тој својата задача за која што го поставија, очигледно си ја заврши. Тој веќе не е подобен да биде уставен судија бидејќи повеќе не е јавен обвинител и нема да може да им ги крие предметите за нивните криминали и да ги штити криминалците во власта. Имено, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ веќе 6 години во сите свои јавни настапи и дискусии во Собранието кажувавме дека овој човек е канцерот на македонското судство, во чиј мандат довербата во судството ја достигна нулата. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу скандали и срамни одлуки. Сепак, власта дури сега го пушта низ вода Јовески, исто како што ги пушти низ вода и Катица Јанева, но и Вилма Русковска, во оној момент кога таа повеќе не им беше потребна. Така СДСМ функционира, и со луѓето и со институциите. Така било во минатото, така е и сега. Полека но сигурно, се гледа крајот на оваа лакрдија. Доаѓа време на ревизии, на преиспитување на некои одлуки и решенија, но и на одговорност за сите злодела и криминали кои што се случија во изминативе 6 години. Одговорност и за оние кои што тие криминали ги правеле, но и за оние кои што тие криминали ги штителе. Никакви повлекувања и никакви премислувања како ова денес, нема да ги спасат од одговорност сите кои 6 години мислеа дека се недопирливи, порача Мицевски.
Јовески беше еден од тројцата кандидати предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.

The post Власта го пушти Јовески низ вода, повлечена кандидатурата за уставен судија appeared first on Република.

]]>
Продолжува комисиската расправа за предлогот Јовески да биде уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-komisiskata-rasprava-za-predlogot-joveski-da-bide-ustaven-sudija/ Tue, 31 Jan 2023 07:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=602803

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да продолжи дебатата предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Според информациите од Собранието, останати за збор се уште дваесетина пратеници, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Двајца од предложените Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои го поминаа комисискиот филтер, станаа уставни судии откако Собранието во октомври гласаше. Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска со издвоено мислење испратено до претседателот на Собранието тогаш предложи пленумот да гласа за овие кандидати за да не се доведеме во ситуација на уставна криза, бидејќи Судот беше без доволен број уставни судии. За опозицијата ова беше преседан што не смееше да се случи, бидејќи дебатата за сите кандидати треба да заврши па пленумот да гласа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на комисиските расправа со долги говори од повеќе часови го одолговлекуваше изборот на уставните судии, а според пратеници од владејачкото мнозинство, тоа веројатно ќе биде така и денеска, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е против Јовески да биде уставен судија.

На Комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата. Освен овие тројца, беа предложени и професорката Родна Живковска, пензионираниот професор Саво Климовски, шефот на Вишото обвинителство Штип, Тодор Витларов, охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судијка од Битола, Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски.

Во меѓувреме во пензија замина уште и уставната судијка Вангелина Маркудова, така што Собранието треба да започне постапка за избор на уште еден уставен судија.

Минатата недела од Уставниот суд повторно упатија апел до Собранието да се изберат тројца судии, со цел Судот непречено да функционира како што е предвидено со Уставот.

Останува апелот до Собранието и до Судскиот совет, кој треба да предложи еден од судиите, тоа да го сторат што побрзо, изјави портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Таа  потсети дека од 7 декември минатата година Судот функционира со шест од предвидени девет судии, поради завршување на мандатот на судијката Вангелина Маркудова.

За да се донесе одлука на Судот потребни се најмалку пет гласа „за”. Судот е колективно тело, каде секој судија има право на свое мислење кое може да биде различно од она што го кажуваат неговте колеги. Тоа значи дека многу често се соочуваме со ситуација предлозите да не добиваат мнозинство затоа што на пример се случува тројца судии да гласаат„за”, додека тројца да не се согласуваат со тој предлог, или четворица го поддржуваат предлогот, а двајца се против, појасни Беловска.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието со мандат од девет години без право на реизбор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

