усје Archives - Република https://republika.mk/tema/usje/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 18:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png усје Archives - Република https://republika.mk/tema/usje/ 32 32 Константинос Николау нов в.д. директор на УСЈЕ, досегашниот прв човек на компанијата Борис Хрисафов член на одборот на директори https://republika.mk/vesti/ekonomija/konstantinos-nikolau-nov-v-d-direktor-na-usje-dosegashniot-prv-chovek-na-kompanijata-boris-hrisafov-chlen-na-odborot-na-direktori/ Fri, 02 Feb 2024 18:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=739856

Константинос Николау е нов главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје кој на оваа функција доаѓа како вршител на должност до одржување на наредното Собрание на акционери, а истовремено Николау е избран и за в.д. извршен член на Одборот на директори. Николау доаѓа на местото на Борис Хрисафов кој ќе ја извршува функцијата в.д. неизвршен член на Одборот на директори.

Константинос Николау најголемиот дел од своето професионално искуство го стекнал и развивал во рамките на Титан Групацијата, чиј дел е од 2004 година. Одлично ја познава технологијата на производство на цемент и имплементацијата на иновации во оваа индустрија. Својата кариера ја започнал како менаџер за производство во цементарницата во Солун, а бил и менаџер на оваа компанија, како и на цементарницата на Титан во Златна Панега, Р. Бугарија и во Флорида, САД. Тој е магистер по машинско инженерство на Универзитетот Аристотел во Солун, а поседува и магистратура за управување во научни и процесни истражувања, стекната на Бизнис школата во Ворвик, Велика Британија.

Креирањето на одржлив развој останува највисока цел на нашата компанија и сите наши активности ќе продолжат да се движат во таа насока. Ние можеме да го постигнеме тоа само преку искрена и тесна соработка со сите наши партнери. Одржливиот развој е можен само доколку сите чинители во заедницата заедно се поддржуваат и напредуваат. Продолжуваме со активности и проекти кои ќе бидат значајни и за нашата компанија, за националната економија и за заедницата
во целина, истакна Константинос Николау.

Борис Хрисафов ја водеше компанијата од 2011 година, кога ја презема позицијата главен извршен директор и кога беа спроведени големи реформски процеси. Истата година компанијата ја доби Интегрираната А-еколошка дозвола. Во овој значаен процес на модернизација на производството и целокупното работење на компанијата беа инвестирани 60 милиони евра. Во насока на поголемо користење на обновлива енергија базирана на принципите на кружната економија, беше
инвестирано во постројка за употреба на алтернативни горива, прва од ваков вид во земјата, и во фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 3 MWp.

Покрај овој значаен процес, под лидерство на Хрисафов беа зајакнати односите со сите засегнати страни и партнери на компанијата, а значително беше подобрена транспарентноста и односот со јавноста, невладиниот сектор и медиумите.

Промените никогаш не биле лесен и едноставен процес. И покрај тоа ние бевме решени дека како одговорна и транспарентна компанија тоа е нашиот пат. Започнавме процеси преку кои беше трансформирано нашето работење, а инвестициите овозможија сите наши активности да се одвиваат согласно највисоките стандарди. УСЈЕ дава значаен придонес за националната економија, а реализацијата на партнерски проекти со различни чинители од заедница ни овозможи да поттикнеме промени во различни сегменти во општеството. Во овој процес на промени значајна беше поддршката од сите наши партнери и уверен сум дека и во иднина таа не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира, бидејќи новите ЕСГ-стандарди го поттикнуваат овој процес, истакна досегашниот главен извршен директор, Борис Хрисафов.

Новиот главен извршен директор Николау ќе ја продолжи политиката на континуиран одржлив развој, транспарентност и градење на цврсти врски со сите засегнати страни и релевантни партнери. Функцијата претседател на Одборот на директори ја презема Марио Брачи, кој е и неизвршен член на Одборот на директори. Јанис Паниарас, кој си даде оставка поради други професионални ангажмани во Групацијата Титан, повеќе не е член и претседател на Одборот на
директори.

The post Константинос Николау нов в.д. директор на УСЈЕ, досегашниот прв човек на компанијата Борис Хрисафов член на одборот на директори appeared first on Република.

