Урсула фон дер Лајен Archives - Република https://republika.mk/tema/ursula-fon-der-lajen/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 21:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Урсула фон дер Лајен Archives - Република https://republika.mk/tema/ursula-fon-der-lajen/ 32 32 ЕУ ќе прави „европска ЦИА“ – Урсула фон дер Лајен добила задача да ја формира агенцијата https://republika.mk/vesti/svet/eu-ke-pravi-evropska-tsia-ursula-fon-der-lajen-dobila-zadacha-da-ja-formira-agentsijata/ Thu, 31 Oct 2024 21:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=832949

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, доби задача да формира европска разузнавачка агенција, кја ќе ги координира тајните активности на земјите членки, нешто налик на ЦИА во САД.

Извештајот, напишан од поранешниот фински претседател Саули Ниинисто и објавен во средата, ја нагласува подготвеноста на ЕУ за војна и дава голем број нејасни препораки. На официјалните лица во Брисел им се советува, на пример, да негуваат „култура на подготвеност“ и да ги „зајакнат цивилно-воените координативни рамки“.

Една од конкретните препораки е ЕУ да создаде „полноправна служба за соработка на разузнавачките служби, кои ќе им служат на сите институции во ЕУ и на државите членки“. Агенцијата би ги собирала податоците од разузнавачките агенции на национални ниво за да послужат за стратешките и оперативните потреби на планирање на политиката и носење одлуки на ниво на ЕУ.

Предлог агенцијата „Политико“ ја опиша како „шпионска служба во стилот на ЦИА“. Во извештајот не се споменува дека таа би требало да изведува тајни операции надвор од границите на ЕУ, што е улогата на ЦИА.

Фон дер Лајен призна дека земјите-членки веројатно не сакаат да дозволат бриселските бирократи да ги надгледуваат нивните разузнавачки сектори. Засега, рече таа, ЕУ наместо тоа ќе се фокусира на „зајакнување на размената на информации“.

The post ЕУ ќе прави „европска ЦИА“ – Урсула фон дер Лајен добила задача да ја формира агенцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, доби задача да формира европска разузнавачка агенција, кја ќе ги координира тајните активности на земјите членки, нешто налик на ЦИА во САД. Извештајот, напишан од поранешниот фински претседател Саули Ниинисто и објавен во средата, ја нагласува подготвеноста на ЕУ за војна и дава голем број нејасни препораки. На официјалните лица во Брисел им се советува, на пример, да негуваат „култура на подготвеност“ и да ги „зајакнат цивилно-воените координативни рамки“. Една од конкретните препораки е ЕУ да создаде „полноправна служба за соработка на разузнавачките служби, кои ќе им служат на сите институции во ЕУ и на државите членки“. Агенцијата би ги собирала податоците од разузнавачките агенции на национални ниво за да послужат за стратешките и оперативните потреби на планирање на политиката и носење одлуки на ниво на ЕУ. Предлог агенцијата „Политико“ ја опиша како „шпионска служба во стилот на ЦИА“. Во извештајот не се споменува дека таа би требало да изведува тајни операции надвор од границите на ЕУ, што е улогата на ЦИА. Фон дер Лајен призна дека земјите-членки веројатно не сакаат да дозволат бриселските бирократи да ги надгледуваат нивните разузнавачки сектори. Засега, рече таа, ЕУ наместо тоа ќе се фокусира на „зајакнување на размената на информации“.

The post ЕУ ќе прави „европска ЦИА“ – Урсула фон дер Лајен добила задача да ја формира агенцијата appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-kosovo-treba-da-prezeme-dopolnitelni-chekori-za-mu-se-ukinat-sanktsiite-od-eu/ Sat, 26 Oct 2024 12:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=831257

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, Фон дер Лајен рече дека заедно со косовските лидери се посветени на остварување на овие цели.

Таа го оцени како позитивен чекор отворањето на граничниот премин со Србија, Мердар за премин на српска стока.

Многу е важно да работиме заедно, а ние го поздравивме отворањето на границата и напредокот во ЦЕФТА. По ова треба да работиме на понатамошни чекори за да дојдеме до точка каде што ќе може да се укинат мерките и тоа ќе помогне да се убеди земјите-членки, затоа што, како што знаете, сите земји-членки мора да се договорат за укинување на мерките. Ние двете (Фон дер Лајен и Османи) сме посветени на изнаоѓање на потребните чекори за постигнување на овие цели. Важно е да го видиме Косово како наш партнер и да го овозможиме патот на Косово кон ЕУ - рече таа.

Косово е под мерки на ЕУ од јуни минатата година по немирите во општините водени од градоначалници Албанци на косовскиот север, населен со српско мнозинство. За тогашните инциденти меѓународните претставници ја обвинија Владата на Албин Курти, забележувајќи ѝ дека не презела чекори за смирување на ситуацијата.

Фон дер Лајен пред новинарите во Приштина истакна дека проширувањето на ЕУ ќе биде на врвот на агендата во нејзиниот втор мандат како претседателка на ЕК и дека е посветена на земјите од Западен Балкан да им ги обезбеди сите потребни алатки за членство во ЕУ.

„Знам дека во последните години Косово напорно работеше на зајакнување на демократијата и владеењето на правото и сакам да ве уверам вас и Косово дека во мојот втор мандат, проширувањето ќе биде на врвот на агендата. За мене тоа е еден од најголемите проекти. Поради оваа причина, ќе работиме заедно за да одиме напред бидејќи јас сум посветена на иднината во која сите земји од Западен Балкан ќе ги имаат сите потребни алатки и инструменти за да го направат ова реалност“, изјави Фон дер Лајен.

Од Косово, претседателката на Европската комисија денеска ќе отпатува за Подгорица, каде што ќе ја заврши нејзината четиридневна турнеја на регионот, која започна во средата, на 23 октомври, со посета на Албанија.

Од Тирана, Фон дер Лајен во четвртокот допатува во Скопје, а истиот ден, по средбите со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски, отпатува за Босна и Херцеговина, каде што ги посети областите погодени од неодамнешните поплави.

