уривање Archives - Република https://republika.mk/tema/urivanje/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 08:54:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уривање Archives - Република https://republika.mk/tema/urivanje/ 32 32 Се урна автопат на југот на Кина, загинаа 36 лица https://republika.mk/vesti/svet/se-urna-avtopat-na-jugot-na-kina-zaginaa-36-litsa/ Thu, 02 May 2024 08:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=773296

Уривањето на автопатот во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, 30 беа повредени, објавија денеска државните медиуми, додека милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано од силен дожд, се случило во средата околу 2 часот по полноќ на автопатот Меижоу-Дабу, пренесува новинската агенција Ксинхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меижоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, која е сериозно погодена од силен дожд и град од крајот на април, што доведе до опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Очевидци изјавија за локалните медиуми дека слушнале силна бучава и виделе дупка широка неколку метри отворена зад нив откако поминале дел од патот кој се срушил. Причината за несреќата се истражува.

 

The post Се урна автопат на југот на Кина, загинаа 36 лица appeared first on Република.

]]>

Уривањето на автопатот во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, 30 беа повредени, објавија денеска државните медиуми, додека милиони Кинези патуваат за празникот Први мај. Уривањето, предизвикано од силен дожд, се случило во средата околу 2 часот по полноќ на автопатот Меижоу-Дабу, пренесува новинската агенција Ксинхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила. Меижоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, која е сериозно погодена од силен дожд и град од крајот на април, што доведе до опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови. Очевидци изјавија за локалните медиуми дека слушнале силна бучава и виделе дупка широка неколку метри отворена зад нив откако поминале дел од патот кој се срушил. Причината за несреќата се истражува.  

The post Се урна автопат на југот на Кина, загинаа 36 лица appeared first on Република.

]]>
Уапсени 12 лица за уривањето на зградите во Турција, се очекуваат нови апсења https://republika.mk/vesti/balkan/uapseni-12-litsa-za-urivaneto-na-zgradite-vo-turtsija-se-ochekuvaat-novi-apsena/ Sat, 11 Feb 2023 18:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=607839

Турската полиција уапси 12 лица поради урнатите згради во југоисточните провинции Газиjантеп и Шанлиурфа по силниот земјотрес што ја погоди Турција, објавија локалните медиуми.

Најмалку 6.000 згради се урнаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 25.000 луѓе и предизвика бес поради неквалитетната градба, објави новинската агенција Франс прес.

Се очекуваат нови апсења откако јавниот обвинител во Дијарбакир, една од 10-те југоисточни провинции погодени од земјотресот, денеска издаде налози за апсење на 29 лица, објави државната новинска агенција.

Еден од уапсените во саботата бил градежен изведувач во Газиjантеп, соопшти агенцијата, додавајќи дека бил пронајден од полицијата во Истанбул.

Обвинителите покренаа неколку истраги во провинциите, вклучувајќи го и Кахраманмараш, каде што е областа Пазарџик, кој беше епицентарот на земјотресот.

Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во 10 провинции да формираат специјални „канцеларии за истраги за криминал поврзани со земјотреси“.

Во петокот турската полиција го уапси изведувачот на високата луксузна станбена зграда што се урна во провинцијата Хатај. Тој бил уапсен на аеродромот во Истанбул, наводно додека се обидувал да побегне од земјата.

The post Уапсени 12 лица за уривањето на зградите во Турција, се очекуваат нови апсења appeared first on Република.

]]>

Турската полиција уапси 12 лица поради урнатите згради во југоисточните провинции Газиjантеп и Шанлиурфа по силниот земјотрес што ја погоди Турција, објавија локалните медиуми. Најмалку 6.000 згради се урнаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 25.000 луѓе и предизвика бес поради неквалитетната градба, објави новинската агенција Франс прес. Се очекуваат нови апсења откако јавниот обвинител во Дијарбакир, една од 10-те југоисточни провинции погодени од земјотресот, денеска издаде налози за апсење на 29 лица, објави државната новинска агенција. Еден од уапсените во саботата бил градежен изведувач во Газиjантеп, соопшти агенцијата, додавајќи дека бил пронајден од полицијата во Истанбул. Обвинителите покренаа неколку истраги во провинциите, вклучувајќи го и Кахраманмараш, каде што е областа Пазарџик, кој беше епицентарот на земјотресот. Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во 10 провинции да формираат специјални „канцеларии за истраги за криминал поврзани со земјотреси“. Во петокот турската полиција го уапси изведувачот на високата луксузна станбена зграда што се урна во провинцијата Хатај. Тој бил уапсен на аеродромот во Истанбул, наводно додека се обидувал да побегне од земјата.

The post Уапсени 12 лица за уривањето на зградите во Турција, се очекуваат нови апсења appeared first on Република.

]]>