усмрти Archives - Република https://republika.mk/tema/usmrti/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 17:30:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png усмрти Archives - Република https://republika.mk/tema/usmrti/ 32 32 Трагедија во Грција: Гром усмрти 13-годишно девојче на плажа на Халкидики https://republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-grtsija-grom-usmrti-13-godishno-devojche-na-plazha-na-halkidiki/ Fri, 28 Jun 2024 17:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=791659

13-годишно девојче го загуби животот денеска по удар од гром додека било на плажа во Халкидики. Инцидентот се случил попладне, додека девојчето било на песокот. Првичните информации укажуваат дека нејзината мајка исто така претрпела повреди.

Полициската управа Касандра спроведува прелиминарна истрага за инцидентот, јавуваат грчките медиуми.

Денешното време на Халкидики е многу лошо, со силни поројни дождови.

The post Трагедија во Грција: Гром усмрти 13-годишно девојче на плажа на Халкидики appeared first on Република.

]]>

13-годишно девојче го загуби животот денеска по удар од гром додека било на плажа во Халкидики. Инцидентот се случил попладне, додека девојчето било на песокот. Првичните информации укажуваат дека нејзината мајка исто така претрпела повреди. Полициската управа Касандра спроведува прелиминарна истрага за инцидентот, јавуваат грчките медиуми. Денешното време на Халкидики е многу лошо, со силни поројни дождови.

The post Трагедија во Грција: Гром усмрти 13-годишно девојче на плажа на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Истрага за багеристот кој усмрти жена во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-za-bageristot-koj-usmrti-zhena-vo-skopje/ Sun, 02 Jul 2023 12:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=657433

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 42-годишник од Скопје вчера на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се вели во соопштението на Обвинителството.

Непосредно по настанот, јавен обвинител извршил увид на лице место и издал повеќе наредби со цел да се испитаат сите околности и да се утврдат причините за сообраќајната несреќа. По еден дел од наредбите сѐ уште се постапува.

За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, се додава во соопштението на Обвинителството.

The post Истрага за багеристот кој усмрти жена во Скопје appeared first on Република.

Детали за трагедијата во Центар каде што багер усмрти 66-годишна скопјанка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-tragedijata-vo-tsentar-kade-shto-bager-usmrti-66-godishna-skopjanka/ Sat, 01 Jul 2023 12:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=657117

Багер усмрти жена на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

 Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина - багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата, појаснуваат од МВР за МИА.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана била смрт.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

The post Детали за трагедијата во Центар каде што багер усмрти 66-годишна скопјанка appeared first on Република.

]]>

Багер усмрти жена на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.
 Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина - багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата, појаснуваат од МВР за МИА.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

The post Детали за трагедијата во Центар каде што багер усмрти 66-годишна скопјанка appeared first on Република.

]]>
Багер прегази и усмрти жена на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bager-pregazi-i-usmrti-zhena-na-ulitsata-jordan-mijalkov-vo-skopje/ Sat, 01 Jul 2023 11:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=657096

На булеварот „Јордан Мијалков“ претпладнево се случила ужасна сообраќајна незгода, кога багер прегази жена, објави Курир.

Како што пишува порталот, жената починала на лице место, а полицијата врши увид на терен.

Наскоро повеќе информации за несреќата.

The post Багер прегази и усмрти жена на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

На булеварот „Јордан Мијалков“ претпладнево се случила ужасна сообраќајна незгода, кога багер прегази жена, објави Курир. Како што пишува порталот, жената починала на лице место, а полицијата врши увид на терен. Наскоро повеќе информации за несреќата.  

The post Багер прегази и усмрти жена на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Лицето кое усмрти пешак во Скопје е малолетник, ЈО побара мерка притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/litseto-koe-usmrti-peshak-vo-skopje-e-maloletnik-jo-pobara-merka-pritvor/ Sat, 28 Jan 2023 14:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=601992

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка кон дете во судир со законот за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Како што се наведува во соопштението од државното Јавно обвинителство, малолетникот на возраст од 17 години без да има важечка возачка дозвола вчера вечерта управувал автомобил „фолксваген голф“, сопственост на неговиот татко. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи го во опасност животот на луѓето.

Возејќи по улицата „Босна и Херцеговина“, стигнал до крстосница со улиците „Александар Урдаревски“ и „Кемал Сејфула“, но не ја приспособил брзината на движење кон својствата и состојбата на патот. Како резултат на тоа, со предниот лев дел од автомобилот удрил во пешак кој го поминувал коловозот на обележан пешачки премин. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, се посочува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор бидејќи оценил дека постои опасност да се даде во бегство, да ја попречи постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото.​

The post Лицето кое усмрти пешак во Скопје е малолетник, ЈО побара мерка притвор appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка кон дете во судир со законот за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Како што се наведува во соопштението од државното Јавно обвинителство, малолетникот на возраст од 17 години без да има важечка возачка дозвола вчера вечерта управувал автомобил „фолксваген голф“, сопственост на неговиот татко. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи го во опасност животот на луѓето.