Од Сараево Фон дер Лајен вчера замина за Белград, каде што имаше средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

The post Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, Фон дер Лајен рече дека заедно со косовските лидери се посветени на остварување на овие цели. Таа го оцени како позитивен чекор отворањето на граничниот премин со Србија, Мердар за премин на српска стока. Многу е важно да работиме заедно, а ние го поздравивме отворањето на границата и напредокот во ЦЕФТА. По ова треба да работиме на понатамошни чекори за да дојдеме до точка каде што ќе може да се укинат мерките и тоа ќе помогне да се убеди земјите-членки, затоа што, како што знаете, сите земји-членки мора да се договорат за укинување на мерките. Ние двете (Фон дер Лајен и Османи) сме посветени на изнаоѓање на потребните чекори за постигнување на овие цели. Важно е да го видиме Косово како наш партнер и да го овозможиме патот на Косово кон ЕУ - рече таа. Косово е под мерки на ЕУ од јуни минатата година по немирите во општините водени од градоначалници Албанци на косовскиот север, населен со српско мнозинство. За тогашните инциденти меѓународните претставници ја обвинија Владата на Албин Курти, забележувајќи ѝ дека не презела чекори за смирување на ситуацијата. Фон дер Лајен пред новинарите во Приштина истакна дека проширувањето на ЕУ ќе биде на врвот на агендата во нејзиниот втор мандат како претседателка на ЕК и дека е посветена на земјите од Западен Балкан да им ги обезбеди сите потребни алатки за членство во ЕУ. „Знам дека во последните години Косово напорно работеше на зајакнување на демократијата и владеењето на правото и сакам да ве уверам вас и Косово дека во мојот втор мандат, проширувањето ќе биде на врвот на агендата. За мене тоа е еден од најголемите проекти. Поради оваа причина, ќе работиме заедно за да одиме напред бидејќи јас сум посветена на иднината во која сите земји од Западен Балкан ќе ги имаат сите потребни алатки и инструменти за да го направат ова реалност“, изјави Фон дер Лајен. Од Косово, претседателката на Европската комисија денеска ќе отпатува за Подгорица, каде што ќе ја заврши нејзината четиридневна турнеја на регионот, која започна во средата, на 23 октомври, со посета на Албанија. Од Тирана, Фон дер Лајен во четвртокот допатува во Скопје, а истиот ден, по средбите со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски, отпатува за Босна и Херцеговина, каде што ги посети областите погодени од неодамнешните поплави. Од Сараево Фон дер Лајен вчера замина за Белград, каде што имаше средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

The post Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-ja-otkazha-sredbata-so-premierot-na-srbija-bidejki-se-sretnal-so-ruski-minister/ Fri, 25 Oct 2024 20:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=831085

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, јави Н1 Хрватска повикувајќи се на белградски медиуми.

Фон дер Лајен пристигна во Белград во рамките на својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, а претходно денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека длабоко верува оти иднината на Србија е во Европската Унија, но конкретно не го процени времето на можниот прием, нагласувајќи дека тоа е „процес на усогласување со ЕУ, кој го дефинира процесот на пристапување“ на секоја земја поединечно.

Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

- Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација, додаде Жофре и, според извештајот на агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“.

The post Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, јави Н1 Хрватска повикувајќи се на белградски медиуми. Фон дер Лајен пристигна во Белград во рамките на својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, а претходно денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека длабоко верува оти иднината на Србија е во Европската Унија, но конкретно не го процени времето на можниот прием, нагласувајќи дека тоа е „процес на усогласување со ЕУ, кој го дефинира процесот на пристапување“ на секоја земја поединечно. Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.
- Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација, додаде Жофре и, според извештајот на агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“.

The post Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер appeared first on Република.

]]>
Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има https://republika.mk/vesti/makedonija/nikovski-finansiskata-pomosh-koja-ja-najavi-fon-der-lajen-e-uteshna-nagrada-bidejki-proshiruvane-nema-da-ima/ Fri, 25 Oct 2024 11:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=830950

Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова стратегија за регионот која по многу нешта не вклучува и проширување.

Оваа финансиска помош која се нуди е утешна награда бидејќи на еден или друг начин сме во некаква втора лига, коментира за „Република“ поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Тој потсетува дека Макрон формира европска политичка заедница која веќе наголемо функционира со околу 40 членки, додека Фон дер Лајен ни презентираше четири столба од кои последниот е токму финаниска помош.

Малку се знае дека во новата преговарачка рамка измислена од Макрон еден од главните критериуми е компатибилно ниво на развој на кандидатите со членките на Унијата.Тој услов може да се објективно да се исполни за 20, 30 или повеќе години.Целта на оваа финансиска помош е т.н „план за раст“, токму за да се постигне таа цел-вели Никовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-skopje-donese-morkov-od-52-milioni-evra-i-potsetnik-za-ustavni-izmeni/

Како што вчера најави првиот човек на ЕК помошта за Македонија треба да почне со 52 милиони евра до крајот на годината од вкупно 750 милиони евра според Планот за раст.

The post Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има appeared first on Република.

]]>

Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова стратегија за регионот која по многу нешта не вклучува и проширување. Оваа финансиска помош која се нуди е утешна награда бидејќи на еден или друг начин сме во некаква втора лига, коментира за „Република“ поранешниот амбасадор Ристо Никовски. Тој потсетува дека Макрон формира европска политичка заедница која веќе наголемо функционира со околу 40 членки, додека Фон дер Лајен ни презентираше четири столба од кои последниот е токму финаниска помош.
Малку се знае дека во новата преговарачка рамка измислена од Макрон еден од главните критериуми е компатибилно ниво на развој на кандидатите со членките на Унијата.Тој услов може да се објективно да се исполни за 20, 30 или повеќе години.Целта на оваа финансиска помош е т.н „план за раст“, токму за да се постигне таа цел-вели Никовски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-skopje-donese-morkov-od-52-milioni-evra-i-potsetnik-za-ustavni-izmeni/ Како што вчера најави првиот човек на ЕК помошта за Македонија треба да почне со 52 милиони евра до крајот на годината од вкупно 750 милиони евра според Планот за раст.    

The post Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен во Скопје донесе „морков“ од 52 милиони евра и потсетник за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-skopje-donese-morkov-od-52-milioni-evra-i-potsetnik-za-ustavni-izmeni/ Fri, 25 Oct 2024 10:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=830891

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен покажа дека Брисел го цени она што досега го направи владата на полето на евроинтеграциите. Доказ за тоа се парите што ќе ги добие Македонија oд планот на ЕУ за раст за Западаниот Балкан.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikovski-finansiskata-pomosh-koja-ja-najavi-fon-der-lajen-e-uteshna-nagrada-bidejki-proshiruvane-nema-da-ima/

Сепак во однос на главната пречка за почнување на преговорите а тоа се уставните измени, Скопје и Брисел имаат различни гледишта.

