Уредник со причина Archives - Република https://republika.mk/tema/urednik-so-prichina/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Mar 2022 12:22:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Уредник со причина Archives - Република https://republika.mk/tema/urednik-so-prichina/ 32 32 Во Кинотека се враќа рубриката „Уредник со причина“: Илина Арсова за денеска ги одбра „This is herstory“ и „Исправи се, Делфина“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-kinoteka-se-vrakja-rubrikata-urednik-so-prichina-ilina-arsova-za-deneska-gi-odbra-this-is-herstory-i-ispravi-se-delfina/ Wed, 16 Mar 2022 12:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=473746

Од денеска на програмата во Кинотека се враќа рубриката „Уредник со причина“, во која овој пат филмови бира Илина Арсова. Таа е и академска сликарка со мултитаскинг темперамент која ја користи уметноста за да ги претстави загадувачките навики и човековите интервенции врз природата. Преку својот визуелен креативен израз се обидува да ја подигне еколошката свест кај своите сограѓани. Последнава деценија и пол Арсова е една од нашите најдобри алпинистки, засега единствена која ги има искачено највисоките планински врвови на 7 континенти, меѓу кои и Мон Блан и Монт Еверест.

Договарајќи го нејзиниот избор на филмови, Арсова го потенцираше македонскиот игран филм ДЕЛФИНА (1977) на Александар Ѓурчинов како наслов со кој се поистоветува секогаш кога ѝ е тешко и кога патот до целта е долг. „Заради ПЛАЖАТА (The Beach, 2000) на Дени Бојл (Danny Boyle) ги открив далечните дестинации и патував речиси низ целиот свет, а со МОИ ПЕСНИ МОИ СНИШТА (The Sound of Music, 1965) на Роберт Вајс (Robert Wise) пораснав и уште тогаш се вљубив во алпскиот планински пејзаж “, вели Арсова.

Како вовед во нејзиниот уреднички избор ќе бидат прикажани и и неколку кратки документарни филмови од серијалот THIS IS HERSTORY (2019), во режија на Игор Христов, чиј продуцент е самата Арсова. Овие неколку приказни за жени алпинистки и спортистки, вљубени во движењето, планините и природата, учествувал на 20-тина меѓународни фестивали и има добиено 4 награди, велат од Кинотека

.

16 МАРТ (СРЕДА), 20:00 ч

ДОКУМЕНТАРЕН СЕРИЈАЛ
„THIS IS HERSTORY“
Документарен филм, Македонија
2019, 15 мин., колор, ДЦП
Режија: Игор Христов (Igor Hristov)
Сценарио: Илина Арсова, Ванеса Беучер,
Игор Христов (Ilina Arsova, Vanessa Beucher,
Igor Hristov)
Учествуваат: Илина Арсова, Аргиро
Папатанасиу, Флутура Ибрахими – Ута,
Александра Тоткова (Ilina Arsova, Argyro
Papathanasiou, Flutura Ibrahimi - Uta,
Aleksandra Totkova)
Овој документарen серијал се состои од 4 кратки епизоди посветени на четири жени од регионот кои се вљубенички во адреналински спортови и планини, а учествувал на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено 4 награди.

16 МАРТ (СРЕДА), 20:20 ч.

ИСПРАВИ СЕ, ДЕЛФИНА
(Stand up Straight, Delfina)
Игран филм, Македонија
1977, 101 мин., колор, 35 мм
Режија: Александар Ѓурчинов (Aleksandar Gjurchinov)
Сценарио: Александар Ѓурчинов (Aleksandar
Gjurchinov)
Улоги: Неда Арнериќ, Диме Илиев, Слободан Димитриевиќ, Дарко Дамевски (Neda Arnerić, Dime Iliev,
Slobodan Dimitrijević, Darko Damevski)
Приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите оние тешкотии и разочарувања што ги носи со себе животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш. Делфина се подготвува да го преплива каналот. Меѓу случајните минувачи е и Рене, инвалид во количка, кој го препливал каналот и сите пливачи ги испраќа на нивниот долг пат. Во бродот што ја придружува, покрај судиите, се нејзиниот тренер Атанас и пријателот Петко. Тоа се единствените луѓе што вистински ја сакаат Делфина и кои настојуваат да ѝ помогнат во остварувањето на подвигот.
Додека плива во разбранетото и студено море, Делфина се сеќава на изминатиот живот: како се запознава со Младен, тренерот на републичката репрезентација во пливање, за првите интимни контакти со него, за наставата во угостителското училиште и за членувањето во локалниот пливачки клуб. Кога еден ден добива стипендија за школување во ДИФ, Делфина не се двоуми и заминува за Скопје, зашто очекува од животот многу повеќе, и е решена ништо да не ја спречи во намерата да го осмисли својот живот и да го најде вистинскиот пат. Сите напори, сите достигнувања, сите падови и омаловажувања, Делфина ги надминува стоички. Препливувањето на Ла Манш ќе значи единствена можност Делфина да ја врати самодовербата, желбата за нормално живеење и самопочитта. Делфина ја води последната битка, со крајни напори се исправа на своите нозе и го постигнува невозможното…
Награди: 1977 ФЈИФ, Пула, Бронзена арена за режија на Александар Ѓурчинов; 1977 ФЈИФ, Пула, Награда за режијата од магазинот „Зум репортер“ на Александар Ѓурчинов; 1977 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за главна женска улога за Неда Арнериќ; 1977 Ф, Врњачка бања, Специјална награда „Златник“ за актерот Слободан Димитриевиќ; 1977 ФФ, Врњачка бања,
Трета награда за сценарио на Александар Ѓурчинов; 1977 ФФ, Ниш, Награда „Царица Теодора“ за најдобра женска улога на Неда Арнериќ; 1978 МФФ на спортски филмови, Париз, CIDALC...