]]>

Константинос Николау е нов главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје кој на оваа функција доаѓа како вршител на должност до одржување на наредното Собрание на акционери, а истовремено Николау е избран и за в.д. извршен член на Одборот на директори. Николау доаѓа на местото на Борис Хрисафов кој ќе ја извршува функцијата в.д. неизвршен член на Одборот на директори. Константинос Николау најголемиот дел од своето професионално искуство го стекнал и развивал во рамките на Титан Групацијата, чиј дел е од 2004 година. Одлично ја познава технологијата на производство на цемент и имплементацијата на иновации во оваа индустрија. Својата кариера ја започнал како менаџер за производство во цементарницата во Солун, а бил и менаџер на оваа компанија, како и на цементарницата на Титан во Златна Панега, Р. Бугарија и во Флорида, САД. Тој е магистер по машинско инженерство на Универзитетот Аристотел во Солун, а поседува и магистратура за управување во научни и процесни истражувања, стекната на Бизнис школата во Ворвик, Велика Британија.
Креирањето на одржлив развој останува највисока цел на нашата компанија и сите наши активности ќе продолжат да се движат во таа насока. Ние можеме да го постигнеме тоа само преку искрена и тесна соработка со сите наши партнери. Одржливиот развој е можен само доколку сите чинители во заедницата заедно се поддржуваат и напредуваат. Продолжуваме со активности и проекти кои ќе бидат значајни и за нашата компанија, за националната економија и за заедницата во целина, истакна Константинос Николау.
Борис Хрисафов ја водеше компанијата од 2011 година, кога ја презема позицијата главен извршен директор и кога беа спроведени големи реформски процеси. Истата година компанијата ја доби Интегрираната А-еколошка дозвола. Во овој значаен процес на модернизација на производството и целокупното работење на компанијата беа инвестирани 60 милиони евра. Во насока на поголемо користење на обновлива енергија базирана на принципите на кружната економија, беше инвестирано во постројка за употреба на алтернативни горива, прва од ваков вид во земјата, и во фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 3 MWp. Покрај овој значаен процес, под лидерство на Хрисафов беа зајакнати односите со сите засегнати страни и партнери на компанијата, а значително беше подобрена транспарентноста и односот со јавноста, невладиниот сектор и медиумите.

Промените никогаш не биле лесен и едноставен процес. И покрај тоа ние бевме решени дека како одговорна и транспарентна компанија тоа е нашиот пат. Започнавме процеси преку кои беше трансформирано нашето работење, а инвестициите овозможија сите наши активности да се одвиваат согласно највисоките стандарди. УСЈЕ дава значаен придонес за националната економија, а реализацијата на партнерски проекти со различни чинители од заедница ни овозможи да поттикнеме промени во различни сегменти во општеството. Во овој процес на промени значајна беше поддршката од сите наши партнери и уверен сум дека и во иднина таа не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира, бидејќи новите ЕСГ-стандарди го поттикнуваат овој процес, истакна досегашниот главен извршен директор, Борис Хрисафов.

Новиот главен извршен директор Николау ќе ја продолжи политиката на континуиран одржлив развој, транспарентност и градење на цврсти врски со сите засегнати страни и релевантни партнери. Функцијата претседател на Одборот на директори ја презема Марио Брачи, кој е и неизвршен член на Одборот на директори. Јанис Паниарас, кој си даде оставка поради други професионални ангажмани во Групацијата Титан, повеќе не е член и претседател на Одборот на директори.

The post Константинос Николау нов в.д. директор на УСЈЕ, досегашниот прв човек на компанијата Борис Хрисафов член на одборот на директори appeared first on Република.

]]>
УСЈЕ ќе плати до 200.000 евра казна, доколку и натаму загадува може да се соочи со одземање на дозволата https://republika.mk/vesti/ekonomija/usje-ke-plati-do-200-000-evra-kazna-dokolku-i-natamu-zagaduva-mozhe-da-se-soochi-so-odzemane-na-dozvolata/ Sat, 28 Jan 2023 20:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=602095

На 7 февруари ќе се спроведе спогодување за висината на цената која Цементарница УСЈЕ ќе ја плати како казна за загадување на амбиенталниот воздух. Висината на казната може да изнесува до 180.000 до 200.000 евра, а предвидена е и казна за управителот од 10.000 евра. Казната УСЈЕ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот инспекторат за животна средина. Компанијата по интервенцијата на ДИЖС веднаш премина на греење од мазут на гас, постапувајќи по решението на Инспекторатот, од каде за МИА велат дека во ваквите случаи според закон е предвидена прекршочна пријава, која доколку субјектот не ја испочитува се преминува кон кривична и кон постапка за одземање на дозволата.