Премиерот Мицкоски е согласен дека можеме веднаш да ја направиме промената на Уставот и да ги вметнеме Бугарите но примената да има одложено дејство, односно откако Бугарија ќе го ратификува договорот за членство во ЕУ.

Според Мицкоски, Македонија не смее да си дозволи повторно да биде понижена и дека ЕУ мора да гарантира дека по отворањето на преговорите да биде блокирана повторно со услов кој не е поврзан со поглавјата туку со прашања од историјата и минатото.

На вчерашната средба Фон дер Лајен не го коментираше предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство туку само ги употреби познатите фрази дека „ќе бидат со нас и оти ја имаме нивната поддршка“.

Новинарот Христо Ивановски во својата колумна за Нова Македонија“ ја коментира посетата на високата претставничка на ЕУ дека таа донесе со себе „отровен чешел или отровно јаболко“.

Според Урсула, нејзината посета на Балканот значи дека нејзината ЕК му дава големо внимание на процесот на проширување, вратите остануваат отворени, а можно е некој да влезе во елитниот клуб во 2030 година.Таа покажува внимание за Балканот, европската црна дупка без која Европа не би била цела (така викаат од Брисел), ама никако да ја пополни таа дупка. Таман ќе дојде време, а дупката се проширила, сега отишла кон Молдавија, Грузија, Украина-коментира Ивановски.

The post Фон дер Лајен во Скопје донесе „морков“ од 52 милиони евра и потсетник за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен покажа дека Брисел го цени она што досега го направи владата на полето на евроинтеграциите. Доказ за тоа се парите што ќе ги добие Македонија oд планот на ЕУ за раст за Западаниот Балкан. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikovski-finansiskata-pomosh-koja-ja-najavi-fon-der-lajen-e-uteshna-nagrada-bidejki-proshiruvane-nema-da-ima/ Сепак во однос на главната пречка за почнување на преговорите а тоа се уставните измени, Скопје и Брисел имаат различни гледишта. Премиерот Мицкоски е согласен дека можеме веднаш да ја направиме промената на Уставот и да ги вметнеме Бугарите но примената да има одложено дејство, односно откако Бугарија ќе го ратификува договорот за членство во ЕУ. Според Мицкоски, Македонија не смее да си дозволи повторно да биде понижена и дека ЕУ мора да гарантира дека по отворањето на преговорите да биде блокирана повторно со услов кој не е поврзан со поглавјата туку со прашања од историјата и минатото. На вчерашната средба Фон дер Лајен не го коментираше предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство туку само ги употреби познатите фрази дека „ќе бидат со нас и оти ја имаме нивната поддршка“. Новинарот Христо Ивановски во својата колумна за Нова Македонија“ ја коментира посетата на високата претставничка на ЕУ дека таа донесе со себе „отровен чешел или отровно јаболко“.
Според Урсула, нејзината посета на Балканот значи дека нејзината ЕК му дава големо внимание на процесот на проширување, вратите остануваат отворени, а можно е некој да влезе во елитниот клуб во 2030 година.Таа покажува внимание за Балканот, европската црна дупка без која Европа не би била цела (така викаат од Брисел), ама никако да ја пополни таа дупка. Таман ќе дојде време, а дупката се проширила, сега отишла кон Молдавија, Грузија, Украина-коментира Ивановски.

The post Фон дер Лајен во Скопје донесе „морков“ од 52 милиони евра и потсетник за уставни измени appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес-конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-mitskoski-i-fon-der-lajen/ Thu, 24 Oct 2024 10:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=830519

Следете ја во живо заедничката прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен:

https://www.youtube.com/live/FWNNITJprCg?si=gl8-hBPL08vOFXvI

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Следете ја во живо заедничката прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен: https://www.youtube.com/live/FWNNITJprCg?si=gl8-hBPL08vOFXvI

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-ja-precheka-pretsedatelkata-na-ek-ursula-fon-der-lajen/ Thu, 24 Oct 2024 09:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=830463

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.

Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен во Владата.

Според најавите, за време на посетата на Скопје Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.

https://www.youtube.com/live/4NoYZJC__00?si=KvYM2RqRXvxpUjzf

The post Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан. Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации. По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен во Владата. Според најавите, за време на посетата на Скопје Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра. Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот. https://www.youtube.com/live/4NoYZJC__00?si=KvYM2RqRXvxpUjzf

The post Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-poseta-na-skopje-na-sredbi-so-silanovska-davkova-i-mitskoski/ Thu, 24 Oct 2024 06:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=830359

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје.

Според најавите, за време на посетата на земјава Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Во пресрет на посетата на Фин дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.

Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, што и го докажавме во текот на првиот мандат, а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.

Фон дер Лајен во Скопје ќе допатува во Тирана, каде претпладнево ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Својата балканска турнеја таа и ја започна од Тирана, каде вчера имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа. По средбата со Рама, Фон дер Лајен најави дека Европската комисија следната недела ќе ги објави извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Фон дер Лајен од Скопје попладнево ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави. Утре претпладне таа во Сараево ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе замине за Белград на средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

В сабота Фон дер Лајен ќе престојува во Приштина, каде ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, по што ќе отпатува за Подгорица на средби со шефот на црногорската држава Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

Овонеделната посета на Фон дер Лајен доаѓа по онаа од пред година кога во регионот го промовираше Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан. Во меѓу време таа во неколку наврати имаше средби со лидерите од земјите од регионот, од кои последните се одржаа минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес во Берлин и на Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември.

На овие средби Фон дер Лајен го истакнуваше значењето на регионот за Европската Унија и на посветеноста на блокот за поддршка на земјите од Западниот Балкан во спроведувањето на реформите и трасирањето на патот кон членство во Унијата.

The post Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје. Според најавите, за време на посетата на земјава Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на посетата на Фин дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра. Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.
Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, што и го докажавме во текот на првиот мандат, а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.
Фон дер Лајен во Скопје ќе допатува во Тирана, каде претпладнево ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Својата балканска турнеја таа и ја започна од Тирана, каде вчера имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа. По средбата со Рама, Фон дер Лајен најави дека Европската комисија следната недела ќе ги објави извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. Фон дер Лајен од Скопје попладнево ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави. Утре претпладне таа во Сараево ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе замине за Белград на средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ. В сабота Фон дер Лајен ќе престојува во Приштина, каде ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, по што ќе отпатува за Подгорица на средби со шефот на црногорската држава Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ. Овонеделната посета на Фон дер Лајен доаѓа по онаа од пред година кога во регионот го промовираше Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан. Во меѓу време таа во неколку наврати имаше средби со лидерите од земјите од регионот, од кои последните се одржаа минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес во Берлин и на Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември. На овие средби Фон дер Лајен го истакнуваше значењето на регионот за Европската Унија и на посветеноста на блокот за поддршка на земјите од Западниот Балкан во спроведувањето на реформите и трасирањето на патот кон членство во Унијата.