The post Продолжува комисиската расправа за предлогот Јовески да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да продолжи дебатата предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Според информациите од Собранието, останати за збор се уште дваесетина пратеници, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двајца од предложените Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои го поминаа комисискиот филтер, станаа уставни судии откако Собранието во октомври гласаше. Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска со издвоено мислење испратено до претседателот на Собранието тогаш предложи пленумот да гласа за овие кандидати за да не се доведеме во ситуација на уставна криза, бидејќи Судот беше без доволен број уставни судии. За опозицијата ова беше преседан што не смееше да се случи, бидејќи дебатата за сите кандидати треба да заврши па пленумот да гласа. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на комисиските расправа со долги говори од повеќе часови го одолговлекуваше изборот на уставните судии, а според пратеници од владејачкото мнозинство, тоа веројатно ќе биде така и денеска, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е против Јовески да биде уставен судија. На Комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата. Освен овие тројца, беа предложени и професорката Родна Живковска, пензионираниот професор Саво Климовски, шефот на Вишото обвинителство Штип, Тодор Витларов, охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судијка од Битола, Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски. Во меѓувреме во пензија замина уште и уставната судијка Вангелина Маркудова, така што Собранието треба да започне постапка за избор на уште еден уставен судија.
Минатата недела од Уставниот суд повторно упатија апел до Собранието да се изберат тројца судии, со цел Судот непречено да функционира како што е предвидено со Уставот.
Останува апелот до Собранието и до Судскиот совет, кој треба да предложи еден од судиите, тоа да го сторат што побрзо, изјави портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.
Таа  потсети дека од 7 декември минатата година Судот функционира со шест од предвидени девет судии, поради завршување на мандатот на судијката Вангелина Маркудова.
За да се донесе одлука на Судот потребни се најмалку пет гласа „за”. Судот е колективно тело, каде секој судија има право на свое мислење кое може да биде различно од она што го кажуваат неговте колеги. Тоа значи дека многу често се соочуваме со ситуација предлозите да не добиваат мнозинство затоа што на пример се случува тројца судии да гласаат„за”, додека тројца да не се согласуваат со тој предлог, или четворица го поддржуваат предлогот, а двајца се против, појасни Беловска.
Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието со мандат од девет години без право на реизбор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

The post Продолжува комисиската расправа за предлогот Јовески да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>
Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-na-joveski-za-ustaven-sudija/ Wed, 05 Oct 2022 07:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=557481

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се дискутира за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии.

На претходните седници, членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

The post Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се дискутира за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии. На претходните седници, членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

The post Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија appeared first on Република.

]]>
Со кавги завршена и оваа седница за Јовески, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат тој да стане уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/so-kavgi-zavrshena-i-ovaa-sednica-za-joveski-od-vmro-dpmne-porachaa-deka-nema-da-dozvolat-toj-da-stane-ustaven-sudija/ Tue, 04 Oct 2022 13:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=557273

Околу половина час траеше денешното продолжение на седницата на Комисија за прашања на изборите и именувањата на кое требаше да се дебатира за предлогот актуелниот републички обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија. По 20 минути мирна атмосфера, дискусијата се претвори во полемики и надвикувања помеѓу претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска од СДСМ, и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали на секој од нив треба да му се дозволи да изнесува процедурални забелешки или не.

Ова беше 20. продолжение на седницата откако на неколкуте претходни токму со процедурални забелешки и повеќечасовни говори пратениците од опозицијата одолговлекуваа со цел да се блокира изгласувањето на Јовески за предлог за уставен судија. Дека тоа е целта, од ВМРО-ДПМНЕ јасно порачаа и денеска.

Тоа јавно ви го кажуваме, и на медиумите и на сите им е јасно дека Љубомир Јовески нема да помине, освен ако вие како претседателка не направите некој преседан, односно познавајќи ве како личност сметам дека такво нешто нема да дозволите ако не бидете принудена од одредени структури во вашата партија нешто насила да се донесе. Се надевам дека тоа нема да го гледаме, рече пратеничката Благица Ласовска во процедурално обраќање.

Таа го повтори ставот на нејзината партија, владејачкото мнозинство да ги повлече актуелните предлози, да се смени начинот на избор на уставни судии и да се повика стручната фела да предложи кандидати за уставни судии. Исто така, го истакна и веќе познатиот предлог самите кандидати да се поканат на седница на Комисијата за да може да им се поставуваат прашања, слично како што беше случајот и при избор на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација.

Георгиевска од СДСМ го дели ставот дека треба да се смени начинот на избор во иднина, но во овој момент, нагласи, си има утврдена постапка и согласно неа се постапува.

За вашиот предлогот дека треба да се размислува за промена на начинот на избор, и јас се согласувам затоа што мислам дека ако има измени тоа ќе даде голем придонес околу демократскиот процес и граѓаните ќе имаат доверба во институциите, рече Георгиевска.

По ваквата размена на ставови, претседателката на Комисијата се обиде да ја продолжи дебата со останатите пријавени за збор, а откако констатираше дека Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој бараше да се обрати процедурално, не е ниту член ниту заменик-член на ова собраниско тело посочи дека опозицијата веќе ги злоупотребува воспоставените практики.

Мислам дека почнуваме со злоупотреба на процедуралните забелешки затоа што како сакаме ги третираме. Јас целосно ги почитував процедуралните забелешки, вие знаете дека правев така, но не гледам никаква целисходност тоа да продолжи така, рече Георгиевска.

По ова почнаа дофрлањата од место на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и инсистирањето на претседателката на Комисијата дека треба да се даваат процедурални забелешки на оние кои се членови или заменици-членови.