Инспектори од Град Скопје и од ДИЖС направија вонредни контроли во УСЈЕ при што утврдиле големо надминување на прагот на ПМ честичките кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух, за што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, пак, поднесе кривична пријава.

На прес-конференцијата што се одржа на 12 јануари Арсовска изјави дека е регистрирано големо загадување во Цементарница УСЈЕ, но не наведе конкретни детали, по што од компанијата веднаш ја демантираа нагласувајќи дека нема отстапувања во параметрите кои се однесуваат на производниот процес, туку дека е регистирано надминување кај парниот котел што во тој период работи на мазут.

Имено, таа на тогашната прес-конфернеција посочи дека мерењата се извршени во два наврати и тоа на 26 и 27 декември минатата година и 3 и 4 јануари годинава.

– Во двата наврати измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух. Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец. Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час, потенцираше тогаш градоначалничката.

Според мерењата наместо дозволениот максимум од 50 микрограми на метар кубен, од оџакот се испуштале 121 микрограми на метар кубен на секој час. Забележано било и зголемен испуст на азотни оксиди за најмалку двапати, односно наместо дозволените 350 милиграми на метаркубен, се испуштале 711 милиграми на метар кубен секој час.

По поднесувањето на кривичната пријава и информациите кои излегоа во јавноста, побаравме став од директорот на ДИЖС Сретен Стојковски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како и од Цементарница УСЈЕ.

Стојковски за МИА нагласи дека Инспекторатот постапил согласно законот како и во претходните такви случаи, односно дека е поднесена прекршочна пријава со што се бара спогодување за казна од трета категорија за што паричниот надомест е во висина од 180.000 до 200.000 евра, како и казна за управителот од 10.000 евра. Исто така за УСЈЕ е издадено и решение со кое се предвидува компанијата да прекине да користи мазут за загревање, односно повторно да се користи гас. Тој додаде дека на 7 февруари ќе се спроведе спогодување со цел да се утврди казната.

– Во Цементарница УСЈЕ преминаа на греење на гас. Во тек се мерења на двата котели што ги користат за загревање и се прават мерења на сите емисиони точки во Цеметрницата. Така да за наредната недела, за 7 февруари е закажано спогодувањето при што е предвидена санкција до 200.000 евра. На спогодувањето ќе ја дадеме документацијата со којашто располагаме и мерењата. Од компанијата ќе ги кажат нивните аргументи и комисијата ќе донесе одлука во однос на висината на казната за Цементара и за управителот на фирмата. За управителот казната е 10.000 евра, наведе Стојковски.

Во однос на кривичната што ја поднесе Арсовска, Стојковски посочи дека не може да ги коментира постапките и изјавите на градоначалниката, но нагласи дека согласно Законот за тој прекршок до сега кај различни правни субјекти поднесувале барање за спогодување за казна од трета категорија за што санкцијата се движи од 180.000 до 200.000 евра.

– Тие треба парично да платат и имаат обврски согласно решението што го издал државниот инспектор за животна средина, си имаат преземено обврски по кои треба да постапат, а доколку не постапат по истите ќе покренеме и кривична постапка и постапка за одземање на дозволата, потенцираше директорот на ДИЖС.

Тој образложи дека во случаи, како што е случајот со УСЈЕ прво се оди на спогодување, а потоа на спроведување на решението и доколку уште еден пат се случи Цементара УСЈЕ повторно да направи такво загадување тогаш се покренува кривична постапка.

– Не може прво кривична постапка каде што во Законот е предвиден прекршок за тоа нарушување на животната средина. Точно конкретно е напишано за кој прекрошок каква казна следува, додаде Стојковски.

Министерот Нуредини во изјава за МИА, дециден дека сите инсталации кои имаат А Интегрирана дозвола мораат да работат во рамки на она што е пропишано со неа.

– Сите инсталации во државата мора да почитуваат законите и дозволите коишто тие ги добиваат од наши стручни лица во Министерството. Ако употребуваат нешто што не било предвидено во дозволата, треба да си ги сносат последиците, нагласи Нуредини.