The post Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-izveshtajot-za-napredokot-na-zemjite-ke-bide-objaven-slednata-nedela-albanija-so-odlichni-rezultati/ Wed, 23 Oct 2024 17:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=830295

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Тирана,  изјави дека следната недела Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на проширувањето, каде Албанија постигна одлични резултати.

-Знаеме дека процесот да се стане земја-членка за отворање преговори е многу јасен, детален и транспарентен. Следната недела Комисијата ќе го објави извештајот за проширувањето за секоја земја кандидат. Резултатите за Албанија се одлични. Сите земји членки во овој процес продолжуваат според нивната позиција, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама.

Таа додаде дека Албанија е на „добар пат за влез во Европската Унија“, дека отворањето на преговорите за Албанија е успех на долгогодишна работа покажа визија, и оти проширувањето на Европската Унија ќе биде приоритет во нејзиниот нов мандат.

Фон дер Лајен истакна дека од планот за раст за Западен Балкан Албанија ќе добие 920 милиони евра.

Од своја страна Рама искажа голема благодарност до претседателката на ЕК, за „ безрезервната поддршка“, додаде дека „неговата земја е одлучна на својот пат кон интеграција и дека ова е единствената точка каде Албанците, кои се најевропски народ не се поделени“ и рече дека „местото на Албанија е во ЕУ“.

-Денеска е многу посебен ден и денеска нема да ја повторите реченицата со која ги затворавте сите претходни прес-конференции: сакаме да започнеме преговори. Денеска дојдовте во Албанија затоа што сега Албанија седи на преговарачка маса за преговори и ја отвори првата група која влегува во новата фаза, а кога повторно ќе дојдете на конференцијата сакаме да дојдете да кажете дека сакаме членство на Албанија во ЕУ. Ние сме многу решени за ова, нашиот преговарачки тим во Брисел покажа дека е на висина на задачата. Знаеме дека предизвикот станува тежок и дека сега почнува работата. Добредојдовте во најпро-ЕУ земја во Европа, рече Рама.

Тој истакна дека Албанија веќе не е изолирана земја во светот, туку тесно соработува со Европската Унија и другите сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.

-Албанија има уште многу планини што треба да ги надмине додека не го достигне највисокиот врв, а тоа е членството, а ние мора да го достигнеме тоа во оваа деценија. Сакаме да бидеме подготвени во оваа деценија. Ако сме подготвени до 2030 година да бидеме членки на ЕУ, тоа значи дека за Албанија и Албанците ќе има држава која ќе функционира како држава на ЕУ и тоа е најважно за мене и за сите нас, рече тој .

На новинарско прашање во врска со договорот Албанија-Италија за мигрантите, таа рече дека нема да го коментира.  И на прашањето за апсењето на поранешниот албански претседател Илир Мета го даде речиси истиот одговор.
-Нема да коментирам за судските постапки. Ние соработуваме со Албанија за судските реформи, но тоа нема никаква врска со поединечни случаи, рече таа.

За апсењето на Мета не сакаше да коментира и Рама, додавајќи дека тоа е „работа на албанските независни судски инстанци“.

The post Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Тирана,  изјави дека следната недела Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на проширувањето, каде Албанија постигна одлични резултати.
-Знаеме дека процесот да се стане земја-членка за отворање преговори е многу јасен, детален и транспарентен. Следната недела Комисијата ќе го објави извештајот за проширувањето за секоја земја кандидат. Резултатите за Албанија се одлични. Сите земји членки во овој процес продолжуваат според нивната позиција, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама.
Таа додаде дека Албанија е на „добар пат за влез во Европската Унија“, дека отворањето на преговорите за Албанија е успех на долгогодишна работа покажа визија, и оти проширувањето на Европската Унија ќе биде приоритет во нејзиниот нов мандат. Фон дер Лајен истакна дека од планот за раст за Западен Балкан Албанија ќе добие 920 милиони евра. Од своја страна Рама искажа голема благодарност до претседателката на ЕК, за „ безрезервната поддршка“, додаде дека „неговата земја е одлучна на својот пат кон интеграција и дека ова е единствената точка каде Албанците, кои се најевропски народ не се поделени“ и рече дека „местото на Албанија е во ЕУ“.
-Денеска е многу посебен ден и денеска нема да ја повторите реченицата со која ги затворавте сите претходни прес-конференции: сакаме да започнеме преговори. Денеска дојдовте во Албанија затоа што сега Албанија седи на преговарачка маса за преговори и ја отвори првата група која влегува во новата фаза, а кога повторно ќе дојдете на конференцијата сакаме да дојдете да кажете дека сакаме членство на Албанија во ЕУ. Ние сме многу решени за ова, нашиот преговарачки тим во Брисел покажа дека е на висина на задачата. Знаеме дека предизвикот станува тежок и дека сега почнува работата. Добредојдовте во најпро-ЕУ земја во Европа, рече Рама.
Тој истакна дека Албанија веќе не е изолирана земја во светот, туку тесно соработува со Европската Унија и другите сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.
-Албанија има уште многу планини што треба да ги надмине додека не го достигне највисокиот врв, а тоа е членството, а ние мора да го достигнеме тоа во оваа деценија. Сакаме да бидеме подготвени во оваа деценија. Ако сме подготвени до 2030 година да бидеме членки на ЕУ, тоа значи дека за Албанија и Албанците ќе има држава која ќе функционира како држава на ЕУ и тоа е најважно за мене и за сите нас, рече тој .
На новинарско прашање во врска со договорот Албанија-Италија за мигрантите, таа рече дека нема да го коментира.  И на прашањето за апсењето на поранешниот албански претседател Илир Мета го даде речиси истиот одговор. -Нема да коментирам за судските постапки. Ние соработуваме со Албанија за судските реформи, но тоа нема никаква врска со поединечни случаи, рече таа. За апсењето на Мета не сакаше да коментира и Рама, додавајќи дека тоа е „работа на албанските независни судски инстанци“.

The post Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати appeared first on Република.

