урнатина Archives - Република https://republika.mk/tema/urnatina/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Feb 2023 19:43:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png урнатина Archives - Република https://republika.mk/tema/urnatina/ 32 32 Преживеа 261 час под урнатини и првпат ја виде ќерката родена во ноќта на земјотресот https://republika.mk/vesti/svet/prezhivea-261-chas-pod-urnatini-i-prvpat-ja-vide-kerkata-rodena-vo-nokta-na-zemjotresot/ Fri, 17 Feb 2023 19:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=610349

Мустафа Авџи (30), кој беше извлечен од под урнатините во турската провинција Хатај дури 261 час по земјотресот, в болница доби посета од сопругата и ќерката која е родена ноќта кога се случи разорниот земјотрес.

Среќен сум. Се чувствувам како да сум се преродил – рекол Авџи во болница, пренесува „Си-ен-ен Турк“.

Авџи кој е сместен во приватна болница во Антакија, на новинарите им рекол дека мислел дека членовите на неговото семејство не го преживеале земјотресот.

Неговата сопруга Билге објаснила дека се породила три часа по земјотресот. Таа истакна дека Мустафа само неколку минути пред земјотресот отишол во мензата на болницата за да купи храна, додека таа во исто време ја напуштила болницата со бебето во раце, со помош на присутните.

Мустафа денеска, откако беше извлечен од урнатините на болницата, најпрвин сакаше телефонски да разговара со својот брат, за да дознае како се членовите на неговото семејство. Покрај него, од урнатините на истата болница е спасен и 26-годишниот Мехмет Али Шакироглу.

Двајцата спасени мажи ги посети и турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, кој им посака брзо закрепнување.

Се надевам дека мојот народ повеќе нема да доживее слични катастрофи. Знаеме дека ќе ги надминеме сите тешкотии додека сме заедно. Во тоа нема сомнеж – рече министерот.

The post Преживеа 261 час под урнатини и првпат ја виде ќерката родена во ноќта на земјотресот appeared first on Република.

]]>

Мустафа Авџи (30), кој беше извлечен од под урнатините во турската провинција Хатај дури 261 час по земјотресот, в болница доби посета од сопругата и ќерката која е родена ноќта кога се случи разорниот земјотрес. Среќен сум. Се чувствувам како да сум се преродил – рекол Авџи во болница, пренесува „Си-ен-ен Турк“. Авџи кој е сместен во приватна болница во Антакија, на новинарите им рекол дека мислел дека членовите на неговото семејство не го преживеале земјотресот. Неговата сопруга Билге објаснила дека се породила три часа по земјотресот. Таа истакна дека Мустафа само неколку минути пред земјотресот отишол во мензата на болницата за да купи храна, додека таа во исто време ја напуштила болницата со бебето во раце, со помош на присутните. Мустафа денеска, откако беше извлечен од урнатините на болницата, најпрвин сакаше телефонски да разговара со својот брат, за да дознае како се членовите на неговото семејство. Покрај него, од урнатините на истата болница е спасен и 26-годишниот Мехмет Али Шакироглу. Двајцата спасени мажи ги посети и турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, кој им посака брзо закрепнување. Се надевам дека мојот народ повеќе нема да доживее слични катастрофи. Знаеме дека ќе ги надминеме сите тешкотии додека сме заедно. Во тоа нема сомнеж – рече министерот.

The post Преживеа 261 час под урнатини и првпат ја виде ќерката родена во ноќта на земјотресот appeared first on Република.

]]>