Тој посочи дека откако е дојде на функција постојано зборува за промена на начинот на греење, односно за исфрлање на мазуот од употреба. Тој истакна дека тоа е стратегија на државата.

Министерот додаде дека во неговиот мандат е променет и Законот за казни за прекршоци кои се однесуваат на загадување на амбиенталниот воздух, односно дека е зголемата висината на казната. Претходно, највисоката казна за загадувачите изнесуваше 90.000 евра, сега истата може да достигне до 200.000 евра.

Нуредини посочи дека со новиот Закон за индустриски емисии сите правни субејкти кои поседуваат А – Интегрирана дозвола ќе бидат задолжени да поднесуваат извештаи за часовни мерења на емисиите.

Од УСЈЕ за МИА нагласија дека како одговорна компанија веднаш ги имплементирале препораките на ДИЖС.

Од компанијата посочија дека е направена замена на енергентот во котларата за загревање на просториите, каде повторно се користи природниот гас.

– УСЈЕ работи согласно пропишаната регулатива и ние во тие рамки ќе продолжиме со законски утврдената постапка за утврдување на состојбите и согласно на тоа прифаќање на мерките што ќе произлезат од истата. Нашата компанија веднаш ги имлементираше мерките што ги наложи ДИЖС, но останува фактот дека многу институции и приватни субјекти во Скопје користат мазут, а досега не сме информирани дека кај нив е направена контрола, ниту пак знаеме каков е ефектот од нивното работење врз околината. За жал, целата ситуација беше искористена во политички цели и бевме обвинети за состојби, кои се целосно невистинити и не се поврзани со нашето работење, истакнаа од Цементарница УСЈЕ.

Оттаму потенцираа дека сите активности во УСЈЕ се одвиваат под независен 24-часовен мониторинг систем од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании.

– Овој монтиторинг континуирано ги мери емисиите, а нема никакви можности за какви било влијанија врз него. Имено, во индустријата е познато дека производниот процес се одвива во строго определен режим и на него не може да се влијае. Тоа го потврдуваат фактите и научните истражувања и овие аспекти можат да се проверат. Таквите проверки потврдуваат дека УСЈЕ со својата работа не придонесува за состојбите со амбиенталниот воздух во главниот град, потенцираа од УСЈЕ.

Од компанијата неведоа дека поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, од окотомври минатата година за загревање на просториите се употребувал мазут.

– На крајот на октомври 2022, веднаш по пуштањето на котелот во работа, на барање на Цементарница УСЈЕ, акредитирана лабораторија направи контролни мерења на емисии во воздухот при работа на котелот со мазут, а резултатите од мерењата беа во рамки на Граничните Вредности на Емисии (ГВЕ). При вонредната контрола од страна на Инспекторат, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата, при нестабилна работа на котелот (температура и проток на гасови). Сакаме да потенцираме дека се работи само за еден параметар кој е над дозволените граници, потенцираа од УСЈЕ.

По сите случувата од Цементарница УСЈЕ секојдневно информираат за измерените параметри.

Скопје со години се соочува со висок праг на загадување на амбиенталниот воздух, особено во зимскиот период од годината. Според властите едно од трајните решенија за проблемот е промена на начинот на греење, односно изградба на гасовод.

The post УСЈЕ ќе плати до 200.000 евра казна, доколку и натаму загадува може да се соочи со одземање на дозволата appeared first on Република.