]]>
Мицкоски утре ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-utre-ke-ja-precheka-i-ke-bide-domakin-na-ursula-fon-der-lajen-pretsedatelka-na-evropskata-komisija/ Wed, 23 Oct 2024 14:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=830245

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре со почеток во 11:20 часот ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија.

Во рамки на посетата во 11:30 часот предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен.

Воедно, во 11:50 часот ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

Потоа, во 12:40 часот предвидена е заедничка прес- конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.

The post Мицкоски утре ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре со почеток во 11:20 часот ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија. Во рамки на посетата во 11:30 часот предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен. Воедно, во 11:50 часот ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации. Потоа, во 12:40 часот предвидена е заедничка прес- конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.

The post Мицкоски утре ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија appeared first on Република.

]]>
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-ek-ursula-fon-der-lajen-v-chetvrtok-vo-skopje/ Tue, 22 Oct 2024 16:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=829968

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, каде со лидерите ќе разговара за напредокот на Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра.

https://republika.mk/vesti/skopje/chetvrtok-naoruzhete-se-so-nervi-poseben-rezhim-na-soobrakaj-poradi-poseta-na-fon-der-lajen/

По посетата на Тирана, Фон дер Лајен в четврток ќе допатува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, предвидено е претседателката Фон дер Лајен и премиерот Мицкоски да одржат прес-конференција во Владата.

По посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе замине за Босна и Херцеговина.

Овогодинашната посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, што беше потврдено од претседателката Фон дер Лајен во неколку наврати, вклучително и неодамна на Самитот на Берлинскиот процес и на Бледскиот стратешки форум, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

The post Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, каде со лидерите ќе разговара за напредокот на Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра. https://republika.mk/vesti/skopje/chetvrtok-naoruzhete-se-so-nervi-poseben-rezhim-na-soobrakaj-poradi-poseta-na-fon-der-lajen/ По посетата на Тирана, Фон дер Лајен в четврток ќе допатува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, предвидено е претседателката Фон дер Лајен и премиерот Мицкоски да одржат прес-конференција во Владата. По посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе замине за Босна и Херцеговина.
Овогодинашната посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, што беше потврдено од претседателката Фон дер Лајен во неколку наврати, вклучително и неодамна на Самитот на Берлинскиот процес и на Бледскиот стратешки форум, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

The post Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје appeared first on Република.

]]>
В четврток наоружете се со нерви, посебен режим на сообраќај поради посета на Фон дер Лајен https://republika.mk/vesti/skopje/v-chetvrtok-naoruzhete-se-so-nervi-poseben-rezhim-na-soobrakaj-poradi-poseta-na-fon-der-lajen/ Tue, 22 Oct 2024 14:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=829945

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 24.10.2024 (четврток) поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

The post В четврток наоружете се со нерви, посебен режим на сообраќај поради посета на Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 24.10.2024 (четврток) поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

The post В четврток наоружете се со нерви, посебен режим на сообраќај поради посета на Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен почнува балканска турнеја, во четврток ќе биде во Скопје https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-pochnuva-balkanska-turneja-vo-chetvrtok-ke-bide-vo-skopje/ Fri, 18 Oct 2024 20:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=828637

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави.

В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.

В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.

В петок таа ќе отпатува за Србија, а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.

The post Фон дер Лајен почнува балканска турнеја, во четврток ќе биде во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави. В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа. В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина. В петок таа ќе отпатува за Србија, а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.

The post Фон дер Лајен почнува балканска турнеја, во четврток ќе биде во Скопје appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Смртта на Синвар значително го ослабува Хамас https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-smrtta-na-sinvar-znachitelno-go-oslabuva-hamas/ Fri, 18 Oct 2024 09:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=828395

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оцени дека убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за еден од главните организатори на нападите врз Израел минатата година, значително ќе го ослабне Хамас.

Неговата смрт сигурно значително го ослабува Хамас, изјави Фон дер Лајен на прес-конференција, по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Таа го опиша Синвар како водач на терористичка организација кој бил „мозок“ на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, пренесува „Политико“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека Синвар е „одговорен за страдањата на луѓето во Газа поради неговите постапки“ како еден од главните организатори на нападот на Хамас врз Израел минатата година.

Фон дер Лајен и Мишел повикаа и на прекин на огнот во Појасот Газа, каде според проценките на ОН, речиси два милиони луѓе се соочуваат со „екстремно критични“ нивоа на глад како резултат на израелската воена офанзива.

Неколку западни лидери по убиството на Синвар, повикаа на ослободување на заложниците и крај на војната во Појасот Газа и повторно го осудија нападот врз Израел на 7 октомври минатата година.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека „нема да му недостига“ водачот на милитантите, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека земјата бара ослободување на сите заложници кои се уште се во Газа, пренесува Танјуг.

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претседател на САД, Камала Харис оцени дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.

Хамас уби околу 1.200 луѓе во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и зеде околу 250 заложници во Појасот Газа, по што Израел започна офанзива во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.

The post Фон дер Лајен: Смртта на Синвар значително го ослабува Хамас appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оцени дека убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за еден од главните организатори на нападите врз Израел минатата година, значително ќе го ослабне Хамас. Неговата смрт сигурно значително го ослабува Хамас, изјави Фон дер Лајен на прес-конференција, по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел. Таа го опиша Синвар како водач на терористичка организација кој бил „мозок“ на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, пренесува „Политико“. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека Синвар е „одговорен за страдањата на луѓето во Газа поради неговите постапки“ како еден од главните организатори на нападот на Хамас врз Израел минатата година. Фон дер Лајен и Мишел повикаа и на прекин на огнот во Појасот Газа, каде според проценките на ОН, речиси два милиони луѓе се соочуваат со „екстремно критични“ нивоа на глад како резултат на израелската воена офанзива. Неколку западни лидери по убиството на Синвар, повикаа на ослободување на заложниците и крај на војната во Појасот Газа и повторно го осудија нападот врз Израел на 7 октомври минатата година. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека „нема да му недостига“ водачот на милитантите, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека земјата бара ослободување на сите заложници кои се уште се во Газа, пренесува Танјуг. Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претседател на САД, Камала Харис оцени дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа. Хамас уби околу 1.200 луѓе во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и зеде околу 250 заложници во Појасот Газа, по што Израел започна офанзива во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.