Ако ми дозволите, јас ќе ви дадам дузина причини зошто треба да ми дадете (процедурална забелешка), довикуваше Јаревски.

https://youtu.be/3MgCLyQLHqA

The post Со кавги завршена и оваа седница за Јовески, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат тој да стане уставен судија appeared first on Република.

]]>

Околу половина час траеше денешното продолжение на седницата на Комисија за прашања на изборите и именувањата на кое требаше да се дебатира за предлогот актуелниот републички обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија. По 20 минути мирна атмосфера, дискусијата се претвори во полемики и надвикувања помеѓу претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска од СДСМ, и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали на секој од нив треба да му се дозволи да изнесува процедурални забелешки или не. Ова беше 20. продолжение на седницата откако на неколкуте претходни токму со процедурални забелешки и повеќечасовни говори пратениците од опозицијата одолговлекуваа со цел да се блокира изгласувањето на Јовески за предлог за уставен судија. Дека тоа е целта, од ВМРО-ДПМНЕ јасно порачаа и денеска.
Тоа јавно ви го кажуваме, и на медиумите и на сите им е јасно дека Љубомир Јовески нема да помине, освен ако вие како претседателка не направите некој преседан, односно познавајќи ве како личност сметам дека такво нешто нема да дозволите ако не бидете принудена од одредени структури во вашата партија нешто насила да се донесе. Се надевам дека тоа нема да го гледаме, рече пратеничката Благица Ласовска во процедурално обраќање.
Таа го повтори ставот на нејзината партија, владејачкото мнозинство да ги повлече актуелните предлози, да се смени начинот на избор на уставни судии и да се повика стручната фела да предложи кандидати за уставни судии. Исто така, го истакна и веќе познатиот предлог самите кандидати да се поканат на седница на Комисијата за да може да им се поставуваат прашања, слично како што беше случајот и при избор на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација. Георгиевска од СДСМ го дели ставот дека треба да се смени начинот на избор во иднина, но во овој момент, нагласи, си има утврдена постапка и согласно неа се постапува.
За вашиот предлогот дека треба да се размислува за промена на начинот на избор, и јас се согласувам затоа што мислам дека ако има измени тоа ќе даде голем придонес околу демократскиот процес и граѓаните ќе имаат доверба во институциите, рече Георгиевска.
По ваквата размена на ставови, претседателката на Комисијата се обиде да ја продолжи дебата со останатите пријавени за збор, а откако констатираше дека Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој бараше да се обрати процедурално, не е ниту член ниту заменик-член на ова собраниско тело посочи дека опозицијата веќе ги злоупотребува воспоставените практики.
Мислам дека почнуваме со злоупотреба на процедуралните забелешки затоа што како сакаме ги третираме. Јас целосно ги почитував процедуралните забелешки, вие знаете дека правев така, но не гледам никаква целисходност тоа да продолжи така, рече Георгиевска.
По ова почнаа дофрлањата од место на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и инсистирањето на претседателката на Комисијата дека треба да се даваат процедурални забелешки на оние кои се членови или заменици-членови.
Ако ми дозволите, јас ќе ви дадам дузина причини зошто треба да ми дадете (процедурална забелешка), довикуваше Јаревски.
https://youtu.be/3MgCLyQLHqA

The post Со кавги завршена и оваа седница за Јовески, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат тој да стане уставен судија appeared first on Република.

]]>
Татјана Васиќ Бозаџиева изгласана да биде предлог судија на Уставен https://republika.mk/vesti/makedonija/tatjana-vasikj-bozadzieva-izglasana-da-bide-predlog-sudija-na-ustaven/ Fri, 02 Sep 2022 19:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=546907

Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата, со седум гласови „за“, пет „против“ и без воздржани, ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева да биде предлог судија на Уставниот суд. Седницата продолжи со расправа за кандидатот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство.

Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница повторно кажа дека би било добро потенцијалните уставни судии сами да се претстават пред пратениците, со цел, како што посочи, пратениците да можат да постават прашања и потоа да направат евалуација.

Тој ја образложи кратката биографија за Витларов и порача дека доколку би го избрале, би имале уставен судија со кој, како што рече, „особено би се гордееле“.

Антонио Милошоски исто така од ВМРО-ДПМНЕ посочи на дел од наведените работи во биографијата на Витларов за кои смета дека се од голема важност и оти треба да се земат предвид при неговиот избор. Тој направи споредба на биографијата на Васиќ Бозаџиева и Витларов, и, посочи дека според истата, како што рече, „Витларов е истакнат правник, Васиќ Бозаџиева не е истакнат правник“.

Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии.

Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post Татјана Васиќ Бозаџиева изгласана да биде предлог судија на Уставен appeared first on Република.

]]>

Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата, со седум гласови „за“, пет „против“ и без воздржани, ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева да биде предлог судија на Уставниот суд. Седницата продолжи со расправа за кандидатот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство. Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница повторно кажа дека би било добро потенцијалните уставни судии сами да се претстават пред пратениците, со цел, како што посочи, пратениците да можат да постават прашања и потоа да направат евалуација. Тој ја образложи кратката биографија за Витларов и порача дека доколку би го избрале, би имале уставен судија со кој, како што рече, „особено би се гордееле“. Антонио Милошоски исто така од ВМРО-ДПМНЕ посочи на дел од наведените работи во биографијата на Витларов за кои смета дека се од голема важност и оти треба да се земат предвид при неговиот избор. Тој направи споредба на биографијата на Васиќ Бозаџиева и Витларов, и, посочи дека според истата, како што рече, „Витларов е истакнат правник, Васиќ Бозаџиева не е истакнат правник“. Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post Татјана Васиќ Бозаџиева изгласана да биде предлог судија на Уставен appeared first on Република.

]]>
Пратениците го утврдија Фатмир Скендер за уставен судија, дебатираа за Татјана Васиќ Бозаџиева, на ред е Љубомир Јовески https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-go-utvrdija-fatmir-skender-za-ustaven-sudija-debatiraa-za-tatjana-vasikj-bozadzieva-na-red-e-ljubomir-joveski/ Fri, 02 Sep 2022 17:35:49 +0000 https://republika.mk/?p=546872

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Македонија.

Вчера попладнето членовите на Комисијата ја завршија распрвата за предлогот за судија во Уставниот суд Татјана Васиќ Бозаџиева, третиот од вкупно девет кандидати.

За предложената кандидатка за уставен судија вчера зборуваа главно пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои, изнесуваа тези зошто таа не треба да биде избрана на оваа функција, а еден од аргументите беше дека таа е блиска до владејачката СДСМ.

Пратеникот Панчо Минов кој е дел од парламентарното мнозинство во реплика на еден од говорниците од ВМРО-ДПМНЕ побара од опозицијата да не ги омаловажуваа кандидатите за судии туку да се фокусираат на изборот на уставни судии со цел Уставниот суд да профункционира во полн капацитет.

Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии.

Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post Пратениците го утврдија Фатмир Скендер за уставен судија, дебатираа за Татјана Васиќ Бозаџиева, на ред е Љубомир Јовески appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Македонија. Вчера попладнето членовите на Комисијата ја завршија распрвата за предлогот за судија во Уставниот суд Татјана Васиќ Бозаџиева, третиот од вкупно девет кандидати. За предложената кандидатка за уставен судија вчера зборуваа главно пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои, изнесуваа тези зошто таа не треба да биде избрана на оваа функција, а еден од аргументите беше дека таа е блиска до владејачката СДСМ. Пратеникот Панчо Минов кој е дел од парламентарното мнозинство во реплика на еден од говорниците од ВМРО-ДПМНЕ побара од опозицијата да не ги омаловажуваа кандидатите за судии туку да се фокусираат на изборот на уставни судии со цел Уставниот суд да профункционира во полн капацитет. Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post Пратениците го утврдија Фатмир Скендер за уставен судија, дебатираа за Татјана Васиќ Бозаџиева, на ред е Љубомир Јовески appeared first on Република.

]]>
Јовески – предлог на СДСМ за нов уставен судија https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-predlog-na-sdsm-za-nov-ustaven-sudija/ Fri, 13 May 2022 08:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=501774

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија.

Членовите на Комисијата, исто така, треба да расправаат и по Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „8 Септември”.

Љубомир Јовески, јавниот обвинител на Македонија и Татјана Васиќ од Министерството за правда ќе бидат предлози на СДСМ за членови на Уставен суд. Додека пак, најголемата опозициска партија за членови ги предложува поранешниот пратеник, проф. Саво Климовски, професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Родна Жифковска и Тодор Витланов, кој е виш обвинител во Штип.

 

The post Јовески – предлог на СДСМ за нов уставен судија appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија. Членовите на Комисијата, исто така, треба да расправаат и по Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „8 Септември”. Љубомир Јовески, јавниот обвинител на Македонија и Татјана Васиќ од Министерството за правда ќе бидат предлози на СДСМ за членови на Уставен суд. Додека пак, најголемата опозициска партија за членови ги предложува поранешниот пратеник, проф. Саво Климовски, професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Родна Жифковска и Тодор Витланов, кој е виш обвинител во Штип.  

The post Јовески – предлог на СДСМ за нов уставен судија appeared first on Република.

]]>