]]>

На 7 февруари ќе се спроведе спогодување за висината на цената која Цементарница УСЈЕ ќе ја плати како казна за загадување на амбиенталниот воздух. Висината на казната може да изнесува до 180.000 до 200.000 евра, а предвидена е и казна за управителот од 10.000 евра. Казната УСЈЕ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот инспекторат за животна средина. Компанијата по интервенцијата на ДИЖС веднаш премина на греење од мазут на гас, постапувајќи по решението на Инспекторатот, од каде за МИА велат дека во ваквите случаи според закон е предвидена прекршочна пријава, која доколку субјектот не ја испочитува се преминува кон кривична и кон постапка за одземање на дозволата. Инспектори од Град Скопје и од ДИЖС направија вонредни контроли во УСЈЕ при што утврдиле големо надминување на прагот на ПМ честичките кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух, за што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, пак, поднесе кривична пријава. На прес-конференцијата што се одржа на 12 јануари Арсовска изјави дека е регистрирано големо загадување во Цементарница УСЈЕ, но не наведе конкретни детали, по што од компанијата веднаш ја демантираа нагласувајќи дека нема отстапувања во параметрите кои се однесуваат на производниот процес, туку дека е регистирано надминување кај парниот котел што во тој период работи на мазут. Имено, таа на тогашната прес-конфернеција посочи дека мерењата се извршени во два наврати и тоа на 26 и 27 декември минатата година и 3 и 4 јануари годинава. – Во двата наврати измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух. Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец. Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час, потенцираше тогаш градоначалничката. Според мерењата наместо дозволениот максимум од 50 микрограми на метар кубен, од оџакот се испуштале 121 микрограми на метар кубен на секој час. Забележано било и зголемен испуст на азотни оксиди за најмалку двапати, односно наместо дозволените 350 милиграми на метаркубен, се испуштале 711 милиграми на метар кубен секој час. По поднесувањето на кривичната пријава и информациите кои излегоа во јавноста, побаравме став од директорот на ДИЖС Сретен Стојковски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како и од Цементарница УСЈЕ. Стојковски за МИА нагласи дека Инспекторатот постапил согласно законот како и во претходните такви случаи, односно дека е поднесена прекршочна пријава со што се бара спогодување за казна од трета категорија за што паричниот надомест е во висина од 180.000 до 200.000 евра, како и казна за управителот од 10.000 евра. Исто така за УСЈЕ е издадено и решение со кое се предвидува компанијата да прекине да користи мазут за загревање, односно повторно да се користи гас. Тој додаде дека на 7 февруари ќе се спроведе спогодување со цел да се утврди казната. – Во Цементарница УСЈЕ преминаа на греење на гас. Во тек се мерења на двата котели што ги користат за загревање и се прават мерења на сите емисиони точки во Цеметрницата. Така да за наредната недела, за 7 февруари е закажано спогодувањето при што е предвидена санкција до 200.000 евра. На спогодувањето ќе ја дадеме документацијата со којашто располагаме и мерењата. Од компанијата ќе ги кажат нивните аргументи и комисијата ќе донесе одлука во однос на висината на казната за Цементара и за управителот на фирмата. За управителот казната е 10.000 евра, наведе Стојковски. Во однос на кривичната што ја поднесе Арсовска, Стојковски посочи дека не може да ги коментира постапките и изјавите на градоначалниката, но нагласи дека согласно Законот за тој прекршок до сега кај различни правни субјекти поднесувале барање за спогодување за казна од трета категорија за што санкцијата се движи од 180.000 до 200.000 евра. – Тие треба парично да платат и имаат обврски согласно решението што го издал државниот инспектор за животна средина, си имаат преземено обврски по кои треба да постапат, а доколку не постапат по истите ќе покренеме и кривична постапка и постапка за одземање на дозволата, потенцираше директорот на ДИЖС. Тој образложи дека во случаи, како што е случајот со УСЈЕ прво се оди на спогодување, а потоа на спроведување на решението и доколку уште еден пат се случи Цементара УСЈЕ повторно да направи такво загадување тогаш се покренува кривична постапка. – Не може прво кривична постапка каде што во Законот е предвиден прекршок за тоа нарушување на животната средина. Точно конкретно е напишано за кој прекрошок каква казна следува, додаде Стојковски. Министерот Нуредини во изјава за МИА, дециден дека сите инсталации кои имаат А Интегрирана дозвола мораат да работат во рамки на она што е пропишано со неа. – Сите инсталации во државата мора да почитуваат законите и дозволите коишто тие ги добиваат од наши стручни лица во Министерството. Ако употребуваат нешто што не било предвидено во дозволата, треба да си ги сносат последиците, нагласи Нуредини. Тој посочи дека откако е дојде на функција постојано зборува за промена на начинот на греење, односно за исфрлање на мазуот од употреба. Тој истакна дека тоа е стратегија на државата. Министерот додаде дека во неговиот мандат е променет и Законот за казни за прекршоци кои се однесуваат на загадување на амбиенталниот воздух, односно дека е зголемата висината на казната. Претходно, највисоката казна за загадувачите изнесуваше 90.000 евра, сега истата може да достигне до 200.000 евра. Нуредини посочи дека со новиот Закон за индустриски емисии сите правни субејкти кои поседуваат А – Интегрирана дозвола ќе бидат задолжени да поднесуваат извештаи за часовни мерења на емисиите. Од УСЈЕ за МИА нагласија дека како одговорна компанија веднаш ги имплементирале препораките на ДИЖС. Од компанијата посочија дека е направена замена на енергентот во котларата за загревање на просториите, каде повторно се користи природниот гас. – УСЈЕ работи согласно пропишаната регулатива и ние во тие рамки ќе продолжиме со законски утврдената постапка за утврдување на состојбите и согласно на тоа прифаќање на мерките што ќе произлезат од истата. Нашата компанија веднаш ги имлементираше мерките што ги наложи ДИЖС, но останува фактот дека многу институции и приватни субјекти во Скопје користат мазут, а досега не сме информирани дека кај нив е направена контрола, ниту пак знаеме каков е ефектот од нивното работење врз околината. За жал, целата ситуација беше искористена во политички цели и бевме обвинети за состојби, кои се целосно невистинити и не се поврзани со нашето работење, истакнаа од Цементарница УСЈЕ. Оттаму потенцираа дека сите активности во УСЈЕ се одвиваат под независен 24-часовен мониторинг систем од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании. – Овој монтиторинг континуирано ги мери емисиите, а нема никакви можности за какви било влијанија врз него. Имено, во индустријата е познато дека производниот процес се одвива во строго определен режим и на него не може да се влијае. Тоа го потврдуваат фактите и научните истражувања и овие аспекти можат да се проверат. Таквите проверки потврдуваат дека УСЈЕ со својата работа не придонесува за состојбите со амбиенталниот воздух во главниот град, потенцираа од УСЈЕ. Од компанијата неведоа дека поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, од окотомври минатата година за загревање на просториите се употребувал мазут. – На крајот на октомври 2022, веднаш по пуштањето на котелот во работа, на барање на Цементарница УСЈЕ, акредитирана лабораторија направи контролни мерења на емисии во воздухот при работа на котелот со мазут, а резултатите од мерењата беа во рамки на Граничните Вредности на Емисии (ГВЕ). При вонредната контрола од страна на Инспекторат, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата, при нестабилна работа на котелот (температура и проток на гасови). Сакаме да потенцираме дека се работи само за еден параметар кој е над дозволените граници, потенцираа од УСЈЕ. По сите случувата од Цементарница УСЈЕ секојдневно информираат за измерените параметри. Скопје со години се соочува со висок праг на загадување на амбиенталниот воздух, особено во зимскиот период од годината. Според властите едно од трајните решенија за проблемот е промена на начинот на греење, односно изградба на гасовод.