The post Фон дер Лајен: Смртта на Синвар значително го ослабува Хамас appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Поддршката за Украина единствениот пат за постигнување праведен мир https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-poddrshkata-za-ukraina-edinstveniot-pat-za-postignuvane-praveden-mir/ Wed, 09 Oct 2024 12:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=824690

Има само еден пат за постигнување праведен мир и за Украина и за Европа, а тоа е да продолжиме да го зајакнуваме украинскиот отпор со политичка, финансиска и воена поддршка, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќање пред Европарламентот во Стразбур за време на дебатата за приоритетите на унгарското претседателство со ЕУ.

– Минатиот месец во Киев објавив дека ќе обезбедиме до 35 милијарди евра заем за Украина, како дел од 50-те милијарди долари што ги вети Г7. Овој заем ќе биде исплатен од непланираните профити на замрзнатите руски средства и тие директно ќе се влеат во националниот буџет на Украина. Со ова ја тераме Русија да плати за штетата што ја предизвика и ќе ја поддржуваме Украина во текот на оваа зима онолку колку што ќе биде потребно, истакна Фон дер Лајен.

Таа се осврна на актуелната состојба во Украина, посочувајќи на зголемениот интензитет на руски напади, што резултираше со голем број загинати и ранети и уништувања на објекти и инфраструктура.

– Светот беше сведок на злосторствата на руската војна, а сепак, се уште има некои кои за оваа војна не го обвинуваат напаѓачот, туку нападнатиот… Ние Европејците можеби имаме различни истории и различни јазици, но не постои европски јазик во кој мирот е синоним за предавање, а суверенитетот синоним за окупација. Народот на Украина се бори за слобода, исто како хероите кои ја ослободија Централна и Источна Европа од советската власт, потенцира претседателката на ЕК.

Говорејќи за останатите приоритети на унгарското претседателство, покрај Украина, Фон дер Лајен порача дека во рамки на напорите за зајакнување на конкурентноста, ЕУ мора да се посвети на намалување на инвестицискиот јас меѓу неа и другите големи економии и на бариерите кои го ограничуваат ширењето на компаниите надвор од европскиот пазар.

– Но, она што исто така го гледаме, е дека една влада во нашата Унија оди во сосема спротивна насока, оддалечувајќи се од единствениот пазар. Како може една Влада да привлече повеќе европски инвестиции, ако во исто време ги дискриминира европските компании со тоа што ги оданочува повеќе од другите? Како може да привлече повеќе компании ако во исто време преку ноќ воведува извозни ограничувања? И како може европските бизниси да ѝ веруваат на Влада ако таа ги таргетира со произволни инспекции, им ги блокира дозволите и ако јавните договори главно одат на мала група корисници?, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ваквите политики на унгарската Влада само создаваат несигурност и ја поткопуваат довербата на инвеститорите, во време кога нејзините соседи од Централна Европа ја надминаа Унгарија по висината на БДП по глава на жител.

– Унгарија е во срцето на Европа, а треба да биде и во срцето на нашата економија. Унгарскиот народ треба да ги ужива сите придобивки од нашиот единствен пазар, нагласи Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК се осврна и на потребата од диверзификација на изворите на енергенси и потребата од прекин на зависноста од, како што рече, „валканите руски фосилни горива“.

– Изградивме инфраструктура и нови врски со доверливи партнери. Во првата половина од годината, 50 отсто од целото наше производство на електрична енергија дојде од домашни обновливи извори, од нашата сопствена енергија, што создаде нови работни места во Европа, а не во Русија, истакна Фон дер Лајен.

Сепак, според неа, некои земји членки на ги спроведоа договорените обврски во оваа сфера. а една земја членка „наместо да бара алтернативни извори, бараше алтернативни начини за купување фосилни горива од Русија“.

– Русија постојано докажува дека едноставно не е сигурен снабдувач. Повеќе не може да има изговори. Кој сака европска енергетска безбедност, прво и основно треба да придонесе за неа. Тоа е правилото што треба да го следиме, нагласи таа.

Во врска со проблемот со миграцијата, претседателката на Еврокомисијата истакна дека тој претставува „европски предизвик, кој бара европски одговор“ и затоа мора де биде спроведен Новиот пакт за миграција и азил на ЕУ.

– Сите сакаме подобро да ги заштитиме нашите надворешни граници. Но, ќе бидеме успешни само ако работиме заедно против организираниот криминал и покажеме солидарност меѓу себе. И кога зборуваме за тоа кого да пуштиме внатре: како може унгарската Влада да поканува руски државјани во нашата Унија без дополнителни безбедносни проверки? Со ова, новата унгарска визна шема создава безбедносен ризик, не само за Унгарија, туку и за сите земји членки. И како може унгарската Влада да дозволи кинеската полиција да дејствува на нејзина територија? Тоа не е одбрана на суверенитетот на Европа. Тоа е создавање можност за странско мешање на мала врата, потенцира Фон дер Лајен, додавајќи дека е потребно зајакнување на Фронтекс и Европол, финализирање на законодавството на ЕУ за борба против шверцот на луѓе и целосна имплементација на Пактот за миграција и азил.

Фон дер Лајен му се обрати и на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше присутен на дебатата, во врска со неговите изјави за миграцијата дадени претходниов викендот.

– Рековте дека Унгарија ги „штити своите граници“ и дека „криминалците се затворени“ во Унгарија. Само се прашувам, како оваа изјава се вклопува со фактот дека минатата година вашите власти пред време од затвор ослободија осудени шверцери на луѓе. Ова не е борба против илегалната миграција во Европа. Ова не ја штити нашата Унија. Ова е само префрлање на проблемот преку оградата на вашиот сосед, потенцира Фон дер Лајен.

Таа потсети и на изјавата на Орбан дадена за време на првото претседавање на Унгарија со ЕУ во 2011 година дека неговата земја „ќе ги следи стапките на револуционерите од 1956 година и има намера да и служи на каузата на европското единство“, бидејќи „Европа мора да остане обединета за да опстои на своето“.

– Мислам дека сите се согласуваме. Европа мора да биде обединета. Ова беше вистина тогаш. Но, ова важи и денес. Така, дозволете ми да завршам со обраќање до унгарскиот народ. Ние сме едно семејство. Вашата приказна е и наша приказна. Вашата иднина е и наша иднина. Десет милиони Унгарци се 10 милиони добри причини да продолжиме да ја обликуваме нашата иднина заедно. Ви благодарам и да живее Европа, нагласи Фон дер Лајен на крајот од обраќањето пред европратениците.