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

The post Во Кинотека се враќа рубриката „Уредник со причина“: Илина Арсова за денеска ги одбра „This is herstory“ и „Исправи се, Делфина“ appeared first on Република.

]]>

Од денеска на програмата во Кинотека се враќа рубриката „Уредник со причина“, во која овој пат филмови бира Илина Арсова. Таа е и академска сликарка со мултитаскинг темперамент која ја користи уметноста за да ги претстави загадувачките навики и човековите интервенции врз природата. Преку својот визуелен креативен израз се обидува да ја подигне еколошката свест кај своите сограѓани. Последнава деценија и пол Арсова е една од нашите најдобри алпинистки, засега единствена која ги има искачено највисоките планински врвови на 7 континенти, меѓу кои и Мон Блан и Монт Еверест.
Договарајќи го нејзиниот избор на филмови, Арсова го потенцираше македонскиот игран филм ДЕЛФИНА (1977) на Александар Ѓурчинов како наслов со кој се поистоветува секогаш кога ѝ е тешко и кога патот до целта е долг. „Заради ПЛАЖАТА (The Beach, 2000) на Дени Бојл (Danny Boyle) ги открив далечните дестинации и патував речиси низ целиот свет, а со МОИ ПЕСНИ МОИ СНИШТА (The Sound of Music, 1965) на Роберт Вајс (Robert Wise) пораснав и уште тогаш се вљубив во алпскиот планински пејзаж “, вели Арсова. Како вовед во нејзиниот уреднички избор ќе бидат прикажани и и неколку кратки документарни филмови од серијалот THIS IS HERSTORY (2019), во режија на Игор Христов, чиј продуцент е самата Арсова. Овие неколку приказни за жени алпинистки и спортистки, вљубени во движењето, планините и природата, учествувал на 20-тина меѓународни фестивали и има добиено 4 награди, велат од Кинотека .
16 МАРТ (СРЕДА), 20:00 ч ДОКУМЕНТАРЕН СЕРИЈАЛ „THIS IS HERSTORY“ Документарен филм, Македонија 2019, 15 мин., колор, ДЦП Режија: Игор Христов (Igor Hristov) Сценарио: Илина Арсова, Ванеса Беучер, Игор Христов (Ilina Arsova, Vanessa Beucher, Igor Hristov) Учествуваат: Илина Арсова, Аргиро Папатанасиу, Флутура Ибрахими – Ута, Александра Тоткова (Ilina Arsova, Argyro Papathanasiou, Flutura Ibrahimi - Uta, Aleksandra Totkova) Овој документарen серијал се состои од 4 кратки епизоди посветени на четири жени од регионот кои се вљубенички во адреналински спортови и планини, а учествувал на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено 4 награди. 16 МАРТ (СРЕДА), 20:20 ч. ИСПРАВИ СЕ, ДЕЛФИНА (Stand up Straight, Delfina) Игран филм, Македонија 1977, 101 мин., колор, 35 мм Режија: Александар Ѓурчинов (Aleksandar Gjurchinov) Сценарио: Александар Ѓурчинов (Aleksandar Gjurchinov) Улоги: Неда Арнериќ, Диме Илиев, Слободан Димитриевиќ, Дарко Дамевски (Neda Arnerić, Dime Iliev, Slobodan Dimitrijević, Darko Damevski) Приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите оние тешкотии и разочарувања што ги носи со себе животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш. Делфина се подготвува да го преплива каналот. Меѓу случајните минувачи е и Рене, инвалид во количка, кој го препливал каналот и сите пливачи ги испраќа на нивниот долг пат. Во бродот што ја придружува, покрај судиите, се нејзиниот тренер Атанас и пријателот Петко. Тоа се единствените луѓе што вистински ја сакаат Делфина и кои настојуваат да ѝ помогнат во остварувањето на подвигот. Додека плива во разбранетото и студено море, Делфина се сеќава на изминатиот живот: како се запознава со Младен, тренерот на републичката репрезентација во пливање, за првите интимни контакти со него, за наставата во угостителското училиште и за членувањето во локалниот пливачки клуб. Кога еден ден добива стипендија за школување во ДИФ, Делфина не се двоуми и заминува за Скопје, зашто очекува од животот многу повеќе, и е решена ништо да не ја спречи во намерата да го осмисли својот живот и да го најде вистинскиот пат. Сите напори, сите достигнувања, сите падови и омаловажувања, Делфина ги надминува стоички. Препливувањето на Ла Манш ќе значи единствена можност Делфина да ја врати самодовербата, желбата за нормално живеење и самопочитта. Делфина ја води последната битка, со крајни напори се исправа на своите нозе и го постигнува невозможното… Награди: 1977 ФЈИФ, Пула, Бронзена арена за режија на Александар Ѓурчинов; 1977 ФЈИФ, Пула, Награда за режијата од магазинот „Зум репортер“ на Александар Ѓурчинов; 1977 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за главна женска улога за Неда Арнериќ; 1977 Ф, Врњачка бања, Специјална награда „Златник“ за актерот Слободан Димитриевиќ; 1977 ФФ, Врњачка бања, Трета награда за сценарио на Александар Ѓурчинов; 1977 ФФ, Ниш, Награда „Царица Теодора“ за најдобра женска улога на Неда Арнериќ; 1978 МФФ на спортски филмови, Париз, CIDALC... Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари

The post Во Кинотека се враќа рубриката „Уредник со причина“: Илина Арсова за денеска ги одбра „This is herstory“ и „Исправи се, Делфина“ appeared first on Република.

]]>