The post УСЈЕ ќе плати до 200.000 евра казна, доколку и натаму загадува може да се соочи со одземање на дозволата appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе нема вода во Усје https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-kje-nema-voda-vo-usje/ Wed, 02 Nov 2022 07:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=568554

На 02.11.2022, поради дефект на затворач ф-150 мм на ул. „Борис Трајковски“ 10 /бб (Усје) , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Усје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

 

The post Денеска ќе нема вода во Усје appeared first on Република.

]]>

На 02.11.2022, поради дефект на затворач ф-150 мм на ул. „Борис Трајковски“ 10 /бб (Усје) , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Усје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.  

The post Денеска ќе нема вода во Усје appeared first on Република.

]]>
Пожар вo Цементарница Усје во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozar-vo-cementarnica-usje-vo-kisela-voda/ Sun, 21 Aug 2022 12:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=542568

Пожар избувнал во кругот на фабриката Цементарница Усје во Кисела Вода.

На терен интервенираат противпожарни возила и пожарникари.

Од првичните неофицијални информации, нема повредени. Најверојатно станува збор за спој на електрична енергија, поради што настанал пожарот.

Детали се најавуваат за подоцна во текот на денот.

The post Пожар вo Цементарница Усје во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Пожар избувнал во кругот на фабриката Цементарница Усје во Кисела Вода. На терен интервенираат противпожарни возила и пожарникари. Од првичните неофицијални информации, нема повредени. Најверојатно станува збор за спој на електрична енергија, поради што настанал пожарот. Детали се најавуваат за подоцна во текот на денот.

The post Пожар вo Цементарница Усје во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>