The post Фон дер Лајен: Поддршката за Украина единствениот пат за постигнување праведен мир appeared first on Република.

Mицкоски по средбата со фон дер Лајен: Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-sredbata-so-fon-der-lajen-podvlekov-deka-regionot-i-drzhavata-e-umorna-od-stavane-na-strana-i-prechki-koi-se-bilateralni/ Thu, 19 Sep 2024 13:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=817841

Присуствував на ручекот организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со лидерите на земјите од Западен Балкан,напиша премиерот Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-fon-der-lajen-glavna-tema-planot-za-rast-na-zapadniot-balkan/

Во фокусот на агендата беше планот за развој на Европската Унија. Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес.
Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.

The post Mицкоски по средбата со фон дер Лајен: Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални appeared first on Република.

]]>

Присуствував на ручекот организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со лидерите на земјите од Западен Балкан,напиша премиерот Мицкоски. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-fon-der-lajen-glavna-tema-planot-za-rast-na-zapadniot-balkan/
Во фокусот на агендата беше планот за развој на Европската Унија. Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес. Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.
 
The post Mицкоски по средбата со фон дер Лајен: Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде на Украина 160 милиони евра од замрзнатиот руски имот https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-eu-ke-i-dade-na-ukraina-160-milioni-evra-od-zamrznatiot-ruski-imot/ Thu, 19 Sep 2024 12:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=817840

Европската комисија дополнително ќе додели околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, од кои 60 милиони се за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реставрација, а оваа сума, како што се наведува, ќе се обезбеди од приходите од замрзнатите руски средства, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Со ова се компензира, на пример, еквивалент на загубата на производството на електрична енергија во нуклеарната централа Запорожжја, која, како што знаете, сега е под руска контрола. Станува збор за три насоки: поправка, поврзување и стабилизација. Благодарение на ова, ЕУ ќе може да обезбеди 25 отсто од вкупните потреби на Украина во текот на претстојната грејна сезона, рече таа на заедничката прес-конференција со извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика Фатих Бирол во Брисел.

Претседателката на ЕК нагласи дека целта е да се задоволат моменталните потреби на населението, како и да се направи енергетскиот систем на Украина поодржлив на долг рок.

На Украина во моментов и се потребни 17 гигавати енергетски капацитет за да ја преброди зимата, рече таа, додавајќи дека Русија уништила „половина од целата енергетска инфраструктура“ на Украина, што, како што рече, е „еквивалент на моќта на три балтички држави заедно. "

Овде ќе ги фокусираме нашите напори за поправка за да го вратиме капацитетот од 2,5 гигавати оваа зима. Ова е приближно 15 отсто од потребите на Украина. И ќе продолжиме да ја координираме сета можна поддршка од нашите земји-членки преку механизмот, објасни фон дер Лајен.

Друг елемент што ќе помогне да се покријат енергетските потреби на Украина во зима е извозот на електрична енергија, додаде таа.

Ние тоа го нарекуваме поврзување. Веројатно се сеќавате на синхронизацијата на украинскиот енергетски систем со нашиот, што ја започнавме во февруари 2022 година, истовремено со почетокот на војната со Русија. Планирано е да се поврзе украинскиот енергетски систем со европскиот во следната две години, но кога нападна Русија, направивме се за да го забрзаме процесот и наместо две години, украинската мрежа се приклучи на европската за две недели, додаде шефицата на ЕК.

Според неа, благодарение на ова ЕУ извезува 2 гигавати струја во Украина, што покрива и приближно 12 отсто од потребите за зимскиот период.

Третата точка, според неа, е стабилизирање на украинскиот енергетски систем, што, како што наведе, вклучува примена на повеќе обновливи извори на енергија во земјата.

Познато е дека покривните соларни електрани потешко се оштетуваат и полесно се поправаат од големата централизирана инфраструктура. И додека ова помага да се обезбеди стабилен проток на енергија во земјата, исто така придонесува за енергетската независност на Украина. На пример, испраќаме соларни панели во 21 болница во земјата со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија, а осум од нив треба да бидат целосно опремени до оваа зима, рече Фон дер Лајен.

На почетокот на јули годинава, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги процени загубите на украинскиот енергетски сектор поради руското гранатирање на 56,5 милијарди долари.

The post Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде на Украина 160 милиони евра од замрзнатиот руски имот appeared first on Република.

]]>

Европската комисија дополнително ќе додели околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, од кои 60 милиони се за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реставрација, а оваа сума, како што се наведува, ќе се обезбеди од приходите од замрзнатите руски средства, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Со ова се компензира, на пример, еквивалент на загубата на производството на електрична енергија во нуклеарната централа Запорожжја, која, како што знаете, сега е под руска контрола. Станува збор за три насоки: поправка, поврзување и стабилизација. Благодарение на ова, ЕУ ќе може да обезбеди 25 отсто од вкупните потреби на Украина во текот на претстојната грејна сезона, рече таа на заедничката прес-конференција со извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика Фатих Бирол во Брисел. Претседателката на ЕК нагласи дека целта е да се задоволат моменталните потреби на населението, како и да се направи енергетскиот систем на Украина поодржлив на долг рок. На Украина во моментов и се потребни 17 гигавати енергетски капацитет за да ја преброди зимата, рече таа, додавајќи дека Русија уништила „половина од целата енергетска инфраструктура“ на Украина, што, како што рече, е „еквивалент на моќта на три балтички држави заедно. " Овде ќе ги фокусираме нашите напори за поправка за да го вратиме капацитетот од 2,5 гигавати оваа зима. Ова е приближно 15 отсто од потребите на Украина. И ќе продолжиме да ја координираме сета можна поддршка од нашите земји-членки преку механизмот, објасни фон дер Лајен. Друг елемент што ќе помогне да се покријат енергетските потреби на Украина во зима е извозот на електрична енергија, додаде таа. Ние тоа го нарекуваме поврзување. Веројатно се сеќавате на синхронизацијата на украинскиот енергетски систем со нашиот, што ја започнавме во февруари 2022 година, истовремено со почетокот на војната со Русија. Планирано е да се поврзе украинскиот енергетски систем со европскиот во следната две години, но кога нападна Русија, направивме се за да го забрзаме процесот и наместо две години, украинската мрежа се приклучи на европската за две недели, додаде шефицата на ЕК. Според неа, благодарение на ова ЕУ извезува 2 гигавати струја во Украина, што покрива и приближно 12 отсто од потребите за зимскиот период. Третата точка, според неа, е стабилизирање на украинскиот енергетски систем, што, како што наведе, вклучува примена на повеќе обновливи извори на енергија во земјата. Познато е дека покривните соларни електрани потешко се оштетуваат и полесно се поправаат од големата централизирана инфраструктура. И додека ова помага да се обезбеди стабилен проток на енергија во земјата, исто така придонесува за енергетската независност на Украина. На пример, испраќаме соларни панели во 21 болница во земјата со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија, а осум од нив треба да бидат целосно опремени до оваа зима, рече Фон дер Лајен. На почетокот на јули годинава, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги процени загубите на украинскиот енергетски сектор поради руското гранатирање на 56,5 милијарди долари.

The post Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде на Украина 160 милиони евра од замрзнатиот руски имот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со фон дер Лајен: Главна тема планот за раст на Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-fon-der-lajen-glavna-tema-planot-za-rast-na-zapadniot-balkan/ Thu, 19 Sep 2024 12:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=817832

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во објава на платформата Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа.

- Тоа е она на кое што работиме. Паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со нашиот План за раст од 6 милијарди евра за регионот, наведе Фон дер Лајен во објавата.

Глави теми на работниот ручек беа меѓусебната соработка и Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија, во чии рамки е формиран Инструмент за раст и реформи, вреден шест милијарди евра, наменети за реформи и проекти поврзани со социо-економската сфера и основните права.

На работниот ручек со Фон дер Лајен, покрај Мицкоски присуствуваа и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Мицкоски попладнево во Брисел ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

Премиерот при посетата на Брисел е придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани. сп/ац/

Фото и видео: ЕБС

The post Мицкоски со фон дер Лајен: Главна тема планот за раст на Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во објава на платформата Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа.
- Тоа е она на кое што работиме. Паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со нашиот План за раст од 6 милијарди евра за регионот, наведе Фон дер Лајен во објавата.
Глави теми на работниот ручек беа меѓусебната соработка и Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија, во чии рамки е формиран Инструмент за раст и реформи, вреден шест милијарди евра, наменети за реформи и проекти поврзани со социо-економската сфера и основните права. На работниот ручек со Фон дер Лајен, покрај Мицкоски присуствуваа и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Мицкоски попладнево во Брисел ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Премиерот при посетата на Брисел е придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани. сп/ац/ Фото и видео: ЕБС

The post Мицкоски со фон дер Лајен: Главна тема планот за раст на Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа https://republika.mk/vesti/svet/od-kralitsa-do-tsaritsa-ursula-fon-der-lajen-ja-prigrabuva-tselokupnata-vlast-vo-evropa/ Thu, 19 Sep 2024 08:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=817683

Урсула фон дер Лајен ја презеде целата власт во Европската Унија под своја контрола, пишува „Политико“. Во текстот се наведува дека Фон дер Лајен ја исчисти целата внатрешна опозиција во Европската комисија и не се двоумеше да изврши измама, ветувајќи им на своите сојузници силни портфолија, но давајќи им само помали функции во ЕК.

Кога Урсула фон дер Лајен го претстави својот тим за следната Европска комисија, таа истовремено ги замолкна сомнежите за тоа кој е навистина одговорен во Брисел.

[caption id="attachment_817688" align="aligncenter" width="542"] Фото: Принтскрин насловна Политико[/caption]

Додека таа ѝ ги откри на јавноста 26. комесари и нивните улоги, една точка беше веднаш јасна: таа ќе имаше неограничена контрола врз политиката на Европската унија. За неколку минути, таа воведе голема титула со мала одговорност за една од најмоќните земји во Европската унија, ги поддржа своите пријатели и ги разводни моќните портфолија со тоа што ги делеше на повеќе луѓе, пишува „Политико“.

Зграпчувањето на моќта беше завршено.

Таа ќе има уште поголема контрола над сè. Кој мислеше дека тоа е можно?“, вели еден функционер на ЕУ, кој, како и другите цитирани во овој текст, добил анонимност за да зборува слободно.

Целиот текст на „Политико“.

The post Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа appeared first on Република.

]]>

Урсула фон дер Лајен ја презеде целата власт во Европската Унија под своја контрола, пишува „Политико“. Во текстот се наведува дека Фон дер Лајен ја исчисти целата внатрешна опозиција во Европската комисија и не се двоумеше да изврши измама, ветувајќи им на своите сојузници силни портфолија, но давајќи им само помали функции во ЕК. Кога Урсула фон дер Лајен го претстави својот тим за следната Европска комисија, таа истовремено ги замолкна сомнежите за тоа кој е навистина одговорен во Брисел. [caption id="attachment_817688" align="aligncenter" width="542"] Фото: Принтскрин насловна Политико[/caption] Додека таа ѝ ги откри на јавноста 26. комесари и нивните улоги, една точка беше веднаш јасна: таа ќе имаше неограничена контрола врз политиката на Европската унија. За неколку минути, таа воведе голема титула со мала одговорност за една од најмоќните земји во Европската унија, ги поддржа своите пријатели и ги разводни моќните портфолија со тоа што ги делеше на повеќе луѓе, пишува „Политико“. Зграпчувањето на моќта беше завршено.
Таа ќе има уште поголема контрола над сè. Кој мислеше дека тоа е можно?“, вели еден функционер на ЕУ, кој, како и другите цитирани во овој текст, добил анонимност за да зборува слободно.
Целиот текст на „Политико“.

The post Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-i-novata-evropska-komisija-ke-ima-evrokomesar-za-proshiruvane-toa-e-investitsija-vo-evropskata-bezbednost/ Mon, 02 Sep 2024 19:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=812406

И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, соопшти денеска во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“.

-Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба да биде познат наскоро, ќе добие и комесар за проширување, најави фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК рече дека проширувањето е „инвестиција“ во европската безбедност и економска конкурентност и најави дека шесте земји кандидати наскоро ќе го претстават својот реформски план, кој ќе биде награден со европски инвестиции во вкупна вредност од шест милијарди евра

The post Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност appeared first on Република.

]]>

И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, соопшти денеска во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“. -Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба да биде познат наскоро, ќе добие и комесар за проширување, најави фон дер Лајен. Претседателката на ЕК рече дека проширувањето е „инвестиција“ во европската безбедност и економска конкурентност и најави дека шесте земји кандидати наскоро ќе го претстават својот реформски план, кој ќе биде награден со европски инвестиции во вкупна вредност од шест милијарди евра

The post Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност appeared first on Република.

]]>